Ана Каренина Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-karenina/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jul 2023 12:04:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ана Каренина Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-karenina/ 32 32 „Ана Каренина“-Два и полчасовна сензационална романтична трагедија од високото царско општество https://republika.mk/vesti/kultura/ana-karenina-dva-i-polchasovna-senzatsionalna-romantichna-tragedija-od-visokoto-tsarsko-opshtestvo/ Sun, 30 Jul 2023 11:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=666899

Толстоевата херона Ана Каренина од истоимениот роман, вчеравечер беше поставена на фестивалот „Охридско лето“ преку претставата на  Театарот „Ujvideki Szinhaz” од Нови Сад,  Србија, а во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски.

Две и полчасовната игра на сцената ја долови страсната и несреќна љубов помеѓу Ана Каренина и Алексеј Вронски, проблемите во бракот и семејниот живот, и воопшто општествено-економските односи во Русија во 19 век.

Нашата Ана Каренина е една жена – всушност, не е важно дали е жена или маж – човек кој сака да биде среќен. Преку нејзиниот лик отвораме многу врати и се занимаваме со тоа што всушност значи љубовта, колку човекот е подготвен да се жртвува, колку е подготвен да се надмине себеси, своите стравови, за да ја пронајде смислата на своето постоење. Во оваа смисла, Ана Каренина во нашата претстава е сложен систем; и таа, но и сите други ликови – Каренин, Вронски, Левин, Кити – имаат своја приказна, борба. Така, оваа претстава покажува дека црното никогаш не е целосно црно, белото никогаш не е целосно бело, дека всушност има многу нијанси внатре и дека тоа е всушност нашиот живот, вели режисерот Дејан Пројковски.

Ликот на Ана Каренина го играше актерката Береш Марта која на сцената во Ценатрот за култура „Григор Прличев“ покажа одлична актерска игра.

Никогаш не сум имала желба да играм мрачни ликови, но Ана Каренина  беше нешто со што се сретнав уште во средношколските денови. Кога ја читав лектирата во гимназија, ја читав одново и одново. Секогаш беше покрај мојот кревет и толку многу ме маѓепса со својата слоевитост и вистинитост. Долгиот пат на мојата љубов кон оваа книга дојде и до изведба на ликот на Ана. Значи овој материјал во мене живее од мојата 17-та година. Сега имам 40 години, но и чувство  дека на оваа улога работам повеќе од 20 години, вели Береш Марта.

Соработката со режисерот Пројковски доведе и до тоа, актерот Арпад Месарош исто така да посака да го игра ликот на Алексеј Вронски.

До 2019 година кога започнавме да го работиме овој проект, немав желба да го играм ликот на Вронски зашто кога и да го видев на филм или на некоја друга претстава, ми изгледаше убавец кој е здодевен на некој начин.  Потоа режисерот Пројковски беше за тоа да направиме малку  поекстремен и поексцентричен лик. Одевме во крајности. Да, тој е таков каков што е напишан, но какви работи прави тој и на каков начин, до кои крајности оди во чувствата. Токму во таа насока го базиравме ликот на Вронски и така тој ми стана многу интересен . Дополнително и со партнерката на сцена многу добро соработувавме, вели Месарош.

Претставата „Ана Каренина“  во изведба на новосадските актери досега има добиено  триесеттина награди на театарските фестивали.

Оваа претстава е многу популарна и секогаш носи преполни гледалишта и покрај тешката тема. Досега има собрано 30-тина награди. Мене ми е посебно задоволство што ја носиме во родната земја на режисерот, вели уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Ленард .

 

„Ана Каренина“  е првата соработка на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски со овој новосадски театар. Од минатата година, Пројковски има нова театарска претстава со актерите од  „Ujvideki Szinhaz”, „Ричард Трети“ од Шекспир, која веќе  ги собира театарските награди на фестивалите во регионот.

The post „Ана Каренина“-Два и полчасовна сензационална романтична трагедија од високото царско општество appeared first on Република.

]]>

Толстоевата херона Ана Каренина од истоимениот роман, вчеравечер беше поставена на фестивалот „Охридско лето“ преку претставата на  Театарот „Ujvideki Szinhaz” од Нови Сад,  Србија, а во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Две и полчасовната игра на сцената ја долови страсната и несреќна љубов помеѓу Ана Каренина и Алексеј Вронски, проблемите во бракот и семејниот живот, и воопшто општествено-економските односи во Русија во 19 век.
Нашата Ана Каренина е една жена – всушност, не е важно дали е жена или маж – човек кој сака да биде среќен. Преку нејзиниот лик отвораме многу врати и се занимаваме со тоа што всушност значи љубовта, колку човекот е подготвен да се жртвува, колку е подготвен да се надмине себеси, своите стравови, за да ја пронајде смислата на своето постоење. Во оваа смисла, Ана Каренина во нашата претстава е сложен систем; и таа, но и сите други ликови – Каренин, Вронски, Левин, Кити – имаат своја приказна, борба. Така, оваа претстава покажува дека црното никогаш не е целосно црно, белото никогаш не е целосно бело, дека всушност има многу нијанси внатре и дека тоа е всушност нашиот живот, вели режисерот Дејан Пројковски.
Ликот на Ана Каренина го играше актерката Береш Марта која на сцената во Ценатрот за култура „Григор Прличев“ покажа одлична актерска игра.
Никогаш не сум имала желба да играм мрачни ликови, но Ана Каренина  беше нешто со што се сретнав уште во средношколските денови. Кога ја читав лектирата во гимназија, ја читав одново и одново. Секогаш беше покрај мојот кревет и толку многу ме маѓепса со својата слоевитост и вистинитост. Долгиот пат на мојата љубов кон оваа книга дојде и до изведба на ликот на Ана. Значи овој материјал во мене живее од мојата 17-та година. Сега имам 40 години, но и чувство  дека на оваа улога работам повеќе од 20 години, вели Береш Марта.
Соработката со режисерот Пројковски доведе и до тоа, актерот Арпад Месарош исто така да посака да го игра ликот на Алексеј Вронски.
До 2019 година кога започнавме да го работиме овој проект, немав желба да го играм ликот на Вронски зашто кога и да го видев на филм или на некоја друга претстава, ми изгледаше убавец кој е здодевен на некој начин.  Потоа режисерот Пројковски беше за тоа да направиме малку  поекстремен и поексцентричен лик. Одевме во крајности. Да, тој е таков каков што е напишан, но какви работи прави тој и на каков начин, до кои крајности оди во чувствата. Токму во таа насока го базиравме ликот на Вронски и така тој ми стана многу интересен . Дополнително и со партнерката на сцена многу добро соработувавме, вели Месарош.
Претставата „Ана Каренина“  во изведба на новосадските актери досега има добиено  триесеттина награди на театарските фестивали.
Оваа претстава е многу популарна и секогаш носи преполни гледалишта и покрај тешката тема. Досега има собрано 30-тина награди. Мене ми е посебно задоволство што ја носиме во родната земја на режисерот, вели уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Ленард .
  „Ана Каренина“  е првата соработка на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски со овој новосадски театар. Од минатата година, Пројковски има нова театарска претстава со актерите од  „Ujvideki Szinhaz”, „Ричард Трети“ од Шекспир, која веќе  ги собира театарските награди на фестивалите во регионот.

The post „Ана Каренина“-Два и полчасовна сензационална романтична трагедија од високото царско општество appeared first on Република.

]]>
Во Националната опера и Балет втора изведба на балетската претстава „Ана Каренина“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-natsionalnata-opera-i-balet-vtora-izvedba-na-baletskata-pretstava-ana-karenina/ Mon, 26 Jun 2023 14:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=655382

Националната опера и Балет најавува втора изведба на ремек-делото „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со избрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, на 26 јуни 2023, со почеток во 20 часот.

Преку современите кореографски решенија соединети со класичен балет на Лео Муиќ од Хрватска, минималистичката, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа балетските уметници од Националната опера и Балет со впечатливиот, емотивен до исцрпување танц и со инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска-Шокаровска, Бобан Ковачевски, Гилерме Алвес (Португалија).

Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и Балет.

The post Во Националната опера и Балет втора изведба на балетската претстава „Ана Каренина“ appeared first on Република.

]]>

Националната опера и Балет најавува втора изведба на ремек-делото „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со избрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, на 26 јуни 2023, со почеток во 20 часот. Преку современите кореографски решенија соединети со класичен балет на Лео Муиќ од Хрватска, минималистичката, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој. Во повеќе од два часа балетските уметници од Националната опера и Балет со впечатливиот, емотивен до исцрпување танц и со инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка… Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска-Шокаровска, Бобан Ковачевски, Гилерме Алвес (Португалија). Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и Балет.

The post Во Националната опера и Балет втора изведба на балетската претстава „Ана Каренина“ appeared first on Република.

]]>
Балетот „Ана Каренина“ вечер во НОБ https://republika.mk/vesti/kultura/baletot-ana-karenina-vecher-vo-nob/ Fri, 23 Jun 2023 07:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=654290

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер и на 26 јуни ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Ана Каренина“, со избрана музика од Петар Илич Чајковски.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој, соопштија од НОБ.

Како што посочуваат, во повеќе од два часа, балетските уметници од Националната опера и балет со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Во главните улоги ќе настапат Мими Поп Алексова Атанасовскa, Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски (Балаж Лочеи, Унгарија), Гиљерме Алвез (Португалија).

Настапуваат истакнати солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

The post Балетот „Ана Каренина“ вечер во НОБ appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер и на 26 јуни ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Ана Каренина“, со избрана музика од Петар Илич Чајковски.
Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој, соопштија од НОБ.
Како што посочуваат, во повеќе од два часа, балетските уметници од Националната опера и балет со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка… Во главните улоги ќе настапат Мими Поп Алексова Атанасовскa, Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски (Балаж Лочеи, Унгарија), Гиљерме Алвез (Португалија). Настапуваат истакнати солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

The post Балетот „Ана Каренина“ вечер во НОБ appeared first on Република.

]]>
Претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски победник на „Денови на Нушиќ“ во Смедерево https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-ana-karenina-vo-rezija-na-dejan-projkovski-pobednik-na-denovi-na-nushikj-vo-smederevo/ Mon, 30 May 2022 16:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=508867

На завршната вечер на 39-то издание на престижниот Театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ во Смедерево, Србија, свечено беше прогласен победникот на Фестивалот, претставата „Ана Каренина“ според романот на Толстој, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на Новосадско Народно Позориште – Нови Сад.

Преставата на нашиот Пројковски, еден од најнаградуваните и најпродуктивните македонски театарски режисери на Балканот, повторно ги „победи“ своите големи конкуренти – претставите, меѓу другите, на Народно позориште – Суботица, Ателје 212 – Белград, Народно позориште - Белград и Београдско драмско позориште – Белград, а ја оценуваше жири, во состав Исидора Миниќ, Слободан Бода Нинковиќ и Милорад Мики Дамјановиќ (сите драмски уметници).

Во образложението на жирито се вели: „Претставата „Ана Каренина“ е моќно театарско доживување. Режисерот Дејан Пројковски со многу малку текст, користејќи го романот на Толстој речиси како синопсис, успева да раскаже возбудлива приказна за судбината на жената – човекот растргнати меѓу општествените норми и своите чувства. Низ многу модерен израз, сложувајќи слики од животите на јунаците, во драматичната сценографија, а сето ова поддржано од врвната игра на целиот ансамбл, добивме фантастична, возбудлива, несекојдневна, раскошна изведба на големиот класик. Се надеваме дека оваа претстава ќе ја подигне „пречката“ на нашиот театар и ќе стане стандард во поглед на театарската уметност“.

На ова издание на „Денови на Нушиќ“, наградата за животно дело му беше доделена на легендарниот актер на просторите на поранешна Југославија, Богдан Диклиќ.

Наградите на Театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ овој пат, под мотото  „Приказните наши, приказните насушни“, ја зголемија навистина богатата колекција од 23-те награди кои овој врвен театарски продукт на Пројковски ги доби во последните две години (премиерно е изведен во ноември 2019 година) во Србија и во странство. Имено, „Ана Каренина“ ги понесе наградите на сите релевантни фестивали во Србија во изминатите две години, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврѓава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање, „Театарска пролет„ во Шабац... Актерката Марта Береш, пак, за улогата на Ана Карењина е прогласена и за најдобра актерка во Унгарија.

Со овие сите награди, „Ана Каренина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион.

Деновиве, нашиот Дејан Пројковски почна со подготовките на проектот „Инферно“ според „Пеколот“ од Данте Алигиери, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, долго очекуван, од македонските професионалци и љубителите на театарската уметност, театарски спектакл потпишан на овој македонски врвен режисер.

 

The post Претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски победник на „Денови на Нушиќ“ во Смедерево appeared first on Република.

]]>

На завршната вечер на 39-то издание на престижниот Театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ во Смедерево, Србија, свечено беше прогласен победникот на Фестивалот, претставата „Ана Каренина“ според романот на Толстој, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на Новосадско Народно Позориште – Нови Сад. Преставата на нашиот Пројковски, еден од најнаградуваните и најпродуктивните македонски театарски режисери на Балканот, повторно ги „победи“ своите големи конкуренти – претставите, меѓу другите, на Народно позориште – Суботица, Ателје 212 – Белград, Народно позориште - Белград и Београдско драмско позориште – Белград, а ја оценуваше жири, во состав Исидора Миниќ, Слободан Бода Нинковиќ и Милорад Мики Дамјановиќ (сите драмски уметници). Во образложението на жирито се вели: „Претставата „Ана Каренина“ е моќно театарско доживување. Режисерот Дејан Пројковски со многу малку текст, користејќи го романот на Толстој речиси како синопсис, успева да раскаже возбудлива приказна за судбината на жената – човекот растргнати меѓу општествените норми и своите чувства. Низ многу модерен израз, сложувајќи слики од животите на јунаците, во драматичната сценографија, а сето ова поддржано од врвната игра на целиот ансамбл, добивме фантастична, возбудлива, несекојдневна, раскошна изведба на големиот класик. Се надеваме дека оваа претстава ќе ја подигне „пречката“ на нашиот театар и ќе стане стандард во поглед на театарската уметност“. На ова издание на „Денови на Нушиќ“, наградата за животно дело му беше доделена на легендарниот актер на просторите на поранешна Југославија, Богдан Диклиќ. Наградите на Театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ овој пат, под мотото  „Приказните наши, приказните насушни“, ја зголемија навистина богатата колекција од 23-те награди кои овој врвен театарски продукт на Пројковски ги доби во последните две години (премиерно е изведен во ноември 2019 година) во Србија и во странство. Имено, „Ана Каренина“ ги понесе наградите на сите релевантни фестивали во Србија во изминатите две години, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврѓава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање, „Театарска пролет„ во Шабац... Актерката Марта Береш, пак, за улогата на Ана Карењина е прогласена и за најдобра актерка во Унгарија. Со овие сите награди, „Ана Каренина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион. Деновиве, нашиот Дејан Пројковски почна со подготовките на проектот „Инферно“ според „Пеколот“ од Данте Алигиери, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, долго очекуван, од македонските професионалци и љубителите на театарската уметност, театарски спектакл потпишан на овој македонски врвен режисер.  

The post Претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски победник на „Денови на Нушиќ“ во Смедерево appeared first on Република.

]]>
Претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски победник на фестивалот во Шабац https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-ana-karenina-vo-rezija-na-dejan-projkovski-pobednik-na-festivalot-vo-shabac/ Mon, 18 Apr 2022 08:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=489837

На Фестивалот „Позоришно пролече“ кој се одржува во Шабац“, претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на театарот во Нови Сад е апсолутен победник.

Синоќа, 17.04.2022 година на завршната вечер на Театарскиот фестивал „Театарска пролет“ во Шабац, Србија, свечено беше прогласен апсолутниот победник на Фестивалот, претставата „Ана Карењина“ според романот на Толстој, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на Новосадско Народно Позориште – Нови Сад. Преставата на нашиот Пројковски, еден од најнаградуваните и најпродуктивните македонски театарски режисери на Балканот, ги доби наградите за најдобра претстава во целина, за најдобра режија – Дејан Пројковски, за најдобар актер – Арпад Месарош, за најдобра актерка – Тимеа Филеп.

„Ана Карењина“, која настапуваше во конкуренција со претставите, меѓу другите и на Српско народно позориште – Нови Сад, Ателје 212 – Белград и Београдско народно позориште – Белград, ја оценуваше навистина релевантно жири, во состав Зијах Соколовиќ, Слаѓана Килибарда и Ирфан Менсур.

Наградите на Театарскиот фестивал „Театарска пролет“ се последни во низата од 22-те награди кои овој врвен театарски продукт на Пројковски ги доби во последните две години (премиерно е изведен во ноември 2019 година) во Србија и во странство. Имено, „Ана Карењина“ ги понесе наградите на сите релевантни фестивали во Србија во изминатите две години, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврѓава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање... Актерката Марта Береш, пак, за улогата на Ана Карењина е прогласена и за најдобра актерка во Унгарија.

Со овие награди, „Ана Карењина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион.

1. Награда за најдобра представа

АНА КАРЕЊИНА, Лав Николајевич Толстој, во режија на Дејан Пројковски и продукција на Новосадскиот театар.

2. Награда за најдобра режија

Дејан Пројковски, за режија на представата Ана Карењина, Лав Николајевич Толстој, во продукција на Новосадскиот театар Ujvideki Szinhaz.

3. Награда за Љубиша Јовановиќ - за најдобра машка улога

Арпад Месарош за улогата на Алексеј Вронски во претставата Ана Карењина, Лав Николајевич Толстој, режија на Дејан Пројковски, во продукција на Новосадскиот театар Ujvideki Szinhaz.

4. Награда за најдобра женска улога

Тимеа Филеп, за улогата на Ана Каренина во представата Ана Каренина, Лав Николајевич Толстој, режија Дејан Пројковски, во продукција на Новосадскиот театар Ujvideki Szinhaz

Жири: Зијах Соколовиќ, Слаѓана Килибарда и Ирфан Менсур.

The post Претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски победник на фестивалот во Шабац appeared first on Република.

]]>

На Фестивалот „Позоришно пролече“ кој се одржува во Шабац“, претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на театарот во Нови Сад е апсолутен победник.

Синоќа, 17.04.2022 година на завршната вечер на Театарскиот фестивал „Театарска пролет“ во Шабац, Србија, свечено беше прогласен апсолутниот победник на Фестивалот, претставата „Ана Карењина“ според романот на Толстој, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на Новосадско Народно Позориште – Нови Сад. Преставата на нашиот Пројковски, еден од најнаградуваните и најпродуктивните македонски театарски режисери на Балканот, ги доби наградите за најдобра претстава во целина, за најдобра режија – Дејан Пројковски, за најдобар актер – Арпад Месарош, за најдобра актерка – Тимеа Филеп. „Ана Карењина“, која настапуваше во конкуренција со претставите, меѓу другите и на Српско народно позориште – Нови Сад, Ателје 212 – Белград и Београдско народно позориште – Белград, ја оценуваше навистина релевантно жири, во состав Зијах Соколовиќ, Слаѓана Килибарда и Ирфан Менсур. Наградите на Театарскиот фестивал „Театарска пролет“ се последни во низата од 22-те награди кои овој врвен театарски продукт на Пројковски ги доби во последните две години (премиерно е изведен во ноември 2019 година) во Србија и во странство. Имено, „Ана Карењина“ ги понесе наградите на сите релевантни фестивали во Србија во изминатите две години, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврѓава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање... Актерката Марта Береш, пак, за улогата на Ана Карењина е прогласена и за најдобра актерка во Унгарија. Со овие награди, „Ана Карењина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион.

1. Награда за најдобра представа

АНА КАРЕЊИНА, Лав Николајевич Толстој, во режија на Дејан Пројковски и продукција на Новосадскиот театар.

2. Награда за најдобра режија

Дејан Пројковски, за режија на представата Ана Карењина, Лав Николајевич Толстој, во продукција на Новосадскиот театар Ujvideki Szinhaz.

3. Награда за Љубиша Јовановиќ - за најдобра машка улога

Арпад Месарош за улогата на Алексеј Вронски во претставата Ана Карењина, Лав Николајевич Толстој, режија на Дејан Пројковски, во продукција на Новосадскиот театар Ujvideki Szinhaz.

4. Награда за најдобра женска улога

Тимеа Филеп, за улогата на Ана Каренина во представата Ана Каренина, Лав Николајевич Толстој, режија Дејан Пројковски, во продукција на Новосадскиот театар Ujvideki Szinhaz

Жири: Зијах Соколовиќ, Слаѓана Килибарда и Ирфан Менсур.

The post Претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски победник на фестивалот во Шабац appeared first on Република.

]]>
Балетската претстава „Ана Каренина“ денеска и утре во Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/baletskata-pretstava-ana-karenina-deneska-i-utre-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ Tue, 01 Mar 2022 09:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=465676

Во Националната опера и балет денеска и утре ќе се изведе „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот композитор Петар Илиќ Чајковски.

Кореографијата е на Лео Мујиќ од Хрватска, сценографијата е на Александар Ношпал.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на Националната опера и балет, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Никола Хаџитанев (Бугарија) како Вронски, Емил Јорданов (Бугарија) како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка, велат од НОБ.

Како дел од балетската претстава настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

The post Балетската претстава „Ана Каренина“ денеска и утре во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет денеска и утре ќе се изведе „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот композитор Петар Илиќ Чајковски. Кореографијата е на Лео Мујиќ од Хрватска, сценографијата е на Александар Ношпал.
Во повеќе од два часа, балетските уметници на Националната опера и балет, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Никола Хаџитанев (Бугарија) како Вронски, Емил Јорданов (Бугарија) како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка, велат од НОБ.
Како дел од балетската претстава настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

The post Балетската претстава „Ана Каренина“ денеска и утре во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Балетската претстава „Ана Каренина“ на сцената на Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/baletskata-pretstava-ana-karenina-na-scenata-na-nacionalnata-opera-i-balet/ Sun, 27 Feb 2022 17:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=464802

На 1 и 2 март 2022, со почеток во 20.00 ч. на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе „АНА КАРЕНИНА“, балетската претстава во два чина со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на Националната опера и балет, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Никола Хаџитанев (Бугарија) како Вронски, Емил Јорданов (Бугарија) како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.

The post Балетската претстава „Ана Каренина“ на сцената на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

На 1 и 2 март 2022, со почеток во 20.00 ч. на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе „АНА КАРЕНИНА“, балетската претстава во два чина со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој. Во повеќе од два часа, балетските уметници на Националната опера и балет, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Никола Хаџитанев (Бугарија) како Вронски, Емил Јорданов (Бугарија) како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка… Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска.

The post Балетската претстава „Ана Каренина“ на сцената на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>