ампутација Archives - Република https://republika.mk/tema/amputacija/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 17:21:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ампутација Archives - Република https://republika.mk/tema/amputacija/ 32 32 Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа https://republika.mk/vesti/svet/deset-detsa-dnevno-gubat-edna-ili-dve-noze-vo-gaza/ Tue, 25 Jun 2024 20:19:03 +0000 https://republika.mk/?p=790775

Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, предупреди дека во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе.

Лазарини, на прес-конференција во Женева, додаде дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака.

Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.

Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, изјави Лазарини.

Тој го спомена и извештајот на невладината организација „Save the Children“ во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините.

The post Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа appeared first on Република.

]]>

Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, предупреди дека во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе. Лазарини, на прес-конференција во Женева, додаде дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака. Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.
Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, изјави Лазарини.
Тој го спомена и извештајот на невладината организација „Save the Children“ во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините.

The post Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа appeared first on Република.

]]>
Маж може да остане без полов орган откако голтнал апче и имал секс долг 24 часа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mazh-mozhe-da-ostane-bez-polov-organ-otkako-goltnal-apche-i-imal-seks-dolg-24-chasa/ Sun, 28 May 2023 14:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=645135

Маж (50) е во тешка состојба во болница во Италија откако имал интимeн однос. Германецот и неговата сопруга имале „луда ноќ“ откако решиле да испијат „опасен вид на дрога“, со која, како што велат, сексот им траел речиси 24 часа.

Странските медиуми јавуваат дека мажот се чувствувал лошо и побарал помош во болницата „Мисерикордија“ на почетокот на месецов.

Неговата состојба е опишана како „сериозна“ и моментално е на одделението за интензивна нега. Тој имал септичен шок кој предизвикал некроза на гениталниот орган и скротумот. Септичкиот шок е специфична состојба во телото која се јавува како компликација на сепса. Сепса настанува кога одбранбениот, имунолошки систем, наместо да ја контролира инфекцијата, доведува до оштетување на сопствените ткива и органи.

The post Маж може да остане без полов орган откако голтнал апче и имал секс долг 24 часа appeared first on Република.

]]>

Маж (50) е во тешка состојба во болница во Италија откако имал интимeн однос. Германецот и неговата сопруга имале „луда ноќ“ откако решиле да испијат „опасен вид на дрога“, со која, како што велат, сексот им траел речиси 24 часа. Странските медиуми јавуваат дека мажот се чувствувал лошо и побарал помош во болницата „Мисерикордија“ на почетокот на месецов. Неговата состојба е опишана како „сериозна“ и моментално е на одделението за интензивна нега. Тој имал септичен шок кој предизвикал некроза на гениталниот орган и скротумот. Септичкиот шок е специфична состојба во телото која се јавува како компликација на сепса. Сепса настанува кога одбранбениот, имунолошки систем, наместо да ја контролира инфекцијата, доведува до оштетување на сопствените ткива и органи.

The post Маж може да остане без полов орган откако голтнал апче и имал секс долг 24 часа appeared first on Република.

]]>
Се собираат пари за нова рака за Невена – остана без екстремитет во крвавиот пир на Урош во Дубона https://republika.mk/vesti/balkan/se-sobiraat-pari-za-nova-raka-za-nevena-ostana-bez-ekstremitet-vo-krvaviot-pir-na-urosh-vo-dubona/ Fri, 12 May 2023 18:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=640280

Дваесетгодишната Невена В.(20) од Дубона кај Младеновац е тешко повредена во крвавиот пир на Урош Блажиќ пред осум дена. На социјалните мрежи сесподелува апел дека ѝ е потребна операција и вештачка рака за да продолжи со нормалниот живот, а оваа информација за српски „Курир“ ја потврди нејзин пријател.

Драги мои, во тешките денови по трагедијата која остави многу семејства во црно, сакаме да се солидаризираме и со љубов и добрина да го поправиме светот во кој живееме и во кој растат нашите деца за да го оставиме подобар за нив отколку што е сега. Прекрасната Невена е тешко ранета во нападот кај Младеновац на 4 мај. Има само 20 години. Како последица од тешките повреди, ампутирана ѝ е левата подлактица. Сепак, постои решение за подобар живот на Невена, вештачка, бионичка рака која би ѝ го направила животот полесен и би ѝ олеснила многу проблеми, но е многу скапа и недостижна за Невена и нејзиното семејство бидејќи чини околу 50.000 евра, а во зависност од тежината на повредата, државата плаќа максимален износ до 11.000 евра. Ги замолувам сите луѓе со добра волја кои се во можност да ѝ помогнат со уплата на пари директно на наменска сметка:

 

Број на тековна сметка: 160600000170217589 Банка Интеса

 

Цел на плаќање: Донација за Невена В.

The post Се собираат пари за нова рака за Невена – остана без екстремитет во крвавиот пир на Урош во Дубона appeared first on Република.

]]>

Дваесетгодишната Невена В.(20) од Дубона кај Младеновац е тешко повредена во крвавиот пир на Урош Блажиќ пред осум дена. На социјалните мрежи сесподелува апел дека ѝ е потребна операција и вештачка рака за да продолжи со нормалниот живот, а оваа информација за српски „Курир“ ја потврди нејзин пријател.
Драги мои, во тешките денови по трагедијата која остави многу семејства во црно, сакаме да се солидаризираме и со љубов и добрина да го поправиме светот во кој живееме и во кој растат нашите деца за да го оставиме подобар за нив отколку што е сега. Прекрасната Невена е тешко ранета во нападот кај Младеновац на 4 мај. Има само 20 години. Како последица од тешките повреди, ампутирана ѝ е левата подлактица. Сепак, постои решение за подобар живот на Невена, вештачка, бионичка рака која би ѝ го направила животот полесен и би ѝ олеснила многу проблеми, но е многу скапа и недостижна за Невена и нејзиното семејство бидејќи чини околу 50.000 евра, а во зависност од тежината на повредата, државата плаќа максимален износ до 11.000 евра. Ги замолувам сите луѓе со добра волја кои се во можност да ѝ помогнат со уплата на пари директно на наменска сметка:   Број на тековна сметка: 160600000170217589 Банка Интеса   Цел на плаќање: Донација за Невена В.

The post Се собираат пари за нова рака за Невена – остана без екстремитет во крвавиот пир на Урош во Дубона appeared first on Република.

]]>
На двегодишно дете му е ампутиран палецот откако негователката му ја приклештила раката на капија https://republika.mk/vesti/balkan/na-dvegodishno-dete-mu-e-amputiran-paletsot-otkako-negovatelkata-mu-ja-prikleshtila-rakata-na-kapija/ Tue, 25 Apr 2023 09:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=633820

Двегодишно дете е повредено во градинка во Белград откако воспитувачката му ја приклештила раката на влезната метална врата.

Полицијата на 20 април околу 15.40 часот била известена дека на Детската клиника било донесено дете во придружба на неговата мајка и воспитувачка од градинка.

Утврдено е дека при затворањето на портата, воспитувачката му го штипнала палецот од десната рака на детето.

Во болницата констатирани се тешки физички повреди и извршена е делумна ампутација на палецот на десната рака, пренесуваат српските медиуми.

Во врска со повредата на детето, Првото основно јавно обвинителство Белград наложило полициската станица Звездара да земе изјави од воспитувачката и мајката на повреденото дете, да се обезбеди видео од надзорот во градинката, како и медицинската документација за видот и тежината на повредите на детето. По сите потребни проверки, Обвинителството ќе процени и ќе донесе одлука дали има елементи на кривично дело или се работи за несреќен случај.

 

The post На двегодишно дете му е ампутиран палецот откако негователката му ја приклештила раката на капија appeared first on Република.

]]>

Двегодишно дете е повредено во градинка во Белград откако воспитувачката му ја приклештила раката на влезната метална врата. Полицијата на 20 април околу 15.40 часот била известена дека на Детската клиника било донесено дете во придружба на неговата мајка и воспитувачка од градинка. Утврдено е дека при затворањето на портата, воспитувачката му го штипнала палецот од десната рака на детето. Во болницата констатирани се тешки физички повреди и извршена е делумна ампутација на палецот на десната рака, пренесуваат српските медиуми. Во врска со повредата на детето, Првото основно јавно обвинителство Белград наложило полициската станица Звездара да земе изјави од воспитувачката и мајката на повреденото дете, да се обезбеди видео од надзорот во градинката, како и медицинската документација за видот и тежината на повредите на детето. По сите потребни проверки, Обвинителството ќе процени и ќе донесе одлука дали има елементи на кривично дело или се работи за несреќен случај.  

The post На двегодишно дете му е ампутиран палецот откако негователката му ја приклештила раката на капија appeared first on Република.

]]>