Алијансата на Албанците Archives - Република https://republika.mk/tema/alijansata-na-albancite/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 15:20:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алијансата на Албанците Archives - Република https://republika.mk/tema/alijansata-na-albancite/ 32 32 Алијансата на Албанците останува во европскиот опозициски фронт https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansata-na-albantsite-ostanuva-vo-evropskiot-opozitsiski-front/ Sat, 06 Jul 2024 15:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=794073

Алијанса на Албанците предводен од Села останува во европскиот опозициски фронт. Партијата ги екипираше работните тела – денеска се одржа годишното собрание. За генерален секретар на партијата е избрана Илире Даути, а за организациски пак Тирон Јајага, пренесува ТВ 24.

Доскорешните партиски сојузници сега опоненти порачува – влегле во власта поради лични причини. Сè уште нема епилог од судскиот процес околу партијата и партиските печати -  кој започна пред изборите откако Алијанса на Албанците се подели.

Пред парламентарните избори партијата Алијанса на Албанците се подели на два дела едниот предводен од Зијадин Села и вториот од Арбен Таравари кој како дел од коалицијата Вреди станаа власт.

The post Алијансата на Албанците останува во европскиот опозициски фронт appeared first on Република.

]]>

Алијанса на Албанците предводен од Села останува во европскиот опозициски фронт. Партијата ги екипираше работните тела – денеска се одржа годишното собрание. За генерален секретар на партијата е избрана Илире Даути, а за организациски пак Тирон Јајага, пренесува ТВ 24. Доскорешните партиски сојузници сега опоненти порачува – влегле во власта поради лични причини. Сè уште нема епилог од судскиот процес околу партијата и партиските печати -  кој започна пред изборите откако Алијанса на Албанците се подели. Пред парламентарните избори партијата Алијанса на Албанците се подели на два дела едниот предводен од Зијадин Села и вториот од Арбен Таравари кој како дел од коалицијата Вреди станаа власт.

The post Алијансата на Албанците останува во европскиот опозициски фронт appeared first on Република.

]]>
„Со СДСМ и ДУИ нема реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот“: Што говореше Таравари за новите коалициски партнери https://republika.mk/vesti/makedonija/so-sdsm-i-dui-nema-reformi-kako-so-kriminaltsi-da-se-borish-protiv-kriminalot-shto-govoreshe-taravari-za-novite-koalitsiski-partneri/ Fri, 10 Feb 2023 11:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=607315

Алијансата за Албанците стана старо-нов член на Владата. Од првиот влез во Владата во 2017 година сменети се премиерите на Владата но и првите луѓе на партијата. Друго е се исто.

Заедничко е тоа што новиот претседател на партијата Арбен Таравари замижа на сето она што му го правеа додека беше министер за здравство и кога СДСМ буквално го принуди да си замине од функцијата, иако беше еден од подобрите министтри.

По заминувањето од функцијата, Таравари од позиција на градоначалник на Гостивар но и како лидер на партијата ги ословуваше со секакви епитети сега веќе новите коалициски партнери.

Легендарна е онаа негова изјава дека со СДСМ и ДУИ нема реформи и како со криминалци да се бориш против криминалот.

Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот-говореше Таравари.

Таравари исто така говреше дека не е резервна гума на ДУИ и оти остануваат конструктивна опозиција. Спин на ДУИ било дека ќе влезат во власта.

Ние не сме резервна гума на ДУИ, тоа сигурно тврдам најодговорно, некој е во владата таму гума-изјави новиот коалциски партнер на партијата од Мала Речица.

Најконтрадикторна е изјавата на Таравари дека на следните избори ќе го победат ДУИ во цела држава и оти во тоа е убеден.

Го прашуваме новиот член на Владата на Ахмети: Зошто на изборите гласачите Албанци би гласале за Алијанса а не за ДУИ кога двете партии се сега во коалиција и кога Таравари поплука се што говореше за старо-новите партнери?

The post „Со СДСМ и ДУИ нема реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот“: Што говореше Таравари за новите коалициски партнери appeared first on Република.

]]>

Алијансата за Албанците стана старо-нов член на Владата. Од првиот влез во Владата во 2017 година сменети се премиерите на Владата но и првите луѓе на партијата. Друго е се исто. Заедничко е тоа што новиот претседател на партијата Арбен Таравари замижа на сето она што му го правеа додека беше министер за здравство и кога СДСМ буквално го принуди да си замине од функцијата, иако беше еден од подобрите министтри. По заминувањето од функцијата, Таравари од позиција на градоначалник на Гостивар но и како лидер на партијата ги ословуваше со секакви епитети сега веќе новите коалициски партнери. Легендарна е онаа негова изјава дека со СДСМ и ДУИ нема реформи и како со криминалци да се бориш против криминалот.  
Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот-говореше Таравари.
Таравари исто така говреше дека не е резервна гума на ДУИ и оти остануваат конструктивна опозиција. Спин на ДУИ било дека ќе влезат во власта.
Ние не сме резервна гума на ДУИ, тоа сигурно тврдам најодговорно, некој е во владата таму гума-изјави новиот коалциски партнер на партијата од Мала Речица.
  Најконтрадикторна е изјавата на Таравари дека на следните избори ќе го победат ДУИ во цела држава и оти во тоа е убеден. Го прашуваме новиот член на Владата на Ахмети: Зошто на изборите гласачите Албанци би гласале за Алијанса а не за ДУИ кога двете партии се сега во коалиција и кога Таравари поплука се што говореше за старо-новите партнери?    

The post „Со СДСМ и ДУИ нема реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот“: Што говореше Таравари за новите коалициски партнери appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Taравари ќе потрчаат уште некој круг пред да си подадат рака https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-ahmeti-ke-potrchaat-ushte-nekoj-krug-pred-da-si-podadat-raka/ Thu, 02 Feb 2023 08:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=603633

Дали во Алтернатива ќе се разговара за останување или напуштање на владината коалиција ќе се знае откако ќе завршат преговорите меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците кои имаат за цел проширување на владиното мнозинство со оваа партија. Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, завчера по седницата на Извршниот одбот на партијата изјави дека во најголем процент се усогласени со Алијанса за Албанците, но оти се уште не се разговарало за кадровски решенија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, најавите за влез на АА во владата ги спореди со естрада, нагласувајќи дека тоа нема да донесе ништо ново и добро за граѓаните.

-Откако ќе завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците ќе разговараме за останување или напуштање на владината коалиција. Ние сме за компромис и околу распределбата на ресорите, рече вчера лидерот на Алтернатива Африм Гаши на паузата од состанокот со членството во Гостивар.

Тој напомена дека партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата. Доколку Алијанса биде владин партнер и Алтернатива остане, според Гаши има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија.

Во врска со шпекулациите дека има условувања за останување или напуштање на Владата на прашање на МИА да даде оценка или партиски став, лидерот на Алтернатива вели дека како партија се исправени пред тој предизвик, но, како што рече, за жал или за среќа ќе почекаат да видат како Алијанса за Албанците ќе ги води преговорите со СДСМ за влез во Влада.

-Доколку се постигне договор помеѓу нив, ние ќе погледнеме дали е чепнат и дали тоа го засега нашиот договор за влез во Владата, истакна Гаши.

За премиерот Ковачевски, пак, осовните претпоставки на владиното мнозинство се на линија на тоа што Алијанса за Албанци го застапува, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграции, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ.

Премиерот напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ќе продолжат.

-На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, изјави завчера Ковачевски во врска со одржаната средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и можностите за приклучување на оваа партија во владејчката коалиција. Тој најави дека во текот на следните денови ќе има состаноци и со Алтернатива.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вчера, ја поистовети со естрада најавената можна нова владина коалиција со приклучување на Алијансата за Албанците и оценува дека таа нема капацитет за реформи. Тој сè уште е оптимист за предвремени парламентарни избори и верува дека поддржувачите на владиното мнозинство, кои се „незадоволни од состојбите“, нема да ги поддржат министрите што би ги предложил премиерот Димитар Ковачевски. Тоа, вели, ќе даде одговор дали ќе има предвремени избори или ќе се оди на редовни.

Преостанатите 10-11 месеци до редовните избори, според него, нема да подобрат ништо, а изборите се нужност за „народот да избере политичари што ќе овозможат напредок на државата“.

Тој посочи дека предвремените парламентарни избори „се нужност, за да може народот да си избере политичари кои ќе ја водат Владата, ќе направат структурни реформи и ќе ја придвижат државата напред“ и кои, како што нагласи, „ќе градат, а не да крадат, како што се однесува денешната владина коалиција на ДУИ со СДСМ, а која гледаме дека ќе се проширува“

The post Ковачевски и Taравари ќе потрчаат уште некој круг пред да си подадат рака appeared first on Република.