американски грант Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanski-grant/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Feb 2022 14:07:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американски грант Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanski-grant/ 32 32 Страв дека ќе биде загрозен суверенитетот: Жетоки демонстрации во Непал поради американски грант од пола милијарда долари https://republika.mk/vesti/svet/strav-deka-kje-bide-zagrozen-suverenitetot-zetoki-demonstracii-vo-nepal-poradi-amerikanski-grant-od-pola-milijarda-dolari/ Wed, 16 Feb 2022 14:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=459394

Демонстрантите кои се противат на предложениот американски грант од половина милијарда долари за Непал се судрија со полицијата пред Собранието, а има повредени од двете страни.

Предлогот што Собранието требаше да го гласа предизвика несогласувања меѓу партиите, бидејќи се повеќе се противат на најавената помош, а најмногу предничат комунистичките партии.

Парите од грантот се наменети за изградба на далноводи и подобрување на патиштата во оваа земја на Хималаите, но партиите кои се против наведуваат дека тој доаѓа под неприфатливи услови.

Двете комунистички партии кои се дел од коалициската влада тврдат дека условите во договорот за грант ќе надвладеат над непалските закони и ќе го загрозат суверенитетот на земјата.

Тие наведуваат дека тоа е „дел од индо-пацифичката стратегија на Вашингтон, која има воени компоненти кои би можеле да доведат американски војници во Непал“.

Американските власти неодамна разговараа со непалските лидери за да ги уверат дека грантот се однесува само на развојот на Непал.

Неколку стотици демонстранти успеаја да ги пробијат густите редови на полицијата која употреби бамбусови стапови и солзавец. Полицијата употреби и водени топови за да ги растера демонстрантите кои ги гаѓаа со камења.

Поради конфликтот со часови се блокирани патиштата кои водат до зградата на Собранието. Генералниот штрајк ги затвори училиштата и го прекина сообраќајот.

Полицијата во Катманду приведе десетици демонстранти кои се обидоа да го блокираат сообраќајот и запалија такси возила.

The post Страв дека ќе биде загрозен суверенитетот: Жетоки демонстрации во Непал поради американски грант од пола милијарда долари appeared first on Република.

]]>

Демонстрантите кои се противат на предложениот американски грант од половина милијарда долари за Непал се судрија со полицијата пред Собранието, а има повредени од двете страни. Предлогот што Собранието требаше да го гласа предизвика несогласувања меѓу партиите, бидејќи се повеќе се противат на најавената помош, а најмногу предничат комунистичките партии. Парите од грантот се наменети за изградба на далноводи и подобрување на патиштата во оваа земја на Хималаите, но партиите кои се против наведуваат дека тој доаѓа под неприфатливи услови. Двете комунистички партии кои се дел од коалициската влада тврдат дека условите во договорот за грант ќе надвладеат над непалските закони и ќе го загрозат суверенитетот на земјата. Тие наведуваат дека тоа е „дел од индо-пацифичката стратегија на Вашингтон, која има воени компоненти кои би можеле да доведат американски војници во Непал“. Американските власти неодамна разговараа со непалските лидери за да ги уверат дека грантот се однесува само на развојот на Непал. Неколку стотици демонстранти успеаја да ги пробијат густите редови на полицијата која употреби бамбусови стапови и солзавец. Полицијата употреби и водени топови за да ги растера демонстрантите кои ги гаѓаа со камења. Поради конфликтот со часови се блокирани патиштата кои водат до зградата на Собранието. Генералниот штрајк ги затвори училиштата и го прекина сообраќајот. Полицијата во Катманду приведе десетици демонстранти кои се обидоа да го блокираат сообраќајот и запалија такси возила.

The post Страв дека ќе биде загрозен суверенитетот: Жетоки демонстрации во Непал поради американски грант од пола милијарда долари appeared first on Република.

]]>