На Вевчанските извори денеска и утре ќе се одржи мултимедијален, локациски специфичен перформанс насловен „Алхемија на дивината“.
Премиерата на перформансот ќе биде вечер од 19 часот, а втората и третата изведба ќе бидат утре од 12 и 19 часот.
„Алхемија на дивината“ е мултимедијален и локациски специфичен перфоманс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори.
Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметници-изведувачи од различни уметнички области.
– Изведбата ја доловува суштината на животните трансформации, набљудувајќи го ритуалот на промена од најмалата клетка до најдалечните ѕвезди. Преку волшебните приказни, хипнотизирачкиот танц, евокативната музика и шепотењата на распеаните дрвја, ќе бидете обвиени во сетилно искуство како никогаш досега, стои во соопштението за настанот.
Уметници – ментори се Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ. Додека изведувачки уметници се Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Јасмина Василева, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг.
Изведбата е дел од проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар „Медиа Артес“, Охрид.
The post Мултимедијален перформанс „Алхемија на дивината“ на Вевчанските извори appeared first on Република.
]]>The post Мултимедијален перформанс „Алхемија на дивината“ на Вевчанските извори appeared first on Република.
]]>Впуштете се во волшебниот свет на „Алхемија на дивината“, со мултимедијалниот и локациски специфичен перформанс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори на 26 и 27 јуни.
Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметниците и изведувачите од различни уметнички области.
Премиерата е на 26 јуни во среда во 19:00 часот, а втората изведба на 27 ми во четврток во 12:00 часот. Истиот ден ќе има и трета изведба во 19:00 часот.
Бројот на посетители е ограничен.
Додека го истражувате Вевчани и Вевчанските извори, околу вас ќе се создаваат магични приказни од алтернативни реалности. Нурнете во овие наративи на еден час, за време на настапот во живо, или препуштете се на една подолга авантура која ветува трансформативно патување.„Алхемија на дивината“ ве предизвикува да размислувате за природата на времето, конечноста и постоењето, поттикнувајќи интроспекција за тоа како сме живееле и како живееме, како се менуваме и како комуницираме. Ова искуство ќе ве поведе на лично патување за откривање на она што е навистина важно во вашиот живот. Кои акции е потребно да ги откриеме, или реоткриеме, притоа избирајќи ги според приориетот на важноста.Изведбата ја доловува суштината на животните трансформации, набљудувајќи го ритуалот на промена од најмалата клетка до најдалечните ѕвезди. Преку волшебните приказни, хипнотизирачкиот танц, евокативната музика и шепотењата на распеаните дрвја, ќе бидете обвиени во сетилно искуство како никогаш досега.Посетете го Вевчани, место каде што природата и перформансот се спојуваат за да создадат магично, незаборавно искуство и дозволете „Алхемија на дивината“ да ве води на патување на себеоткривање и трансформација. Придружете ни се во славењето на магијата на Вевчанската природа и културно наследствона и убавината на уметничката соработка” порачуваат организаторите.
Користејќи ги уметноста на звукот и изведбата, перформансот создава ритуален простор кој ги предизвикува моменталните емоции и општеството додека ја истражува медитативната интроспекција. Исто така, се осврнува на конфликтот помеѓу ритуалот и капиталистичката потрошувачка логика поврзувајќи ги архетипските и вредностите на предците со современиот контекст.
Ова уникатно искуство поттикнува критичко размислување, само-рефлексија и развивање, обезбедувајќи простор за трансформација. Преку звук, гест и моќни изведби, уметниците имаат за цел да ја пренесат публиката во еден поинаков свет, кој истовремено е древен и модерен, возвишен и трансформативен.
Уметници – ментори: Јелена Вуксанович, Алесандро Ола, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина БилаловиќИзведувачки уметници: Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Јасмина Василева, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг.
Проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, се реализира со финансиска поддршка на Швајцарска Амбасада и Министерството за култура на Република Македонија и локалните партнери за имплементација: КСП Центар – ЈАДРО, КУД ,,Дримкол“ Вевчани, Општина Вевчани и Комунално препријатие „Еремија“, Вевчани.
The post „Алхемијата на дивината“ во Вевчани appeared first on Република.
]]>The post „Алхемијата на дивината“ во Вевчани appeared first on Република.
]]>„Алхемија на дивината“ е мултимедијален и локациски специфиен перфоманс што премиерно ќе биде изведен на 26 овој месец во Вевчани, во рамките на проектот „Сиот свет е сцена - имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници културен центар Медиа артес во Охрид.
Перформансот „Алхемија на дивината“, како што соопшти Медиа артес, ќе се изведува на различни локации на Вевчанските извори, а покрај премирата ќе има уште две изведби следниот ден.
- Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметници-изведувачи од различни уметнички области. Додека го истражувате Вевчани, околу вас ќе се создаваат магични приказни од алтернативни реалности. Нурнете во овие наративи на еден час, за време на настапот во живо, или препуштете се на една подолга авантура која ветува трансформативно патување, посочува организаторот.
„Алхемија на дивината“, како што е наведено во информацијата, ве предизвикува да размислувате за природата на времето, конечноста и постоењето, поттикнувајќи интроспекција за тоа како сме живееле и како живееме, како се менуваме и како комуницираме.
- Ова искуство ќе ве поведе на лично патување за откривање на она што е навистина важно во вашиот живот. Кои акции е потребно да ги откриеме, или реоткриеме, притоа избирајќи ги според приориетот на важноста. Изведбата ја доловува суштината на животните трансформации, набљудувајќи го ритуалот на промена од најмалата клетка до најдалечните ѕвезди. Преку волшебните приказни, хипнотизирачкиот танц, евокативната музика и шепотењата на распеаните дрвја, ќе бидете обвиени во сетилно искуство како никогаш досега, стои во најавата.
Изведувачи, како што е наведено во соопштението, ќе бидат Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг, а нивни ментори, Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ.
Во рамките на проектот „Сиот свет е сцена - имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” биле реализирани и две работилници со наслов „Ритуалот во современото општество“.
The post Мултимедијален перфоманс во Вевчани „Алхемија на дивината“ appeared first on Република.
]]>The post Мултимедијален перфоманс во Вевчани „Алхемија на дивината“ appeared first on Република.
]]>„Алхемија на дивината" е мултимедијален, локациски специфичен перформанс кој ќе се изведува на различни локации на Вевчанските извори, во Вевчани, на 26 и 27 јуни 2024.
Впуштете се во волшебниот свет на „Алхемија на дивината", мултимедијален и локациски специфичен перфоманс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметници-изведувачи од различни уметнички области. Оваа изведба е дел од проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА - имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици" на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, Охрид.
Во рамките на овој проект, во март и мај беа реализирани две серии работилници со наслов „Ритуалот во современото општество". Овие работилници наменети за професионални уметници од различни дисциплини (актери, танчери, вокални изведувачи и музичари, ликовни уметници) вклучуваа длабок истражувачи процес за т.н. обични, секојдневни ритуали и рутини, кои добиваат нова форма и значење и ритуални простори, односно истражување како просторот и сетилните искуства влијаат на ритуалот.
Како продолжение и заокружување на овој процес, последната серија работилници од овој циклус и изведбата на перформансот „Алхемија на дивината" ќе се оствари во живописното Вевчани.
Како уметници-ментори се појавуваат: Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ, а како изведувачки уметници: Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг.
Време на изведбите:
- 1ва изведба (премиера): 26.06.2024 (среда), 19:00
- 2ра изведба: 27.06.2024 (четврток), 12:00
- 3та изведба: 27.06.2024 (четврток), 19:00
Бројот на посетители е ограничен, но можете да го резервирате своето место на една од трите изведби со испраќање на меил на следнава адреса: [email protected] и ќе добиете потврда од организаторите.
The post „Алхемија на дивината“, мултимедијален и локациски специфичен перформанс во Вевчани appeared first on Република.
]]>The post „Алхемија на дивината“, мултимедијален и локациски специфичен перформанс во Вевчани appeared first on Република.
]]>