амбасадор во САД Archives - Република https://republika.mk/tema/ambasador-vo-sad/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Feb 2023 10:29:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбасадор во САД Archives - Република https://republika.mk/tema/ambasador-vo-sad/ 32 32 Амбасадорот Попов изнајмува луксузна резиденција, иако има простор во самата амбасада во Вашингтон https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-popov-iznajmuva-luksuzna-rezidentsija-iako-ima-prostor-vo-samata-ambasada-vo-vashington/ Mon, 27 Feb 2023 10:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=613674

Очигледно и дипломатијата се претвори во листа на желби за удобства на грбот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека нов скандал ја тресе македонската дипломатија, овојпат со амбасадорот во Вашингтон Зоран Попов, кој, како што велат оттаму, пред да биде именуван беше претседател на комисијата за надворешна политика на СДС.

Имено новоименуваниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Попов си изнајмил резиденција за преку 6.000$ месечно во ексклузивен дел на Вашингтон, Бетезда, иако во склоп на амбасадата има резиденција за амбасадор каде што живееја сите амбасадори до сега. Попов не сакал да живее во резиденцијата, затоа што не му се допаѓало, па си избрал луксузно сместување. На оваа сума има плус режиски трошоци од 1.000$ кои доколку живее во резиденцијата во наша сопственост нема да ги има или ќе бидат минимални. Платата му е 5.000$, а си земал стан од преку 6.000$. Со што ги заслужи овие луксузирања Зоран Попов? Што сработи во изминатиот период?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека МНР треба да ја испита „ваквата раскалашеност и да побара одговорност од Попов, бидејќи во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај недозволиво е некој непотребно да троши народни пари во Вашингтон“.

The post Амбасадорот Попов изнајмува луксузна резиденција, иако има простор во самата амбасада во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

СДСМ и ДУИ ја направија дипломатијата дом за згрижување корумпирани функционери https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-ja-napravija-diplomatijata-dom-za-zgrizuvanje-korumpirani-funkcioneri/ Thu, 31 Mar 2022 06:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=481184

Изборот на Владата Теута Арифи да ја претставува Македонија во ЕУ, а Зоран Попов од СДСМ во САД за ВМРО-ДПМНЕ е задоволување на големите коалициски апетити.

Портфолоито на Теута Арифи е проблематично, особено што по три градоначалнички мандати од Тетово замина со еколошка катастрофа како багаж и долг на општината од 30 милиони евра.

Ковачевски и Османи за претставник на Македонија во ЕУ, во Брисел, ја праќа Теута Арифи, градоначалничката која ги загуши тетовчани и им остави 30 милиони евра долгови. Арифи откако направи еколошка катастрофа во Тетово со урбан хаос, илјадници дивоградби и диви депонии, сега ќе треба да ја претставува земјава во ЕУ. Со што Арифи се докажа како компетентна за амбасадор во ЕУ? Дали со тоа што во Тетово правеше криминални тендери или затоа што имаше на список 800 договорно вработени, од кои поголемиот дел не биле во државата додека земале плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За амбасадорот во Париз, Ковачевски и владата го предлагаат Виктор Димовски, истакнат кадар на СДСМ, без никакви одлики за државата.

За амбасадор во САД, владата го предлага Зоран Попов, сегашен државен секретар и претседател на републичката комисија за надворешни работи на СДСМ.

СДСМ и ДУИ од дипломатијата прават дом за згрижување на функционери од нивните партии, кои зад себе го имаат не само партискиот багаж, туку и разни криминални и коруптивни афери, без никаков допринос за општеството. Ова е потценување и за државите на прием, на кои наместо професионалци, им се испраќаат луѓе кои првпат одат во дипломатска мисија или луѓе кои имаат црни петна позади себе, велат од опозициската партија.

The post СДСМ и ДУИ ја направија дипломатијата дом за згрижување корумпирани функционери appeared first on Република.

]]>

Изборот на Владата Теута Арифи да ја претставува Македонија во ЕУ, а Зоран Попов од СДСМ во САД за ВМРО-ДПМНЕ е задоволување на големите коалициски апетити. Портфолоито на Теута Арифи е проблематично, особено што по три градоначалнички мандати од Тетово замина со еколошка катастрофа како багаж и долг на општината од 30 милиони евра.
Ковачевски и Османи за претставник на Македонија во ЕУ, во Брисел, ја праќа Теута Арифи, градоначалничката која ги загуши тетовчани и им остави 30 милиони евра долгови. Арифи откако направи еколошка катастрофа во Тетово со урбан хаос, илјадници дивоградби и диви депонии, сега ќе треба да ја претставува земјава во ЕУ. Со што Арифи се докажа како компетентна за амбасадор во ЕУ? Дали со тоа што во Тетово правеше криминални тендери или затоа што имаше на список 800 договорно вработени, од кои поголемиот дел не биле во државата додека земале плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За амбасадорот во Париз, Ковачевски и владата го предлагаат Виктор Димовски, истакнат кадар на СДСМ, без никакви одлики за државата. За амбасадор во САД, владата го предлага Зоран Попов, сегашен државен секретар и претседател на републичката комисија за надворешни работи на СДСМ.
СДСМ и ДУИ од дипломатијата прават дом за згрижување на функционери од нивните партии, кои зад себе го имаат не само партискиот багаж, туку и разни криминални и коруптивни афери, без никаков допринос за општеството. Ова е потценување и за државите на прием, на кои наместо професионалци, им се испраќаат луѓе кои првпат одат во дипломатска мисија или луѓе кои имаат црни петна позади себе, велат од опозициската партија.

The post СДСМ и ДУИ ја направија дипломатијата дом за згрижување корумпирани функционери appeared first on Република.

]]>
И Теута Арифи не го поминува американскиот филтер за амбасадор во САД https://republika.mk/vesti/makedonija/i-teuta-arifi-ne-go-pominuva-amerikanskiot-filter-za-ambasador-vo-sad/ Sat, 26 Feb 2022 19:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=464466

Теута Арифи најверојатно не ги поминува филтрите на американската администрација за да може владата да ја предложи за амбасадор во Вашингтон, објави Вечер.мк повикувајќи се на високи дипломатски извори.

Изворите на Вечер брифираат дека откако Љубомир Фрчкоски не го помина филтерот да биде амбасадор на Македонија во Вашингтон, американската администрација неколку месеци молчи за предлогот Теута Арифи да биде нов амбасадор на Македонија во главниот град на нашиот стратешки партнер САД.

Односно и по неколку месеци, нема никаков одговор на консултацијата извршена со цел таа да биде предложена од владата на нов амбасадор во Вашингтон.

Од Вечер јавуваат дека актуелниот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, имал две средби со висок дипломатски преставник во амбасадата на САД во Скопје.

Едната средба се случила по локалните избори, а втората се одржала неодамна, непосредно околу времето кога министерот за надворешни Бујар Османи најави дека искусен дипломат од МНР ќе биде предложен да оди за амбасадор во Софија.

На првата средба, Маричиќ го известил високиот американски дипломат за две работи, свичот во политиката за предложување кандидати за амбасадори, договорената размена на амбасадорските места меѓу СДСМ и ДУИ, а во тој контекст и размислувањето да ја предложат Теута Арифи за амбасадор во Вашингтон.

Откако подолг временски период не добил повратен одговор, вицепремиерот Маричиќ остварил и втора средба со високиот дипломат, на која, му е одговорено, парафразираме:

Сѐ уште нема одговор.

Односно, дали она што високиот дипломат (името познато на редакцијата) му го соопштил на Маричиќ со дипломатски речник е дека и немањето одговор е одговор и дека треба да размислуваат понатаму, брифираат изворите на Вечер.

Засега нема информација зошто американската администрација сеуште молчи за размислувањето Теута Арифи да биде предложена за амбасадор во Вашингтон.

The post И Теута Арифи не го поминува американскиот филтер за амбасадор во САД appeared first on Република.

]]>

Теута Арифи најверојатно не ги поминува филтрите на американската администрација за да може владата да ја предложи за амбасадор во Вашингтон, објави Вечер.мк повикувајќи се на високи дипломатски извори. Изворите на Вечер брифираат дека откако Љубомир Фрчкоски не го помина филтерот да биде амбасадор на Македонија во Вашингтон, американската администрација неколку месеци молчи за предлогот Теута Арифи да биде нов амбасадор на Македонија во главниот град на нашиот стратешки партнер САД. Односно и по неколку месеци, нема никаков одговор на консултацијата извршена со цел таа да биде предложена од владата на нов амбасадор во Вашингтон. Од Вечер јавуваат дека актуелниот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, имал две средби со висок дипломатски преставник во амбасадата на САД во Скопје. Едната средба се случила по локалните избори, а втората се одржала неодамна, непосредно околу времето кога министерот за надворешни Бујар Османи најави дека искусен дипломат од МНР ќе биде предложен да оди за амбасадор во Софија. На првата средба, Маричиќ го известил високиот американски дипломат за две работи, свичот во политиката за предложување кандидати за амбасадори, договорената размена на амбасадорските места меѓу СДСМ и ДУИ, а во тој контекст и размислувањето да ја предложат Теута Арифи за амбасадор во Вашингтон. Откако подолг временски период не добил повратен одговор, вицепремиерот Маричиќ остварил и втора средба со високиот дипломат, на која, му е одговорено, парафразираме:
Сѐ уште нема одговор.
Односно, дали она што високиот дипломат (името познато на редакцијата) му го соопштил на Маричиќ со дипломатски речник е дека и немањето одговор е одговор и дека треба да размислуваат понатаму, брифираат изворите на Вечер. Засега нема информација зошто американската администрација сеуште молчи за размислувањето Теута Арифи да биде предложена за амбасадор во Вашингтон.

The post И Теута Арифи не го поминува американскиот филтер за амбасадор во САД appeared first on Република.

]]>