Александра Гедеон Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandra-gedeon/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 11:47:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александра Гедеон Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandra-gedeon/ 32 32 „Потрети и нивните луѓе“-изложба на минијатури на Александра Гедеон во Крива Паланка https://republika.mk/vesti/kultura/potreti-i-nivnite-luge-izlozhba-na-minijaturi-na-aleksandra-gedeon-vo-kriva-palanka/ Thu, 15 Aug 2024 11:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=806888

Во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, на 15 август, четврток, со почеток во 19,30 часот , ќе биде отворена изложбата „Потрети и нивните луѓе“ на уметничката Александра Гедеон.

Изложбата нуди нова перспектива на гледање портрети преку кои се разбира карактерот и се чувствува душата на портретираните лица. Акцентот е ставен на ситноста – минијатурата , играњето со линијата и контрастите , кои ги отсликуваат психолошките состојби на лицата.

Изложбата „Потрети и нивните луѓе“ е циклус кој обединува серија од 80 минијатури што авторката ги создала во изминатите три години. Овие дела ја покажуваат нејзината креативна зрелост, трпеливост посветеност за постигнување на максимална експресивност во минијатурен формат.

Александра Гедеон е родена во Панчево, а во 2010 година дипломирала на Факултетот за применета уметност, отсек ѕидно сликарство, во Белград. Досег има реализирано повеќе групни изложби и учествувано на меѓународни ликовни колонии. Работи како кустос во Галеријата за современа уметност во Народниот музеј во Смедеревска Паланка.

 

The post „Потрети и нивните луѓе“-изложба на минијатури на Александра Гедеон во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, на 15 август, четврток, со почеток во 19,30 часот , ќе биде отворена изложбата „Потрети и нивните луѓе“ на уметничката Александра Гедеон. Изложбата нуди нова перспектива на гледање портрети преку кои се разбира карактерот и се чувствува душата на портретираните лица. Акцентот е ставен на ситноста – минијатурата , играњето со линијата и контрастите , кои ги отсликуваат психолошките состојби на лицата. Изложбата „Потрети и нивните луѓе“ е циклус кој обединува серија од 80 минијатури што авторката ги создала во изминатите три години. Овие дела ја покажуваат нејзината креативна зрелост, трпеливост посветеност за постигнување на максимална експресивност во минијатурен формат. Александра Гедеон е родена во Панчево, а во 2010 година дипломирала на Факултетот за применета уметност, отсек ѕидно сликарство, во Белград. Досег има реализирано повеќе групни изложби и учествувано на меѓународни ликовни колонии. Работи како кустос во Галеријата за современа уметност во Народниот музеј во Смедеревска Паланка.  

The post „Потрети и нивните луѓе“-изложба на минијатури на Александра Гедеон во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>