ана василевска Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-vasilevska/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 13:02:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ана василевска Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-vasilevska/ 32 32 Промовирана книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“: Ова не е повеќе книга само на Ана, неа треба секој од нас да ја има во својата библиотека https://republika.mk/vesti/kultura/promovirana-knigata-diskretniot-sharm-na-makedonskiot-film-ova-ne-e-poveke-kniga-samo-na-ana-nea-treba-sekoj-od-nas-da-ja-ima-vo-svojata-biblioteka/ Thu, 11 Apr 2024 11:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=764912

Промоцијата на првата книга на Ана Василевска „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ која претставува своевиден пресек на состојбите во домашната кинематографија во периодот од независноста на државата, па се до денес, беше проследена од бројни режисери, актери, филмски работници, новинари и љубители и почитувачи на филмската уметност.

На стотини страници книгата дава опис на развојот на кинематографија во период од три децении, не исклучувајќи го влијанието, односно политичките и социолошките фактори врз промените во нашиот филм. Книгата, како што вели авторката, е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната продукција и оние што беспоштедно ќе ги градат новите патеки“.

Оваа книга мене ми значи многу од причина што таму се вклучени мемории, опсервации, перспективи на близу триесет години, во кои развојот на филмот во самостојна Македонија некако се поистоветува со мојот личен и професионален развој. Но, оваа книга треба да фрли ракавица кон некои други млади филмски критичари кои ќе треба да ги бележат нештата и да ја забележат другата хронологија што следува затоа што во филмот нештата во последниве години се случуваат со брзина на светлината. Овие три последни години кои не се вклучени во книгата имаме една многу завидна продукција и треба некој да се фати за работа веднаш, а ако не, тоа ќе бидем јас“, рече Василевска.

Во продолжение таа истакна дена неодамна во едно интервју рекла дека „сме можеби мала кинематографија и оттаму тој наслов „Дискретниот шарм на македонскиот филм“, но многу значајна и веќе форматирана, а без кинематографија не може да имаме држава“.

Книгата пред присутните ја претставија режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски.

Кога ја добив книгата и ја отворив се почувствував како филмската хероина Амели кога ја наоѓа малата метална кутија и во неа се сите спомени на едно момче. Така и јас се чувствував-како да отворив кутија во која се сите спомени на Ана кои ги собирала сите овие години. Сега кога веќе е објавена книгата, таа не е само на Ана, ова е книга на сите нас кои ќе ја имаме во нашите домашни библиотеки и сметам дека сите луѓе кои се занимаваат, сакаат и се бават со култура би требало да ја имаат во својата домашна библиотека“, рече Ана Опачиќ, која ја промовираше книгата и предложи да се направи превод на англиски јазик и примерок да им се подарува на странските гости кои доаѓаат на филмските фестивали во земјава.

Опачиќ истакна дека книгата е напишана со голема љубов, авторката не критикува во ниту еден момент, туку суптилно отвора теми, дава сугестии за секој читател потоа сам да си ги разоткрие.

Додека ја читав книгата ми се отворија две прашања: Колку лесно се забораваат филмовите, во време кога сме бомбардирани со информации. Кога ја отворив книгата сфатив дека половина од филмовите сум ги заборавил и сите ние многу лесно ги забораваме, така што од тој аспект оваа книга е исклучително важна за нашата култура. Второто прашање беше дека цело време се зборува дека македонскиот филм од независноста на Македонија до денес лута. И ова не го мислам само како критика, туку го мислам како позитивна работа, бидејќи според мене, нема да најдеме пример во ниту една кинематографија во регионот како во македонската.

 

Ако направиме графикон на кинематографиите во регионот, мислам дека нашиот ќе биде најхистеричен, мислам дека нашата кинематографија е полна со контрадикторности и токму затоа излегуваат огромни успеси. За жал, тоа говори дека Македонија нема дефинирана културна политика по прашање на македонската кинематографија и дека проблемот не е кај нас филмаџиите, туку кај луѓето кои во сите гарнитури досега ја водеа културната политика. Бидејќи што се однесува до нас, сме покажале дека имаме успеси какви што нема ниту една земја во регионот- три номинации за Оскар, успеси во Кан и Венеција, но од друга страна, како држава не успеавме да ги капитализираме тие успеси и да создадеме една стабилна кинематографија.

 

Од тој аспект сметам дека е добро секој да ја отвори книгава и да ја прочита и согледа дека проблемот не е во луѓето што творат, туку луѓето кои ги финансираат филмовите“, рече Даријан Пејовски, заблагодарувајќи и се на авторката за се што прави за филмаџиите.

Промоцијата беше проследена со настап на џез квартет во состав: Гоце Стевковски, Дарко Мучев, Филип Динев и Кирил Кузманов. 

 

The post Промовирана книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“: Ова не е повеќе книга само на Ана, неа треба секој од нас да ја има во својата библиотека appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на првата книга на Ана Василевска „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ која претставува своевиден пресек на состојбите во домашната кинематографија во периодот од независноста на државата, па се до денес, беше проследена од бројни режисери, актери, филмски работници, новинари и љубители и почитувачи на филмската уметност. На стотини страници книгата дава опис на развојот на кинематографија во период од три децении, не исклучувајќи го влијанието, односно политичките и социолошките фактори врз промените во нашиот филм. Книгата, како што вели авторката, е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната продукција и оние што беспоштедно ќе ги градат новите патеки“.
Оваа книга мене ми значи многу од причина што таму се вклучени мемории, опсервации, перспективи на близу триесет години, во кои развојот на филмот во самостојна Македонија некако се поистоветува со мојот личен и професионален развој. Но, оваа книга треба да фрли ракавица кон некои други млади филмски критичари кои ќе треба да ги бележат нештата и да ја забележат другата хронологија што следува затоа што во филмот нештата во последниве години се случуваат со брзина на светлината. Овие три последни години кои не се вклучени во книгата имаме една многу завидна продукција и треба некој да се фати за работа веднаш, а ако не, тоа ќе бидем јас“, рече Василевска.
Во продолжение таа истакна дена неодамна во едно интервју рекла дека „сме можеби мала кинематографија и оттаму тој наслов „Дискретниот шарм на македонскиот филм“, но многу значајна и веќе форматирана, а без кинематографија не може да имаме држава“. Книгата пред присутните ја претставија режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски.
Кога ја добив книгата и ја отворив се почувствував како филмската хероина Амели кога ја наоѓа малата метална кутија и во неа се сите спомени на едно момче. Така и јас се чувствував-како да отворив кутија во која се сите спомени на Ана кои ги собирала сите овие години. Сега кога веќе е објавена книгата, таа не е само на Ана, ова е книга на сите нас кои ќе ја имаме во нашите домашни библиотеки и сметам дека сите луѓе кои се занимаваат, сакаат и се бават со култура би требало да ја имаат во својата домашна библиотека“, рече Ана Опачиќ, која ја промовираше книгата и предложи да се направи превод на англиски јазик и примерок да им се подарува на странските гости кои доаѓаат на филмските фестивали во земјава.
Опачиќ истакна дека книгата е напишана со голема љубов, авторката не критикува во ниту еден момент, туку суптилно отвора теми, дава сугестии за секој читател потоа сам да си ги разоткрие.
Додека ја читав книгата ми се отворија две прашања: Колку лесно се забораваат филмовите, во време кога сме бомбардирани со информации. Кога ја отворив книгата сфатив дека половина од филмовите сум ги заборавил и сите ние многу лесно ги забораваме, така што од тој аспект оваа книга е исклучително важна за нашата култура. Второто прашање беше дека цело време се зборува дека македонскиот филм од независноста на Македонија до денес лута. И ова не го мислам само како критика, туку го мислам како позитивна работа, бидејќи според мене, нема да најдеме пример во ниту една кинематографија во регионот како во македонската.   Ако направиме графикон на кинематографиите во регионот, мислам дека нашиот ќе биде најхистеричен, мислам дека нашата кинематографија е полна со контрадикторности и токму затоа излегуваат огромни успеси. За жал, тоа говори дека Македонија нема дефинирана културна политика по прашање на македонската кинематографија и дека проблемот не е кај нас филмаџиите, туку кај луѓето кои во сите гарнитури досега ја водеа културната политика. Бидејќи што се однесува до нас, сме покажале дека имаме успеси какви што нема ниту една земја во регионот- три номинации за Оскар, успеси во Кан и Венеција, но од друга страна, како држава не успеавме да ги капитализираме тие успеси и да создадеме една стабилна кинематографија.   Од тој аспект сметам дека е добро секој да ја отвори книгава и да ја прочита и согледа дека проблемот не е во луѓето што творат, туку луѓето кои ги финансираат филмовите“, рече Даријан Пејовски, заблагодарувајќи и се на авторката за се што прави за филмаџиите.
Промоцијата беше проследена со настап на џез квартет во состав: Гоце Стевковски, Дарко Мучев, Филип Динев и Кирил Кузманов.   

The post Промовирана книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“: Ова не е повеќе книга само на Ана, неа треба секој од нас да ја има во својата библиотека appeared first on Република.

]]>
Промоција на првата книга на Ана Василевска „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-prvata-kniga-na-ana-vasilevska-diskretniot-sharm-na-makedonskiot-film/ Wed, 10 Apr 2024 12:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=764568

Книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска, ќе биде промовирана во денеска, среда, 10 април. Настанот ќе се одржи во „Јавна соба“ во Скопје, во 18.30 часот, а промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски.

Книгата којашто е во издание на „Македоника“ е сублимиран приказ на состојбите во нашата кинематографија од осамостојувањето на Македонија до 2021 година, односно опфаќа три децении македонска продукција.

Промоцијата ќе биде проследена со коктел и музички настан.

Ана Василевска, родена во Скопје во 1975 година е новинар, филмски теоретичар, критичар. Формалното образование го стекнува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како дипломиран филолог по македонски јазик со општа и компаративна книжевност, а магистерските студии по филмска и телевизиска режија, на Факултетот за аудиовизуелна уметност „ЕСРА“, Скопје. Со професионално новинарство, насочено кон културата, со посебен фокус кон филмот се занимава од 1998 година. Автор е на стотици објави на рецензии, осврти, интервјуа, анализи и критики поврзани со филмот, пласирани во бројни печатени и електронски медиуми. Била уредник на ревијата за филм на првото електронско списание во Македонија, „Блесок“. Селектор и модератор на ревијалната програма „Мак поинт“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во периодот од 2016 до 2019 година. Работела и како лице задолжено за односи со јавноста на бројни филмски проекти во македонска продукција. Иницирала, организирала и модерирала низа тематски трибини за македонскиот филм. Уметнички координатор е на првата манифестација за преглед на годишната филмска продукција, „Златна рамка“, денови на македонски филм 2019- 2023 година. Медиуми во кои работела: Македонска телевизија, Дневник, Форум, Макфакс, Радио Равел, А1 он, Нова ТВ веб и други. „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е нејзина прва објавена книга. По промоцијата, книгата ќе биде достапна во книжарниците.

 

The post Промоција на првата книга на Ана Василевска „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска, ќе биде промовирана во денеска, среда, 10 април. Настанот ќе се одржи во „Јавна соба“ во Скопје, во 18.30 часот, а промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски. Книгата којашто е во издание на „Македоника“ е сублимиран приказ на состојбите во нашата кинематографија од осамостојувањето на Македонија до 2021 година, односно опфаќа три децении македонска продукција. Промоцијата ќе биде проследена со коктел и музички настан. Ана Василевска, родена во Скопје во 1975 година е новинар, филмски теоретичар, критичар. Формалното образование го стекнува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како дипломиран филолог по македонски јазик со општа и компаративна книжевност, а магистерските студии по филмска и телевизиска режија, на Факултетот за аудиовизуелна уметност „ЕСРА“, Скопје. Со професионално новинарство, насочено кон културата, со посебен фокус кон филмот се занимава од 1998 година. Автор е на стотици објави на рецензии, осврти, интервјуа, анализи и критики поврзани со филмот, пласирани во бројни печатени и електронски медиуми. Била уредник на ревијата за филм на првото електронско списание во Македонија, „Блесок“. Селектор и модератор на ревијалната програма „Мак поинт“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во периодот од 2016 до 2019 година. Работела и како лице задолжено за односи со јавноста на бројни филмски проекти во македонска продукција. Иницирала, организирала и модерирала низа тематски трибини за македонскиот филм. Уметнички координатор е на првата манифестација за преглед на годишната филмска продукција, „Златна рамка“, денови на македонски филм 2019- 2023 година. Медиуми во кои работела: Македонска телевизија, Дневник, Форум, Макфакс, Радио Равел, А1 он, Нова ТВ веб и други. „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е нејзина прва објавена книга. По промоцијата, книгата ќе биде достапна во книжарниците.  

The post Промоција на првата книга на Ана Василевска „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ appeared first on Република.

]]>
„И ве молам, на крајот на краиштата, се работи за децата…“, реагира Братството при манастирот „Свети 40 Севастиски Маченици“ на текстот на Ана Василевска https://republika.mk/vesti/makedonija/i-ve-molam-na-krajot-na-kraishtata-se-raboti-za-detsata-reagira-bratstvoto-pri-manastirot-sveti-40-sevastiski-machenitsi-na-tekstot-na-ana-vasilevska/ Fri, 24 Mar 2023 11:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=623176

Братството при манастирот „Св. 40 Севастиски Маченици“ с. Банско, Струмица реагира на текстот на Ана Василевска насловен „Црквата да искулира, и таа е именка од женски род, а сексот е од Бога даден“. Во него Василевска го дава својот став зошто треба да има сексуално образование во училиштата, бранејќи го МТСП и нивното излагање дека „Сексуалното образование во училиштата ќе овозможи поддршка на младите во созревањето, да изградат сопствен систем на вредности и самопочит што ќе им овозможи да носат одговорни одлуки и да се однесуваат одговорно, да се спречи предвремени и незаштитени сексуални односи, да се превенираат бројните несакани последици од незнаење и предрасуди, злоупотреба и насилство и да придонесе за развој на толерантни и квалитетни односи помеѓу момчињата и девојчињата засновани на меѓусебна почит“.

Кој дел од оваа намера е спорен и проблематичен за Цркавата? Во секоја реченица од наведеното објаснување на МТСП е содржано тоа што е спорно за „конзервативната Црква“ или ако сакате тоа што ним не им одговара: зрели личности со сопствен систем на вредности, самопочитување, одговорност, спречување на несакана бременост (да не станат машини за раѓање) , превенција на злоупотреба и насилство кон девојчињата, и взаемна рамноправна почит.

Заканата која ја чувствува Црквата, нема никаков мотив во добронамерноста односно како што се истакнало на трибината “стравувале дека ќе се загубеле моралните вредности и децата нема да знаеле што е љубов“, туку во стравот дека можеби овие освестени индивидуии, нема да сакаат баш на црквата да и истураат пари за венчавки, крштевки, да се крстата и да палат свеќи за да не забременат, туку самосвесно ќе одлучуваат за својот живот и ќе понесат одговорност а нема да се предадат „во рацете на бога“ и сите грешки да ги припишуваат на божјата волја, пишува меѓуостанатото Василевска.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Почитувана,

Една од првите лекции во духовниот живот што ги добивме од нашиот отец како млади монаси, штотуку зачекорени во манастирот беше:

„Великиот пост, носи и големи искушенија“, и еве денес, со главите приклонети пред Божјото допуштање, се присетуваме на неговите поуки, но тоа не значи и дека ќе останеме неми пред лагата. Водени од евангелските зборови на нашиот Спасител и Господ Исус Христос: „Јас сум патот, вистината и животот“, се чувствуваме повикани да ја кажеме вистината. Се работи за настан на кој бевме присутни, а кој потоа намерно се изобличи, до мерка на непрепознатливост, што просто се запрашавме: Кога, од ова за што се обвинува Владиката, беше кажано?

Ние монасите стоиме постојано пред невидливиот Бог, бидејќи тој е видлив за нас и нашите срца. Бог ни го има доверено своето Дело, и ние служиме во делата на правдата оти и самата правда е Божествено дело. И во животната арена војувајќи против лагата, за која знаеме чија рожба е, ние војуваме за Христос, за нас распнатиот.

На трибината на која говореше Епископот Јаков, не се кажа ништо од клеветите за кои вие пишувате. Ерата која ја живееме направи се да е лесно проверливо, и со наједноставна компарација на кажаното од страна на Владиката и обвинувањата во вашиот текст – сите можат да допрат до вистината. Во православното предание, гревот направен од незнаење, нема иста тежина со свесното чинење зло. Од вашето писание се надеваме дека се работи за првото, бидејќи непознавање на историјата световна, а потоа и на црковната, многу открива за вас дека сте далеку од познавање на другите науки, во кои несреќно се вплеткувате.

Она што Епископот Јаков сакаше да им го доближи на присутните е дека за темата на трансродовоста не постои унисоноста на глобално ниво, но и дека има ластовички кои сè уште не ја чинат, но да се надеваме, ја навестуваат пролетта.

Фотографиите што беа презентирани со појаснувањата од негова страна, не беа нешто што тој го измислил или на сон му се сонило, тие луѓе постојат со име и презиме, како што постојат и контроверзите кои ги предизвикаа. Не мора да ни верувате, но проверете ги имињата на Lia Thomas, Veronica Ivy, Chloe Barnes, Alexia Cerenys, Cece Telfer, Laurel Hubbard, Tiffany Newell. И да ве прашаме, дали и скорешната одлука на светската атлетска федерација, за забрана на трансродовите спортисти да се натпреваруваат во женска категорија, во иднина биде презентирана на некоја трибина ќе се оцени како атак на феминизмот, трансфобија и мизогинија? Самиот претседател на ова тело, во образложението на одлуката вели дека се водел од „принципот за заштита на женската категорија“.

Почитувана, погубно е кога ќе размислиме, наместо вие, новинарите, ние како монаси, да ве потсетуваме на Волтеровите зборови за положувањето на животот во одбрана на правото на инакво мислење. Ставовите на Епископот Јаков, во однос на трансродовоста на места се идентични или блиски со ставовите на Џ. К. Роулинг, Пирс Морган, Тери Гилијам, Џон Клиз, Дејв Шапел, Џордан Питерсон. Како поминаа тие заради јавно искажаното мислење, знаат тие самите најдобро, а ние може само да претпоставиме гледајќи ги хоровите „праведници“ разјарени како дива орда од сцена на вестерн филм, со факли и јажиња пред затворот, спремни да бидат судија, порота и џелат во истовреме.

Понатаму, ни стои како прашање, зошто не ги ни споменавте претставниците на здруженијата на граѓани и граѓански асоцијации кои беа учесници на трибината, но водени од родителската љубов и грижата кон потомството, беа на дијаметрално спротивна страна од Платформата за родова еднаквост Хера, Коалиција Маргини, и другите што учествуваат во изготвување на законот. Страв ни е и да помислиме дека ја живееме Орвеловата – сите организации се еднакви, само некои се поеднакви од другите. Но ете, кој би рекол дека после диктатурата на пролетеријатот ќе ја (до)живееме и диктатурата на невладините…

И ве молам, на крајот на краиштата, се работи за децата… Свети Теофан Затворник поучуваше дека спасението на родителите доаѓа преку доброто воспитување на децата. Ако богослужбениот манастирски циклус најмалку еднаш дневно нè потсетува на зборовите на Свети Софрониј Сахаров – „Братот мој е мојот Живот“, како може тогаш да се оглушиме на повикот на ближните?

Простете ни ако што било од ова што го напишавме Ве повреди. Навратете некогаш на гости, портите манастирски се како дверите на срцето, ширум отворени секому. Немаме многу, но фала Му на Бога, имаме доволно „срам да отсрамиме“ со чај собран од Беласица, домашно слатко и јаворова сенка. Гледајте да биде недела, кога црквата е полна со млади родители и деца, и загледајте ги внимателно кога излегуваат од неа, озарени во лицата по средбата со живиот Бог. Тогаш најубаво ќе се уверите дека се молат и „палат свеќи“ за нешто сосема друго од тоа што вие претпоставувате…

Братство при манастирот „Св. 40 Севастиски Маченици“ с. Банско, Струмица.

П.С. Оној несреќен плагијат – плакат, намерно не го искоментиравме, оти презирот кон препишувачите, што го имавме од основното училиште, преку средното, па сѐ до факултетите, се нема сменето до ден-денес…

 

The post „И ве молам, на крајот на краиштата, се работи за децата…“, реагира Братството при манастирот „Свети 40 Севастиски Маченици“ на текстот на Ана Василевска appeared first on Република.

]]>

Братството при манастирот „Св. 40 Севастиски Маченици“ с. Банско, Струмица реагира на текстот на Ана Василевска насловен „Црквата да искулира, и таа е именка од женски род, а сексот е од Бога даден“. Во него Василевска го дава својот став зошто треба да има сексуално образование во училиштата, бранејќи го МТСП и нивното излагање дека „Сексуалното образование во училиштата ќе овозможи поддршка на младите во созревањето, да изградат сопствен систем на вредности и самопочит што ќе им овозможи да носат одговорни одлуки и да се однесуваат одговорно, да се спречи предвремени и незаштитени сексуални односи, да се превенираат бројните несакани последици од незнаење и предрасуди, злоупотреба и насилство и да придонесе за развој на толерантни и квалитетни односи помеѓу момчињата и девојчињата засновани на меѓусебна почит“.
Кој дел од оваа намера е спорен и проблематичен за Цркавата? Во секоја реченица од наведеното објаснување на МТСП е содржано тоа што е спорно за „конзервативната Црква“ или ако сакате тоа што ним не им одговара: зрели личности со сопствен систем на вредности, самопочитување, одговорност, спречување на несакана бременост (да не станат машини за раѓање) , превенција на злоупотреба и насилство кон девојчињата, и взаемна рамноправна почит. Заканата која ја чувствува Црквата, нема никаков мотив во добронамерноста односно како што се истакнало на трибината “стравувале дека ќе се загубеле моралните вредности и децата нема да знаеле што е љубов“, туку во стравот дека можеби овие освестени индивидуии, нема да сакаат баш на црквата да и истураат пари за венчавки, крштевки, да се крстата и да палат свеќи за да не забременат, туку самосвесно ќе одлучуваат за својот живот и ќе понесат одговорност а нема да се предадат „во рацете на бога“ и сите грешки да ги припишуваат на божјата волја, пишува меѓуостанатото Василевска.
Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост: Почитувана, Една од првите лекции во духовниот живот што ги добивме од нашиот отец како млади монаси, штотуку зачекорени во манастирот беше: „Великиот пост, носи и големи искушенија“, и еве денес, со главите приклонети пред Божјото допуштање, се присетуваме на неговите поуки, но тоа не значи и дека ќе останеме неми пред лагата. Водени од евангелските зборови на нашиот Спасител и Господ Исус Христос: „Јас сум патот, вистината и животот“, се чувствуваме повикани да ја кажеме вистината. Се работи за настан на кој бевме присутни, а кој потоа намерно се изобличи, до мерка на непрепознатливост, што просто се запрашавме: Кога, од ова за што се обвинува Владиката, беше кажано? Ние монасите стоиме постојано пред невидливиот Бог, бидејќи тој е видлив за нас и нашите срца. Бог ни го има доверено своето Дело, и ние служиме во делата на правдата оти и самата правда е Божествено дело. И во животната арена војувајќи против лагата, за која знаеме чија рожба е, ние војуваме за Христос, за нас распнатиот. На трибината на која говореше Епископот Јаков, не се кажа ништо од клеветите за кои вие пишувате. Ерата која ја живееме направи се да е лесно проверливо, и со наједноставна компарација на кажаното од страна на Владиката и обвинувањата во вашиот текст – сите можат да допрат до вистината. Во православното предание, гревот направен од незнаење, нема иста тежина со свесното чинење зло. Од вашето писание се надеваме дека се работи за првото, бидејќи непознавање на историјата световна, а потоа и на црковната, многу открива за вас дека сте далеку од познавање на другите науки, во кои несреќно се вплеткувате. Она што Епископот Јаков сакаше да им го доближи на присутните е дека за темата на трансродовоста не постои унисоноста на глобално ниво, но и дека има ластовички кои сè уште не ја чинат, но да се надеваме, ја навестуваат пролетта. Фотографиите што беа презентирани со појаснувањата од негова страна, не беа нешто што тој го измислил или на сон му се сонило, тие луѓе постојат со име и презиме, како што постојат и контроверзите кои ги предизвикаа. Не мора да ни верувате, но проверете ги имињата на Lia Thomas, Veronica Ivy, Chloe Barnes, Alexia Cerenys, Cece Telfer, Laurel Hubbard, Tiffany Newell. И да ве прашаме, дали и скорешната одлука на светската атлетска федерација, за забрана на трансродовите спортисти да се натпреваруваат во женска категорија, во иднина биде презентирана на некоја трибина ќе се оцени како атак на феминизмот, трансфобија и мизогинија? Самиот претседател на ова тело, во образложението на одлуката вели дека се водел од „принципот за заштита на женската категорија“. Почитувана, погубно е кога ќе размислиме, наместо вие, новинарите, ние како монаси, да ве потсетуваме на Волтеровите зборови за положувањето на животот во одбрана на правото на инакво мислење. Ставовите на Епископот Јаков, во однос на трансродовоста на места се идентични или блиски со ставовите на Џ. К. Роулинг, Пирс Морган, Тери Гилијам, Џон Клиз, Дејв Шапел, Џордан Питерсон. Како поминаа тие заради јавно искажаното мислење, знаат тие самите најдобро, а ние може само да претпоставиме гледајќи ги хоровите „праведници“ разјарени како дива орда од сцена на вестерн филм, со факли и јажиња пред затворот, спремни да бидат судија, порота и џелат во истовреме. Понатаму, ни стои како прашање, зошто не ги ни споменавте претставниците на здруженијата на граѓани и граѓански асоцијации кои беа учесници на трибината, но водени од родителската љубов и грижата кон потомството, беа на дијаметрално спротивна страна од Платформата за родова еднаквост Хера, Коалиција Маргини, и другите што учествуваат во изготвување на законот. Страв ни е и да помислиме дека ја живееме Орвеловата – сите организации се еднакви, само некои се поеднакви од другите. Но ете, кој би рекол дека после диктатурата на пролетеријатот ќе ја (до)живееме и диктатурата на невладините… И ве молам, на крајот на краиштата, се работи за децата… Свети Теофан Затворник поучуваше дека спасението на родителите доаѓа преку доброто воспитување на децата. Ако богослужбениот манастирски циклус најмалку еднаш дневно нè потсетува на зборовите на Свети Софрониј Сахаров – „Братот мој е мојот Живот“, како може тогаш да се оглушиме на повикот на ближните? Простете ни ако што било од ова што го напишавме Ве повреди. Навратете некогаш на гости, портите манастирски се како дверите на срцето, ширум отворени секому. Немаме многу, но фала Му на Бога, имаме доволно „срам да отсрамиме“ со чај собран од Беласица, домашно слатко и јаворова сенка. Гледајте да биде недела, кога црквата е полна со млади родители и деца, и загледајте ги внимателно кога излегуваат од неа, озарени во лицата по средбата со живиот Бог. Тогаш најубаво ќе се уверите дека се молат и „палат свеќи“ за нешто сосема друго од тоа што вие претпоставувате… Братство при манастирот „Св. 40 Севастиски Маченици“ с. Банско, Струмица. П.С. Оној несреќен плагијат – плакат, намерно не го искоментиравме, оти презирот кон препишувачите, што го имавме од основното училиште, преку средното, па сѐ до факултетите, се нема сменето до ден-денес…  

The post „И ве молам, на крајот на краиштата, се работи за децата…“, реагира Братството при манастирот „Свети 40 Севастиски Маченици“ на текстот на Ана Василевска appeared first on Република.

]]>