Андреа Мирческа Archives - Република https://republika.mk/tema/andrea-mircheska/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 11:52:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андреа Мирческа Archives - Република https://republika.mk/tema/andrea-mircheska/ 32 32 Промоција на возбудливиот дебитантски трилер „Девојката што ја наслика смртта“ од Андреа Мирчевска https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-vozbudliviot-debitantski-triler-devojkata-shto-ja-naslika-smrtta-od-andrea-mirchevska/ Tue, 13 Feb 2024 11:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=743596

На 14 февруари (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ на улица „Македонија“, ќе се одржи промоција на романот „Девојката што ја наслика смртта“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Настанот ќе се одржи во рамките на „Денови на литературата“, а учесници на промоцијата ќе бидат авторката Андреа Мирческа и уредничката Татјана Димовска-Атанасова.

„Девојката што ја наслика смртта“ е дебитантски роман на Андреа Мирческа. Станува збор за психолошки трилер со примеси на романса, мистерија и драма што според сите книжевни параметри е на ниво на актуелната светска продукција во овој жанр. Овој роман во исто време е и сериозна студија на карактери кои се прецизно, речиси хируршки, диференцирани, со сопствен глас и перспектива на настаните.

Мирческа, како што вели во предговорот на романот истакнатиот писател Венко Андоновски, суверено владее со модалитетите и со скриените мајсторски тајни на нарацијата. Сето тоа создава напнат и непредвидлив роман со кој Мирческа сериозно зачекорува на македонската книжевна сцена.

 

The post Промоција на возбудливиот дебитантски трилер „Девојката што ја наслика смртта“ од Андреа Мирчевска appeared first on Република.

]]>

На 14 февруари (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ на улица „Македонија“, ќе се одржи промоција на романот „Девојката што ја наслика смртта“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Настанот ќе се одржи во рамките на „Денови на литературата“, а учесници на промоцијата ќе бидат авторката Андреа Мирческа и уредничката Татјана Димовска-Атанасова. „Девојката што ја наслика смртта“ е дебитантски роман на Андреа Мирческа. Станува збор за психолошки трилер со примеси на романса, мистерија и драма што според сите книжевни параметри е на ниво на актуелната светска продукција во овој жанр. Овој роман во исто време е и сериозна студија на карактери кои се прецизно, речиси хируршки, диференцирани, со сопствен глас и перспектива на настаните. Мирческа, како што вели во предговорот на романот истакнатиот писател Венко Андоновски, суверено владее со модалитетите и со скриените мајсторски тајни на нарацијата. Сето тоа создава напнат и непредвидлив роман со кој Мирческа сериозно зачекорува на македонската книжевна сцена.  

The post Промоција на возбудливиот дебитантски трилер „Девојката што ја наслика смртта“ од Андреа Мирчевска appeared first on Република.

]]>