Ана Јовковска Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-jovkovska/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 08:03:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ана Јовковска Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-jovkovska/ 32 32 Промоција на „Љубов во топка“ од Ана Јовковска https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-lubov-vo-topka-od-ana-jovkovska/ Thu, 11 Apr 2024 08:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=764803

Книгата за деца „Љубов во топка“ на авторката Ана Јовковска, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. За делото ќе зборува Владимир Мартиновски.

Ова е седма книга на Јовковска, а воедно и втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“.

„’Љубов во топка’ е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.“ – информираат организаторите.

Илустрациите во книгата се на Иванка НиБа.

The post Промоција на „Љубов во топка“ од Ана Јовковска appeared first on Република.

]]>

Книгата за деца „Љубов во топка“ на авторката Ана Јовковска, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. За делото ќе зборува Владимир Мартиновски. Ова е седма книга на Јовковска, а воедно и втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“.
„’Љубов во топка’ е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.“ – информираат организаторите.
Илустрациите во книгата се на Иванка НиБа.  

The post Промоција на „Љубов во топка“ од Ана Јовковска appeared first on Република.

]]>
„Љубов во топка“ – нова книга за деца на Ана Јовковска https://republika.mk/vesti/kultura/lubov-vo-topka-nova-kniga-za-detsa-na-ana-jovkovska/ Wed, 10 Apr 2024 12:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=764570

Во четврток на 11 април 2024 година во 19:00 часот во КСП Центар Јадро во Скопје, ќе се одржи промоцијата на интерактивна сликовница „Љубов во топка“ од авторката Ана Јовковска и илустраторката Иванка НиБа. Промотор на сликовницата е универзитетскиот професор и писател Владимир Мартиновски.

„Љубов во топка“ е интерактивна илустрирана книга за деца на авторката Ана Јовковска, која го обработува проблемот на врсничкото насилство (булинг) како еден од најгорчливите проблеми на денешното општество. Приказна за пријателството и емпатијата, што го анализира широкиот спектар на емоции кај децата. Книга за кревкото детско срце, за гласот што треба да го пронајдеме, за храброста да кажеме како се чувствуваме и можноста секое дете да биде херој или хероина.

Чувствата што доминираат во нарацијата и илустрацијата се тага, осаменост, нарушена самодоверба, но и верба, храброст, љубов и надеж. Покрај главната наративна нишка во книгата е опфатена и темата за различноста односно маргинализирањето на поинаквите деца. Иако приказната не бега од тагата како емоција, таа дава решение како да се канализираат емоциите и да се пронајде сопствениот глас. Завршува оптимистички, со надеж дека љубовта и добрината го носат новиот детски свет.

Оваа топла емотивна приказна на Јовковска е надополнета со прекрасните илустрации на Иванка НиБа. Преку суптилната текстурна основа и топлиот колоритен пристап таа ни ја пренесува разиграната нота на детството и детските игри воспоставувајќи сооднос помеѓу чистиот детски дух и емпатијата кон се околу нив. Големата палета на емоции во текстот се проткајуваат и низ изразот на секое илустрирано дете, маче, облаче или нијанса. Динамиката на потезниот цртеж и експресивноста на карактерите ни ја доловува различноста на инфантилниот ум и на одразот што го има во сооднос со средината како што се домашното воспитување, љубовта, почитта…Проткаени едно во друго, текст-илустрација, емоција-израз, приказна-слика…

Сликовницата е дел од едицијата Светулка 2 која веќе брои 4 наслови а се планираат уште 5 и се опфатени теми соодветни за деца од раноучилишна возраст. Заедничка е одговорноста и градењето на иднината на нашите деца. Да ги научиме дека секоја емоција е добродојдена и нормална и да ги насочиме како да се справуваат со секоја од нив. За среќно детство!

Ана Јовковска е новинарка, писателка и научна истражувачка. Во суштина – сонувачка, гласноговорничка за слобода, еко-активистка, активистка за правата на децата и животните. Мајка на првачето Алекс и пријателка на кучето Ада. Сонува за свет во кој ќе нема ниту едно гладно дете. Верува дека секој човек е добар, ако му го најдеш клучот до срцето. Нејзините идеали се најсилните кредити на кои се клади.

Иванка НиБа илустраторка, дизајнерка и сликарка. Како илустратор се потпишува на повеќе од 30 сликовници. Мајка на Кристина која и е поттик за создавање на поубав свет каде „ќе можеме да летаме послободни и посреќни“.

The post „Љубов во топка“ – нова книга за деца на Ана Јовковска appeared first on Република.

]]>

Во четврток на 11 април 2024 година во 19:00 часот во КСП Центар Јадро во Скопје, ќе се одржи промоцијата на интерактивна сликовница „Љубов во топка“ од авторката Ана Јовковска и илустраторката Иванка НиБа. Промотор на сликовницата е универзитетскиот професор и писател Владимир Мартиновски. „Љубов во топка“ е интерактивна илустрирана книга за деца на авторката Ана Јовковска, која го обработува проблемот на врсничкото насилство (булинг) како еден од најгорчливите проблеми на денешното општество. Приказна за пријателството и емпатијата, што го анализира широкиот спектар на емоции кај децата. Книга за кревкото детско срце, за гласот што треба да го пронајдеме, за храброста да кажеме како се чувствуваме и можноста секое дете да биде херој или хероина. Чувствата што доминираат во нарацијата и илустрацијата се тага, осаменост, нарушена самодоверба, но и верба, храброст, љубов и надеж. Покрај главната наративна нишка во книгата е опфатена и темата за различноста односно маргинализирањето на поинаквите деца. Иако приказната не бега од тагата како емоција, таа дава решение како да се канализираат емоциите и да се пронајде сопствениот глас. Завршува оптимистички, со надеж дека љубовта и добрината го носат новиот детски свет. Оваа топла емотивна приказна на Јовковска е надополнета со прекрасните илустрации на Иванка НиБа. Преку суптилната текстурна основа и топлиот колоритен пристап таа ни ја пренесува разиграната нота на детството и детските игри воспоставувајќи сооднос помеѓу чистиот детски дух и емпатијата кон се околу нив. Големата палета на емоции во текстот се проткајуваат и низ изразот на секое илустрирано дете, маче, облаче или нијанса. Динамиката на потезниот цртеж и експресивноста на карактерите ни ја доловува различноста на инфантилниот ум и на одразот што го има во сооднос со средината како што се домашното воспитување, љубовта, почитта…Проткаени едно во друго, текст-илустрација, емоција-израз, приказна-слика… Сликовницата е дел од едицијата Светулка 2 која веќе брои 4 наслови а се планираат уште 5 и се опфатени теми соодветни за деца од раноучилишна возраст. Заедничка е одговорноста и градењето на иднината на нашите деца. Да ги научиме дека секоја емоција е добродојдена и нормална и да ги насочиме како да се справуваат со секоја од нив. За среќно детство! Ана Јовковска е новинарка, писателка и научна истражувачка. Во суштина – сонувачка, гласноговорничка за слобода, еко-активистка, активистка за правата на децата и животните. Мајка на првачето Алекс и пријателка на кучето Ада. Сонува за свет во кој ќе нема ниту едно гладно дете. Верува дека секој човек е добар, ако му го најдеш клучот до срцето. Нејзините идеали се најсилните кредити на кои се клади. Иванка НиБа илустраторка, дизајнерка и сликарка. Како илустратор се потпишува на повеќе од 30 сликовници. Мајка на Кристина која и е поттик за создавање на поубав свет каде „ќе можеме да летаме послободни и посреќни“.  

The post „Љубов во топка“ – нова книга за деца на Ана Јовковска appeared first on Република.

]]>
Промоцијата на книгата „Љубов во топка“ на Ана Јовковска во КСП центар Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/promotsijata-na-knigata-lubov-vo-topka-na-ana-jovkovska-vo-ksp-tsentar-jadro/ Tue, 09 Apr 2024 11:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=764240

Во четврток, 11 април со почеток од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ ќе се одржи промоцијата на книгата „Љубов во топка“ на Ана Јовковска. Ова е седма книга на Ана а воедно и втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“.

„’Љубов во топка’ е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.“ – информираат организаторите.

Илустрациите во книгата се на Иванка НиБа.

Промотор на настанот ќе биде Владимир Мартиновски.

The post Промоцијата на книгата „Љубов во топка“ на Ана Јовковска во КСП центар Јадро appeared first on Република.

]]>

Во четврток, 11 април со почеток од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ ќе се одржи промоцијата на книгата „Љубов во топка“ на Ана Јовковска. Ова е седма книга на Ана а воедно и втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“. „’Љубов во топка’ е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.“ – информираат организаторите. Илустрациите во книгата се на Иванка НиБа. Промотор на настанот ќе биде Владимир Мартиновски.

The post Промоцијата на книгата „Љубов во топка“ на Ана Јовковска во КСП центар Јадро appeared first on Република.

]]>
Денеска две книжевни трибини во КИЦ во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/deneska-dve-knizhevni-tribini-vo-kits-vo-skopje/ Wed, 06 Dec 2023 07:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=720151

Во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје денеска ќе се одржат две книжевни трибини. Во 12 часот е закажана „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ , а во 13,30 ќе се разговара на тема „Детска книжевна продукција“.

Говорници на првата дебата се авторот Петар Андоновски, Живко Грозданоски, автор и книжевен преведувач, Јулијана Величковска, авторка, уредничка во „ПНВ Публикации“, директорка на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмска директорка на „Поетска ноќ во Велестово“ и Владимир Јанковски, автор и уредник во издавачката куќа „Готен“.

Говорници на втората се проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Ника Гавровска, авторка и уредничка во издавачка куќа „Гаврош“ и Бистра Георгиева, авторка.

Трибината „Детска книжевна продукција“, проект на Ана Јовковска, докторанд на културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ е тематско продолжение на панел-дикусијата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.

Фокусот е на литературата за деца, акцентирање на важноста од едукативната компонента, педагошката функција на литературата и уметноста, развивање на креативноста кај децата и поттикнување на љубопитството преку читање во правец на развивање на критичко, иновативно размислување, како и следењето на современите светски текови на детската продукција во рамки на литературата и илустрацијата, соопшти Културно-информативниот центар - Скопје.

Модераторка на двете е Ана Јовковска, авторка и новинарка која ја организира дебатата во рамките на програмата за литературна дејност „Македонски книжевни текови“ на КИЦ.

The post Денеска две книжевни трибини во КИЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје денеска ќе се одржат две книжевни трибини. Во 12 часот е закажана „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ , а во 13,30 ќе се разговара на тема „Детска книжевна продукција“. Говорници на првата дебата се авторот Петар Андоновски, Живко Грозданоски, автор и книжевен преведувач, Јулијана Величковска, авторка, уредничка во „ПНВ Публикации“, директорка на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмска директорка на „Поетска ноќ во Велестово“ и Владимир Јанковски, автор и уредник во издавачката куќа „Готен“. Говорници на втората се проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Ника Гавровска, авторка и уредничка во издавачка куќа „Гаврош“ и Бистра Георгиева, авторка. Трибината „Детска книжевна продукција“, проект на Ана Јовковска, докторанд на културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ е тематско продолжение на панел-дикусијата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.
Фокусот е на литературата за деца, акцентирање на важноста од едукативната компонента, педагошката функција на литературата и уметноста, развивање на креативноста кај децата и поттикнување на љубопитството преку читање во правец на развивање на критичко, иновативно размислување, како и следењето на современите светски текови на детската продукција во рамки на литературата и илустрацијата, соопшти Културно-информативниот центар - Скопје.
Модераторка на двете е Ана Јовковска, авторка и новинарка која ја организира дебатата во рамките на програмата за литературна дејност „Македонски книжевни текови“ на КИЦ.

The post Денеска две книжевни трибини во КИЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Емотивен талог“ на Ана Јовковска https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-knigata-emotiven-talog-na-ana-jovkovska/ Thu, 28 Apr 2022 07:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=494525

„Емотивен талог“ е насловот на новата книга на новинарката и авторка Ана Јовковска која ќе биде промовирана вечерва во клуб ресторанот во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Книгата е во издание на „Три“, а според авторот на поговорот Гоце Смилевски, таа произлегува од себезапрашаноста пред предизвиците на современото живеење и откривањето на сопствените стратегии за борба против сѐ што нѐ одвојува од нашата суштина.

Како што посочува, ова дело е повик и поттик да се впуштиме во авантура на себеиспитување и себенадградување преку аналитички поглед во сопствениот емотивен талог.

Извонредно слоевита и напишана со огромна вештина, книгата „Емотивен талог“ има силна интроспективна визура. Интелектуалната љубопитност на Ана Јовковска е безгранична и повикува на креативен и продуктивен дијалог со читателите. Ракописот е густ како талог од кафе, натопен во разигран јазик на метафори, симболи и асоцијации, а сепак е едноставен, непретенциозен и лесно читлив - смета писателот Владимир Мартиновски.

Ана Јовковска е научна истражувачка, магистерка по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност и тренер по комуникациски вештини.

По четирите објавени книжевни дела, сега ни се претставува со едно поинакво четиво, збирка од раскази, колумни и есеи именувани како „Емотивен талог“. Илустрирајќи ги своите лични доживувања, интимни искуства и длабоко почувствувани ситуации, таа ги преиспитува релациите на себството и Другиот, слободата и љубовта, диктатот на технологијата, моралот и ропството, социо-емоционалниот развој на децата, консумеризмот наспроти (не)грижата за природата… но среде сето тоа, Јовковска гласно го поставува прашањето за среќата - соопшти издавачката куќа.

The post Промоција на книгата „Емотивен талог“ на Ана Јовковска appeared first on Република.

]]>

„Емотивен талог“ е насловот на новата книга на новинарката и авторка Ана Јовковска која ќе биде промовирана вечерва во клуб ресторанот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Книгата е во издание на „Три“, а според авторот на поговорот Гоце Смилевски, таа произлегува од себезапрашаноста пред предизвиците на современото живеење и откривањето на сопствените стратегии за борба против сѐ што нѐ одвојува од нашата суштина. Како што посочува, ова дело е повик и поттик да се впуштиме во авантура на себеиспитување и себенадградување преку аналитички поглед во сопствениот емотивен талог.