Алвидас Шлепикас Archives - Република https://republika.mk/tema/alvidas-shlepikas/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Jun 2023 08:10:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алвидас Шлепикас Archives - Република https://republika.mk/tema/alvidas-shlepikas/ 32 32 Романот „Се викам Марите“ од Алвидас Шлепикас објавен на македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/romanot-se-vikam-marite-od-alvidas-shlepikas-objaven-na-makedonski-jazik/ Mon, 05 Jun 2023 08:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=647879

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Се викам Марите“ од Алвидас Шлепикас.

Романот се базира на вистински случувања кои ги пресретнале германските жени и деца по завршувањето на Втората светска војна.

Ева е мајка која е подготвена да направи сè за своите деца. Со неа поминуваме низ војната што малите херои ја водат со животот и смртта, храната и гладта, очајот и надежта, човечноста и нечовечноста, алчноста и дарежливоста, стравот и храброста, среќата и несреќата, јавето и сонот, со сеќавањата и сегашноста.

„Волчите деца“ се деца кои останале без своите семејства после 1945 година. Се смета дека нивниот број изнесувал од 10 000 до 25 000. Тие растеле со еден родител или без родители и биле лишени од нормално детство, оставени на себе во мрачните пруски шуми. Таму прерано се запознале со одговорноста, несправедливоста и со суровоста на животот. Барале засолниште меѓу литванските семејства каде што не биле секогаш топло добредојдени, најчесто поради страв од депортација на Сибир или затоа што ни тие немале што да јадат. Литванците кои се одлучувале да земат кај себе некое од „волчите деца“, се обидувале прво да ги научат литвански, а потоа да им извадат документи со променети имиња со цел да се заштитат од суровиот советски режим.

СССР за поголемиот број луѓе е доживуван само како ослободител на Европа од фашистичката тиранија, но она што всушност се претставува во романот ни дава слика дека доаѓа до замена на едно зло со друго.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.

Шлепикас (1966) е литвански романсиер, поет, драматург и актер. Дипломирал актерска игра и театарска режија. Работел за телевизија и за театар. Дебитирал како поет во 1994 година. За „Се викам Марите“ добил многубројни награди: книга на годината за 2012 година во Литванија, берлинската награда „Георг Дехио“, а книгата е прогласена и за една од најдобрите за 2019 од списанието „The Times“. Член е на Друштвото на писатели на Литванија и на литванскиот ПЕН Центар.

 

 

 

 

The post Романот „Се викам Марите“ од Алвидас Шлепикас објавен на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Се викам Марите“ од Алвидас Шлепикас. Романот се базира на вистински случувања кои ги пресретнале германските жени и деца по завршувањето на Втората светска војна. Ева е мајка која е подготвена да направи сè за своите деца. Со неа поминуваме низ војната што малите херои ја водат со животот и смртта, храната и гладта, очајот и надежта, човечноста и нечовечноста, алчноста и дарежливоста, стравот и храброста, среќата и несреќата, јавето и сонот, со сеќавањата и сегашноста. „Волчите деца“ се деца кои останале без своите семејства после 1945 година. Се смета дека нивниот број изнесувал од 10 000 до 25 000. Тие растеле со еден родител или без родители и биле лишени од нормално детство, оставени на себе во мрачните пруски шуми. Таму прерано се запознале со одговорноста, несправедливоста и со суровоста на животот. Барале засолниште меѓу литванските семејства каде што не биле секогаш топло добредојдени, најчесто поради страв од депортација на Сибир или затоа што ни тие немале што да јадат. Литванците кои се одлучувале да земат кај себе некое од „волчите деца“, се обидувале прво да ги научат литвански, а потоа да им извадат документи со променети имиња со цел да се заштитат од суровиот советски режим. СССР за поголемиот број луѓе е доживуван само како ослободител на Европа од фашистичката тиранија, но она што всушност се претставува во романот ни дава слика дека доаѓа до замена на едно зло со друго. Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“. Шлепикас (1966) е литвански романсиер, поет, драматург и актер. Дипломирал актерска игра и театарска режија. Работел за телевизија и за театар. Дебитирал како поет во 1994 година. За „Се викам Марите“ добил многубројни награди: книга на годината за 2012 година во Литванија, берлинската награда „Георг Дехио“, а книгата е прогласена и за една од најдобрите за 2019 од списанието „The Times“. Член е на Друштвото на писатели на Литванија и на литванскиот ПЕН Центар.        

The post Романот „Се викам Марите“ од Алвидас Шлепикас објавен на македонски јазик appeared first on Република.

]]>