Андон Лазов-Ќосето Archives - Република https://republika.mk/tema/andon-lazov-koseto/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Dec 2023 12:45:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андон Лазов-Ќосето Archives - Република https://republika.mk/tema/andon-lazov-koseto/ 32 32 Ќосето се враќа во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/koseto-se-vraka-vo-skopje/ Thu, 28 Dec 2023 12:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=727482

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето.

Сметаме дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит, сметаат од партијата.

Фрапира антимакедонското однесување на СДС која се противеше на поставување на спомен обележјето што преставува продолжува на нивните политики за разградување на македонското јадро.

По изгласувањето на одлуката, на потег е Арсовска која не треба да потклекне на влијанијата на нејзината коалиција во Советот предводена од СДС која е јасно против ваквата иницијатива.

The post Ќосето се враќа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето.
Сметаме дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит, сметаат од партијата.
Фрапира антимакедонското однесување на СДС која се противеше на поставување на спомен обележјето што преставува продолжува на нивните политики за разградување на македонското јадро. По изгласувањето на одлуката, на потег е Арсовска која не треба да потклекне на влијанијата на нејзината коалиција во Советот предводена од СДС која е јасно против ваквата иницијатива.

The post Ќосето се враќа во Скопје appeared first on Република.

]]>
СДСМ не сака да се врати Ќосето https://republika.mk/vesti/skopje/sdsm-ne-saka-da-se-vrati-koseto/ Fri, 25 Aug 2023 10:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=675711

Локалната власт на ДПМНЕ и Данела Арсовска на Скопје му приредува уште една, нова, рециклирана катастрофа.За две години ДПМНЕ и Арсовска во Скопје немаат реализирано ниту еден проект, немаат ниту едно исполнето ветување.

Затоа се фатија за враќање на споменикот на Ќосето, рециклажа на проектот Скопје 2014 и продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската ДПМНЕ. Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална, контраверзна личност. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет.

Советничката група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот. Тој не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори.

На Скопје не му треба ново споменично лудило туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани.

Две години од мандатот на Арсовска и ДПМНЕ како локална власт,  Скопје уназадува буквално во секое поле. Нема бесплатен јавен превоз, нема набавка на нови 250 еколошки автобуси, ниту едно верување не исполнето. Уште полошо, наместо бесплатен превоз скопјани останаа без превоз за прв пат во историјата. Јавниот градски превоз е пред колапс, нефункционален а ЈСП едвај преживува потонато во долгови. Иста е состојбата и во останатите јавни претпријатија.Нема нови паркови, нема еколошки проекти а хигиената на градот е најлоша во историјата.

Наместо „Модерно“ со ДПМНЕ скојани добија „Заглавено“,  Скопје.

ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт во Скопје на сите времиња

The post СДСМ не сака да се врати Ќосето appeared first on Република.

]]>

Локалната власт на ДПМНЕ и Данела Арсовска на Скопје му приредува уште една, нова, рециклирана катастрофа.За две години ДПМНЕ и Арсовска во Скопје немаат реализирано ниту еден проект, немаат ниту едно исполнето ветување. Затоа се фатија за враќање на споменикот на Ќосето, рециклажа на проектот Скопје 2014 и продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската ДПМНЕ. Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална, контраверзна личност. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Советничката група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот. Тој не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори. На Скопје не му треба ново споменично лудило туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани. Две години од мандатот на Арсовска и ДПМНЕ како локална власт,  Скопје уназадува буквално во секое поле. Нема бесплатен јавен превоз, нема набавка на нови 250 еколошки автобуси, ниту едно верување не исполнето. Уште полошо, наместо бесплатен превоз скопјани останаа без превоз за прв пат во историјата. Јавниот градски превоз е пред колапс, нефункционален а ЈСП едвај преживува потонато во долгови. Иста е состојбата и во останатите јавни претпријатија.Нема нови паркови, нема еколошки проекти а хигиената на градот е најлоша во историјата. Наместо „Модерно“ со ДПМНЕ скојани добија „Заглавено“,  Скопје. ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт во Скопје на сите времиња

The post СДСМ не сака да се врати Ќосето appeared first on Република.

]]>
СДСМ порачува дека нејзините советници ќе се спротивстават на враќање на споменикот на Ќосето https://republika.mk/vesti/skopje/sdsm-porachuva-deka-nejzinite-sovetnitsi-ke-se-sprotivstavat-na-vrakane-na-spomenikot-na-koseto/ Mon, 21 Aug 2023 14:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=674255

Од СДСМ велат дека секогаш кога ВМРО ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат Скопје, на градот му се случувакатастрофа.

Скопје две години е град без перспективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект.
И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ.

Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.

Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго.

СДСМ преку својата советничка група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја, се вели во партиското соопштение.

The post СДСМ порачува дека нејзините советници ќе се спротивстават на враќање на споменикот на Ќосето appeared first on Република.

]]>

Од СДСМ велат дека секогаш кога ВМРО ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат Скопје, на градот му се случувакатастрофа.
Скопје две години е град без перспективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект. И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго. СДСМ преку својата советничка група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја, се вели во партиското соопштение.

The post СДСМ порачува дека нејзините советници ќе се спротивстават на враќање на споменикот на Ќосето appeared first on Република.

]]>
Ајде јуриш социјалдемократски талибанци, удрете врз спомениците https://republika.mk/vesti/makedonija/ajde-jurish-sotsijaldemokratski-talibantsi-udrete-vrz-spomenitsite/ Mon, 03 Apr 2023 07:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=626454

Отстранетиот споменик на Андон Лазов-Ќосето  и барањето за негово враќање одново ја испреплетоа историјата со политиката. Но, што е можеби поважно, во целост го разоткри и историскиот, и политичкиот дунстерај на градончалниците и на Скопје, и на Општина Центар, и попатно на Струмица, пишува Предраг Димитровски во својата анализа за „Пресинг ТВ.

Од нив, последните двајца од редовите на СДСМ, а првата наводно независна, ама практично зависна од истиот СДСМ-овски, партиски скут. Заедно, пак, ни ги продаваат двојните аршини присутни во сите сфери во општеството-пишува Димитровски.

Просто е неверојатно, но градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не знаела кому точно да го испрати барањето за враќањето на споменикот на Ќосето-дали до Општина Центар, дали до Советот на Град Скопје или до Собранието на Република Македонија! И „на тепка“ се одлучила тоа да го стори на адресата на Општина Центар, зашто локацијата на споменикот беше кај Судска палата или на крстосницата помеѓу булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“.

Арно ама, младиот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, одлучи да биде „поголем калиф од калифот“ и политички да поентира од барањето на скопската градоначалничка. Па, наместо да се држи до причините поради кои споменикот беше отстранет со одлука на претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, тој залута во чисти глупости.

-Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење и оттаму, ова прашање не може да се третира на општинско ниво. Град Скопје треба да се обрати до Собранието. Што се однесува до самиот споменик, во минатото институциите утврдија бројни законски прекршувања при поставувањето на истиот, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. Верувам дека институциите во однос на овој случај ќе постапат целосно според законот, бидејќи во минатото истиот предизвика многу контроверзии, објави Герасимовски и додаде дека во членот 4 од Законот е наведено дека со спомен-обележјата се одбележуваат настани и личности кои се од локално значење и дека само тие можат да бидат подигнувани од општините и од градот Скопје.

Не навлегувајќи во законските одредби, тврдењето на градончлникот на Општина Центар е максимално спорно од најмалку две причини.

Прво, да се тврди дека Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење е исто како да се тврди дека Гоце Делчев нема никаква врска со Општина Центар, со Скопје и со Република Македонија!

Ај Герасимовски нека му се јави на неговиот сопартиец и колега, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и да го праша какво локално значење за овој град имаат Гоце Делчев и Андон Лазов-Ќосето и со што го заслужиле заедничкиот споменик во струмичкиот Градски парк, па можеби работите ќе му станат појасни.

Во паркот во Струмица, во истиот парк во кој се наоѓа и споменикот на Благој Јанков-Мучето, што стана симбол на брусилка-историјата и на ретуширање на македонското минато, стои спомен-композиција Споменик на грабнатото бекче, посветен на Гоце Делчев, Ќосето и на Назлам-бег, син на струмичкиот бег. Гоце  како идеолог на Македонската револуционерна организција и Ќосето како претставник на револуционерната полиција, соочени со недостиг на финансиски средства, во 1897 година одлучиле да го киднапираат синот на бегот, со цел да добијат пари за неговиот откуп. Во грабнувањето учествувале уште и Доне Лазаров, Петре Кончалиев и други револуционри.

Споменикот е дело на академскиот ликовен уметник Борис Крстевски и е подигнат во 1978 година, по повод 75-годишнината од Илинденското востание.

И по која (анти)логика Андон Јанев-Ќосето е заслужен за споменик во Струмица, ама не и за Скопје, посебно не за Општина Центар?! Ако се тргне од толкувањето на „центарскиот“ градоначалник, Ќосето може да биде од локално значење само за Општина Велес, зашто бил роден во велешкото село Голозинци!

Второ, според истата (анти)логика на истиот градоначалник, каква врска со Општина Центар и какво локално значење имаат, на пример, спомениците на св.Климент, св.Наум, цар Самоил, Воинот на коњ, Олимпија, Филип, на Гемиџиите, на основачите на ВМРО, на Никола Карев, на АСНОМ, на…?! Или сите треба да се урнат во стил на новокомпонирани социјалдемократски македонски талибанци?!

Ајде јуриш социјалдемократски талибанци, удрете врз спомениците!, пишува Предраг Димитровски во својот текст на оваа тема.

Извор: Пресинг ТВ“

The post Ајде јуриш социјалдемократски талибанци, удрете врз спомениците appeared first on Република.

]]>

Отстранетиот споменик на Андон Лазов-Ќосето  и барањето за негово враќање одново ја испреплетоа историјата со политиката. Но, што е можеби поважно, во целост го разоткри и историскиот, и политичкиот дунстерај на градончалниците и на Скопје, и на Општина Центар, и попатно на Струмица, пишува Предраг Димитровски во својата анализа за „Пресинг ТВ.
Од нив, последните двајца од редовите на СДСМ, а првата наводно независна, ама практично зависна од истиот СДСМ-овски, партиски скут. Заедно, пак, ни ги продаваат двојните аршини присутни во сите сфери во општеството-пишува Димитровски.
Просто е неверојатно, но градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не знаела кому точно да го испрати барањето за враќањето на споменикот на Ќосето-дали до Општина Центар, дали до Советот на Град Скопје или до Собранието на Република Македонија! И „на тепка“ се одлучила тоа да го стори на адресата на Општина Центар, зашто локацијата на споменикот беше кај Судска палата или на крстосницата помеѓу булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“. Арно ама, младиот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, одлучи да биде „поголем калиф од калифот“ и политички да поентира од барањето на скопската градоначалничка. Па, наместо да се држи до причините поради кои споменикот беше отстранет со одлука на претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, тој залута во чисти глупости.
-Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење и оттаму, ова прашање не може да се третира на општинско ниво. Град Скопје треба да се обрати до Собранието. Што се однесува до самиот споменик, во минатото институциите утврдија бројни законски прекршувања при поставувањето на истиот, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. Верувам дека институциите во однос на овој случај ќе постапат целосно според законот, бидејќи во минатото истиот предизвика многу контроверзии, објави Герасимовски и додаде дека во членот 4 од Законот е наведено дека со спомен-обележјата се одбележуваат настани и личности кои се од локално значење и дека само тие можат да бидат подигнувани од општините и од градот Скопје.
Не навлегувајќи во законските одредби, тврдењето на градончлникот на Општина Центар е максимално спорно од најмалку две причини. Прво, да се тврди дека Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење е исто како да се тврди дека Гоце Делчев нема никаква врска со Општина Центар, со Скопје и со Република Македонија!
Ај Герасимовски нека му се јави на неговиот сопартиец и колега, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и да го праша какво локално значење за овој град имаат Гоце Делчев и Андон Лазов-Ќосето и со што го заслужиле заедничкиот споменик во струмичкиот Градски парк, па можеби работите ќе му станат појасни.
Во паркот во Струмица, во истиот парк во кој се наоѓа и споменикот на Благој Јанков-Мучето, што стана симбол на брусилка-историјата и на ретуширање на македонското минато, стои спомен-композиција Споменик на грабнатото бекче, посветен на Гоце Делчев, Ќосето и на Назлам-бег, син на струмичкиот бег. Гоце  како идеолог на Македонската револуционерна организција и Ќосето како претставник на револуционерната полиција, соочени со недостиг на финансиски средства, во 1897 година одлучиле да го киднапираат синот на бегот, со цел да добијат пари за неговиот откуп. Во грабнувањето учествувале уште и Доне Лазаров, Петре Кончалиев и други револуционри. Споменикот е дело на академскиот ликовен уметник Борис Крстевски и е подигнат во 1978 година, по повод 75-годишнината од Илинденското востание. И по која (анти)логика Андон Јанев-Ќосето е заслужен за споменик во Струмица, ама не и за Скопје, посебно не за Општина Центар?! Ако се тргне од толкувањето на „центарскиот“ градоначалник, Ќосето може да биде од локално значење само за Општина Велес, зашто бил роден во велешкото село Голозинци! Второ, според истата (анти)логика на истиот градоначалник, каква врска со Општина Центар и какво локално значење имаат, на пример, спомениците на св.Климент, св.Наум, цар Самоил, Воинот на коњ, Олимпија, Филип, на Гемиџиите, на основачите на ВМРО, на Никола Карев, на АСНОМ, на…?! Или сите треба да се урнат во стил на новокомпонирани социјалдемократски македонски талибанци?!
Ајде јуриш социјалдемократски талибанци, удрете врз спомениците!, пишува Предраг Димитровски во својот текст на оваа тема.
Извор: Пресинг ТВ“

The post Ајде јуриш социјалдемократски талибанци, удрете врз спомениците appeared first on Република.

]]>