Ана Ѓуриќ Констракта Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-gjurikj-konstrakta/ За подобро да се разбереме Tue, 03 May 2022 18:30:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ана Ѓуриќ Констракта Archives - Република https://republika.mk/tema/ana-gjurikj-konstrakta/ 32 32 Колку ќе чини настапот на Констракта на Евровизија! https://republika.mk/scena/muzika/kolku-kje-chini-nastapot-na-konstrakta-na-evrovizija/ Tue, 03 May 2022 18:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=497097

Констракта во четвртокот отпатува во Торино каде ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија. Таму ќе настапи во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 12 мај, а многубројната публика е желна да го види настапот на жената која за многумина стана интересна „преку ноќ“.

Ана Ѓуриќ еднаш откри дека купува облека на пазар бидејќи не се оптоварува со брендови и луксузни парчиња, но за евровизискиот стајлинг издвоила повеќе од 450 евра.

Таа на првата прес-конференција на Евровизија се појави во широки беж панталони чија цена е 200 евра. Но, поголемо внимание привлече маицата со извезениот „је * ига“, која чинела 20-на евра.

Покрај тоа, ја искомбинирала црвената чанта која ја носела околу половината, за која издвоила околу 190 евра, додека „боросанките“ ги зачувала за самиот настап (ги платила 40-на евра). Наместо нив, носела патики за кои платила околу 45 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

The post Колку ќе чини настапот на Констракта на Евровизија! appeared first on Република.

]]>

Констракта во четвртокот отпатува во Торино каде ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија. Таму ќе настапи во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 12 мај, а многубројната публика е желна да го види настапот на жената која за многумина стана интересна „преку ноќ“. Ана Ѓуриќ еднаш откри дека купува облека на пазар бидејќи не се оптоварува со брендови и луксузни парчиња, но за евровизискиот стајлинг издвоила повеќе од 450 евра. Таа на првата прес-конференција на Евровизија се појави во широки беж панталони чија цена е 200 евра. Но, поголемо внимание привлече маицата со извезениот „је * ига“, која чинела 20-на евра. Покрај тоа, ја искомбинирала црвената чанта која ја носела околу половината, за која издвоила околу 190 евра, додека „боросанките“ ги зачувала за самиот настап (ги платила 40-на евра). Наместо нив, носела патики за кои платила околу 45 евра.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by @konstrakta

The post Колку ќе чини настапот на Констракта на Евровизија! appeared first on Република.

]]>
„Ова е скриена поддршка за Русија“ обвинува јавноста по велигденските фотографии на Констракта https://republika.mk/scena/muzika/ova-e-skriena-poddrshka-za-rusija-obvinuva-javnosta-po-veligdenskite-fotografii-na-konstrakta/ Mon, 25 Apr 2022 09:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=493282

На официјалниот евровизиски твитер-профил на РТС како честитка за Велигденските празници се објавени фотографии од Ана Ѓуриќ Констракта, претставничката на Србија на овогодинешната „Евровизија“ во Торино.

Но, празничната порака и оригиналниот изглед на српската пејачка паднаа во втор план поради политика, зошто многумина ги протолкуваа како провокација, па дури и бараат казна за Србија.

За многумина проблем се масите на кои седат велигденските јајца и легенот за миење на раце, зошто личеле на латинската буква „З“ (Z), симбол кој стана забранет во многу европски земји бидејќи со него се означени руските воени возила во Украина.

Многу корисници на социјалните мрежи го сфатија ова како провокација, иако самата Констракта никогаш не се занимавала со политика, ниту пак давала некакви изјави на таа тема.

The post „Ова е скриена поддршка за Русија“ обвинува јавноста по велигденските фотографии на Констракта appeared first on Република.

]]>

На официјалниот евровизиски твитер-профил на РТС како честитка за Велигденските празници се објавени фотографии од Ана Ѓуриќ Констракта, претставничката на Србија на овогодинешната „Евровизија“ во Торино. Но, празничната порака и оригиналниот изглед на српската пејачка паднаа во втор план поради политика, зошто многумина ги протолкуваа како провокација, па дури и бараат казна за Србија. За многумина проблем се масите на кои седат велигденските јајца и легенот за миење на раце, зошто личеле на латинската буква „З“ (Z), симбол кој стана забранет во многу европски земји бидејќи со него се означени руските воени возила во Украина. Многу корисници на социјалните мрежи го сфатија ова како провокација, иако самата Констракта никогаш не се занимавала со политика, ниту пак давала некакви изјави на таа тема.

The post „Ова е скриена поддршка за Русија“ обвинува јавноста по велигденските фотографии на Констракта appeared first on Република.

]]>
Констракта на „Егзит“ со светска премиера на единствениот мултимедијален перформанс https://republika.mk/scena/muzika/konstrakta-na-egzit-so-svetska-premiera-na-edinstveniot-multimedijalen-performans/ Wed, 20 Apr 2022 11:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=491099

Најбараното музичко име на Балканот, Ана Ѓуриќ Констракта, ќе ја круниса овогодишната програма на EXIT фестивалот во недела, 10 јули, и тоа со светската премиера на единствениот мултимедијален перформанс! Со овој концерт, на кој нејзиниот препознатлив музички белег ќе биде надограден со виџејство и кореографии, Констракта се придружува на големите светски имиња, меѓу кои се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, Iggy Azalea, Afrojack, James Arthur, Masked Wolf, Jax Jones, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex и многу други.

На Exit сум била и како посетител, и како дел од ’Мистејк Мистејк’ и ’Земља грува’, и како водителка една година, а оваа година сум на Главна бина како Констракта, така што се гледаме“, порачува Ана Ѓуриќ Констракта!

Иако делува како нејзиниот успех да се случи преку ноќ, Ана Ѓуриќ на музичката сцена е веќе 20 години, а ова е моментот кога нејзината генијалност доаѓа до полн израз. Српската музичарка со атипичниот звук на песната „In Corpore Sano“, со која ќе ја претставува Србија на Евровизија, не престанува да ги воодушевува и публиката и медиумите на нашите простори.

https://www.youtube.com/watch?v=gwYoY4nhIYc

На оние кои претходно не је следеа нејзината самостојна работа им донесе целосно освежување и автентичност, но и зачуденост над нејзиното творештво. „In corpore sano“ е дел од проектот Триптих, во кој се и песните „Nobl“ и „Mekano“, а авторка на сите текстови е Констракта. „Триптих“, освен општествено ангажираната порака, носи и визуелен концепт кој исто така го осмисли Ана Ѓуриќ, заедно со Маја Узелац и Ана Родиќ.

Својата самостојна кариера Констракта ја започна во 2019 година со песните „Žvake“ и „Neam šamana“, кои се жанровски иновации, проследени со оригинални и интересни видео-спотови.  Ана Ѓуриќ своите музички корени ги влече уште од бендот „Мистејк Мистејк“, со кој настапуваше до 2007 година. Таа година членовите на бендот – Зое Кида, Емси Милован и Констракта го формираа бендот „Земља грува“, Грувленд издаваштвото и Грувленд продукциското студио, кои стануваат столб на сите следни проекти на овој колектив.

Квалитетот на изодениот музички пат кој во меѓувреме го поминаа е потврден со неодамнешното потпишување соработка на Грувленд со светската издавачка куќа Virgin Music Label & Artist Services, која е етикета во склоп на големиот Universal Music.

Бендот „Земља грува“ до сега има објавено два лонгплеј албума - „WTF is Gruvlend?“ (2010) и „Šta stvarno želiš?“ (2016), потое ЕП изданието посветено на Дино Двроник и повеќе синглови, на кои нумерите на Констракта остваруваат голем успех. Од најголемите хитови на бендот, со кои ја обиколи цела поранешна Југославија, се издвојуваат песните „Nisam znala da sam ovo htela“, „Đango“, „Plodni dani“, „Jednom je sada“, „Tuga“, „Mama“.

EXIT фестивалот ќе се одржи на Петроварадинската тврдина од 7 до 10 јули, со потврдените големи музички имиња како што се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, Iggy Azalea, Afrojack, James Arthur, Masked Wolf, Joel Corry, Jax Jones, Alok, ATB, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex, Reinier Zonneveld, Monolink, Denis Sulta, Mathame, ZHU, ACRAZE, Sama’ Abdulhadi, ANNA, Sepultura, Napalm Death, Marky Ramone, Molchat Doma, She Past Away, Konstrakta, Brkovi, Paraf, Vizelj, Coach Party, Sana Garić, Prti Bee Gee и многу други, а пристигнуваат и објави на нови изведувачи!
Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3700 денари, со заштеда од 50%. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Nick Cave & The Bad Seeds се достапни по промотивните цени, а нивниот контингент е ограничен. Цената на регуларните влезници за тој ден е 1.950 денари, фан пит влезниците се достапни по подарок цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците во Македонија се продаваат преку продажниот сервис МкТикетс.

The post Констракта на „Егзит“ со светска премиера на единствениот мултимедијален перформанс appeared first on Република.

]]>

Најбараното музичко име на Балканот, Ана Ѓуриќ Констракта, ќе ја круниса овогодишната програма на EXIT фестивалот во недела, 10 јули, и тоа со светската премиера на единствениот мултимедијален перформанс! Со овој концерт, на кој нејзиниот препознатлив музички белег ќе биде надограден со виџејство и кореографии, Констракта се придружува на големите светски имиња, меѓу кои се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, Iggy Azalea, Afrojack, James Arthur, Masked Wolf, Jax Jones, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex и многу други.
На Exit сум била и како посетител, и како дел од ’Мистејк Мистејк’ и ’Земља грува’, и како водителка една година, а оваа година сум на Главна бина како Констракта, така што се гледаме“, порачува Ана Ѓуриќ Констракта!
Иако делува како нејзиниот успех да се случи преку ноќ, Ана Ѓуриќ на музичката сцена е веќе 20 години, а ова е моментот кога нејзината генијалност доаѓа до полн израз. Српската музичарка со атипичниот звук на песната „In Corpore Sano“, со која ќе ја претставува Србија на Евровизија, не престанува да ги воодушевува и публиката и медиумите на нашите простори. https://www.youtube.com/watch?v=gwYoY4nhIYc На оние кои претходно не је следеа нејзината самостојна работа им донесе целосно освежување и автентичност, но и зачуденост над нејзиното творештво. „In corpore sano“ е дел од проектот Триптих, во кој се и песните „Nobl“ и „Mekano“, а авторка на сите текстови е Констракта. „Триптих“, освен општествено ангажираната порака, носи и визуелен концепт кој исто така го осмисли Ана Ѓуриќ, заедно со Маја Узелац и Ана Родиќ. Својата самостојна кариера Констракта ја започна во 2019 година со песните „Žvake“ и „Neam šamana“, кои се жанровски иновации, проследени со оригинални и интересни видео-спотови.  Ана Ѓуриќ своите музички корени ги влече уште од бендот „Мистејк Мистејк“, со кој настапуваше до 2007 година. Таа година членовите на бендот – Зое Кида, Емси Милован и Констракта го формираа бендот „Земља грува“, Грувленд издаваштвото и Грувленд продукциското студио, кои стануваат столб на сите следни проекти на овој колектив. Квалитетот на изодениот музички пат кој во меѓувреме го поминаа е потврден со неодамнешното потпишување соработка на Грувленд со светската издавачка куќа Virgin Music Label & Artist Services, која е етикета во склоп на големиот Universal Music. Бендот „Земља грува“ до сега има објавено два лонгплеј албума - „WTF is Gruvlend?“ (2010) и „Šta stvarno želiš?“ (2016), потое ЕП изданието посветено на Дино Двроник и повеќе синглови, на кои нумерите на Констракта остваруваат голем успех. Од најголемите хитови на бендот, со кои ја обиколи цела поранешна Југославија, се издвојуваат песните „Nisam znala da sam ovo htela“, „Đango“, „Plodni dani“, „Jednom je sada“, „Tuga“, „Mama“. EXIT фестивалот ќе се одржи на Петроварадинската тврдина од 7 до 10 јули, со потврдените големи музички имиња како што се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, Iggy Azalea, Afrojack, James Arthur, Masked Wolf, Joel Corry, Jax Jones, Alok, ATB, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex, Reinier Zonneveld, Monolink, Denis Sulta, Mathame, ZHU, ACRAZE, Sama’ Abdulhadi, ANNA, Sepultura, Napalm Death, Marky Ramone, Molchat Doma, She Past Away, Konstrakta, Brkovi, Paraf, Vizelj, Coach Party, Sana Garić, Prti Bee Gee и многу други, а пристигнуваат и објави на нови изведувачи! Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3700 денари, со заштеда од 50%. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Nick Cave & The Bad Seeds се достапни по промотивните цени, а нивниот контингент е ограничен. Цената на регуларните влезници за тој ден е 1.950 денари, фан пит влезниците се достапни по подарок цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците во Македонија се продаваат преку продажниот сервис МкТикетс.

The post Констракта на „Егзит“ со светска премиера на единствениот мултимедијален перформанс appeared first on Република.

]]>
На сопругот на Констракта му бил дијагностициран тумор, семејниот проблем можеше да ја тргне од евровизиската сцена https://republika.mk/scena/estrada/na-soprugot-na-konstrakta-mu-bil-dijagnosticiran-tumor-semejniot-problem-mozeshe-da-ja-trgne-od-evroviziskata-scena/ Thu, 31 Mar 2022 21:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=481661

Малкумина знаеја дека Ана Ѓуриќ Констракта води голема битка и дека за малку немаше да се појави на „Беовизија, каде што победи, поради нарушеното здравје на сопругот Милан Ѓуриќ, со кого почетокот на годината го помина во Германија на лекарски прегледи. Имено, на Милан му е дијагностициран тумор, поради што Констракта ја изгубила почвата под нозете, а некое време, што е нормално, била истоштена и во многу тешка психичка состојба.

Пејачката не беше подготвена да го слуша аплаузот и да им се радува на поените на „Беовизија“, бидејќи во исто време беше загрижена за животот на својот сопатник. Во тие денови, Милан беше подложен на детални лекарски прегледи за да дознаат во која форма му е болеста.

За среќа, тестовите покажале дека нема место за паника и дека всушност се работи за бенигна форма, која лесно се отстранува. Насмевката се врати на лицата на семејството Ѓуриќ, а Констракта, знаејќи што ја чека, се фати за работа, пишува Hello.

Таа маестрално ја изведе песната со што направи целосен пресврт, па со нетрпение ја очекуваме годинешната „Евровизија“ и настапот на Констракта која ќе ја претставува Србија на престижниот музички натпревар.

The post На сопругот на Констракта му бил дијагностициран тумор, семејниот проблем можеше да ја тргне од евровизиската сцена appeared first on Република.

]]>

Малкумина знаеја дека Ана Ѓуриќ Констракта води голема битка и дека за малку немаше да се појави на „Беовизија, каде што победи, поради нарушеното здравје на сопругот Милан Ѓуриќ, со кого почетокот на годината го помина во Германија на лекарски прегледи. Имено, на Милан му е дијагностициран тумор, поради што Констракта ја изгубила почвата под нозете, а некое време, што е нормално, била истоштена и во многу тешка психичка состојба.
Пејачката не беше подготвена да го слуша аплаузот и да им се радува на поените на „Беовизија“, бидејќи во исто време беше загрижена за животот на својот сопатник. Во тие денови, Милан беше подложен на детални лекарски прегледи за да дознаат во која форма му е болеста. За среќа, тестовите покажале дека нема место за паника и дека всушност се работи за бенигна форма, која лесно се отстранува. Насмевката се врати на лицата на семејството Ѓуриќ, а Констракта, знаејќи што ја чека, се фати за работа, пишува Hello.
Таа маестрално ја изведе песната со што направи целосен пресврт, па со нетрпение ја очекуваме годинешната „Евровизија“ и настапот на Констракта која ќе ја претставува Србија на престижниот музички натпревар.

The post На сопругот на Констракта му бил дијагностициран тумор, семејниот проблем можеше да ја тргне од евровизиската сцена appeared first on Република.

]]>