Андон Чибишев Archives - Република https://republika.mk/tema/andon-chibishev/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 12:32:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андон Чибишев Archives - Република https://republika.mk/tema/andon-chibishev/ 32 32 Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени од Токискологија, еден ќе остане за дополнителни прегледи https://republika.mk/zivot/zdravje/trojtsa-od-maloletnitsite-ke-bidat-pushteni-od-tokiskologija-eden-ke-ostane-za-dopolnitelni-pregledi/ Mon, 15 Jul 2024 12:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=797071

Тројца од четворицата малолетници кои во петокот беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија откако беа пронајдени во тешка состојба по конзумирање психотропни супстанци, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четвртото лице ќе биде задржан на Клиниката за токсикологија на дополнителни иследувања.

Директорот на Клиниката, Андон Чибишев вели дека кај малолетниците што ќе бидат пуштени дома параметрите биле задоволителни.

Кај тројца малолетници, параметрите се задоволителни и ќе бидат пуштени. Еден од пациентите ќе остане заради дополнителни иследувања“, вели Чибишев во изјава за МИА.

Директорот вчера рече дека одлуката за нивно пуштање од Клиниката ќе биде донесена по денешната утринска визита.

Состојбата на малолетниците е стабилна уште од саботата, кога Чибишев рече дека тие се свесни и контактибилни и без посериозни повреди на главата или телото.

Анализите што биле направени, како што рече директорот на Токсикологија Андон Чибишев, докажале дека кај малолетниците имало присуство на психотропни супстанци, но не и алкохол.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера информираа дека е приведен 40-годишениот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа беа пронајдени четворица малолетници од кои двајца во бессознание.

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) рекоа дека до Основниот кривичен суд е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Во описот на случајот од ОЈО е наведено дека осомничениот со децата почнал да консумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови, што ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил да ги испијат за подобро расположение. Тој им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохол, иако бил свесен за штетната последица. Осомничениот ги затекнал децата во сериозно влошена здравствена состојба што самиот ја предизвикал, но и покрај тоа, ги оставил без помош.

https://republika.mk/zivot/zdravje/maloletnitsite-primeni-na-toksikologija-vo-bezsoznanie-se-vo-stabilna-sostojba/

The post Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени од Токискологија, еден ќе остане за дополнителни прегледи appeared first on Република.

]]>

Тројца од четворицата малолетници кои во петокот беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија откако беа пронајдени во тешка состојба по конзумирање психотропни супстанци, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четвртото лице ќе биде задржан на Клиниката за токсикологија на дополнителни иследувања. Директорот на Клиниката, Андон Чибишев вели дека кај малолетниците што ќе бидат пуштени дома параметрите биле задоволителни.
Кај тројца малолетници, параметрите се задоволителни и ќе бидат пуштени. Еден од пациентите ќе остане заради дополнителни иследувања“, вели Чибишев во изјава за МИА.
Директорот вчера рече дека одлуката за нивно пуштање од Клиниката ќе биде донесена по денешната утринска визита. Состојбата на малолетниците е стабилна уште од саботата, кога Чибишев рече дека тие се свесни и контактибилни и без посериозни повреди на главата или телото. Анализите што биле направени, како што рече директорот на Токсикологија Андон Чибишев, докажале дека кај малолетниците имало присуство на психотропни супстанци, но не и алкохол. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера информираа дека е приведен 40-годишениот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа беа пронајдени четворица малолетници од кои двајца во бессознание. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) рекоа дека до Основниот кривичен суд е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Во описот на случајот од ОЈО е наведено дека осомничениот со децата почнал да консумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови, што ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил да ги испијат за подобро расположение. Тој им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохол, иако бил свесен за штетната последица. Осомничениот ги затекнал децата во сериозно влошена здравствена состојба што самиот ја предизвикал, но и покрај тоа, ги оставил без помош. https://republika.mk/zivot/zdravje/maloletnitsite-primeni-na-toksikologija-vo-bezsoznanie-se-vo-stabilna-sostojba/

The post Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени од Токискологија, еден ќе остане за дополнителни прегледи appeared first on Република.

]]>
Пациент од Струмица каснат од пајак ,,црна вдовица“ https://republika.mk/zivot/zdravje/patsient-od-strumitsa-kasnat-od-pajak-tsrna-vdovitsa/ Sun, 07 Jul 2024 14:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=794272

Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев на социјалните мрежи упатува совети и предупредувања до граѓаните, откако временските услови многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни, а можеби и поагресивни.

Чибишев посочува дека добива и пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии. Докторот истакнува и дека одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје ако ве каснат можат сериозно да ви го нарушат здравјето.

-Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак. Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак ,,црна вдовица“ ( Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот, информира директорот на Токсикологија.

По пружената соодветна итна помош во Општа болница во Струмица и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со дежурниот доктор, пациентот бил итно транспортиран во Клиниката за токсикологија.

The post Пациент од Струмица каснат од пајак ,,црна вдовица“ appeared first on Република.

]]>

Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев на социјалните мрежи упатува совети и предупредувања до граѓаните, откако временските услови многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни, а можеби и поагресивни. Чибишев посочува дека добива и пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии. Докторот истакнува и дека одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје ако ве каснат можат сериозно да ви го нарушат здравјето.
-Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак. Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак ,,црна вдовица“ ( Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот, информира директорот на Токсикологија.
По пружената соодветна итна помош во Општа болница во Струмица и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со дежурниот доктор, пациентот бил итно транспортиран во Клиниката за токсикологија.

The post Пациент од Струмица каснат од пајак ,,црна вдовица“ appeared first on Република.

]]>
Повеќе нема да има „каубојски“ вработувања на Токсикологија, најави новиот директор на Клиниката проф. д-р Андон Чибишев https://republika.mk/vesti/makedonija/poveke-nema-da-ima-kaubojski-vrabotuvana-na-toksikologija-najavi-noviot-direktor-na-klinikata-prof-d-r-andon-chibishev/ Wed, 03 Jul 2024 10:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=793034

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев денеска информира дека новото раководство на Клиниката нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции. Најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со медиумите и останатите здравствени институции.

За 18-те вработени кои повторно добија договори за ангажман додека траеше драмата на Токсикологија, Чибишев вели дека работеле со незаконски договори и со тоа се внесувало немир и конфликти меѓу вработените. Од денес тие повеќе не работат на Клиниката. Истакна дека лицата незаконски престојувале во институцијата со невалидни договор и добивале плата.

Со тоа Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор на прес-конференција со медиумите, додавајќи дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања и ќе се вработуваат сите според законите на државата, односно преку конкурс.

Чибишев информира и дека претходната економска директорка Бесија Иљази „не му оставила големи проблеми“.

Добро е што е сменета и си отишла дома. Не сакам веќе да мислам и да се занимавам со минатото затоа што ќе ми помине мандатот во занимавање со тоа што се случувало седум години, рече д-р Чибишев.

 

The post Повеќе нема да има „каубојски“ вработувања на Токсикологија, најави новиот директор на Клиниката проф. д-р Андон Чибишев appeared first on Република.

]]>

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев денеска информира дека новото раководство на Клиниката нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции. Најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со медиумите и останатите здравствени институции. За 18-те вработени кои повторно добија договори за ангажман додека траеше драмата на Токсикологија, Чибишев вели дека работеле со незаконски договори и со тоа се внесувало немир и конфликти меѓу вработените. Од денес тие повеќе не работат на Клиниката. Истакна дека лицата незаконски престојувале во институцијата со невалидни договор и добивале плата.
Со тоа Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор на прес-конференција со медиумите, додавајќи дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања и ќе се вработуваат сите според законите на државата, односно преку конкурс.
Чибишев информира и дека претходната економска директорка Бесија Иљази „не му оставила големи проблеми“.
Добро е што е сменета и си отишла дома. Не сакам веќе да мислам и да се занимавам со минатото затоа што ќе ми помине мандатот во занимавање со тоа што се случувало седум години, рече д-р Чибишев.
 

The post Повеќе нема да има „каубојски“ вработувања на Токсикологија, најави новиот директор на Клиниката проф. д-р Андон Чибишев appeared first on Република.

]]>
Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Неврологија и Токсикологија https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-minister-za-zdravstvo-fatmir-medhiti-i-prof-d-r-andon-chibishev-se-novi-direktori-na-nevrologija-i-toksikologija/ Tue, 25 Jun 2024 12:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=790684

Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Клиниките за Неврологија и за Токсикологија, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што кажа тој, до денес разрешени се девет економски директори на повеќе скопски клиники.

Не ги памтам сите, но меѓу нив е и економската директорка (Бесија Иљази) на Токсикологија. Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити, кажа денеска Таравари во изјава за медиумите.

Според новиот министер, утврдени се неправилности во работата на Иљази на Клиниката за токсикологија.

 

The post Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Неврологија и Токсикологија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Клиниките за Неврологија и за Токсикологија, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Како што кажа тој, до денес разрешени се девет економски директори на повеќе скопски клиники.
Не ги памтам сите, но меѓу нив е и економската директорка (Бесија Иљази) на Токсикологија. Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити, кажа денеска Таравари во изјава за медиумите.
Според новиот министер, утврдени се неправилности во работата на Иљази на Клиниката за токсикологија.  

The post Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Неврологија и Токсикологија appeared first on Република.

]]>
Да не испадне сега дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев за упадот во контрола на летање https://republika.mk/vesti/makedonija/da-ne-ispadne-sega-deka-vrabotenite-sami-se-tepale-a-ovie-shto-upadnale-bile-drzhavni-inspektori-veli-chibishev-za-upadot-vo-kontrola-na-letane/ Fri, 05 Jan 2024 11:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=729976

Доктор Андон Чибишев се јави со став околу настанот кој од вчера предизвика бурни реакции во јавноста, а тоа е упадот во објектот на контролата за летање.

До каде ја дотеравте државата непрокопсани, со лигавење и со ползење. Никој не ве есапи, ниту ви се плаши. Затоа и бандити, уличари и хулигани си дозволуваат кога ќе им кефне да упаѓаат во институција од висок државен и безбедносен интерес и да ги тепаат вработените кои се одговорни за безбедноста на десетици авиони полни со патници кои ја прелетуваат Македонија.

Сега, се знае, ќе испадне дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев во својата фејсбук објава.

Јавноста е револтирана од овој настан и очекува разрешница околу случајот уште денеска.

The post Да не испадне сега дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев за упадот во контрола на летање appeared first on Република.

]]>

Доктор Андон Чибишев се јави со став околу настанот кој од вчера предизвика бурни реакции во јавноста, а тоа е упадот во објектот на контролата за летање. До каде ја дотеравте државата непрокопсани, со лигавење и со ползење. Никој не ве есапи, ниту ви се плаши. Затоа и бандити, уличари и хулигани си дозволуваат кога ќе им кефне да упаѓаат во институција од висок државен и безбедносен интерес и да ги тепаат вработените кои се одговорни за безбедноста на десетици авиони полни со патници кои ја прелетуваат Македонија. Сега, се знае, ќе испадне дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев во својата фејсбук објава. Јавноста е револтирана од овој настан и очекува разрешница околу случајот уште денеска.

The post Да не испадне сега дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев за упадот во контрола на летање appeared first on Република.

]]>