Амстердам Синфониета Archives - Република https://republika.mk/tema/amsterdam-sinfonieta/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 10:13:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Амстердам Синфониета Archives - Република https://republika.mk/tema/amsterdam-sinfonieta/ 32 32 Музиката на Кирил Џајковски дел од новиот проект на Амстердам Синфониета https://republika.mk/vesti/kultura/muzikata-na-kiril-dzajkovski-del-od-noviot-proekt-na-amsterdam-sinfonieta/ Thu, 27 Oct 2022 10:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=566238

Во текот на септември и октомври се реализираа 11 изведби на проектот The Waste Land на Амстердам Синфониета. Овој музичко балетски перформанс е инспириран од една од најпознатите поетски творби на 20тиот век „Пуста земја“ (The Waste Land) од Т.С. Елиот. Освен од Кирил Џајковски во овој проект се користеше музика и од Stravinsky, Layegh, Berg, Nyman.

Проектот кој во холандските медиуми е опишан како прекрасна фузија од музика, поезија и танц беше одлично примен и посетен од холандската публика во Амстердам, Ротердам, Утрехт, Тилбург и останатите градови во кои се реализираше оваа турнеја, е наведено во соопштението.

По неверојатната турнеја, на следниот линк може да ги погледнете еден од највпечатливите моменти на овој перформанс, изведбата на „Brothel Tango“ од Кирил Џајковски, изјавија од Амстердам Синфониета.

Овој проект е уште едно продолжување на активностите на Џајковски поврзани со театарска и филмска музика.

Пред неколку месеци работеше на музиката за последниот проект на Александар Поповски „Хероини“ кој беше поставен во Љубљанскиот градски театар, а во текот на идниот месец своја фестивалска премиера ќе има и словачкиот филм „Piargy” кој го режираше Иво Трајков, а за кој музиката ја напиша Џајковски.

Во ноември и музиката од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски за првпат ќе има официјално дигитално издание на сите светски дигитални музички сервиси.

The post Музиката на Кирил Џајковски дел од новиот проект на Амстердам Синфониета appeared first on Република.

]]>

Во текот на септември и октомври се реализираа 11 изведби на проектот The Waste Land на Амстердам Синфониета. Овој музичко балетски перформанс е инспириран од една од најпознатите поетски творби на 20тиот век „Пуста земја“ (The Waste Land) од Т.С. Елиот. Освен од Кирил Џајковски во овој проект се користеше музика и од Stravinsky, Layegh, Berg, Nyman. Проектот кој во холандските медиуми е опишан како прекрасна фузија од музика, поезија и танц беше одлично примен и посетен од холандската публика во Амстердам, Ротердам, Утрехт, Тилбург и останатите градови во кои се реализираше оваа турнеја, е наведено во соопштението.
По неверојатната турнеја, на следниот линк може да ги погледнете еден од највпечатливите моменти на овој перформанс, изведбата на „Brothel Tango“ од Кирил Џајковски, изјавија од Амстердам Синфониета.
Овој проект е уште едно продолжување на активностите на Џајковски поврзани со театарска и филмска музика. Пред неколку месеци работеше на музиката за последниот проект на Александар Поповски „Хероини“ кој беше поставен во Љубљанскиот градски театар, а во текот на идниот месец своја фестивалска премиера ќе има и словачкиот филм „Piargy” кој го режираше Иво Трајков, а за кој музиката ја напиша Џајковски. Во ноември и музиката од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски за првпат ќе има официјално дигитално издание на сите светски дигитални музички сервиси.

The post Музиката на Кирил Џајковски дел од новиот проект на Амстердам Синфониета appeared first on Република.

]]>