Американ експлорејшн енд мајнинг Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikan-eksplorejshn-end-majning/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Sep 2022 12:48:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Американ експлорејшн енд мајнинг Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikan-eksplorejshn-end-majning/ 32 32 Aмериканска фирма ќе инвестира во Косово, плата 800 евра https://republika.mk/vesti/balkan/amerikanska-firma-kje-investira-vo-kosovo-plata-800-evra/ Tue, 20 Sep 2022 12:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=552603

Претседателот на косовскиот Независен синдикат на приватниот сектор, Јусуф Аземи објави денеска дека американската компанија за копови и рудници „Американ експлорејшн енд мајнинг ЛЛЦ“ („American Exploration and Mining LLC“) има намера да инвестира 800 милиони евра во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната вонредна прес-конференција, Аземи изјави дека ова е најголемата инвестиција на Балканот, со која ќе се овозможи вработување на пет илјади работници директно и до 20.000 индиректно.

Минималната плата, според него, ќе биде 800 евра, а ќе има и дополнителни додатоци и бонуси.

Синдикатите на приватниот сектор бараат од Владата да ѝ издаде на компанијата дозвола за работа што е поскоро можно, а нагласуваат дека и Амбасадата на САД во Косово препорачува реализација на проектот.

– Бараме од Владата на Косово да ѝ пружи поддршка и сè што е потребно согласно косовските закони, затоа што тие доаѓаат тука според законите кои се во сила. Американската амбасада ѝ препорача на Владата да го помине овој проект и ние немаме никакви сомнежи кога во тоа е инволвирана Американската амбасада. Ние сакаме да го истуркаме овој проект врз законски основи и не сакаме да ни побегнат инвеститорите, рече Аземи

The post Aмериканска фирма ќе инвестира во Косово, плата 800 евра appeared first on Република.

]]>

Претседателот на косовскиот Независен синдикат на приватниот сектор, Јусуф Аземи објави денеска дека американската компанија за копови и рудници „Американ експлорејшн енд мајнинг ЛЛЦ“ („American Exploration and Mining LLC“) има намера да инвестира 800 милиони евра во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната вонредна прес-конференција, Аземи изјави дека ова е најголемата инвестиција на Балканот, со која ќе се овозможи вработување на пет илјади работници директно и до 20.000 индиректно. Минималната плата, според него, ќе биде 800 евра, а ќе има и дополнителни додатоци и бонуси. Синдикатите на приватниот сектор бараат од Владата да ѝ издаде на компанијата дозвола за работа што е поскоро можно, а нагласуваат дека и Амбасадата на САД во Косово препорачува реализација на проектот. – Бараме од Владата на Косово да ѝ пружи поддршка и сè што е потребно согласно косовските закони, затоа што тие доаѓаат тука според законите кои се во сила. Американската амбасада ѝ препорача на Владата да го помине овој проект и ние немаме никакви сомнежи кога во тоа е инволвирана Американската амбасада. Ние сакаме да го истуркаме овој проект врз законски основи и не сакаме да ни побегнат инвеститорите, рече Аземи

The post Aмериканска фирма ќе инвестира во Косово, плата 800 евра appeared first on Република.

]]>