„Андалузиски пес“ Archives - Република https://republika.mk/tema/andaluziski-pes/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 06:50:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Андалузиски пес“ Archives - Република https://republika.mk/tema/andaluziski-pes/ 32 32 Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека https://republika.mk/scena/film/kultniot-andaluziski-pes-na-bunuel-go-otvora-4-izdanie-na-festivalot-na-nem-i-klasichen-film-vo-kinoteka/ Sun, 08 Sep 2024 06:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=814246

„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата на 10 септември ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија.

Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија.

Една од најиконичните сцени во историјата на киното – кога млад човек сече око со брич, паралелно со слика на облак што „сече“ Месечина, со која почнува филмот, е пример за иновативност и креативност, бидејќи „Андалузиски пес“ не е само филм, туку искуство кое продолжува да инспирира и кое и денес останува актуелно и провокативно.

Провокација, креативност и иновативност не им недостига ниту на останатите автори чии дела од француската, германската, литванската и шпанската кинематографија ќе може да се проследат на Фестивалот до 16 септември.

Реализацијата на Фестивалот на нема и класичен филм е поддржана од Амбасадата на Шпанија во Македонија, од српскиот културен центар во Скопје - „Спона“, Гете-институт Скопје, ФАМЕ’С Институт.

 

The post Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата на 10 септември ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија. Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија. Една од најиконичните сцени во историјата на киното – кога млад човек сече око со брич, паралелно со слика на облак што „сече“ Месечина, со која почнува филмот, е пример за иновативност и креативност, бидејќи „Андалузиски пес“ не е само филм, туку искуство кое продолжува да инспирира и кое и денес останува актуелно и провокативно. Провокација, креативност и иновативност не им недостига ниту на останатите автори чии дела од француската, германската, литванската и шпанската кинематографија ќе може да се проследат на Фестивалот до 16 септември. Реализацијата на Фестивалот на нема и класичен филм е поддржана од Амбасадата на Шпанија во Македонија, од српскиот културен центар во Скопје - „Спона“, Гете-институт Скопје, ФАМЕ’С Институт.  

The post Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>