Ана Пендевска Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-pendevska/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 08:57:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ана Пендевска Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-pendevska/ 32 32 Делата на композиторите Светиев, Пандевска и Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/delata-na-kompozitorite-svetiev-pandevska-i-ivanov-se-izbrani-na-konkursot-za-otkup-na-muzichki-dela-od-domashni-avtori-koj-go-objavi-filharmonija/ Tue, 24 Sep 2024 08:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=819203

Делата на композиторите Борис Светиев, Ана Пандевска и Филип Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија во мај, оваа година, соопштија од оваа национална установа.

Комисијата составена од македонски композитори, музиколози, домашни и странски диригенти ги награди симфониските дела „Јубилејна фантазија“ на композиторот Борис Светиев, „Куклици“ на Ана Пандевска и „Итар Пејо“ од Филип Иванов.

Делата на Светиев, Пандевска и Иванов ќе бидат изведени до крајот на годината, во јубилејната концертна сезона на Македонската филхармонија во која институцијата ќе прослави осумдесет години од формирањето.

Конкурсот беше инициран како дел од активностите по повод прославата на осумдесетгодишнината на Филхармонија со цел да се поттикнат и мотивираат домашните автори да напишат нови симфониски дела кои својата праизведба ќе ја доживеат во јубилејната сезона 2024/2025, насловена „Одисеја“. Делата кои премиерно ќе прозвучат во роденденската сезона, ќе бидат изведувани и на концертите на Македонска филхармонија во странство со цел да се промовира домашното творештво надвор од нашата земја, соопштија од Филхармонија.

 

The post Делата на композиторите Светиев, Пандевска и Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Делата на композиторите Борис Светиев, Ана Пандевска и Филип Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија во мај, оваа година, соопштија од оваа национална установа. Комисијата составена од македонски композитори, музиколози, домашни и странски диригенти ги награди симфониските дела „Јубилејна фантазија“ на композиторот Борис Светиев, „Куклици“ на Ана Пандевска и „Итар Пејо“ од Филип Иванов.
Делата на Светиев, Пандевска и Иванов ќе бидат изведени до крајот на годината, во јубилејната концертна сезона на Македонската филхармонија во која институцијата ќе прослави осумдесет години од формирањето. Конкурсот беше инициран како дел од активностите по повод прославата на осумдесетгодишнината на Филхармонија со цел да се поттикнат и мотивираат домашните автори да напишат нови симфониски дела кои својата праизведба ќе ја доживеат во јубилејната сезона 2024/2025, насловена „Одисеја“. Делата кои премиерно ќе прозвучат во роденденската сезона, ќе бидат изведувани и на концертите на Македонска филхармонија во странство со цел да се промовира домашното творештво надвор од нашата земја, соопштија од Филхармонија.  

The post Делата на композиторите Светиев, Пандевска и Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија appeared first on Република.

]]>