Амбасада на САД Archives - Република https://republika.mk/tema/ambasada-na-sad/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 16:13:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Амбасада на САД Archives - Република https://republika.mk/tema/ambasada-na-sad/ 32 32 Американската амбасада во Бејрут и британската Влада ги повика своите граѓани да го напуштат Либанh https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-ambasada-vo-bejrut-i-britanskata-vlada-gi-povika-svoite-gragani-da-go-napushtat-libanh/ Sat, 03 Aug 2024 16:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=803105

Амбасадата на САД во Бејрут и британската Влада денеска ги повика своите граѓани да го напуштат Либан, поради страв од судир меѓу Израел и либанското движење Хезболах.

И покрај суспензијата и откажувањето на летовите за Бејрут, „комерцијалните опции за летови за напуштање на Либан остануваат достапни“, се наведува во соопштението на американската Амбасада.

„Ги охрабруваме оние што сакаат да го напуштат Либан да резервираат кој било достапен билет, дури и ако тој лет не е веднаш спроведлив или не ја следи рутата по нивен избор“, се додава во соопштението.

И британската Влада денеска ги повика своите граѓани во Либан веднаш да ја напуштат земјата поради страв од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах и поширок регионален конфликт.

-Тензијата е висока и ситуацијата може брзо да се влоши, рече британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

„Додека продолжуваме да работиме на зајакнување на нашето конзуларно присуство во Либан, мојата порака до британските граѓани таму е јасна – заминете веднаш“, се додава во соопштението, пренесено од француските медиуми.

Убиствата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран во средата, за кои е обвинет Израел, и на високиот воен командант, Фуад Шукр, во предградие на Бејрут во израелски напад, ја зголемија опасноста конфликтот да ескалира во сеопфатна регионална војна.

The post Американската амбасада во Бејрут и британската Влада ги повика своите граѓани да го напуштат Либанh appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на САД во Бејрут и британската Влада денеска ги повика своите граѓани да го напуштат Либан, поради страв од судир меѓу Израел и либанското движење Хезболах. И покрај суспензијата и откажувањето на летовите за Бејрут, „комерцијалните опции за летови за напуштање на Либан остануваат достапни“, се наведува во соопштението на американската Амбасада.
„Ги охрабруваме оние што сакаат да го напуштат Либан да резервираат кој било достапен билет, дури и ако тој лет не е веднаш спроведлив или не ја следи рутата по нивен избор“, се додава во соопштението.
И британската Влада денеска ги повика своите граѓани во Либан веднаш да ја напуштат земјата поради страв од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах и поширок регионален конфликт.
-Тензијата е висока и ситуацијата може брзо да се влоши, рече британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.
„Додека продолжуваме да работиме на зајакнување на нашето конзуларно присуство во Либан, мојата порака до британските граѓани таму е јасна – заминете веднаш“, се додава во соопштението, пренесено од француските медиуми. Убиствата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран во средата, за кои е обвинет Израел, и на високиот воен командант, Фуад Шукр, во предградие на Бејрут во израелски напад, ја зголемија опасноста конфликтот да ескалира во сеопфатна регионална војна.

The post Американската амбасада во Бејрут и британската Влада ги повика своите граѓани да го напуштат Либанh appeared first on Република.

]]>
Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-armija-go-evakuira-personalot-od-ambasadata-na-sad-vo-haiti/ Sun, 10 Mar 2024 15:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=753359

Американската армија денеска соопшти дека по воздушен пат спровела евакуација на персоналот од Амбасадата на САД од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, со цел да ја засили безбедноста на Амбасадата додека во земјата трае вонредната состојба.

Во соопштението на Американската јужна команда се наведува дека САД остануваат посветени на поддршката за полицијата на Хаити, на плановите за распоредување на мисија на Обединетите нации, како и мирна транзиција на власта преку слободни и фер избори.

На Хаити минатата недела е прогласена вонредна состојба по ескалацијата на насилството помеѓу вооружените банди кои бараат оставка од премиерот Аријел Анри.

Претходно, портпаролот на Американската јужна команда, Мејсон Енглхарт истакна дека САД размислуваат и за испраќање на маринци на Хаити.

Распоредувањето на тимот „ФАСТ“ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од Американската амбасада во Порт-о-Пренс, наведе Енглхарт.

The post Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити appeared first on Република.

]]>

Американската армија денеска соопшти дека по воздушен пат спровела евакуација на персоналот од Амбасадата на САД од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, со цел да ја засили безбедноста на Амбасадата додека во земјата трае вонредната состојба. Во соопштението на Американската јужна команда се наведува дека САД остануваат посветени на поддршката за полицијата на Хаити, на плановите за распоредување на мисија на Обединетите нации, како и мирна транзиција на власта преку слободни и фер избори. На Хаити минатата недела е прогласена вонредна состојба по ескалацијата на насилството помеѓу вооружените банди кои бараат оставка од премиерот Аријел Анри. Претходно, портпаролот на Американската јужна команда, Мејсон Енглхарт истакна дека САД размислуваат и за испраќање на маринци на Хаити. Распоредувањето на тимот „ФАСТ“ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од Американската амбасада во Порт-о-Пренс, наведе Енглхарт.

The post Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити appeared first on Република.

]]>
Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од Владата ја носи народот https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasada-na-sad-odlukata-koj-e-vo-ili-nadvor-od-vladata-ja-nosi-narodot/ Mon, 12 Jun 2023 15:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=650558

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во пишана изјава за порталот ПРЕСонлајн ги охрабрува сите политички партии да седнат на преговарачка маса за европската иднина на земјата.

Од амбасадата велат дека одлуката кој е во, а кој надвор од Владата ја носи народот на Македонија.

Одлуките за тоа кој е во и надвор од владата им припаѓаат на народот на Македонија и нивните политички претставници. Ги охрабруваме сите политички партии да седнат на маса и да бидат дел од дискурсот за иднината на земјата, наведуваат од Амбасадата на САД во Скопје.

The post Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од Владата ја носи народот appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во пишана изјава за порталот ПРЕСонлајн ги охрабрува сите политички партии да седнат на преговарачка маса за европската иднина на земјата. Од амбасадата велат дека одлуката кој е во, а кој надвор од Владата ја носи народот на Македонија.
Одлуките за тоа кој е во и надвор од владата им припаѓаат на народот на Македонија и нивните политички претставници. Ги охрабруваме сите политички партии да седнат на маса и да бидат дел од дискурсот за иднината на земјата, наведуваат од Амбасадата на САД во Скопје.
 
The post Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од Владата ја носи народот appeared first on Република.

]]>
Новата американска амбасадорка положи заклетва https://republika.mk/vesti/makedonija/novata-amerikanska-ambasadorka-polozi-zakletva/ Tue, 27 Sep 2022 12:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=554831

Новата американска амбасадорка во земјава, Ангела Агелер положи заклетва на свечена церемонија во Стејт департментот. Таа се очекува наскоро да пристигне во Скопје, откако заврши амбасадорскиот ангажман на нејзината претходничка Кејт Мери Брнс во Македонија. Агелер неодамна на сослушувањето пред американските сенатори најави дека борбата со корупцијата во земјава ќе биде еден од нејзините главни приоритети. Таа кажа дека ќе ги охрабри судските реформи и ќе ги повика институциите на транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Новата американска амбасадорка исто така кажа и дека ќе го унапреди веќе воспоставениот Стратешки дијалог меѓу Вашингтон и Скопје. Ангела Агелер е дипломат од кариера и неодамна беше заменик шеф на мисијата на САД во Пакистан. Претходно има служено и во Амбасадата на САД во Париз, но и во Скопје, Њу Делхи, Ханои.

The post Новата американска амбасадорка положи заклетва appeared first on Република.

Амбасадата на САД го честита 8 Септември https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadata-na-sad-go-chestita-8-septemvri/ Thu, 08 Sep 2022 12:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=548683

Амбасадата на Соединетите Американски Држави на Фејсбук го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

-Од сите нас во Амбасадата испраќаме честитки по повод 31 година од вашата независност. Честит ден на независноста – се вели во честитката.

The post Амбасадата на САД го честита 8 Септември appeared first on Република.

МВР и персоналот на Амбасадата на САД со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-i-personalot-na-ambasadata-na-sad-so-zaednichka-vezba-za-spravuvanje-vo-vonredna-situacija/ Sat, 09 Apr 2022 07:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=485657

Припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.

Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје.

Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.

Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението на МВР.

The post МВР и персоналот на Амбасадата на САД со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација appeared first on Република.

]]>

Припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје. Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.
Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението на МВР.

The post МВР и персоналот на Амбасадата на САД со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација appeared first on Република.

]]>
МВР и персоналот на Амбасадата на САД утре со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-i-personalot-na-ambasadata-na-sad-utre-so-zaednichka-vezba-za-spravuvanje-vo-vonredna-situacija/ Fri, 08 Apr 2022 14:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=485400

Припадниците на Министерството за внатрешни работи утре ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.

Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје.

Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.

Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението на МВР.

The post МВР и персоналот на Амбасадата на САД утре со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација appeared first on Република.

]]>

Припадниците на Министерството за внатрешни работи утре ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје. Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.