амонијак Archives - Република https://republika.mk/tema/amonijak/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Jan 2023 07:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амонијак Archives - Република https://republika.mk/tema/amonijak/ 32 32 Амонијак повтрорно протече од вагон во Србија, 10 лица пренесени во болница https://republika.mk/vesti/balkan/amonijak-povtrorno-proteche-od-vagon-vo-srbija-10-litsa-preneseni-vo-bolnitsa/ Fri, 13 Jan 2023 07:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=596407

Амониак истече од товарен вагон на пруга во близина на градот Панчево, источно од Белград.

Како што јавува „Танјуг“, 10 лица се префрлени во болницата во Панчев, а двајца од нив се на кислодорна терапија.

Инцидентот се случил синоќа околу 22:30 часот во населбата Топола Рит, на товарен железнички колосек. На лице место се испратени екипи на протипожарната служба и на полицијата, а жителите на десетина околни куќи се евакуирани.

Железничкиот колосек на кој се случи истекувањето амонијак од цистерната води до „Азотарата“ во Панчево.

На крајот на декември четири вагони со амонијак излегоа од колосекот на пругата Пирот – Димитровград, пренесе Бета.

The post Амонијак повтрорно протече од вагон во Србија, 10 лица пренесени во болница appeared first on Република.

]]>

Амониак истече од товарен вагон на пруга во близина на градот Панчево, источно од Белград. Како што јавува „Танјуг“, 10 лица се префрлени во болницата во Панчев, а двајца од нив се на кислодорна терапија. Инцидентот се случил синоќа околу 22:30 часот во населбата Топола Рит, на товарен железнички колосек. На лице место се испратени екипи на протипожарната служба и на полицијата, а жителите на десетина околни куќи се евакуирани. Железничкиот колосек на кој се случи истекувањето амонијак од цистерната води до „Азотарата“ во Панчево. На крајот на декември четири вагони со амонијак излегоа од колосекот на пругата Пирот – Димитровград, пренесе Бета.

The post Амонијак повтрорно протече од вагон во Србија, 10 лица пренесени во болница appeared first on Република.

]]>
Во Пирот се уште вонредна состојба, и натаму има протекување на амонијак https://republika.mk/vesti/balkan/vo-pirot-se-ushte-vonredna-sostojba-i-natamu-ima-protekuvane-na-amonijak/ Tue, 27 Dec 2022 08:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=590395

Во Пирот се уште е на сила вонредната состојба поради истекување на амонијак од вагон-цистерна кој излета од шините на десетина километри од градот, а според последните анализи на воздухот, во градот нема амонијак, но гасот од резервоарот се уште протекува, па концентрациите во тој дел се зголемени, јави денеска РТС.

Училиштата и градинките и денеска нема да работат. Двајца мажи починаа, а обдукцијата ќе покаже дали причината за смртта е труење со амонијак. Од околу 50 повредени во болниците во Пирот и Ниш, 11 се задржани на лекување.

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Пирот Зоран Николиќ за РТС изјави дека водоснабдувањето на градот не е доведено во прашање, бидејќи не се снабдува од отворени водотеци, реки и езера, туку од извори.

-Сè е затворено и затоа постои минимална веројатност да се случи некакво загадување во однос на квалитетот на водата, рече Николиќ и истакна дека Пирот има и фабрика за вода, која, како што вели, може да помогне доколку се случи некој проблем.

Тој посочува дека водата во Пирот е сосема исправна, дека водоснабдувањето е редовно, но поинаква е ситуацијата во Станичење каде се излизга вагонот-цистерна.

The post Во Пирот се уште вонредна состојба, и натаму има протекување на амонијак appeared first on Република.

]]>

Во Пирот се уште е на сила вонредната состојба поради истекување на амонијак од вагон-цистерна кој излета од шините на десетина километри од градот, а според последните анализи на воздухот, во градот нема амонијак, но гасот од резервоарот се уште протекува, па концентрациите во тој дел се зголемени, јави денеска РТС. Училиштата и градинките и денеска нема да работат. Двајца мажи починаа, а обдукцијата ќе покаже дали причината за смртта е труење со амонијак. Од околу 50 повредени во болниците во Пирот и Ниш, 11 се задржани на лекување. Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Пирот Зоран Николиќ за РТС изјави дека водоснабдувањето на градот не е доведено во прашање, бидејќи не се снабдува од отворени водотеци, реки и езера, туку од извори. -Сè е затворено и затоа постои минимална веројатност да се случи некакво загадување во однос на квалитетот на водата, рече Николиќ и истакна дека Пирот има и фабрика за вода, која, како што вели, може да помогне доколку се случи некој проблем. Тој посочува дека водата во Пирот е сосема исправна, дека водоснабдувањето е редовно, но поинаква е ситуацијата во Станичење каде се излизга вагонот-цистерна.

The post Во Пирот се уште вонредна состојба, и натаму има протекување на амонијак appeared first on Република.

]]>
Истекувањето на амонијакот засега не влијае на воздухот во Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/istekuvaneto-na-amonijakot-zasega-ne-vlijae-na-vozduhot-vo-bugarija/ Tue, 27 Dec 2022 07:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=590335

Мобилен тим на Извршната агенција за животна средина на Бугарија ќе го следи квалитетот на воздухот во областа Калотина до граничниот премин на Бугарија со Србија, откако товарен воз со амонијак излета од шините во областа на градот Пирот, јави дописникот на МИА од Софија.

Експерти ќе ги следат индикаторите преку мобилна автоматска станица за мерење на квалитетот на атмосферскиот воздух. Станицата е поставена во близина на граничниот премин со Србија и таму ќе остане и во наредните денови.

Во моментов српските еколошки власти не пријавуваат надминување на стандардите за квалитет на воздухот до границата со Бугарија. Српската страна ќе ги извести бугарските контролни органи доколку се случи промена на ситуацијата.

Инцидентот се случил по течението на блиската река Нишава, која извира под планината Ком на Берковската планина. Со оглед на насоката на струјата на реката, не може да се очекува загадување на нејзините води на бугарска територија, велат од агенцијата за животна средина

The post Истекувањето на амонијакот засега не влијае на воздухот во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Мобилен тим на Извршната агенција за животна средина на Бугарија ќе го следи квалитетот на воздухот во областа Калотина до граничниот премин на Бугарија со Србија, откако товарен воз со амонијак излета од шините во областа на градот Пирот, јави дописникот на МИА од Софија. Експерти ќе ги следат индикаторите преку мобилна автоматска станица за мерење на квалитетот на атмосферскиот воздух. Станицата е поставена во близина на граничниот премин со Србија и таму ќе остане и во наредните денови. Во моментов српските еколошки власти не пријавуваат надминување на стандардите за квалитет на воздухот до границата со Бугарија. Српската страна ќе ги извести бугарските контролни органи доколку се случи промена на ситуацијата. Инцидентот се случил по течението на блиската река Нишава, која извира под планината Ком на Берковската планина. Со оглед на насоката на струјата на реката, не може да се очекува загадување на нејзините води на бугарска територија, велат од агенцијата за животна средина

The post Истекувањето на амонијакот засега не влијае на воздухот во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Морничава снимка од Пирот: Камион одел во рикверц на автопат, облакот амонијак голта се пред себе https://republika.mk/vesti/balkan/mornichava-snimka-od-pirot-kamion-odel-vo-rikverts-na-avtopat-oblakot-amonijak-golta-se-pred-sebe/ Mon, 26 Dec 2022 14:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=590172

Отровен облак амонијак се ширел синоќа со голема брзина на автопатот кај Пирот, кога возот кој го превезувал овој отровен гас, излегол од шините.

Луѓето и возачите кои се затекнале таму, бегале во паника.

Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку една, за време на лизгањето, паднала во коритото на Нишава, што предизвикало бурна реакција на амонијакот во допир со водата.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа со која брзина се шири амонијакот. Камионите кои се затекнале во близина, возеле во рикверц, а луѓето бегале.

Димната завеса на автопатот настанала кога дошло до испарување на амонијакот, а поради својата висока токсичност, амонијакот многу лесно може да предизвика труење кое кај луѓето може да резултира со смртен исход.

The post Морничава снимка од Пирот: Камион одел во рикверц на автопат, облакот амонијак голта се пред себе appeared first on Република.

]]>

Отровен облак амонијак се ширел синоќа со голема брзина на автопатот кај Пирот, кога возот кој го превезувал овој отровен гас, излегол од шините. Луѓето и возачите кои се затекнале таму, бегале во паника. Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку една, за време на лизгањето, паднала во коритото на Нишава, што предизвикало бурна реакција на амонијакот во допир со водата. На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа со која брзина се шири амонијакот. Камионите кои се затекнале во близина, возеле во рикверц, а луѓето бегале. Димната завеса на автопатот настанала кога дошло до испарување на амонијакот, а поради својата висока токсичност, амонијакот многу лесно може да предизвика труење кое кај луѓето може да резултира со смртен исход.

The post Морничава снимка од Пирот: Камион одел во рикверц на автопат, облакот амонијак голта се пред себе appeared first on Република.

]]>
По излевањето на амонијакот кај Пирот: Пронајдени се две тела на починати лица, 57 лица во болница https://republika.mk/vesti/balkan/po-izlevaneto-na-amonijakot-kaj-pirot-pronajdeni-se-dve-tela-na-pochinati-litsa-57-litsa-vo-bolnitsa/ Mon, 26 Dec 2022 12:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=590099

Во Пирот е на сила вонредна состојба по истекување на амонијак од превртениот вагон, училиштата, градинките и јавните институции денеска се затворени.

Амонијакот и понатаму истекува, а досега се хоспитализирани 57 лица, од кои 15 лица, 3 деца и двајца спасувачи во УКЦ Ниш, пронајдени се и две тела на починати лица, автопатот од Пирот кон Ниш и понатаму е затворен.

Министерот за транспорт, Горан Весиќ, ден по несреќата пристигна во Пирот и рече дека нема причина за паника бидејќи ситуацијата е под контрола, но има причина да се биде претпазлив бидејќи инцидентот не е завршен и затоа што не се санирани сите последици.

Градоначалникот на Пирот, Горан Васиќ изјави дека од 20 цистерни, четири се превртеле од кои од едната сè уште истекува амонијак, додека граѓаните на Пирот изјавија дека седат дома и излегуваат само ако имаат итна потеба.

Медиумите од Пирот јавуваат дека миризбата на амонијакот се чувствува во околината на Станичење, сè до влезот на индустриската зона Пирот.

 

The post По излевањето на амонијакот кај Пирот: Пронајдени се две тела на починати лица, 57 лица во болница appeared first on Република.

]]>

Во Пирот е на сила вонредна состојба по истекување на амонијак од превртениот вагон, училиштата, градинките и јавните институции денеска се затворени. Амонијакот и понатаму истекува, а досега се хоспитализирани 57 лица, од кои 15 лица, 3 деца и двајца спасувачи во УКЦ Ниш, пронајдени се и две тела на починати лица, автопатот од Пирот кон Ниш и понатаму е затворен. Министерот за транспорт, Горан Весиќ, ден по несреќата пристигна во Пирот и рече дека нема причина за паника бидејќи ситуацијата е под контрола, но има причина да се биде претпазлив бидејќи инцидентот не е завршен и затоа што не се санирани сите последици. Градоначалникот на Пирот, Горан Васиќ изјави дека од 20 цистерни, четири се превртеле од кои од едната сè уште истекува амонијак, додека граѓаните на Пирот изјавија дека седат дома и излегуваат само ако имаат итна потеба. Медиумите од Пирот јавуваат дека миризбата на амонијакот се чувствува во околината на Станичење, сè до влезот на индустриската зона Пирот.  

The post По излевањето на амонијакот кај Пирот: Пронајдени се две тела на починати лица, 57 лица во болница appeared first on Република.

]]>
Амонијак се уште истекува во Пирот: Четири цистерни излетале од шините, но ниту една не завршила во река https://republika.mk/vesti/balkan/amonijak-se-ushte-istekuva-vo-pirot-chetiri-cisterni-izletale-od-shinite-no-nitu-edna-ne-zavrshila-vo-reka/ Mon, 26 Dec 2022 09:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=589956

Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ денеска изјави дека од една цистерна се уште тече амонијак, а мерењата покажуваат дека концентрацијата на амонијак во Пирот е на нула.

Како што изјави, екипите на Секторот за вонредни состојби на местото на инцидентот, дека четири цистерни излетале од шините, и дека ниту една не завршила во реката и дека од таа една цистерна истече половина од волуменот на амонијак.

Очекуваме дополнителни инструкции дали е можно да се изврши запечатувањето или во одреден момент ќе започне поместувањето на тие тенкови - рече Васиќ и додаде дека следните чекори се да видиме како ќе бидат преземени следните чекори.

Важно е луѓето што помалку да излегуваат од дома, иако состојбата со амонијакот според мерењата во Пирот е нула, но особено да се избегне приближување кон тој дел од теренот на клучката Пирот-запад. Полицијата блокираше автопатот, рече градоначалникот, пренесува РТС.

Тој додаде дека треба да се утврди кои инспекции се надлежни, каква е состојбата на терен и како ќе се одвива во текот на денот и најави дека ќе се одржи состанок за мерките што треба да се преземат.

The post Амонијак се уште истекува во Пирот: Четири цистерни излетале од шините, но ниту една не завршила во река appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ денеска изјави дека од една цистерна се уште тече амонијак, а мерењата покажуваат дека концентрацијата на амонијак во Пирот е на нула. Како што изјави, екипите на Секторот за вонредни состојби на местото на инцидентот, дека четири цистерни излетале од шините, и дека ниту една не завршила во реката и дека од таа една цистерна истече половина од волуменот на амонијак.
Очекуваме дополнителни инструкции дали е можно да се изврши запечатувањето или во одреден момент ќе започне поместувањето на тие тенкови - рече Васиќ и додаде дека следните чекори се да видиме како ќе бидат преземени следните чекори.
Важно е луѓето што помалку да излегуваат од дома, иако состојбата со амонијакот според мерењата во Пирот е нула, но особено да се избегне приближување кон тој дел од теренот на клучката Пирот-запад. Полицијата блокираше автопатот, рече градоначалникот, пренесува РТС. Тој додаде дека треба да се утврди кои инспекции се надлежни, каква е состојбата на терен и како ќе се одвива во текот на денот и најави дека ќе се одржи состанок за мерките што треба да се преземат.

The post Амонијак се уште истекува во Пирот: Четири цистерни излетале од шините, но ниту една не завршила во река appeared first on Република.

]]>
15 лица, меѓу кои три деца, се хоспитализирани по излевањето амонијак кај Пирот https://republika.mk/vesti/balkan/15-lica-megju-koi-tri-deca-se-hospitalizirani-po-izlevanjeto-amonijak-kaj-pirot/ Mon, 26 Dec 2022 08:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=589908

Вкупно 15 пациенти – 12 возрасни и три деца, се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако од превртен вагон истече амонијак во близина на пиротското село Станичење, соопшти таа здравствена установа.
Во соопштението наведуваат дека сите пациенти моментално се во стабилни витални параметри и не се опасни по живот и додаваат дека се примени во текот на ноќта, пренесе Бета.

Според лекарите, децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести се свесни, комуникативни и имаат стабилни витални параметри. Поради иритација на респираторниот тракт, очите и кожата ќе бидат задржани на понатамошно лекување.

Во текот на ноќта шест пациенти се пуштени на домашно лекување, а останатите извесно време ќе бидат задржани на натамошно следење.

Меѓу оние кои ќе бидат задржани на лекување има и 59-годишен маж со повреди на градниот кош и 49-годишен маж со проблеми со срцето.

Во Пирот има вонредна ситуација поради истекување на амонијак од превртен вагон. Затворени се училиштата, градинките и јавните установи. Министерот за градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ изјави дека на пет локации во Пирот извршени се мерења и не е евидентирано присуство на амонијак

The post 15 лица, меѓу кои три деца, се хоспитализирани по излевањето амонијак кај Пирот appeared first on Република.

]]>

Вкупно 15 пациенти – 12 возрасни и три деца, се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако од превртен вагон истече амонијак во близина на пиротското село Станичење, соопшти таа здравствена установа. Во соопштението наведуваат дека сите пациенти моментално се во стабилни витални параметри и не се опасни по живот и додаваат дека се примени во текот на ноќта, пренесе Бета. Според лекарите, децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести се свесни, комуникативни и имаат стабилни витални параметри. Поради иритација на респираторниот тракт, очите и кожата ќе бидат задржани на понатамошно лекување. Во текот на ноќта шест пациенти се пуштени на домашно лекување, а останатите извесно време ќе бидат задржани на натамошно следење. Меѓу оние кои ќе бидат задржани на лекување има и 59-годишен маж со повреди на градниот кош и 49-годишен маж со проблеми со срцето. Во Пирот има вонредна ситуација поради истекување на амонијак од превртен вагон. Затворени се училиштата, градинките и јавните установи. Министерот за градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ изјави дека на пет локации во Пирот извршени се мерења и не е евидентирано присуство на амонијак

The post 15 лица, меѓу кои три деца, се хоспитализирани по излевањето амонијак кај Пирот appeared first on Република.

]]>
„Не излегувајте и не отворајте прозорци“: Вонредна состојба во Пирот поради истекување на амонијак https://republika.mk/vesti/balkan/ne-izleguvajte-i-ne-otvorajte-prozorci-vonredna-sostojba-vo-pirot-poradi-istekuvanje-na-amonijak/ Sun, 25 Dec 2022 21:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=589843

Во неделата околу 17 часот и 30 минути, на делот од пругата од Пирот до село Станичење, кај местото Сопотски Хан, се лизнал вагон на товарен воз што превезувал амонијак гас, при што во таа прилика дошло до истекување на гас и голема концентрација на гас во атмосферата соопштуваат од српската полиција.

Граѓаните кои живеат во близина добија упатство да не излегуваат од домовите и да не отвораат прозорци.

Во прекин е и сообраќајот меѓу Пирот и Бела Паланка на магистралниот и главниот пат поради слаба видливост, а алтернативната траса е преку село Понор.

Градоначалникот на Пирот Владан Васиќ прогласи вонредна состојба во тој град. Поради прогласување вонредна состојба училиштата во Пирот во понеделник нема да работат.

Педесет и едно лице се хоспитализирани со симптоми на труење со амонијак, од кои две се со потешки симптоми, соопшти Секторот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Србија.

The post „Не излегувајте и не отворајте прозорци“: Вонредна состојба во Пирот поради истекување на амонијак appeared first on Република.

]]>

Во неделата околу 17 часот и 30 минути, на делот од пругата од Пирот до село Станичење, кај местото Сопотски Хан, се лизнал вагон на товарен воз што превезувал амонијак гас, при што во таа прилика дошло до истекување на гас и голема концентрација на гас во атмосферата соопштуваат од српската полиција. Граѓаните кои живеат во близина добија упатство да не излегуваат од домовите и да не отвораат прозорци. Во прекин е и сообраќајот меѓу Пирот и Бела Паланка на магистралниот и главниот пат поради слаба видливост, а алтернативната траса е преку село Понор. Градоначалникот на Пирот Владан Васиќ прогласи вонредна состојба во тој град. Поради прогласување вонредна состојба училиштата во Пирот во понеделник нема да работат. Педесет и едно лице се хоспитализирани со симптоми на труење со амонијак, од кои две се со потешки симптоми, соопшти Секторот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Србија.

The post „Не излегувајте и не отворајте прозорци“: Вонредна состојба во Пирот поради истекување на амонијак appeared first on Република.

]]>
Цистерна со амонијак се превртела во Нишава, се затруле 50 лица https://republika.mk/vesti/balkan/cisterna-so-amonijak-se-prevrtela-vo-nishava-se-zatrule-50-lica/ Sun, 25 Dec 2022 20:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=589819

Над 50 луѓе хоспитализирани по истекување амонијак во близина на Пирот. Во болницата во Пирот вечерва се пријавиле вкупно 51 лице, од кои седум се повредени во незгоди предизвикани од истекување на амонијак, а еден од нив бил тешко алкохолизиран и пренесен во КЦ Ниш.

Останатите дошле поради симптоми на труење, дознава српски „Блиц“, а двајца имаат потешки симптоми.

Во Клиничкиот центар во Ниш во моментов се примени шест пациенти, од кои четворица се на одделението за реанимација, а двајца на токсиколошкиот оддел.

– Сите имаат стабилни витални параметри со иритирачки симптоми и благи хемиски изгореници – велат во УКЦ Ниш.

Како што дознава „Блиц“, при несреќата цистерната што превезувала амонијак излетала од патот и паднала во Нишава, а амонијакот во допир со водата има бурна реакција, поради што оваа супстанца се проширила во атмосферата.

На автопатот Белград - Ниш денеска околу 17 часот се случила сообраќајна несреќа кога цистерна која превезувала најверојатно амонијак се превртела и почнала да истекува од возилото.

Вечерва околу 17 часот на автопатот кај Пирот се превртел камион во кој наводно имало амонијак, пренесува Телеграф.

Во моментов од камионот протекува некаква гасовита супстанција, а полицијата ја блокираше оваа делница. Видливоста е значително намалена.

Надлежните се пристигнати на терен, а во моментов се утврдуваат размерите на оваа несреќа, како и дали постои опасност за животната средина.

Сообраќајот се пренасочува по алтернативни правци.

The post Цистерна со амонијак се превртела во Нишава, се затруле 50 лица appeared first on Република.

]]>

Над 50 луѓе хоспитализирани по истекување амонијак во близина на Пирот. Во болницата во Пирот вечерва се пријавиле вкупно 51 лице, од кои седум се повредени во незгоди предизвикани од истекување на амонијак, а еден од нив бил тешко алкохолизиран и пренесен во КЦ Ниш. Останатите дошле поради симптоми на труење, дознава српски „Блиц“, а двајца имаат потешки симптоми. Во Клиничкиот центар во Ниш во моментов се примени шест пациенти, од кои четворица се на одделението за реанимација, а двајца на токсиколошкиот оддел.
– Сите имаат стабилни витални параметри со иритирачки симптоми и благи хемиски изгореници – велат во УКЦ Ниш.
Како што дознава „Блиц“, при несреќата цистерната што превезувала амонијак излетала од патот и паднала во Нишава, а амонијакот во допир со водата има бурна реакција, поради што оваа супстанца се проширила во атмосферата. На автопатот Белград - Ниш денеска околу 17 часот се случила сообраќајна несреќа кога цистерна која превезувала најверојатно амонијак се превртела и почнала да истекува од возилото. Вечерва околу 17 часот на автопатот кај Пирот се превртел камион во кој наводно имало амонијак, пренесува Телеграф. Во моментов од камионот протекува некаква гасовита супстанција, а полицијата ја блокираше оваа делница. Видливоста е значително намалена. Надлежните се пристигнати на терен, а во моментов се утврдуваат размерите на оваа несреќа, како и дали постои опасност за животната средина. Сообраќајот се пренасочува по алтернативни правци.

The post Цистерна со амонијак се превртела во Нишава, се затруле 50 лица appeared first on Република.

]]>
Најмалку 14 повредени при истекување на амонијак во француска фабрика https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-14-povredeni-pri-istekuvanje-na-amonijak-vo-francuska-fabrika/ Wed, 23 Mar 2022 18:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=477327

Четиринаесет лица се повредени поради истекување на амонијак во хемиска фабрика во близина на Бордо, југозападна Франција.

Локалните власти соопштија дека несреќата се случила при полнење на камион-цистерна со течен амонијак. И покрај преземените безбедносни мерки на претпазливост, се формирал облак од амонијак.

По инцидентот евакуирани се работниците од фабриката за земјоделски ѓубрива и производи, како и блискиот објект.

 

The post Најмалку 14 повредени при истекување на амонијак во француска фабрика appeared first on Република.

]]>

Четиринаесет лица се повредени поради истекување на амонијак во хемиска фабрика во близина на Бордо, југозападна Франција. Локалните власти соопштија дека несреќата се случила при полнење на камион-цистерна со течен амонијак. И покрај преземените безбедносни мерки на претпазливост, се формирал облак од амонијак. По инцидентот евакуирани се работниците од фабриката за земјоделски ѓубрива и производи, како и блискиот објект.  

The post Најмалку 14 повредени при истекување на амонијак во француска фабрика appeared first on Република.

]]>
Украина ја обвини Русија за истекувањето на амонијак од фабрика кај Суми https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-ja-obvini-rusija-za-istekuvanjeto-na-amonijak-od-fabrika-kaj-sumi/ Mon, 21 Mar 2022 17:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=476237

Украинските власти ги обвинија руските сили дека синоќа во ракетен напад ја погодиле хемиската фабрика во близина на градот Суми, предизвикувајќи повеќечасовно истекување на амонијак.

Претходно, портпаролот на руската армија Игор Конашенков изјави дека истекувањето на амонијак е „планирана провокација“ на украинските сили со цел лажно да ја обвинат Русија за хемиски напад.

Истекувањето на амонијакот е запрено по неколку часа.

Конашенков, изјави дека руска крстосувачка ракета синоќа го погодила центарот за обука на украинската армија во регионот Ровно, при што се убиени 80 странски и украински војници.

Локалните власти на регионот Ровно, потврдија дека Русија извршила два ракетни напади на воениот центар за обука, но без да објават детали за бројот на жртви и повредени.

The post Украина ја обвини Русија за истекувањето на амонијак од фабрика кај Суми appeared first on Република.

]]>

Украинските власти ги обвинија руските сили дека синоќа во ракетен напад ја погодиле хемиската фабрика во близина на градот Суми, предизвикувајќи повеќечасовно истекување на амонијак. Претходно, портпаролот на руската армија Игор Конашенков изјави дека истекувањето на амонијак е „планирана провокација“ на украинските сили со цел лажно да ја обвинат Русија за хемиски напад. Истекувањето на амонијакот е запрено по неколку часа. Конашенков, изјави дека руска крстосувачка ракета синоќа го погодила центарот за обука на украинската армија во регионот Ровно, при што се убиени 80 странски и украински војници. Локалните власти на регионот Ровно, потврдија дека Русија извршила два ракетни напади на воениот центар за обука, но без да објават детали за бројот на жртви и повредени.

The post Украина ја обвини Русија за истекувањето на амонијак од фабрика кај Суми appeared first on Република.

]]>