Алкалоид Archives - Република https://republika.mk/tema/alkaloid/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 21:11:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алкалоид Archives - Република https://republika.mk/tema/alkaloid/ 32 32 Алкалоид го задржа максималниот ефект во ракометната Суперлига https://republika.mk/sport/rakomet/alkaloid-go-zadrzha-maksimalniot-efekt-vo-rakometnata-superliga/ Sat, 16 Nov 2024 21:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=838675

Ракометарите на Алкалоид успешно поминаа уште една пречка во Суперлигата, откако на гостувањето во ГРК Охрид забележаа убедлива победа со 29:22.

За тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров ова беше 11 победа на исто толку средби во домашното првенство.

Со натпреварот во Охрид се комплетира првиот дел од првата фаза во македонскиот шампионат.

Резултати на другите средби од 11. коло:

Еурофарм Пелистер – Прилеп 46:24

Струга – Вардар 25:34

Куманово – Радовиш 30:26

Бисинов – Тиквеш 22:33

Тинекс Пролет – Бутел 24:19

Табела: Алкалоид 22 бода, Вардар 20, Еурофарм Пелистер 18, Охрид 16, Бутел 12, Тиквеш 11, Тинекс Пролет 10, Прилеп 9, Куманово, 6, Струга 4, Бисинов 3 и Радовиш 1.

Следуваат 11 рунди од вториот дел по кои најдобрите шест екипи ќе продолжат во втората фаза.

The post Алкалоид го задржа максималниот ефект во ракометната Суперлига appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Алкалоид успешно поминаа уште една пречка во Суперлигата, откако на гостувањето во ГРК Охрид забележаа убедлива победа со 29:22. За тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров ова беше 11 победа на исто толку средби во домашното првенство. Со натпреварот во Охрид се комплетира првиот дел од првата фаза во македонскиот шампионат. Резултати на другите средби од 11. коло: Еурофарм Пелистер – Прилеп 46:24 Струга – Вардар 25:34 Куманово – Радовиш 30:26 Бисинов – Тиквеш 22:33 Тинекс Пролет – Бутел 24:19 Табела: Алкалоид 22 бода, Вардар 20, Еурофарм Пелистер 18, Охрид 16, Бутел 12, Тиквеш 11, Тинекс Пролет 10, Прилеп 9, Куманово, 6, Струга 4, Бисинов 3 и Радовиш 1. Следуваат 11 рунди од вториот дел по кои најдобрите шест екипи ќе продолжат во втората фаза.

The post Алкалоид го задржа максималниот ефект во ракометната Суперлига appeared first on Република.

]]>
Алкалоид убедливо го победи Куманово https://republika.mk/sport/rakomet/alkaloid-ubedlivo-go-pobedi-kumanovo/ Fri, 01 Nov 2024 21:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=833339

Ракометарите на Алкалоид го победија МРК Куманово со 40-25 (23-11) во првиот меч од 10. коло од Суперлигата.

Ова беше десеттата победа во десеттиот натпревар за екипата на Кирил Лазаров, со која се зацврстија на врвот на табелата.

Од самиот почеток домаќинот го наметна своето темпо и гостите немаа никакви шанси за некакво изненадување.

Најефикасни кај Алкалоид беа Петковски со девет и Франциско Оливеира со осум гола, додека во тимот на Куманово се истакнаа Дарио Симоновски со осум.

Во следното коло „сино-белите“ ќе гостуваат кај Охрид, додека Куманово на свој терен ќе го пречека Радовиш.

The post Алкалоид убедливо го победи Куманово appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Алкалоид го победија МРК Куманово со 40-25 (23-11) во првиот меч од 10. коло од Суперлигата. Ова беше десеттата победа во десеттиот натпревар за екипата на Кирил Лазаров, со која се зацврстија на врвот на табелата. Од самиот почеток домаќинот го наметна своето темпо и гостите немаа никакви шанси за некакво изненадување. Најефикасни кај Алкалоид беа Петковски со девет и Франциско Оливеира со осум гола, додека во тимот на Куманово се истакнаа Дарио Симоновски со осум. Во следното коло „сино-белите“ ќе гостуваат кај Охрид, додека Куманово на свој терен ќе го пречека Радовиш.

The post Алкалоид убедливо го победи Куманово appeared first on Република.

]]>
ШК Алкалоид Европски вицешампион https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shk-alkaloid-evropski-vitseshampion/ Sun, 27 Oct 2024 11:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=831374

Тимот на Алкалоид го освои второто место на Европскиот клупски куп во шах што се играше во Врњачка Бања.

Во последното, седмо коло, шахистите на Алкалоид го одиграа својот најдобар меч, и убедливо тријумфираа над францускиот Шартре со 5:1.

Арјун Еригаиси на првата табла ремизираше со легендарниот украински шахист Василиј Иванчук, кој во минатото исто така играше за „фармацевтите“. Со црни фигури беше и С. Л. Нарајан на петтата табла кој го подели поенот со Максим Лагард. На останатите четири табли беа извојувани убедливи победи: Веи Ји го совлада Маркандрија Маурици водејќи ги белите фигури на втората табла, а неговиот сонародник Јангји Ју со црните триумфираше против Лорен Фресине. На четвртата и шестата табла Читамбарам Аравинд со бели освои цел поен против Даниел Дарда, додека Александар Инѓиќ го заокружи настапот со уште една победа, овојпат против Кристијан Бауер.

Триумфот во последното седмо коло им донесе два бода на играчите на Алкалоид, со што тие стигнаа до вкупно 12 бода. Турнирот го завршија со пет победи, два нерешени резултат и без пораз.

Првото место го освои Нови Бор од Чешка со 13 бода.

За ШК Алкалоид ова е трет пат како е остварен пласман меѓу првите две екипи на Стариот континент, при што во 2016 година Алкалоид беше Европски шампион, а во 2017 година беше освоено второто место.

Успехот на екипата е резултат на одличната игра на сите шахисти, од кои најголем дела освоија и медали за индувидуални резултати.

Еригаиси играше извонредно на првата табла и освои златен медал, како и Ју Јангји на третата табла. Александар Инѓиќ на шестата табла освои сребрен медал, а Аравиндитх Читамбарам на четвртата табла стигна до бронзениот медал.

The post ШК Алкалоид Европски вицешампион appeared first on Република.

]]>

Тимот на Алкалоид го освои второто место на Европскиот клупски куп во шах што се играше во Врњачка Бања. Во последното, седмо коло, шахистите на Алкалоид го одиграа својот најдобар меч, и убедливо тријумфираа над францускиот Шартре со 5:1. Арјун Еригаиси на првата табла ремизираше со легендарниот украински шахист Василиј Иванчук, кој во минатото исто така играше за „фармацевтите“. Со црни фигури беше и С. Л. Нарајан на петтата табла кој го подели поенот со Максим Лагард. На останатите четири табли беа извојувани убедливи победи: Веи Ји го совлада Маркандрија Маурици водејќи ги белите фигури на втората табла, а неговиот сонародник Јангји Ју со црните триумфираше против Лорен Фресине. На четвртата и шестата табла Читамбарам Аравинд со бели освои цел поен против Даниел Дарда, додека Александар Инѓиќ го заокружи настапот со уште една победа, овојпат против Кристијан Бауер. Триумфот во последното седмо коло им донесе два бода на играчите на Алкалоид, со што тие стигнаа до вкупно 12 бода. Турнирот го завршија со пет победи, два нерешени резултат и без пораз. Првото место го освои Нови Бор од Чешка со 13 бода. За ШК Алкалоид ова е трет пат како е остварен пласман меѓу првите две екипи на Стариот континент, при што во 2016 година Алкалоид беше Европски шампион, а во 2017 година беше освоено второто место. Успехот на екипата е резултат на одличната игра на сите шахисти, од кои најголем дела освоија и медали за индувидуални резултати. Еригаиси играше извонредно на првата табла и освои златен медал, како и Ју Јангји на третата табла. Александар Инѓиќ на шестата табла освои сребрен медал, а Аравиндитх Читамбарам на четвртата табла стигна до бронзениот медал.

The post ШК Алкалоид Европски вицешампион appeared first on Република.

]]>
Алкалоид уште еднаш подобар од Клаипеда https://republika.mk/sport/rakomet/alkaloid-ushte-ednash-podobar-od-klaipeda/ Sat, 26 Oct 2024 15:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=831290

Ракометарите на Алкалоид по втор пат славеа победа над Драгунас Клаипеда. Попладнево македонскиот тим беше поуспешен во Литванија со 37:31 и со тоа ги потврди убедливите 11 голови предност од првиот меч одигран во Скопје.

На дуелот од 2.коло во квалификациите за Европскиот куп, Алкалоид одлично го почна натпреварот и по само осум минути игра водеше со (2:8). Во три наврати во првото полувреме имаше плус 9, а на полувреме заминаа со водство од четири голови (17:21).

Во 40. минута домаќините се доближија на само два гола разлика (24:26), но македонскиот тим зголеми на интензитет и повторно отиде на пет гола предност (25:30) на 15 минути пред крајот. Следуваше рутинирана завршница и сигурна победа за избраниците на тренерот Кирил Лазаров.

Со седум голови најефикасен во победничкиот тим беше Мартин Серафимов, по шест постигнаа Марко Митев и Арно Бинго.

Ова е прва победа за Алкалоид на гостински терен во евро-куповите.

The post Алкалоид уште еднаш подобар од Клаипеда appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Алкалоид по втор пат славеа победа над Драгунас Клаипеда. Попладнево македонскиот тим беше поуспешен во Литванија со 37:31 и со тоа ги потврди убедливите 11 голови предност од првиот меч одигран во Скопје. На дуелот од 2.коло во квалификациите за Европскиот куп, Алкалоид одлично го почна натпреварот и по само осум минути игра водеше со (2:8). Во три наврати во првото полувреме имаше плус 9, а на полувреме заминаа со водство од четири голови (17:21). Во 40. минута домаќините се доближија на само два гола разлика (24:26), но македонскиот тим зголеми на интензитет и повторно отиде на пет гола предност (25:30) на 15 минути пред крајот. Следуваше рутинирана завршница и сигурна победа за избраниците на тренерот Кирил Лазаров. Со седум голови најефикасен во победничкиот тим беше Мартин Серафимов, по шест постигнаа Марко Митев и Арно Бинго. Ова е прва победа за Алкалоид на гостински терен во евро-куповите.

The post Алкалоид уште еднаш подобар од Клаипеда appeared first on Република.

]]>
Шахистите на Алкалоид блиску до одбрана на титулите https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shahistite-na-alkaloid-blisku-do-odbrana-na-titulite/ Mon, 29 Jul 2024 09:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=801287

Машкиот и женскиот тим на ШК Алкалоид остварија уште по две нови победи на екипните првенства на Македонија кои се одржуваат во Струмица. Викендов, машкиот тим имаше убдливи победи, против ШК Куманово (5,5:0,5) и ШК Прилеп (5:1).

Во останатите мечеви од 5.коло: ШК Шкупи – ШК Штајниц 3:3; ШК Гамбит Асеко СЕЕ – ШК Анапсан СЕС 5:1 и ШК Гостивар – ШК Куманово 3:3. Слободен беше тимот на ШК Пелагон.

На табелата, ШК Алкалоид има 8 бода, но од четири дуели, додека второпласираниот во моментов ШК Гамбит има исто толку, но ќе биде слободен во последното коло.

На мечевите во женска конкуренција ситуацијата е слична, каде Алкалоид прокнижи две победи над ШК Шах шех од 4:0 и над Гамбит Асеко СЕЕ со 3,5:0,5.

ШК Алкалоид има 10 бода по 5 кола, а со подеднаков износ се и шахистките на МШК Центар, па директниот дуел во последното 7. коло во вторник ќе биде пресуден за титулата.

The post Шахистите на Алкалоид блиску до одбрана на титулите appeared first on Република.

]]>

Машкиот и женскиот тим на ШК Алкалоид остварија уште по две нови победи на екипните првенства на Македонија кои се одржуваат во Струмица. Викендов, машкиот тим имаше убдливи победи, против ШК Куманово (5,5:0,5) и ШК Прилеп (5:1). Во останатите мечеви од 5.коло: ШК Шкупи – ШК Штајниц 3:3; ШК Гамбит Асеко СЕЕ – ШК Анапсан СЕС 5:1 и ШК Гостивар – ШК Куманово 3:3. Слободен беше тимот на ШК Пелагон. На табелата, ШК Алкалоид има 8 бода, но од четири дуели, додека второпласираниот во моментов ШК Гамбит има исто толку, но ќе биде слободен во последното коло. На мечевите во женска конкуренција ситуацијата е слична, каде Алкалоид прокнижи две победи над ШК Шах шех од 4:0 и над Гамбит Асеко СЕЕ со 3,5:0,5. ШК Алкалоид има 10 бода по 5 кола, а со подеднаков износ се и шахистките на МШК Центар, па директниот дуел во последното 7. коло во вторник ќе биде пресуден за титулата.

The post Шахистите на Алкалоид блиску до одбрана на титулите appeared first on Република.

]]>
Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/makedonsko-katche-vo-natsionalnata-biblioteka-vo-oslo-rotari-klubot-kamen-most-skopje-danskiot-i-norveshkiot-konzulat-vo-skopje-doniraat-377-knigi-na-makedonski-jazik/ Thu, 06 Jun 2024 12:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=785252

На иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“, потпомогната од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје, ќе се донираат 377 книги на македонски јазик на Националната библиотека во Осло. Проф. Д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најпрестижните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик:

„При вообичаена посета на библиотеката, утврдив дека на нејзините полици недостасуваат македонска литература и македонски автори. Оттаму произлезе интересна идеја за акција на Ротари клубот ‘Камен Мост’ во кој во моментот ја вршам должноста Претседател. Преку моите колеги во Норвешка, кои иницијално го направија контактот со библиотеката, наидовме на воодушевување за можноста да ја збогатат својата литературна ризница со книги на македонски јазик. Стапивме во контакт со Издавачкиот центар ‘ТРИ’ и ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ и акцијата финишираше успешно, со примопредавање на книгите во Норвешкиот конзулат во Скопје“, истакна Проф. Д-р Димовска.

Од 2022 година, македонскиот јазик организирано се изучува во Осло. Во моментов има четириесетина интересенти кои активно посетуваат часови по македонски јазик еднаш неделно. Особен предизвик на изучувачите на македонскиот јазик во Норвешка било отсуството на јавно достапни книги на македонски јазик.

Претседателот на „Македонската Асоцијација на издавачи“ и главен уредник во Издавачкиот центар „ТРИ“, Бојан Саздов, изрази задоволство што се дел од реализацијата на оваа благородна иницијатива:

„Благодарам на Ротари клубот ‘Камен Мост Скопје’ и на Конзулатот на Норвешка во РСМ, за идејата македонскиот јазик и книжевност да најдат свое достојно место во норвешката Национална библиотека - најголема во државата, каде наскоро македонската книга за првпат ќе добие своја позиција меѓу сите светски книжевности. ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ е благодарнa на своите членки, кои ја прифатија поканата да донираат дел од своите изданија за оваа цел – и помогнаа да собереме стотици книги, репрезентативни дела од нашата современа книжевна продукција, дела од македонски автори како и преводи на популарни дела од скандинавската литература“, истакна Саздов, изразувајќи надеж дека ваквите иницијативи ќе продолжат во иднина, со цел афирмација на македонската книжевност во светот и зголемување на достапноста до истата за сите Македонци што живеат надвор, но и на оние што сакаат за првпат да се запознаат со македонскиот јазик и култура.

Поддржувајќи ја иницијативата, Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, кој истовремено ја извршува функцијата на Генерален конзул на Кралството Данска и Конзул на Кралството Норвешка, а членува и во Ротари клубот „Камен Мост“ Скопје, презема обврска за испорака на пратката, која своевремено се поткрепува со донација на уште шеесеттина македонски наслови:

„Срдечно ја поздравувам иницијативата на д-р Радмила Димовска, која изминативе неколку месеци заедно со членовите на клубот посветено работеше на собирање на што повеќе наслови на македонски јазик и соодветно опремување на македонското катче во Националната библиотека во Осло. Особено ми е драго што се вклучивме со логистичка поддршка и дополнителна донација на преводи на македонски јазик од дански и норвешки автори и збирки поезија од Ана Бунтевска. Се надевам дека оваа акција нема да запре со една пратка. Повикувам и апелирам на нејзино продолжување, кое секако сме тука да го поддржиме“, изјави Мукаетов.

Националната библиотека во Осло е ценета норвешка културна институција, чија мисија е зачувување на минатото, во служба на иднината. Таа претставува литературен дом на автори од речиси цел свет, а на иницијална идеја на Македоци кои живеат во Норвешка, Проф. д-р Васка Вандевска Радуновиќ и Др Снежана Димитроска, ќе добие и македонско катче, кое ќе има суштинска улога во негувањето на македонскиот јазик.

Комерцијален текст

The post Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“, потпомогната од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје, ќе се донираат 377 книги на македонски јазик на Националната библиотека во Осло. Проф. Д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најпрестижните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик: „При вообичаена посета на библиотеката, утврдив дека на нејзините полици недостасуваат македонска литература и македонски автори. Оттаму произлезе интересна идеја за акција на Ротари клубот ‘Камен Мост’ во кој во моментот ја вршам должноста Претседател. Преку моите колеги во Норвешка, кои иницијално го направија контактот со библиотеката, наидовме на воодушевување за можноста да ја збогатат својата литературна ризница со книги на македонски јазик. Стапивме во контакт со Издавачкиот центар ‘ТРИ’ и ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ и акцијата финишираше успешно, со примопредавање на книгите во Норвешкиот конзулат во Скопје“, истакна Проф. Д-р Димовска. Од 2022 година, македонскиот јазик организирано се изучува во Осло. Во моментов има четириесетина интересенти кои активно посетуваат часови по македонски јазик еднаш неделно. Особен предизвик на изучувачите на македонскиот јазик во Норвешка било отсуството на јавно достапни книги на македонски јазик. Претседателот на „Македонската Асоцијација на издавачи“ и главен уредник во Издавачкиот центар „ТРИ“, Бојан Саздов, изрази задоволство што се дел од реализацијата на оваа благородна иницијатива: „Благодарам на Ротари клубот ‘Камен Мост Скопје’ и на Конзулатот на Норвешка во РСМ, за идејата македонскиот јазик и книжевност да најдат свое достојно место во норвешката Национална библиотека - најголема во државата, каде наскоро македонската книга за првпат ќе добие своја позиција меѓу сите светски книжевности. ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ е благодарнa на своите членки, кои ја прифатија поканата да донираат дел од своите изданија за оваа цел – и помогнаа да собереме стотици книги, репрезентативни дела од нашата современа книжевна продукција, дела од македонски автори како и преводи на популарни дела од скандинавската литература“, истакна Саздов, изразувајќи надеж дека ваквите иницијативи ќе продолжат во иднина, со цел афирмација на македонската книжевност во светот и зголемување на достапноста до истата за сите Македонци што живеат надвор, но и на оние што сакаат за првпат да се запознаат со македонскиот јазик и култура. Поддржувајќи ја иницијативата, Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, кој истовремено ја извршува функцијата на Генерален конзул на Кралството Данска и Конзул на Кралството Норвешка, а членува и во Ротари клубот „Камен Мост“ Скопје, презема обврска за испорака на пратката, која своевремено се поткрепува со донација на уште шеесеттина македонски наслови: „Срдечно ја поздравувам иницијативата на д-р Радмила Димовска, која изминативе неколку месеци заедно со членовите на клубот посветено работеше на собирање на што повеќе наслови на македонски јазик и соодветно опремување на македонското катче во Националната библиотека во Осло. Особено ми е драго што се вклучивме со логистичка поддршка и дополнителна донација на преводи на македонски јазик од дански и норвешки автори и збирки поезија од Ана Бунтевска. Се надевам дека оваа акција нема да запре со една пратка. Повикувам и апелирам на нејзино продолжување, кое секако сме тука да го поддржиме“, изјави Мукаетов. Националната библиотека во Осло е ценета норвешка културна институција, чија мисија е зачувување на минатото, во служба на иднината. Таа претставува литературен дом на автори од речиси цел свет, а на иницијална идеја на Македоци кои живеат во Норвешка, Проф. д-р Васка Вандевска Радуновиќ и Др Снежана Димитроска, ќе добие и македонско катче, кое ќе има суштинска улога во негувањето на македонскиот јазик. Комерцијален текст

The post Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Живко Мукаетов прогласен за Премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст https://republika.mk/vesti/skopje/zhivko-mukaetov-proglasen-za-premium-partner-na-manifestatsijata-oskar-na-humanosta-na-tsrven-krst/ Tue, 28 May 2024 09:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=782388

Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении.

„Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ на г. Живко Мукаетов. Неговата лична ангажираност значи поттик на индивидуално ниво, која потоа мотивира, и колективно развивање на општествената одговорност во ’Алкалоид’ АД Скопје. Како личност препознаена во заедницата во која несебично дава помош и поддршка преку повеќе програми и активности на Црвениот крст, г. Мукаетов се истакнува како позитивен пример и во својата лична, но и во професионалната агенда, па Црвениот крст го поставува на високо место не само како поддржувач на нашите активности, туку и како партнер и пријател на хуманоста“, истакнуваат од  Црвен крст на Град Скопје.

Манифестацијата „Оскар на хуманоста“ се одржа во склоп на повеќето активности посветени на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај).

Покрај премиум Оскарот за хуманост, беа доделени и награди во неколку селектирани категории: корпоративен сектор, образовни институции, единици на локалната самоуправа и медиуми.

„За нас како компанија и за мене како поединец Црвениот крст е синоним за хуманост, солидарност, човечност и поддршка. Место од каде се подава рака на секого кому му е потребна помош, отворена врата за најранливите општествени слоеви и стартна позиција на секој поединец или компанија кои сакаат да бидат општествено одговорни“, истакна Мукаетов.

Изминативе години „Алкалоид“ има спроведено повеќе активности во соработка со Црвен крст на РСМ и со Црвен крст на Град Скопје, како во делот на социјално-хуманитарната дејност така и на полето на крводарителството. Во рамките на компанијата повеќе од 50 години активно функционира Друштвото на крводарители, а само во последните година и половина „Алкалоид“ организираше три крводарителски акции, во чии рамки беа собрани повеќе од 400 единици крв. Покрај тоа, во 2013 година „Алкалоид“ помогна за реновирање и за ребрендирање на Дневниот центар за дарување крв и континуирано дава придонес во неговото тековно функционирање. Во рамките на компанијата неодамна беа спроведени и неколку масовни акции за донирање облека и храна на собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“.

На глобално ниво, Оскарот на хуманоста на Црвен крст ги акцентира заложбите за зачувување на хуманоста, како и тенденцијата да се поттикне хуманоста кај секој поединец во заедницата во која живее и дејствува. Низ симболиката на солидарните заложби му се оддава почит на основоположникот на идејата за формирање на Црвениот крст, Анри Динан, но и се упатува благодарност до 16-те милиони волонтери во 191 земја во рамките на Движењето на Црвениот крст и на Црвената полумесечина низ светот, кои го посветуваат своето драгоцено време за доброволна служба, секогаш подготвени за вклучување во локална хуманитарна акција за глобално добро.

Комерцијален текст

The post Живко Мукаетов прогласен за Премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении. „Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ на г. Живко Мукаетов. Неговата лична ангажираност значи поттик на индивидуално ниво, која потоа мотивира, и колективно развивање на општествената одговорност во ’Алкалоид’ АД Скопје. Како личност препознаена во заедницата во која несебично дава помош и поддршка преку повеќе програми и активности на Црвениот крст, г. Мукаетов се истакнува како позитивен пример и во својата лична, но и во професионалната агенда, па Црвениот крст го поставува на високо место не само како поддржувач на нашите активности, туку и како партнер и пријател на хуманоста“, истакнуваат од  Црвен крст на Град Скопје. Манифестацијата „Оскар на хуманоста“ се одржа во склоп на повеќето активности посветени на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај). Покрај премиум Оскарот за хуманост, беа доделени и награди во неколку селектирани категории: корпоративен сектор, образовни институции, единици на локалната самоуправа и медиуми. „За нас како компанија и за мене како поединец Црвениот крст е синоним за хуманост, солидарност, човечност и поддршка. Место од каде се подава рака на секого кому му е потребна помош, отворена врата за најранливите општествени слоеви и стартна позиција на секој поединец или компанија кои сакаат да бидат општествено одговорни“, истакна Мукаетов. Изминативе години „Алкалоид“ има спроведено повеќе активности во соработка со Црвен крст на РСМ и со Црвен крст на Град Скопје, како во делот на социјално-хуманитарната дејност така и на полето на крводарителството. Во рамките на компанијата повеќе од 50 години активно функционира Друштвото на крводарители, а само во последните година и половина „Алкалоид“ организираше три крводарителски акции, во чии рамки беа собрани повеќе од 400 единици крв. Покрај тоа, во 2013 година „Алкалоид“ помогна за реновирање и за ребрендирање на Дневниот центар за дарување крв и континуирано дава придонес во неговото тековно функционирање. Во рамките на компанијата неодамна беа спроведени и неколку масовни акции за донирање облека и храна на собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“. На глобално ниво, Оскарот на хуманоста на Црвен крст ги акцентира заложбите за зачувување на хуманоста, како и тенденцијата да се поттикне хуманоста кај секој поединец во заедницата во која живее и дејствува. Низ симболиката на солидарните заложби му се оддава почит на основоположникот на идејата за формирање на Црвениот крст, Анри Динан, но и се упатува благодарност до 16-те милиони волонтери во 191 земја во рамките на Движењето на Црвениот крст и на Црвената полумесечина низ светот, кои го посветуваат своето драгоцено време за доброволна служба, секогаш подготвени за вклучување во локална хуманитарна акција за глобално добро. Комерцијален текст

The post Живко Мукаетов прогласен за Премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени https://republika.mk/vesti/ekonomija/alkaloid-so-dve-priznanija-za-pridones-vo-bezbednosta-i-zdravjeto-na-svoite-vraboteni/ Thu, 16 May 2024 10:48:06 +0000 https://republika.mk/?p=778753

Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа.

По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

Во рамките на настанот, кој беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа (Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28 Април“ – Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА – Скопје), свое обраќање имаше и членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев:

„Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува ’Алкалоид’ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените“, истакна Ицев.

„Алкалоид“ како компанија во чиј фокус се луѓето пред сѐ останува посветена на процесот на континуирана надградба на безбедна и здрава работна средина за сите вработени, изведувачи и посетители. Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, како и примената на највисоките стандарди се вградени во изведувањето на секојдневните операции и активности. Континуираното вложување во унапредување, осовременување и во примена на етаблираните светски практики има цел превенција, намалување и отстранување на ризиците на секое работно место.

Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени appeared first on Република.

]]>

Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа. По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. Во рамките на настанот, кој беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа (Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28 Април“ – Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА – Скопје), свое обраќање имаше и членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев: „Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува ’Алкалоид’ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените“, истакна Ицев. „Алкалоид“ како компанија во чиј фокус се луѓето пред сѐ останува посветена на процесот на континуирана надградба на безбедна и здрава работна средина за сите вработени, изведувачи и посетители. Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, како и примената на највисоките стандарди се вградени во изведувањето на секојдневните операции и активности. Континуираното вложување во унапредување, осовременување и во примена на етаблираните светски практики има цел превенција, намалување и отстранување на ризиците на секое работно место. Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ со консолидирани продажби од 79,9 милиони евра, извоз од 58,1 милион евра и со инвестиции од 4,8 милиони евра во периодот јануари – март 2024 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/alkaloid-so-konsolidirani-prodazhbi-od-79-9-milioni-evra-izvoz-od-58-1-milion-evra-i-so-investitsii-od-4-8-milioni-evra-vo-periodot-januari-mart-2024-godina/ Mon, 29 Apr 2024 10:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=772148

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2024 година продажбите достигнуваат 3.419.742.486 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.925.260.049 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 11 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 14 %. Од вкупните консолидирани продажби 27 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 73 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 26 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 24 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 22 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај поголемите извозни пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Велика Британија, во износ од 119.813.384 денари, кои се зголемени за 4-пати; потоа во Грузија, каде што се зголемени за 3-пати, како и во Украина, каде што се зголемени за 2,5-пати. Потоа следуваат оние во Унгарија (раст од 65 %), Романија (раст од 27 %), Албанија (раст од 27 %), во Полска (раст од 20 %), Италија (раст од 12 %), Хрватска (раст од 11 %), во Ерменија (раст од 10 %), Словенија (раст од 10 %), Србија (раст од 10 %), во Грција (раст од 10 %) итн.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 31 %, препаратите ОТЦ со 19 %, кардиолошките препарати со 12 %, невролошките препарати со 11 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2023 година. Сегментот фармација бележи раст од 14 %, хемија раст од 3 %, козметика раст од 5 % и билкарство раст од 8 %.

Инвестиции

Во 2024 година, во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, АЛКАЛОИД АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории. Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него АЛКАЛОИД вложи вкупно 19,4 милиони евра. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2024 година изнесуваат 298.250.975 денари.

Иновации

АЛКАЛОИД во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на АЛКАЛОИД, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата,  од „Алкалоид“, е развиена течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба.

За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за пазарите на Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и негово последователно лансирање.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 659.500.874 денари, бележи зголемување од околу 10 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 390.910.925 денари и е зголемена исто така за 10 %.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 804.400.748 денари и бележи раст од 6 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 479.529.291 денари е зголемена за 9 %.

При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – март 2024 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 90 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2024 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина на нето-износот од 40.500 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.910 вработени, од кои 2.215 се во земјава, а 695 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2024 година се движеше од 18.151,00 до 20.900,00 денари или просечно 19.602,82 денари за една акција. На 31.03.2024 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.596 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше над 29 милијарди денари.

На 1 април 2024 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2023 година, во износ од 772.931 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2024 година ќе започне исплатата на дивидендата во износ од 540 денари бруто, односно 486 денар нето за една акција. Дивидендата по акција за 2023 година е поголема за 10,2% во однос на исплатената дивиденда по акција за 2022 година.

Бизнис-план за 2024 година

Бизнис-планот за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2023 година.

Бизнис-планот за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Трендот на работење во отежнати економски услови кои беа актуелни во изминатите неколку години сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки кои сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација а можеби и благо опаѓање. Секако безбедносните глобални кризи го отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста што секогаш може да повлијае и на цените на енергенсите, да создаде потешкотии кај ланците на испораки но и да повлијае на достапноста на одредени материјали.

Очекуваме во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во новите производни капацитети и опреми и вложувањата во развојно-истражувачките проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и усовршување на нивото на знаења и вештини на нашите вработени и градење на таленти.

Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ со консолидирани продажби од 79,9 милиони евра, извоз од 58,1 милион евра и со инвестиции од 4,8 милиони евра во периодот јануари – март 2024 година appeared first on Република.

]]>

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2024 година продажбите достигнуваат 3.419.742.486 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.925.260.049 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 11 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 14 %. Од вкупните консолидирани продажби 27 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 73 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 26 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 24 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 22 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај поголемите извозни пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Велика Британија, во износ од 119.813.384 денари, кои се зголемени за 4-пати; потоа во Грузија, каде што се зголемени за 3-пати, како и во Украина, каде што се зголемени за 2,5-пати. Потоа следуваат оние во Унгарија (раст од 65 %), Романија (раст од 27 %), Албанија (раст од 27 %), во Полска (раст од 20 %), Италија (раст од 12 %), Хрватска (раст од 11 %), во Ерменија (раст од 10 %), Словенија (раст од 10 %), Србија (раст од 10 %), во Грција (раст од 10 %) итн. Продажби според групи производи Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 31 %, препаратите ОТЦ со 19 %, кардиолошките препарати со 12 %, невролошките препарати со 11 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2023 година. Сегментот фармација бележи раст од 14 %, хемија раст од 3 %, козметика раст од 5 % и билкарство раст од 8 %. Инвестиции Во 2024 година, во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, АЛКАЛОИД АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории. Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него АЛКАЛОИД вложи вкупно 19,4 милиони евра. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2024 година изнесуваат 298.250.975 денари. Иновации АЛКАЛОИД во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на АЛКАЛОИД, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата,  од „Алкалоид“, е развиена течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба. За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за пазарите на Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и негово последователно лансирање. Резултати од работењето Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 659.500.874 денари, бележи зголемување од околу 10 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 390.910.925 денари и е зголемена исто така за 10 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 804.400.748 денари и бележи раст од 6 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 479.529.291 денари е зголемена за 9 %. При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи. Вработени Во периодот јануари – март 2024 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 90 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2024 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина на нето-износот од 40.500 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.910 вработени, од кои 2.215 се во земјава, а 695 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство. Податоци за акциите Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2024 година се движеше од 18.151,00 до 20.900,00 денари или просечно 19.602,82 денари за една акција. На 31.03.2024 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.596 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше над 29 милијарди денари. На 1 април 2024 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2023 година, во износ од 772.931 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2024 година ќе започне исплатата на дивидендата во износ од 540 денари бруто, односно 486 денар нето за една акција. Дивидендата по акција за 2023 година е поголема за 10,2% во однос на исплатената дивиденда по акција за 2022 година. Бизнис-план за 2024 година Бизнис-планот за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2023 година. Бизнис-планот за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот. Очекувања за претстојниот период Трендот на работење во отежнати економски услови кои беа актуелни во изминатите неколку години сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки кои сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација а можеби и благо опаѓање. Секако безбедносните глобални кризи го отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста што секогаш може да повлијае и на цените на енергенсите, да создаде потешкотии кај ланците на испораки но и да повлијае на достапноста на одредени материјали. Очекуваме во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во новите производни капацитети и опреми и вложувањата во развојно-истражувачките проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и усовршување на нивото на знаења и вештини на нашите вработени и градење на таленти. Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ со консолидирани продажби од 79,9 милиони евра, извоз од 58,1 милион евра и со инвестиции од 4,8 милиони евра во периодот јануари – март 2024 година appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/alkaloid-najposakuvan-rabotodavach-za-2023-godina-apsoluten-pobednik-spored-vrabotuvane-kom/ Thu, 18 Apr 2024 11:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=767569

„За една успешна и амбициозна компанија огромен предизвик е да се одржат високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“

„Алкалоид“ АД Скопје по вторпат е прогласен за апсолутен победник за најатрактивен работодавач, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2023 година, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите на интернет-страницата „Вработување.ком“, интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“. Настанот за првпат се реализираше во 2023 година низ симболиката на оскари за работодавачите во земјава, со цел афирмирање на позитивните практики на македонскиот пазар на трудот.

Наградата за работодавач на годината му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој изјави:

„Ова е награда на 3.000 семејства кои работат во ’Алкалоид’ во Македонија и подружниците во странство! Признание за целиот оној труд, знаење и вештини кои се вградени во секој наш производ и во секој наш процес во изминатите 88 години постоење. Ова признание е доказ дека во Македонија навистина има квалитетни луѓе.“

„Алкалоид“ континуирано негува стимулирачка работна средина и постојано го надградува системот на бенефиции за своите вработени, кој вклучува: обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување, бенефиции за децата на вработените во форма на субвенциониран износ за вонучилишни активности, новогодишен линеарен надомест за секој вработен, исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум, награди за вработените за лојалност и дополнителни надоместоци во согласност со вклученоста во успешно завршени интерни проекти, годишен наменски буџет за едукации и за стручни доусовршувања, редовни тим-билдинг активности, можности за кариерен развој во компанијата и надвор од неа, подарок за секое новороденче на вработен, новогодишни пакетчиња за децата на вработените и друго.

Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“ appeared first on Република.

]]>

„За една успешна и амбициозна компанија огромен предизвик е да се одржат високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“ „Алкалоид“ АД Скопје по вторпат е прогласен за апсолутен победник за најатрактивен работодавач, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2023 година, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите на интернет-страницата „Вработување.ком“, интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“. Настанот за првпат се реализираше во 2023 година низ симболиката на оскари за работодавачите во земјава, со цел афирмирање на позитивните практики на македонскиот пазар на трудот. Наградата за работодавач на годината му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој изјави: „Ова е награда на 3.000 семејства кои работат во ’Алкалоид’ во Македонија и подружниците во странство! Признание за целиот оној труд, знаење и вештини кои се вградени во секој наш производ и во секој наш процес во изминатите 88 години постоење. Ова признание е доказ дека во Македонија навистина има квалитетни луѓе.“ „Алкалоид“ континуирано негува стимулирачка работна средина и постојано го надградува системот на бенефиции за своите вработени, кој вклучува: обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување, бенефиции за децата на вработените во форма на субвенциониран износ за вонучилишни активности, новогодишен линеарен надомест за секој вработен, исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум, награди за вработените за лојалност и дополнителни надоместоци во согласност со вклученоста во успешно завршени интерни проекти, годишен наменски буџет за едукации и за стручни доусовршувања, редовни тим-билдинг активности, можности за кариерен развој во компанијата и надвор од неа, подарок за секое новороденче на вработен, новогодишни пакетчиња за децата на вработените и друго. Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“ appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца – пациенти на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле https://republika.mk/zivot/zdravje/alkaloid-ad-skopje-so-donatsija-na-techen-omeprazol-vo-vkupna-vrednost-od-12-5-milioni-denari-ke-go-pomogne-lekuvaneto-na-okolu-200-detsa-patsienti-na-jzu-univerzitetska-klinika-za-detski-bolesti-i-na/ Tue, 16 Apr 2024 13:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=766780

Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација на „Омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација. Според проценката на двете здравствени институции, преку оваа донација, со соодветна терапија ќе бидат покриени околу 200 деца во времетраење од една година.

„Со оваа донација наменета за децата, како една ранлива возрасна категорија кога станува збор за одредени дигестивни нарушувања, како компанија даваме свој придонес кон олеснување на процесот на нивно лекување и на подобрување на квалитетот на животот на пациентите. Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет - Луѓето и Здравјето пред сѐ, на кој се темели компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, ‘Алкалоид’ со децении помага онаму каде е најпотребно. Грижата за заедницата во која делуваме, особено онаа насочена кон најмладите, останува наш приоритетен сегмент во компаниското портфолио за општествена одговорност“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Препаратот „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба, е наменет пред сѐ за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациенти со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).

Иновативноста на овој нов производ се базира на два посебни раствори содржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен „Омперазол“ за употреба. Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои.

Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца – пациенти на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле appeared first on Република.

]]>

Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација на „Омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација. Според проценката на двете здравствени институции, преку оваа донација, со соодветна терапија ќе бидат покриени околу 200 деца во времетраење од една година. „Со оваа донација наменета за децата, како една ранлива возрасна категорија кога станува збор за одредени дигестивни нарушувања, како компанија даваме свој придонес кон олеснување на процесот на нивно лекување и на подобрување на квалитетот на животот на пациентите. Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет - Луѓето и Здравјето пред сѐ, на кој се темели компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, ‘Алкалоид’ со децении помага онаму каде е најпотребно. Грижата за заедницата во која делуваме, особено онаа насочена кон најмладите, останува наш приоритетен сегмент во компаниското портфолио за општествена одговорност“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Препаратот „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба, е наменет пред сѐ за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациенти со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти). Иновативноста на овој нов производ се базира на два посебни раствори содржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен „Омперазол“ за употреба. Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои. Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца – пациенти на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/alkaloid-pushti-vo-upotreba-nov-kapitalen-proekt-vreden-19-4-milioni-evra/ Wed, 27 Mar 2024 15:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=759490

Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении

Во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории.

Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него „Алкалоид“ вложи вкупно 19,4 милиони евра. За изведбата на овој објект, започната во април 2021 година, беа ангажирани 30 домашни и 16 странски компании, а градежните работи и опремувањето се одвиваа под водство на стручните служби на „Алкалоид“ АД Скопје. Просториите се изведени во согласност со строгите норми за добра производствена пракса, а сите процеси се целосно интегрирани и дигитализирани, со автоматско генерирање на сите податоци од процесните контроли.

Во новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми ќе се врши производство на таблети, филмувани таблети, капсули и на двослојни таблети, кои за првпат се воведуваат како технологија за производство во Македонија. Станува збор за таблети што содржат неколку активни супстанции со различни хемиско-физички својства или со различен начин на ослободување на состојките, кои внимателно и прецизно се дозирани, но физички одделени со соодветно обезбедена стабилност и делотворност, овозможувајќи им на пациентите целосната терапија од неколку лекови да ја земаат само преку една таблета. Опремата за производство на цврсти фармацевтски форми е набавена од светски познати производители на опрема од овој вид: GEA (опрема за влажна гранулација), Alexanderwerk (опрема за сува гранулација), Lodige (опрема за хомогенизација), Fette (преси за таблети), Glatt (систем за филм-обложување), De Lama (автоматска машина за перење контејнери) и други.

Со пуштањето во употреба на новата техничко-технолошка единица за производство на цврсти фармацевтски форми двојно се зголемува производствениот волумен, па така, наместо досегашниот капацитет од 2 милијарди таблети годишно, моменталниот проектиран производствен капацитет е повеќе од 4 милијарди таблети годишно.

„Во динамична индустрија каква што е фармацевтската пласманите обично кореспондираат со инвестициите, вештините и знаењето, кои во изминативе две децении ги насочивме кон градење на модерно и конкурентно производствено портфолио. Нашата цел останува да се диференцираме преку знаење и развој на производи со додадена вредност, а на овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на натамошна глобализација на брендот ’Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупните операции“, изјави Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор Живко Мукаетов на официјалното пуштање во употреба на новиот оддел, кое се одржа во присуство на високи претставници на менаџментот на компанијата, како и на претставници на медиумите од земјата и од регионот.

Ова е еден од најкрупните инвестициски проекти на „Алкалоид“ АД во изминатите две децении. Компанијата во 2005 година имаше пласмани од 53,1 милиони евра, а во 2023 година прикажа консолидирани пласмани од 268,3 милиони евра. Следствено на овој петкратен континуиран раст, во текот на изминатите 15 години беа реализирани инвестиции во вредност од над 220 милиони евра.

Фармацевтските производи на „Алкалоид“ се присутни на пазарите во повеќе од 40 земји во светот.

Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении Во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории. Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него „Алкалоид“ вложи вкупно 19,4 милиони евра. За изведбата на овој објект, започната во април 2021 година, беа ангажирани 30 домашни и 16 странски компании, а градежните работи и опремувањето се одвиваа под водство на стручните служби на „Алкалоид“ АД Скопје. Просториите се изведени во согласност со строгите норми за добра производствена пракса, а сите процеси се целосно интегрирани и дигитализирани, со автоматско генерирање на сите податоци од процесните контроли. Во новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми ќе се врши производство на таблети, филмувани таблети, капсули и на двослојни таблети, кои за првпат се воведуваат како технологија за производство во Македонија. Станува збор за таблети што содржат неколку активни супстанции со различни хемиско-физички својства или со различен начин на ослободување на состојките, кои внимателно и прецизно се дозирани, но физички одделени со соодветно обезбедена стабилност и делотворност, овозможувајќи им на пациентите целосната терапија од неколку лекови да ја земаат само преку една таблета. Опремата за производство на цврсти фармацевтски форми е набавена од светски познати производители на опрема од овој вид: GEA (опрема за влажна гранулација), Alexanderwerk (опрема за сува гранулација), Lodige (опрема за хомогенизација), Fette (преси за таблети), Glatt (систем за филм-обложување), De Lama (автоматска машина за перење контејнери) и други. Со пуштањето во употреба на новата техничко-технолошка единица за производство на цврсти фармацевтски форми двојно се зголемува производствениот волумен, па така, наместо досегашниот капацитет од 2 милијарди таблети годишно, моменталниот проектиран производствен капацитет е повеќе од 4 милијарди таблети годишно.
„Во динамична индустрија каква што е фармацевтската пласманите обично кореспондираат со инвестициите, вештините и знаењето, кои во изминативе две децении ги насочивме кон градење на модерно и конкурентно производствено портфолио. Нашата цел останува да се диференцираме преку знаење и развој на производи со додадена вредност, а на овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на натамошна глобализација на брендот ’Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупните операции“, изјави Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор Живко Мукаетов на официјалното пуштање во употреба на новиот оддел, кое се одржа во присуство на високи претставници на менаџментот на компанијата, како и на претставници на медиумите од земјата и од регионот.
Ова е еден од најкрупните инвестициски проекти на „Алкалоид“ АД во изминатите две децении. Компанијата во 2005 година имаше пласмани од 53,1 милиони евра, а во 2023 година прикажа консолидирани пласмани од 268,3 милиони евра. Следствено на овој петкратен континуиран раст, во текот на изминатите 15 години беа реализирани инвестиции во вредност од над 220 милиони евра. Фармацевтските производи на „Алкалоид“ се присутни на пазарите во повеќе од 40 земји во светот. Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prva-megunarodna-konferentsija-za-tsefiksim-vo-istanbul-poddrzhana-od-alkaloid/ Sun, 17 Mar 2024 11:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=755637

Како континуиран и доследен поддржувач на стручни и научни настани кои имаат висок импакт врз целокупниот развој на фармацијата и медицината во земјава и надвор од границите, „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција.

Меѓу учесниците на овој значаен настан се вбројуваат и претставниците на „Алкалоид“ и на ентитетите на компанијата надвор од Македонија, како и голем број здравствени експерти од 12 различни земји.

Оваа конференција, прва од ваков тип, во својот фокус ја има визијата за подобрување на секојдневните практики во делот на рационалната употреба на антибиотиците, а со тоа и за подобрување на квалитетот на услугите за пациентите низ светот.

Преку воведно обраќање и презентација, Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, ги претстави корпоративните перформанси на „Алкалоид“, особено осврнувајќи се на значењето на настаните од овој тип, кои ја развиваат и ја надградуваат научната мисла на глобално ниво.

„Освен што е најпрепишуван орален третогенерациски цефалоспорин, Цефиксимот на ’Алкалоид’ е втор по ранг по произведен волумен во Европа. Цефиксимот е најзастапениот и водечки производ на ’Алкалоид’ во сегментот фармација, присутен во клиничката пракса од 1995 година и присутен на пазарите во над 20 земји во светот“, истакна Мукаетов, потенцирајќи дека компанијата наскоро планира проширување на производствените капацитети за овој свој стратешки важен производ.

Повеќе од 200 учесници и еминентни претставници од областа на фармацијата и медицината се дел од богатата научна програма на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, поддржана од „Алкалоид“.

Тематскиот дел од Конференцијата го отвори д-р Снежана Петровска, раководител на одделот Глобални медицински работи и безбедност на лекови при „Алкалоид“, преку презентација за успешната приказна на алкалоидовиот Цефиксим низ годините. На панел-сесијата посветена на искуствата за овој дел во македонски рамки, чиј модератор беше проф. д-р Дејан Докиќ, говореа д-р Александар Сајковски и проф. д-р Сотир Ставридис.

Стручњаците во делот на фармацијата и медицината на глобално ниво присутни на настанот се децидни дека успешната професионална и научноистражувачка соработка со компанијата, која во повеќето случаи трае со децении, се должи, пред сѐ, на квалитетот на производите, но и на начинот на кој компанијата го цени и го вреднува човечкиот фактор, вклучувајќи ги сите засегнати страни во рамките на системот на дејствување.

Како компанија посветена на создавањето можности за поттикнување континуирана едукација и споделување искуства во рамките на стручната заедница, веруваме дека Првата меѓународна конференција за Цефиксим, поддржана од „Алкалоид“, ќе даде уште поголем придонес во рационалната употреба на антибиотиците, како и во намалувањето на растечкиот тренд на антимикробна резистенција на глобално ниво.

Комерцијален текст

The post Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“ appeared first on Република.

]]>

Како континуиран и доследен поддржувач на стручни и научни настани кои имаат висок импакт врз целокупниот развој на фармацијата и медицината во земјава и надвор од границите, „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција. Меѓу учесниците на овој значаен настан се вбројуваат и претставниците на „Алкалоид“ и на ентитетите на компанијата надвор од Македонија, како и голем број здравствени експерти од 12 различни земји. Оваа конференција, прва од ваков тип, во својот фокус ја има визијата за подобрување на секојдневните практики во делот на рационалната употреба на антибиотиците, а со тоа и за подобрување на квалитетот на услугите за пациентите низ светот. Преку воведно обраќање и презентација, Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, ги претстави корпоративните перформанси на „Алкалоид“, особено осврнувајќи се на значењето на настаните од овој тип, кои ја развиваат и ја надградуваат научната мисла на глобално ниво. „Освен што е најпрепишуван орален третогенерациски цефалоспорин, Цефиксимот на ’Алкалоид’ е втор по ранг по произведен волумен во Европа. Цефиксимот е најзастапениот и водечки производ на ’Алкалоид’ во сегментот фармација, присутен во клиничката пракса од 1995 година и присутен на пазарите во над 20 земји во светот“, истакна Мукаетов, потенцирајќи дека компанијата наскоро планира проширување на производствените капацитети за овој свој стратешки важен производ. Повеќе од 200 учесници и еминентни претставници од областа на фармацијата и медицината се дел од богатата научна програма на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, поддржана од „Алкалоид“. Тематскиот дел од Конференцијата го отвори д-р Снежана Петровска, раководител на одделот Глобални медицински работи и безбедност на лекови при „Алкалоид“, преку презентација за успешната приказна на алкалоидовиот Цефиксим низ годините. На панел-сесијата посветена на искуствата за овој дел во македонски рамки, чиј модератор беше проф. д-р Дејан Докиќ, говореа д-р Александар Сајковски и проф. д-р Сотир Ставридис. Стручњаците во делот на фармацијата и медицината на глобално ниво присутни на настанот се децидни дека успешната професионална и научноистражувачка соработка со компанијата, која во повеќето случаи трае со децении, се должи, пред сѐ, на квалитетот на производите, но и на начинот на кој компанијата го цени и го вреднува човечкиот фактор, вклучувајќи ги сите засегнати страни во рамките на системот на дејствување. Како компанија посветена на создавањето можности за поттикнување континуирана едукација и споделување искуства во рамките на стручната заедница, веруваме дека Првата меѓународна конференција за Цефиксим, поддржана од „Алкалоид“, ќе даде уште поголем придонес во рационалната употреба на антибиотиците, како и во намалувањето на растечкиот тренд на антимикробна резистенција на глобално ниво. Комерцијален текст

The post Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“ appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ со рекорден извоз од 183,9 милиони евра, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2023 г. https://republika.mk/vesti/ekonomija/alkaloid-so-rekorden-izvoz-od-183-9-milioni-evra-investitsii-od-28-3-milioni-evra-i-so-232-novi-vrabotuvana-vo-zemjava-vo-periodot-januari-dekemvri-2023-g/ Wed, 28 Feb 2024 14:49:46 +0000 https://republika.mk/?p=749374

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2023 година продажбите достигнуваат 12.261.902.275 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 16.512.977.886 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 13 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 17 %. Од вкупните консолидирани продажби 31 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 69 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 29 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 17 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај поголемите извозни пазари, во споредба минатата година, бележат продажбите остварени во Канада, кои се зголемени за 62-пати; потоа во Италија, каде што се зголемени за 35-пати; во Јужна Африка за 5-пати; во Чиле повеќе од 4-пати, како и во Чешка и во Велика Британија, каде што се зголемени за повеќе од двапати. Потоа следуваат оние во Монголија (раст од 87 %), во Ерменија (раст од 69 %), Романија (раст од 66 %), Албанија (раст од 33 %), Украина (раст 26 %), во Бугарија (раст од 15 %), Хрватска (раст од 13 %), Босна и Херцеговина (раст од 11 %), во Србија (раст од 9 %) итн.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 90 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 27 %, препаратите ОТЦ со 19 %, невролошките препарати со 12 %, кардиолошките препарати со 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 7 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај профитните центри фармација и козметика во споредба со остварените во истиот период од 2022 година. Сегментот фармација бележи раст од 18 %, а козметика раст од 10 %.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2023 година изнесуваат 1.741.561.257 денари и во споредба со остварените во истиот период од 2022 година бележат раст од 18 %. Ваквото зголемување на инвестициите се должи на најголемиот инвестициски проект на АЛКАЛОИД во последните 20 години – новото производствено одделение за производство на цврсти форми 2 – со кој се зголемуваат капацитетите за производство на цврсти форми за повеќе од двапати.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 2.572.485.548 денари, бележи зголемување од околу 8 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.520.546.813 денари и е зголемена исто така за 8 %.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 2.750.020.561 денари и бележи раст од 8 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 1.576.864.006 денари е зголемена исто така за 8 %.

При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – декември 2023 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 232 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина на нето-износот од 36.500 денари. Во декември 2023 Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни празници, одобри исплата на новогодишен надоместок за вработените во нето-износ од 34.000 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.843 вработени, од кои 2.155 се во земјава, а 688 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – декември 2023 година се движеше од 17.199,00 до 18.500,00 денари или просечно 17.781,93 денари за една акција. На 31.12.2023 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.487 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше речиси 26 милијарди денари.

На 3 април 2023 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2022 година, во износ од 701.363 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2023 година започна исплатата на дивидендата во износ од 490 денари бруто, односно 441 денар нето за една акција. Исплатената дивиденда по акција за 2022 година е поголема за 11,36% во однос на исплатената дивиденда по акција за 2021 година.

Бизнис-план за 2024 година

Бизнис-планот за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2023 година.

Бизнис-планот за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Трендот на работење во отежнати економски услови кои беа актуелни во изминатите неколку години сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки кои сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација а можеби и благо опаѓање. Секако безбедносните глобални кризи го отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста што секогаш може да повлијае и на цените на енергенсите, да создаде потешкотии кај ланците на испораки но и да повлијае на достапноста на одредени материјали.

Очекуваме во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во новите производни капацитети и опреми и вложувањата во развојно-истражувачките проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и усовршување на нивото на знаења и вештини на нашите вработени и градење на таленти.

Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ со рекорден извоз од 183,9 милиони евра, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2023 г. appeared first on Република.

]]>

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2023 година продажбите достигнуваат 12.261.902.275 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 16.512.977.886 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 13 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 17 %. Од вкупните консолидирани продажби 31 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 69 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 29 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 17 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај поголемите извозни пазари, во споредба минатата година, бележат продажбите остварени во Канада, кои се зголемени за 62-пати; потоа во Италија, каде што се зголемени за 35-пати; во Јужна Африка за 5-пати; во Чиле повеќе од 4-пати, како и во Чешка и во Велика Британија, каде што се зголемени за повеќе од двапати. Потоа следуваат оние во Монголија (раст од 87 %), во Ерменија (раст од 69 %), Романија (раст од 66 %), Албанија (раст од 33 %), Украина (раст 26 %), во Бугарија (раст од 15 %), Хрватска (раст од 13 %), Босна и Херцеговина (раст од 11 %), во Србија (раст од 9 %) итн. Продажби според групи производи Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 90 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 27 %, препаратите ОТЦ со 19 %, невролошките препарати со 12 %, кардиолошките препарати со 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 7 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај профитните центри фармација и козметика во споредба со остварените во истиот период од 2022 година. Сегментот фармација бележи раст од 18 %, а козметика раст од 10 %. Инвестиции Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2023 година изнесуваат 1.741.561.257 денари и во споредба со остварените во истиот период од 2022 година бележат раст од 18 %. Ваквото зголемување на инвестициите се должи на најголемиот инвестициски проект на АЛКАЛОИД во последните 20 години – новото производствено одделение за производство на цврсти форми 2 – со кој се зголемуваат капацитетите за производство на цврсти форми за повеќе од двапати. Резултати од работењето Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 2.572.485.548 денари, бележи зголемување од околу 8 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.520.546.813 денари и е зголемена исто така за 8 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 2.750.020.561 денари и бележи раст од 8 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 1.576.864.006 денари е зголемена исто така за 8 %. При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи. Вработени Во периодот јануари – декември 2023 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 232 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина на нето-износот од 36.500 денари. Во декември 2023 Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни празници, одобри исплата на новогодишен надоместок за вработените во нето-износ од 34.000 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.843 вработени, од кои 2.155 се во земјава, а 688 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство. Податоци за акциите Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – декември 2023 година се движеше од 17.199,00 до 18.500,00 денари или просечно 17.781,93 денари за една акција. На 31.12.2023 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.487 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше речиси 26 милијарди денари. На 3 април 2023 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2022 година, во износ од 701.363 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2023 година започна исплатата на дивидендата во износ од 490 денари бруто, односно 441 денар нето за една акција. Исплатената дивиденда по акција за 2022 година е поголема за 11,36% во однос на исплатената дивиденда по акција за 2021 година. Бизнис-план за 2024 година Бизнис-планот за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2023 година. Бизнис-планот за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот. Очекувања за претстојниот период Трендот на работење во отежнати економски услови кои беа актуелни во изминатите неколку години сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки кои сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација а можеби и благо опаѓање. Секако безбедносните глобални кризи го отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста што секогаш може да повлијае и на цените на енергенсите, да создаде потешкотии кај ланците на испораки но и да повлијае на достапноста на одредени материјали. Очекуваме во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во новите производни капацитети и опреми и вложувањата во развојно-истражувачките проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и усовршување на нивото на знаења и вештини на нашите вработени и градење на таленти. Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ со рекорден извоз од 183,9 милиони евра, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2023 г. appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот https://republika.mk/zivot/zdravje/alkaloid-ad-skopje-so-istorisko-dostignuvane-vo-tretmanot-na-refluksen-ezofagitis-i-gerb-patentiran-prviot-omeprazol-vo-techna-forma-vo-svetot/ Mon, 19 Feb 2024 10:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=745643

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациенти со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).

Овие заболувањa се едни од најчестите во гастроентерохепатологијата, а се манифестираат со враќање на желудочната киселина во хранопроводот, што предизвикува нелагодност и можни долгорочни компликации. Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата,  од „Алкалоид“, е развиена течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба.

Иновативноста на овој нов производ на „Алкалоид“ се базира на два посебни раствори содржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен Омперазол за употреба.  Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои. За да се задоволат специфичните барања во процесот на производство на овој лек, компанијата инвестираше во наменски изработена машина соодветна за овој иновативен производ, осигурувајќи ефикасен и одржлив синџир на негова испорака низ светот.

За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за пазарите на Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и негово последователно лансирање.

Овој производ ја потенцира посветеноста на „Алкалоид“ на врвни достигнувања во сферата на фармацијата и претставува новина во генеричкото производство на лекови преку иновативност, пазарна диференцијација и преку третман на специфични групи пациенти. Во моментов во развојните лаборатории на компанијата се работи на уште неколку иновативни формулации.

Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот appeared first on Република.

]]>

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациенти со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти). Овие заболувањa се едни од најчестите во гастроентерохепатологијата, а се манифестираат со враќање на желудочната киселина во хранопроводот, што предизвикува нелагодност и можни долгорочни компликации. Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата,  од „Алкалоид“, е развиена течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба. Иновативноста на овој нов производ на „Алкалоид“ се базира на два посебни раствори содржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен Омперазол за употреба.  Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои. За да се задоволат специфичните барања во процесот на производство на овој лек, компанијата инвестираше во наменски изработена машина соодветна за овој иновативен производ, осигурувајќи ефикасен и одржлив синџир на негова испорака низ светот. За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за пазарите на Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и негово последователно лансирање. Овој производ ја потенцира посветеноста на „Алкалоид“ на врвни достигнувања во сферата на фармацијата и претставува новина во генеричкото производство на лекови преку иновативност, пазарна диференцијација и преку третман на специфични групи пациенти. Во моментов во развојните лаборатории на компанијата се работи на уште неколку иновативни формулации. Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот appeared first on Република.

]]>
Алкалоид го победи Тиквеш во драматичен натпревар https://republika.mk/sport/rakomet/alkaloid-go-pobedi-tikvesh-vo-dramatichen-natprevar/ Sun, 18 Feb 2024 20:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=745479

Ракометарите на Алкалоид остварија втора победа во плеј-офот од Суперлигата, откако во драматичен натпревар го совладаа тимот на Тиквеш со 26:25 (14:12).

Алкалоид и Тиквеш одиграа одличен натпревар, како што доликува на едно дерби, се играше гол за гол, но на крајот пресуди искуството и победник од оваа пресметка излезе македонскиот вицепрвак.

Најпрецизен во таборот на Алкалоид беше Серафимов со осум гола, а еден помалку имаше Митев. Кај Тиквеш се истакнаа Обина, Манасков и Симиќ со по шест гола.

Со овој триумф ракометарите на Кирил Лазаров останаа непоразени и лидери на табелата.

На втората денешна средба, но во плеј-аутот, вториот тим на Пелистер беше подобар од Куманово со 25-19.

Фото: МИА

The post Алкалоид го победи Тиквеш во драматичен натпревар appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Алкалоид остварија втора победа во плеј-офот од Суперлигата, откако во драматичен натпревар го совладаа тимот на Тиквеш со 26:25 (14:12). Алкалоид и Тиквеш одиграа одличен натпревар, како што доликува на едно дерби, се играше гол за гол, но на крајот пресуди искуството и победник од оваа пресметка излезе македонскиот вицепрвак. Најпрецизен во таборот на Алкалоид беше Серафимов со осум гола, а еден помалку имаше Митев. Кај Тиквеш се истакнаа Обина, Манасков и Симиќ со по шест гола. Со овој триумф ракометарите на Кирил Лазаров останаа непоразени и лидери на табелата. На втората денешна средба, но во плеј-аутот, вториот тим на Пелистер беше подобар од Куманово со 25-19. Фото: МИА

The post Алкалоид го победи Тиквеш во драматичен натпревар appeared first on Република.

]]>
Македонски чај од Алкалоид во холивудските студија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonski-chaj-od-alkaloid-vo-holivudskite-studija/ Wed, 31 Jan 2024 10:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=738930

Холивудската дива и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс ужива во шолја чај Good Nature!

Во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај Good Nature.

Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак. Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот!

https://republika.mk/docs/GoodNature-TheRealHousewivesofBeverlyHills.mp4

 

„Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година. Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата. Во 2020 година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“.

Комерцијален текст

The post Македонски чај од Алкалоид во холивудските студија appeared first on Република.

]]>

Холивудската дива и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс ужива во шолја чај Good Nature! Во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај Good Nature. Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак. Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот! https://republika.mk/docs/GoodNature-TheRealHousewivesofBeverlyHills.mp4   „Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година. Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата. Во 2020 година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“. Комерцијален текст

The post Македонски чај од Алкалоид во холивудските студија appeared first on Република.

]]>
Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра https://republika.mk/vesti/skopje/pushten-vo-upotreba-nov-investitsiski-proekt-na-alkaloid-vreden-3-8-milioni-evra/ Thu, 11 Jan 2024 10:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=731873

Од 2017 до 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје има пуштено во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и има инвестирано 18,6 милиони евра на локалитетот во Автокоманда

Следењето на светските трендови во фармацијата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ е синоним за квалитет и за сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата. Во согласност со тековниот план за капитални вложувања (CAPEX 2017-2037), „Алкалоид“ од 2017 година наваму има пуштено во употреба неколку нови фармацевтски капацитети, кои вклучуваат: погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми (масти, кремови и гелови), погон за пакување лекови, вагална за мерење суровини и магацински простор за складирање суровини.

Во присуство на претставници на менаџментот на компанијата, предаден е во употреба уште еден успешно реализиран инвестициски потфат во рамките на профитниот центар Фармација. Станува збор за нов објект кој обезбедува централизирано решение за подготовка и за движење на вработените низ производствените погони во Производство – Фармација, со повеќе од 900 гардеробни места наменети за вработените. Комплексноста на оваа инвестициска фаза произлегува од потребата за функционална поврзаност со сите производствени целини на локалитетот – производство и пакување цврсти, полуцврсти и течни фармацевтски форми – кај кои се практикува различен пристап во процесите, при што вработените добиваат уште подобри услови за безбедна работа. Вкупната површина на новиот објект изнесува 4.100 m2, за чија изградба и опремување се вложени 3,8 милиони евра. Покрај сервисните простории, овој нов објект ќе вклучува и изложбени поставки од 88-годишниот историјат на компанијата.

Со ова „Алкалоид“ ја заокружи првата четвртина од 20-годишниот инвестициски план, со предадени во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и со вложени 18,6 милиони евра.

Наскоро „Алкалоид“ планира заокружување на уште еден нов крупен инвестициски потфат – Таблетно одделение 2.0 – чија цел ќе биде диверзификација и значително зголемување на производствените волумени за цврсти фармацевтски форми.

Комерцијален текст

The post Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Од 2017 до 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје има пуштено во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и има инвестирано 18,6 милиони евра на локалитетот во Автокоманда Следењето на светските трендови во фармацијата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ е синоним за квалитет и за сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата. Во согласност со тековниот план за капитални вложувања (CAPEX 2017-2037), „Алкалоид“ од 2017 година наваму има пуштено во употреба неколку нови фармацевтски капацитети, кои вклучуваат: погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми (масти, кремови и гелови), погон за пакување лекови, вагална за мерење суровини и магацински простор за складирање суровини. Во присуство на претставници на менаџментот на компанијата, предаден е во употреба уште еден успешно реализиран инвестициски потфат во рамките на профитниот центар Фармација. Станува збор за нов објект кој обезбедува централизирано решение за подготовка и за движење на вработените низ производствените погони во Производство – Фармација, со повеќе од 900 гардеробни места наменети за вработените. Комплексноста на оваа инвестициска фаза произлегува од потребата за функционална поврзаност со сите производствени целини на локалитетот – производство и пакување цврсти, полуцврсти и течни фармацевтски форми – кај кои се практикува различен пристап во процесите, при што вработените добиваат уште подобри услови за безбедна работа. Вкупната површина на новиот објект изнесува 4.100 m2, за чија изградба и опремување се вложени 3,8 милиони евра. Покрај сервисните простории, овој нов објект ќе вклучува и изложбени поставки од 88-годишниот историјат на компанијата. Со ова „Алкалоид“ ја заокружи првата четвртина од 20-годишниот инвестициски план, со предадени во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и со вложени 18,6 милиони евра. Наскоро „Алкалоид“ планира заокружување на уште еден нов крупен инвестициски потфат – Таблетно одделение 2.0 – чија цел ќе биде диверзификација и значително зголемување на производствените волумени за цврсти фармацевтски форми. Комерцијален текст

The post Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024 https://republika.mk/vesti/skopje/fondatsijata-trajche-mukaetov-dodeli-40-novi-stipendii-za-uchebnata-2023-2024/ Mon, 11 Dec 2023 12:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=721748

Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Теодора Мазнева од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,81) и Леонид Рене Томас Караџинов од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, како за компаниите така и за поединците, а особено за младите, чест е да се биде дел од една континуирана позитивна приказна на едукација, посветеност на науката и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Особено ни е драго што компанијата во изминатите 16 години е дел од успешната академска приказна на 659 стипендирани студенти на државниот универзитет во Скопје, кои се додадена вредност на македонското здравство и фармација. Едукацијата во овие две сфери е од исклучителна важност, а процесите во нашата компанија бараат стручно профилирани кадри и особено ми е драго што досега 101 oд стипендираните студенти одлучиле својот професионален пат да го започнат во некој од нашите оддели, во кои своето знаење и капацитетите можат да ги демонстрираат со целосен потенцијал. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручни кадри и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес ‘Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Во шеснаесетте години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.

Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се засметува линеарно на постојните и новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.

Комерцијален текст

The post Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>

Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите. За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Теодора Мазнева од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,81) и Леонид Рене Томас Караџинов од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. „Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, како за компаниите така и за поединците, а особено за младите, чест е да се биде дел од една континуирана позитивна приказна на едукација, посветеност на науката и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Особено ни е драго што компанијата во изминатите 16 години е дел од успешната академска приказна на 659 стипендирани студенти на државниот универзитет во Скопје, кои се додадена вредност на македонското здравство и фармација. Едукацијата во овие две сфери е од исклучителна важност, а процесите во нашата компанија бараат стручно профилирани кадри и особено ми е драго што досега 101 oд стипендираните студенти одлучиле својот професионален пат да го започнат во некој од нашите оддели, во кои своето знаење и капацитетите можат да ги демонстрираат со целосен потенцијал. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручни кадри и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес ‘Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје. Во шеснаесетте години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација. Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се засметува линеарно на постојните и новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите. Комерцијален текст

The post Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>
Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/edna-godina-strateshko-partnerstvo-na-alkaloid-i-sos-detsko-selo/ Sun, 03 Dec 2023 13:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=718945

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.

Во годината кога брендот „Бекутан“ го слави својот 45-годишен јубилеј започна стратешката соработка со СОС Детско село – организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Во декември 2022 година една од куќите на СОС Детско село, на локалитетот во населба Ченто, беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата стана клучен помагател и главен поддржувач, притоа градејќи искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на јубилејниот проект, компанијата издвои преку 2 милиони денари наменети за секојдневно непречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани со работењето на организацијата и на негувателите.

„Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот бренд ’Бекутан’ – започнавме со таканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водиме грижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето она што е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината се издвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОС Детско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје.

Јулијана Накова-Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакнувајќи ја својата благодарност за оваа соработка и потенцирајќи ја важноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави: „’Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќе една година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителска грижа преку најголемиот македонски бренд ’Бекутан’ и преку кумството на една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката на ’Алкалоид’ оди подалеку од финансиската помош – овозможува стабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста на нашата кауза.“

Како дел од партнерството, освен финансиското олеснување на тековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуирана едукативна поддршка за децата и се придонесе да се олесни пристапот до професионално советување и до третмани за совладување на развојните предизвици на децата во семејството.

Во рамките на СОС детското село беше прославен и првиот јубилеј на оваа хумана соработка преку изложба на цртежи, кои специјално за пригодата ги нацртаа дечињата од СОС Детско село, на тема „Љубов е...“, при што секој цртеж ќе биде награден од „Бекутан“, затоа што секое од децата е победник во мисијата наречена љубов! Сите прекрасни цртежи на дечињата ќе бидат претставени во дел од идните кампањи на компанијата „Алкалоид“ поврзани со детската колекција „Бекутан“.

СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и од разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/.

Комерцијален текст

The post Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации. Во годината кога брендот „Бекутан“ го слави својот 45-годишен јубилеј започна стратешката соработка со СОС Детско село – организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Во декември 2022 година една од куќите на СОС Детско село, на локалитетот во населба Ченто, беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата стана клучен помагател и главен поддржувач, притоа градејќи искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на јубилејниот проект, компанијата издвои преку 2 милиони денари наменети за секојдневно непречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани со работењето на организацијата и на негувателите. „Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот бренд ’Бекутан’ – започнавме со таканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водиме грижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето она што е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината се издвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОС Детско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје. Јулијана Накова-Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакнувајќи ја својата благодарност за оваа соработка и потенцирајќи ја важноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави: „’Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќе една година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителска грижа преку најголемиот македонски бренд ’Бекутан’ и преку кумството на една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката на ’Алкалоид’ оди подалеку од финансиската помош – овозможува стабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста на нашата кауза.“ Како дел од партнерството, освен финансиското олеснување на тековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуирана едукативна поддршка за децата и се придонесе да се олесни пристапот до професионално советување и до третмани за совладување на развојните предизвици на децата во семејството. Во рамките на СОС детското село беше прославен и првиот јубилеј на оваа хумана соработка преку изложба на цртежи, кои специјално за пригодата ги нацртаа дечињата од СОС Детско село, на тема „Љубов е...“, при што секој цртеж ќе биде награден од „Бекутан“, затоа што секое од децата е победник во мисијата наречена љубов! Сите прекрасни цртежи на дечињата ќе бидат претставени во дел од идните кампањи на компанијата „Алкалоид“ поврзани со детската колекција „Бекутан“. СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и од разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/. Комерцијален текст

The post Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село appeared first on Република.

]]>