алпинист Archives - Република https://republika.mk/tema/alpinist/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 13:05:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алпинист Archives - Република https://republika.mk/tema/alpinist/ 32 32 Смрзнатите раце на македонскиот алпинист Дејановиќ кој сам го искачи врвот Лоце https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/smrznatite-ratse-na-makedonskiot-alpinist-dejanovik-koj-sam-go-iskachi-vrvot-lotse/ Thu, 30 May 2024 13:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=783223

Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ ги покажа неговите смрзнати раце резултат на неговото искачување на четвртиот највисок врв во светот. Тој го опиша патешествието во искачувањето на Лоце, без помош и шерпаси, по што паднал во бессознание и бил симнат со спасувачка мисија.

На ден 19.05 околу 12h, го искачив врвот Lhotse 8516m без да користам помош од други лица (шерпаси) и дополнителен кислород. Врвот го искачив во тешки и неповолни временски услови, пропратено со врнежи, олујни наноси од снег, со јачина на ветар до 50km/h. Поради таквите временски услови јас и другите искачувачи добивме смрзнатини на долни и горните екстремитети. Во одреден момент на висина од 8400m, јас и алжирскиот искачувач Насир и неговиот личен шерпас (кои за цело време користеа дополнителен кислород), бевме принудени 2-2:30h, да останеме во место на таа висина поради силните наноси од снег. На оваа висина бев виден од повеќе качувачи, боливискиот качувач Хуго, шерпасот Лама, еден кинески качувач, и уште двајца кинески качувачи ( кои го прекинаа искачувањето на врвот поради смрзнатини). Од страна на искусниот шерпас Лама бев советуван да се откажеме од искачувањето и да се вратиме во четвртиот камп. Но, ние тројцата сепак продолживме кон врвот. На врвот околу 10 min пред мене беа Насир и неговиот шерпас, кои веќе се симнуваа кога јас пристигнав на врвот. На врвот поради сериозните смрзнатини на прстите неможев веќе смрзнатиот патент од качувачкото одело, да го отворам, да го извадам мобилниот телефон и да направам видеозапис. Заради мојата безбедност и здравствена состојба која веќе почна да се влошува (бев исцрпен и веќе имав изразени смрзнатини на прстите на рацете) неможев долго време да се задржувам на врвот , и веднаш се упатив кон пониските кампови. Се спуштав колку толку успешно се до Yellow Band (вертикални карпи кои се наоѓаат на 7600m), и тоа место е последно нешто на што јас се сеќавам. Од тој момент имало спасувачка акција за мое извлекување до пониските кампови. Спасувачката акција била координирана од шерпасите од 8K тимот, мојата ќерка Стефанија, Славица Атанасовска и Билјана Огнененоска. Сите искачувачи беа дел од 8kexpeditions тимот, раскажа Дејановиќ.

Лоце неодамна го искачи и кардиологот Сашко Кедев:

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/d-r-kedev-ja-razvea-makedonija-i-na-lotse-so-toa-osvoi-10-od-14-najvisoki-vrvovi-vo-svetot/

 

The post Смрзнатите раце на македонскиот алпинист Дејановиќ кој сам го искачи врвот Лоце appeared first on Република.

]]>

Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ ги покажа неговите смрзнати раце резултат на неговото искачување на четвртиот највисок врв во светот. Тој го опиша патешествието во искачувањето на Лоце, без помош и шерпаси, по што паднал во бессознание и бил симнат со спасувачка мисија. На ден 19.05 околу 12h, го искачив врвот Lhotse 8516m без да користам помош од други лица (шерпаси) и дополнителен кислород. Врвот го искачив во тешки и неповолни временски услови, пропратено со врнежи, олујни наноси од снег, со јачина на ветар до 50km/h. Поради таквите временски услови јас и другите искачувачи добивме смрзнатини на долни и горните екстремитети. Во одреден момент на висина од 8400m, јас и алжирскиот искачувач Насир и неговиот личен шерпас (кои за цело време користеа дополнителен кислород), бевме принудени 2-2:30h, да останеме во место на таа висина поради силните наноси од снег. На оваа висина бев виден од повеќе качувачи, боливискиот качувач Хуго, шерпасот Лама, еден кинески качувач, и уште двајца кинески качувачи ( кои го прекинаа искачувањето на врвот поради смрзнатини). Од страна на искусниот шерпас Лама бев советуван да се откажеме од искачувањето и да се вратиме во четвртиот камп. Но, ние тројцата сепак продолживме кон врвот. На врвот околу 10 min пред мене беа Насир и неговиот шерпас, кои веќе се симнуваа кога јас пристигнав на врвот. На врвот поради сериозните смрзнатини на прстите неможев веќе смрзнатиот патент од качувачкото одело, да го отворам, да го извадам мобилниот телефон и да направам видеозапис. Заради мојата безбедност и здравствена состојба која веќе почна да се влошува (бев исцрпен и веќе имав изразени смрзнатини на прстите на рацете) неможев долго време да се задржувам на врвот , и веднаш се упатив кон пониските кампови. Се спуштав колку толку успешно се до Yellow Band (вертикални карпи кои се наоѓаат на 7600m), и тоа место е последно нешто на што јас се сеќавам. Од тој момент имало спасувачка акција за мое извлекување до пониските кампови. Спасувачката акција била координирана од шерпасите од 8K тимот, мојата ќерка Стефанија, Славица Атанасовска и Билјана Огнененоска. Сите искачувачи беа дел од 8kexpeditions тимот, раскажа Дејановиќ. Лоце неодамна го искачи и кардиологот Сашко Кедев: https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/d-r-kedev-ja-razvea-makedonija-i-na-lotse-so-toa-osvoi-10-od-14-najvisoki-vrvovi-vo-svetot/  

The post Смрзнатите раце на македонскиот алпинист Дејановиќ кој сам го искачи врвот Лоце appeared first on Република.

]]>
Топењето на глечер во Алпите го откри телото на германски планинар кој исчезна во 1986 https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/topeneto-na-glecher-vo-alpite-go-otkri-teloto-na-germanski-planinar-koj-ischezna-vo-1986/ Fri, 28 Jul 2023 20:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=666468

Човечки останки се пронајдени на глечер недалеку од швајцарскиот Матерхорн а му припаѓаат на германски алпинист кој исчезна во 1986 година.

Телото било пронајдено на почетокот на месецот од страна на алпинисти кои го преминале глечерот „Теодул“, над Зермат, откако забележале дека ледениот чевел на планинарот ѕирка низ мразот. ДНК анализата потврдила дека се работи за германскиот алпинист кој исчезнал пред 37 години. По него била започната опсежна операција за пребарување и спасување, но таа не вродила со плод.

Полицијата не го прецизира неговиот идентитет, потврдувајќи само дека тој имал 38 години во моментот на исчезнувањето. Глечерот „Теодул“, како и другите глечери низ Алпите, видно се намалува во последните години. „Теодул“ е ​​дел од целогодишниот скијачки регион Зермат, најголемиот во Европа.

До 80-тите години на минатиот век, „Теодул“ сè уште бил поврзан со соседниот глечер „Горнер“, но сега тие се одвоени. Скоро секое лето, мразот што се топи открива нешто или некој што исчезнал пред неколку децении. Така, минатата година, остатоците од авионот што се урна во 1968 година излегоа од глечерот „Алеч“.

The post Топењето на глечер во Алпите го откри телото на германски планинар кој исчезна во 1986 appeared first on Република.

]]>

Човечки останки се пронајдени на глечер недалеку од швајцарскиот Матерхорн а му припаѓаат на германски алпинист кој исчезна во 1986 година. Телото било пронајдено на почетокот на месецот од страна на алпинисти кои го преминале глечерот „Теодул“, над Зермат, откако забележале дека ледениот чевел на планинарот ѕирка низ мразот. ДНК анализата потврдила дека се работи за германскиот алпинист кој исчезнал пред 37 години. По него била започната опсежна операција за пребарување и спасување, но таа не вродила со плод. Полицијата не го прецизира неговиот идентитет, потврдувајќи само дека тој имал 38 години во моментот на исчезнувањето. Глечерот „Теодул“, како и другите глечери низ Алпите, видно се намалува во последните години. „Теодул“ е ​​дел од целогодишниот скијачки регион Зермат, најголемиот во Европа. До 80-тите години на минатиот век, „Теодул“ сè уште бил поврзан со соседниот глечер „Горнер“, но сега тие се одвоени. Скоро секое лето, мразот што се топи открива нешто или некој што исчезнал пред неколку децении. Така, минатата година, остатоците од авионот што се урна во 1968 година излегоа од глечерот „Алеч“.

The post Топењето на глечер во Алпите го откри телото на германски планинар кој исчезна во 1986 appeared first on Република.

]]>
Почина рускиот алпинист Александар Кленов, промотор на Демир Капија во светот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-ruskiot-alpinist-aleksandar-klenov-promotor-na-demir-kapija-vo-svetot/ Mon, 03 Oct 2022 06:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=556656

Почина рускиот алпинист Александар Кленов, кој изминативе години живееше во Демир Капија и ја промовираше демиркаписката клисура во светот.

Демир Капија ја сакаше како родно место! Повеќе и од некои родени демиркапијци. Направи многу за неа! Почивај во мир – напиша на социјалните мрежи граѓанската активистка, доктор Кристина Николовска.

Таа потсети дека стануваше збор за човек кој бескрајно ја сака природата и ги учеше своите две малолетни деца, како и сите други луѓе, како да се сака природата и како да се води здрав живот.

Кленов пред неколку години крај железната порта изгради свој дом и одлучи каменото царство и реките Вардар, Бошавица и Дошница да бидат дел од неговото семејство.

 

The post Почина рускиот алпинист Александар Кленов, промотор на Демир Капија во светот appeared first on Република.

]]>

Почина рускиот алпинист Александар Кленов, кој изминативе години живееше во Демир Капија и ја промовираше демиркаписката клисура во светот.
Демир Капија ја сакаше како родно место! Повеќе и од некои родени демиркапијци. Направи многу за неа! Почивај во мир – напиша на социјалните мрежи граѓанската активистка, доктор Кристина Николовска.
Таа потсети дека стануваше збор за човек кој бескрајно ја сака природата и ги учеше своите две малолетни деца, како и сите други луѓе, како да се сака природата и како да се води здрав живот. Кленов пред неколку години крај железната порта изгради свој дом и одлучи каменото царство и реките Вардар, Бошавица и Дошница да бидат дел од неговото семејство.  

The post Почина рускиот алпинист Александар Кленов, промотор на Демир Капија во светот appeared first on Република.

]]>