Ана Трајковска Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-trajkovska/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 10:21:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ана Трајковска Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-trajkovska/ 32 32 В четврток се отвора изложбата „Фото-графички експерименти“ на Ана Трајковска и Јана Луловска https://republika.mk/vesti/kultura/v-chetvrtok-se-otvora-izlozhbata-foto-grafichki-eksperimenti-na-ana-trajkovska-i-jana-lulovska/ Tue, 05 Nov 2024 10:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=834300

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на отворањето на изложбата „Фото-графички експерименти“ во излогот на Францускиот институт, в четврток, 7 ноември 2024, во 18:00 часот.

Aвторки на изложбата се двете уметници Ана Трајковска и Јана Луловска.

Овој заеднички проект, којшто ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни, беше создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ за време на нивната двомесечна уметничка резиденција во Cité internationale des arts во Париз.

„Фото-графички експерименти” е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз низ призмата на колаборативна уметност, која повикува на размислување за невидливите слоеви на градот, скриени под површината.

Станува збор за дела во кои, низ уникатен пристап, двете уметници ги истражуваат безвременските културно-историски знаменитости и архитектуртата на Париз, како спој на минатото и сегашноста.

Францускиот институт во Скопје има особена чест да ја прикаже оваа изложба по париската премиера, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од своето постоењето.

Изложбата ќе остане отворена во текот на наредните два месеца.

 

The post В четврток се отвора изложбата „Фото-графички експерименти“ на Ана Трајковска и Јана Луловска appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на отворањето на изложбата „Фото-графички експерименти“ во излогот на Францускиот институт, в четврток, 7 ноември 2024, во 18:00 часот.

Aвторки на изложбата се двете уметници Ана Трајковска и Јана Луловска.

Овој заеднички проект, којшто ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни, беше создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ за време на нивната двомесечна уметничка резиденција во Cité internationale des arts во Париз.

„Фото-графички експерименти” е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз низ призмата на колаборативна уметност, која повикува на размислување за невидливите слоеви на градот, скриени под површината.

Станува збор за дела во кои, низ уникатен пристап, двете уметници ги истражуваат безвременските културно-историски знаменитости и архитектуртата на Париз, како спој на минатото и сегашноста.

Францускиот институт во Скопје има особена чест да ја прикаже оваа изложба по париската премиера, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од своето постоењето.

Изложбата ќе остане отворена во текот на наредните два месеца.

 

The post В четврток се отвора изложбата „Фото-графички експерименти“ на Ана Трајковска и Јана Луловска appeared first on Република.

]]>
„FLUX Surfacing“ – изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова https://republika.mk/vesti/kultura/flux-surfacing-izlozhba-na-grafiki-i-instalatsija-od-ana-trajkovska-i-ivana-samandova/ Tue, 19 Sep 2023 21:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=683301

На 20 септември (среда) со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар Скопје (КИЦ) ќе се отвори изложбата на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова насловена „FLUX Surfacing“.

Проектот „FLUX: Surfacing“ е продолжение на интерактивната изложба „FLUX“ организирана од Самандова и Трајковска која се одржа во ноември минатата година.

„Покрај тоа што тематиката на графиките е од мрачен психо-аналитички, интроспективен карактер, за време на изложбата ‘FLUX’ се оствари и интерактивен чин помеѓу делата и посетителите. Интерактивниот чин се состоеше на гравирање од страна на посетителите врз поставените плочи, кои истите изгравирани моменти содржат тематики поврзани со своите лични искуства, скриени чувства и трауматични мемории, стравови и неизвесности, кои остануваат анонимни поради ранливата природа на самите изгравирани цртежи. Сите тие колективни, индиректни визуелни прикази и споделувања помеѓу уметниците и посетителите, во овој продолжеток FLUX: Surfacing – се откриваат, ‘излегуваат’ на површината формирајќи една целина низ која разновидните отпечатоци се испреплетени едни меѓу други, создавајќи еден нов соединет наратив низ просторот и самото дело“, се посочува во најавата за настанот.

Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Македонија. Дипломиран графичар во класата на проф. М-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021г. кај проф. Зоран Јакимовски, смер графика.Од 2010 до 2020 година активно работи како личен асистен за цртање и сликање на Ирена Гапговска во НВО Арт студио- Скопје, а од октомрви 2020г. е основач на приватно атеље за часови по цртање и сликање во Партизан принт. Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање.

Самандова е родена родена во 1997 во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во 2020, на отсек сликарство, модул конзервација и реставрација. Нејзината уметничка практика се фокусира на процесите на набљудување и истражување на социо-политички проблематики, структури, однесување и интерконекции помеѓу специфични ситуации на една заедница или индивидуа. Нејзиното уметничко творештво често третира тематики на почувствуван, поттикнат интерес, подоцна пренесени преку интердисциплинарна уметничка практика која се состои од истражување на различни комбинирани и нови медиуми.

Изложбата ќе биде отворена до 2 октомври.

 

The post „FLUX Surfacing“ – изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова appeared first on Република.

]]>

На 20 септември (среда) со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар Скопје (КИЦ) ќе се отвори изложбата на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова насловена „FLUX Surfacing“. Проектот „FLUX: Surfacing“ е продолжение на интерактивната изложба „FLUX“ организирана од Самандова и Трајковска која се одржа во ноември минатата година. „Покрај тоа што тематиката на графиките е од мрачен психо-аналитички, интроспективен карактер, за време на изложбата ‘FLUX’ се оствари и интерактивен чин помеѓу делата и посетителите. Интерактивниот чин се состоеше на гравирање од страна на посетителите врз поставените плочи, кои истите изгравирани моменти содржат тематики поврзани со своите лични искуства, скриени чувства и трауматични мемории, стравови и неизвесности, кои остануваат анонимни поради ранливата природа на самите изгравирани цртежи. Сите тие колективни, индиректни визуелни прикази и споделувања помеѓу уметниците и посетителите, во овој продолжеток FLUX: Surfacing – се откриваат, ‘излегуваат’ на површината формирајќи една целина низ која разновидните отпечатоци се испреплетени едни меѓу други, создавајќи еден нов соединет наратив низ просторот и самото дело“, се посочува во најавата за настанот. Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Македонија. Дипломиран графичар во класата на проф. М-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021г. кај проф. Зоран Јакимовски, смер графика.Од 2010 до 2020 година активно работи како личен асистен за цртање и сликање на Ирена Гапговска во НВО Арт студио- Скопје, а од октомрви 2020г. е основач на приватно атеље за часови по цртање и сликање во Партизан принт. Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање. Самандова е родена родена во 1997 во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во 2020, на отсек сликарство, модул конзервација и реставрација. Нејзината уметничка практика се фокусира на процесите на набљудување и истражување на социо-политички проблематики, структури, однесување и интерконекции помеѓу специфични ситуации на една заедница или индивидуа. Нејзиното уметничко творештво често третира тематики на почувствуван, поттикнат интерес, подоцна пренесени преку интердисциплинарна уметничка практика која се состои од истражување на различни комбинирани и нови медиуми. Изложбата ќе биде отворена до 2 октомври.  

The post „FLUX Surfacing“ – изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова appeared first on Република.

]]>
Изложба на Ана Трајковска во Струга https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-ana-trajkovska-vo-struga/ Fri, 07 Jul 2023 12:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=658961

Од НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга информираат дека на 8 јули, сабота, во локалот „На Струга Дуќан“, кој се наоѓа во струшката чаршија, ќе биде отворена изложбата „Што е тоа е“ на Ана Трајковска.

Со почеток во 18 часот, на петтата самостојна изложба на уметницата, ќе бидат претставени петнаесетина графики, а изложбата ќе биде отворена за јавноста до 13 јули.

Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Р. Македонија и е дипломирана графичарка Дипломиран графичар во класата на Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021 година. Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање. Таа има освоено награда од ДЛУМ за изложбата ,,Нови енергии” 2021, добитник на награда за најдобра графика од Агенција за млади и спорт на Македонија.

 

The post Изложба на Ана Трајковска во Струга appeared first on Република.

]]>

Од НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга информираат дека на 8 јули, сабота, во локалот „На Струга Дуќан“, кој се наоѓа во струшката чаршија, ќе биде отворена изложбата „Што е тоа е“ на Ана Трајковска. Со почеток во 18 часот, на петтата самостојна изложба на уметницата, ќе бидат претставени петнаесетина графики, а изложбата ќе биде отворена за јавноста до 13 јули. Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Р. Македонија и е дипломирана графичарка Дипломиран графичар во класата на Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021 година. Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање. Таа има освоено награда од ДЛУМ за изложбата ,,Нови енергии” 2021, добитник на награда за најдобра графика од Агенција за млади и спорт на Македонија.  

The post Изложба на Ана Трајковска во Струга appeared first on Република.

]]>