александра радовиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandra-radovik/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Apr 2024 08:57:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александра радовиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandra-radovik/ 32 32 Два часа сензибилитет и топли емоции: Александра Радовиќ се симна во публиката со која заедно запеа во Филхармонија https://republika.mk/scena/muzika/dva-chasa-senzibilitet-i-topli-emotsii-aleksandra-radovik-se-simna-vo-publikata-so-koja-zaedno-zapea-vo-filharmonija/ Sun, 07 Apr 2024 08:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=763333

Со симнување меѓу публиката, со која заеднички го испеа еден од своите најголеми хитови - баладата „Те чувам“ (Чувам те), српската поп ѕвезда Александра Радовиќ, во Филхармонија ја потврди аурата дека е една од најемотивните и најсезибилните пејачки на сцената.

Својата музика, Радовиќ им ја посвети на припадничките на женскиот пол, кои беа далеку побројни во филхармониската сала, а притоа им порача на мажите дека би било добро ако бираат силни и храбри жени.

Обраќајќи се до публиката, Радовиќ истакна дека иако претежно нејзините песни се тажни и во нив се пее за пропадната љубов, таа сепак, искрено верува во љубовта. Радовиќ појасни дека стиховите од нејзините песни го отсликуваат фактот дека животот е таков што некој може да ја најде својата сродна душа уште на 20 години, додека друг нема да ја најде никогаш.

Блискоста меѓу Радовиќ и публиката што практично во секој момент од двата часа колку што траеше концертот, се чувствуваше во салата, па добар дел од присутните станаа од своите места и со играње во ритамот на песните се придружија на топлата атмосфера.

Сето тоа придонесе Радовиќ да потврди дека освен што е еден од најдобрите поп вокали во регионот, има малку артисти што можат да и парираат во целокупното доживување и емоции што нејзините настапи ги пренесуваат кај публиката. Тоа не изостана ни во Скопје па таков беше и нејзиниот настап во Филхармонија, организиран од продукција „Прагма“.

 

The post Два часа сензибилитет и топли емоции: Александра Радовиќ се симна во публиката со која заедно запеа во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Со симнување меѓу публиката, со која заеднички го испеа еден од своите најголеми хитови - баладата „Те чувам“ (Чувам те), српската поп ѕвезда Александра Радовиќ, во Филхармонија ја потврди аурата дека е една од најемотивните и најсезибилните пејачки на сцената. Својата музика, Радовиќ им ја посвети на припадничките на женскиот пол, кои беа далеку побројни во филхармониската сала, а притоа им порача на мажите дека би било добро ако бираат силни и храбри жени. Обраќајќи се до публиката, Радовиќ истакна дека иако претежно нејзините песни се тажни и во нив се пее за пропадната љубов, таа сепак, искрено верува во љубовта. Радовиќ појасни дека стиховите од нејзините песни го отсликуваат фактот дека животот е таков што некој може да ја најде својата сродна душа уште на 20 години, додека друг нема да ја најде никогаш. Блискоста меѓу Радовиќ и публиката што практично во секој момент од двата часа колку што траеше концертот, се чувствуваше во салата, па добар дел од присутните станаа од своите места и со играње во ритамот на песните се придружија на топлата атмосфера. Сето тоа придонесе Радовиќ да потврди дека освен што е еден од најдобрите поп вокали во регионот, има малку артисти што можат да и парираат во целокупното доживување и емоции што нејзините настапи ги пренесуваат кај публиката. Тоа не изостана ни во Скопје па таков беше и нејзиниот настап во Филхармонија, организиран од продукција „Прагма“.  

The post Два часа сензибилитет и топли емоции: Александра Радовиќ се симна во публиката со која заедно запеа во Филхармонија appeared first on Република.

]]>