Алис Манро Archives - Република https://republika.mk/tema/alis-manro/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 14:40:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алис Манро Archives - Република https://republika.mk/tema/alis-manro/ 32 32 Почина Алис Манро, првата канадска авторка која ја доби Нобеловата награда за книжевност во 2013 година https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-alis-manro-prvata-kanadska-avtorka-koja-ja-dobi-nobelovata-nagrada-za-knizhevnost-vo-2013-godina/ Fri, 17 May 2024 15:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=779239

Родена во 1931 година во Вингам (Онтарио), Манро е прославена ширум светот токму поради нејзините кратки приказни за животот на жените во руралните области, особено во Канада. Своите раскази ги објавувала во списанија од 1953 година, кои подоцна се собрани во нејзината прва збирка насловена „Танц на среќните сенки”(Dance of the Happy Shades), објавена во 1968 година. Набргу потоа, нејзините книги почнуваат да се објавуваат низ цела Америка.

Манро пишуваше за навидум „обични работи”, за комплексноста на човечкото битие, а на виделина изнесе нијансирани и чувствителни приказни за животите на девојките и жените, за триумфите и трагедиите што се случуваат во нивното секојдневие. Таа често ја поврзуваше емотивната реалност со сопствената биографија, воведувајќи ги читателите во моќните вињети од животите на жените во комплексна форма на краток расказ, кога секој збор, точка и запирка се важни, а времето за читање е драгоцено.

Алис Манро беше првата канадска авторка која ја доби Нобеловата награда за книжевност во 2013 година. Беше прогласена за „мајсторка на современиот расказ”, поради својот начин на пишување со кој го доловуваше „чувството дека сите ние сме само човечки суштества”. Доделувањето на Нобеловата награда се случува една година откако е објавена нејзината последна збирка раскази „Драг живот”(Dear Life). Мaнро ја доби Букеровата награда во 2009 година и двапати наградата „Гилер”, најпрестижната книжевна награда во Канада.

The post Почина Алис Манро, првата канадска авторка која ја доби Нобеловата награда за книжевност во 2013 година appeared first on Република.

]]>

Родена во 1931 година во Вингам (Онтарио), Манро е прославена ширум светот токму поради нејзините кратки приказни за животот на жените во руралните области, особено во Канада. Своите раскази ги објавувала во списанија од 1953 година, кои подоцна се собрани во нејзината прва збирка насловена „Танц на среќните сенки”(Dance of the Happy Shades), објавена во 1968 година. Набргу потоа, нејзините книги почнуваат да се објавуваат низ цела Америка. Манро пишуваше за навидум „обични работи”, за комплексноста на човечкото битие, а на виделина изнесе нијансирани и чувствителни приказни за животите на девојките и жените, за триумфите и трагедиите што се случуваат во нивното секојдневие. Таа често ја поврзуваше емотивната реалност со сопствената биографија, воведувајќи ги читателите во моќните вињети од животите на жените во комплексна форма на краток расказ, кога секој збор, точка и запирка се важни, а времето за читање е драгоцено. Алис Манро беше првата канадска авторка која ја доби Нобеловата награда за книжевност во 2013 година. Беше прогласена за „мајсторка на современиот расказ”, поради својот начин на пишување со кој го доловуваше „чувството дека сите ние сме само човечки суштества”. Доделувањето на Нобеловата награда се случува една година откако е објавена нејзината последна збирка раскази „Драг живот”(Dear Life). Мaнро ја доби Букеровата награда во 2009 година и двапати наградата „Гилер”, најпрестижната книжевна награда во Канада.

The post Почина Алис Манро, првата канадска авторка која ја доби Нобеловата награда за книжевност во 2013 година appeared first on Република.

]]>
Почина Алис Манро, добитничка на Нобеловата награда за литература, мајсторка за раскази https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-alis-manro-dobitnichka-na-nobelovata-nagrada-za-literatura-majstorka-za-raskazi/ Wed, 15 May 2024 07:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=778163

Канадската писателка Алис Мунро, добитничка на Нобеловата награда за литература, почина во понеделникот на 92-годишна возраст, објави во вторникот весникот Globe and Mail, повикувајќи се на членови на семејството. Весникот објави дека Манро боледувала од деменција најмалку една деценија.

Таа ја доби Нобеловата награда за литература во 2013 година, како прва канадска писателка. Извонредно изработените приказни за љубовите, амбициите и маките на жените од малиот град во нејзината родна земја ја направија Алис Манро глобално призната мајсторка на расказот.

Објавила повеќе од десет збирки раскази. Нејзините приказни го истражуваат сексот, копнежот, незадоволството, стареењето, моралните конфликти и други теми од руралната средина во Онтарио каде што живеела и била интимно позната.

Таа беше вешта во целосно развивање на сложени ликови во ограничените структури на краткиот расказ. Често ја споредуваат со Антон Чехов, рускиот мајстор за кратки раскази од XIX век, што беше истакнато од Шведската академија со доделувањето на Нобеловата награда.

Манро ја доби исто така и престижнета британска Букеровата награда во 2009 година и двапати Гилер наградата, најпрестижната книжевна награда во Канада.

 

The post Почина Алис Манро, добитничка на Нобеловата награда за литература, мајсторка за раскази appeared first on Република.

]]>

Канадската писателка Алис Мунро, добитничка на Нобеловата награда за литература, почина во понеделникот на 92-годишна возраст, објави во вторникот весникот Globe and Mail, повикувајќи се на членови на семејството. Весникот објави дека Манро боледувала од деменција најмалку една деценија. Таа ја доби Нобеловата награда за литература во 2013 година, како прва канадска писателка. Извонредно изработените приказни за љубовите, амбициите и маките на жените од малиот град во нејзината родна земја ја направија Алис Манро глобално призната мајсторка на расказот. Објавила повеќе од десет збирки раскази. Нејзините приказни го истражуваат сексот, копнежот, незадоволството, стареењето, моралните конфликти и други теми од руралната средина во Онтарио каде што живеела и била интимно позната. Таа беше вешта во целосно развивање на сложени ликови во ограничените структури на краткиот расказ. Често ја споредуваат со Антон Чехов, рускиот мајстор за кратки раскази од XIX век, што беше истакнато од Шведската академија со доделувањето на Нобеловата награда. Манро ја доби исто така и престижнета британска Букеровата награда во 2009 година и двапати Гилер наградата, најпрестижната книжевна награда во Канада.  

The post Почина Алис Манро, добитничка на Нобеловата награда за литература, мајсторка за раскази appeared first on Република.

]]>