александер де кро Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksander-de-kro/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 15:20:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александер де кро Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksander-de-kro/ 32 32 По катастрофата на изборите: Белгискиот премиер ја достави оставката до кралот Филип https://republika.mk/vesti/svet/po-katastrofata-na-izborite-belgiskiot-premier-ja-dostavi-ostavkata-do-kralot-filip/ Mon, 10 Jun 2024 15:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=786290

Како и што најави по објавувањето на првичните резултати од парламентарни, регионални и европски избори во Белгија на кои неговата партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) доживеа тежок пораз, белгискиот премиер Александер де Кро му ја достави својата оставка на кралот Филип.

Од Кралската палата во Брисел информираа дека за попладнево се предвидени средби на кралот со лидерите на трите партии што освоија најмногу гласови на изборите – Барт Де Вевер од националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Том Ван Грикен од екстремно десничарската Фламански избор (ВБ) и Жорж-Луј Бушез од валонското либерално Реформско движење (МР).

По овие средби се очекува кралот Филип да именува т.н. информатор, кој ќе има задача во консултации со парламентарните партии да ги разгледа можностите за формирање ново парламентарно мнозинство.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во моментов е сигурно дека досегашната седумчлена „Вивалди“ владина коалиција не ќе може да опстои од причина, што партиите што ја сочинуваат повеќе немаат мнозинство во долниот дом на Федералниот парламент, Претставничкиот дом.

Лидерот на Н-ВА, Де Вевер, чија партија ќе има најмногу пратеници во Претставничкиот дом, не ги крие своите амбиции да биде нов белгиски премиер во влада која би учествувале и двете либерални партии – РМ и Опен ВЛД и двете демохристијански партии – Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) и валонската Посветени (ЛЕ).

Иако, според Де Вевер неговата партија споделува „многу заеднички ставови“ со либералите и демохристијаните за „социо-економски и безбедносни прашања и за азилот и миграцијата“ и таквата сино-жолта „Шведска“ коалиција би била остварил, бидејќи би имала парламентарно мнозинство, сепак програмата и заложбите на Н-ВА, посебно оние за поголема автономија на Фландрија, не се целосно прифатливи за валонските партии. Дополнително, и Опен ВЛД на Де Кро најави дека по лошите изборни резултати планира да премине во опозиција.

Другата можна коалиција, што математички би имала мнозинство, е онаа на Н-ВА со МР, ЦДВ, ЛЕ и фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт). Таквата, коалиција би имала мнозинство и на федерално ниво, но и меѓу пратениците од двете јазични заедници – холандската (фламанската) и француската (валонската).

Во Претставничкиот дом на Федералниот парламент Н-ВА ќе има 24 пратеници, ВБ и МР по 20, валонската Социјалистичка партија (ПС) 16, левичарската Работничка партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) 15, ЛЕ 14, Воројт 13 и ЦДВ 11 мандати. Опен ВЛД освои седум места, фламанските Зелени шест, валонската еколошка партија Еколо три и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) еден пратеник.

Според конечните изборни резултати, Н-ВА покрај на федерално ниво најмногу гласови освои и во Фландрија, додека РМ победи во регионите Брисел и Валонија.

И наспроти предизборните анкети кои укажуваа на сигурна победа на ВБ, Де Вевер успеа да направи пресврт во корист на својата Н-ВА и да го задржи приматот на најсилна партија во Фландрија што го има на неколку последни изборни циклуси. Н-ВА освои 23,9 отсто од гласовите, а ВБ – 22,7 проценти.

Доколку Опен ВЛД остане да определбата да премине во опозиција и на федерално и на регионално ниво, тогаш Н-ВА би можела да формира коалициска влада со Воројт и ЦДВ. Таквата коалиција би имала 65 пратеници или два повеќе од неопходните 63 за парламентарно мнозинство.

Во Парламентот на Фландрија Н-ВА и ВБ ќе имаат по 31 пратеник, Воројт 18, а ЦДВ 16 мандати. Опен ВЛД, ПБДА/ПТБ и Зелените ќе имаат по девет места, а еден мандат освои листата „Тим Фуад Ахидар“.

Победата на МР во Брисел и Валонија, пак, ги зајакна позициите на Жорж-Луј Бушез, кој би можел да пројави амбиции за премиерската функција. Во негов прилог оди и податокот што листата на РМ на европските избори, предводена од поранешната премиерка Софи Вилмес освои 543.821 глас, што претставува рекордна бројка во „францускиот“ изборен колеџ за Европскиот парламент.

МР веројатно нема да ја пропушти шансата да го преземе раководењето со регионалната Влада од социјалистите, при што партијата би можело да коалицира со демохристијаните од Посветени (ЛЕ).

Претпладнево Бушез изјави дека никогаш не го криел фактот дека МР има заеднички работи со ЛЕ.

Резултатите овозможуваат мнозинство со помалку партии. Можеме да работиме на тоа. Тоа е и сигналот на гласачите. Тоа е сосема очигледно. Можно е многу брзо да има влади на сите нивоа, изјави Бушез.

И ЛЕ не ја отфрли можноста за коалицирање со либералите, посочувајќи дека „во Валонија нема потреба од трета страна“ за формирање влада.

Во валонскиот Парламент МР ќе има 26 места, пред ПС со 19, ЛЕ со 17, ПРВА/ПТБ со осум и Еколо со пет пратеници.

Но, ако коалиција само меѓу либералите и демохристијаните е можна во Валонија, во Брисел МР таквиот блок не би можел да обезбеди мнозинство дури и ако се зајакне со ДЕФИ. Во такви услови лидерот на МР во Брисел, Давид Лејстер ќе мора да преговара за првиот човек на бриселските социјалисти Ахмед Лавеј.

Лејстер претпладнево изјави дека веќе ги оствариле првите контакти со неколку партии.

Нашите гласачи ни дадоа силен резултат, тоа е вистинска победа. Ова треба да ни овозможи да ги наметнеме нашите реформи. Нашите партнери ќе мора да прифатат дека е потребна промена, изјави Лејстер, посочувајќи дека не ја исклучува можноста за коалиција со ПС и ЛЕ.

Досега на чело на бриселската регионална Влада беше социјалистот Руди Вервурт.

Но, интерес за учество во бриселската владата пројавија и Зелените, кои освоија најмногу гласови меѓу холандофонските гласачи во Брисел.

Имаме резултат што е речиси двојно подобар. Ќе биде тешко (со МР), но ние ги имаме картите што гласачите ги ставија на маса, изјави лидерката на бриселските Зелени и актуелна министерка за мобилност на Брисел, Елке Ван ден Брант.

Во идниот Парламент на Брисел, МР ќе има 20 мандати, ПС 16, ПВДА/ПТБ 15, ЛЕ осум, Еколо седум и ДЕФИ шест пратеници. Натаму следуваат Зелените со четири, листата „Тим Фуад Ахидар“ со три, Н-ВА, Опен ВЛД, ВБ и Воројт со по два и ЦДВ со еден пратеник.

Кога станува збор за изборите за членови на Парламентот на германската задница центристичката демохристијанска партија За германската заедница (ПРОДГ) освои осум пратеници, пред конзервативната демохристијанска Христијанско-социјалната партија (ЦСП) со пет, социјал-либералната Вивант со четири, Социјалистичката партија (СП) и конзервативно-либералната Перспектива Слобода Прогрес (ПФФ) со по три и Еколо со два мандати.

Инаку, освен оставката на Де Кро на премиерската функција, денеска оставки од функциите имаше и во неколку партии. Така, претпладнево колективна оставка понесе целокупното раководство на неговата Опен ВЛД, а од функциите се повлекоа и ко-лидерите на Еколо, Жан-Марк Ноле и Раџа Мауан, како и првиот човек на ДЕФИ, Франсоа Де Смет.

The post По катастрофата на изборите: Белгискиот премиер ја достави оставката до кралот Филип appeared first on Република.

]]>

Како и што најави по објавувањето на првичните резултати од парламентарни, регионални и европски избори во Белгија на кои неговата партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) доживеа тежок пораз, белгискиот премиер Александер де Кро му ја достави својата оставка на кралот Филип. Од Кралската палата во Брисел информираа дека за попладнево се предвидени средби на кралот со лидерите на трите партии што освоија најмногу гласови на изборите – Барт Де Вевер од националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Том Ван Грикен од екстремно десничарската Фламански избор (ВБ) и Жорж-Луј Бушез од валонското либерално Реформско движење (МР). По овие средби се очекува кралот Филип да именува т.н. информатор, кој ќе има задача во консултации со парламентарните партии да ги разгледа можностите за формирање ново парламентарно мнозинство. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во моментов е сигурно дека досегашната седумчлена „Вивалди“ владина коалиција не ќе може да опстои од причина, што партиите што ја сочинуваат повеќе немаат мнозинство во долниот дом на Федералниот парламент, Претставничкиот дом. Лидерот на Н-ВА, Де Вевер, чија партија ќе има најмногу пратеници во Претставничкиот дом, не ги крие своите амбиции да биде нов белгиски премиер во влада која би учествувале и двете либерални партии – РМ и Опен ВЛД и двете демохристијански партии – Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) и валонската Посветени (ЛЕ). Иако, според Де Вевер неговата партија споделува „многу заеднички ставови“ со либералите и демохристијаните за „социо-економски и безбедносни прашања и за азилот и миграцијата“ и таквата сино-жолта „Шведска“ коалиција би била остварил, бидејќи би имала парламентарно мнозинство, сепак програмата и заложбите на Н-ВА, посебно оние за поголема автономија на Фландрија, не се целосно прифатливи за валонските партии. Дополнително, и Опен ВЛД на Де Кро најави дека по лошите изборни резултати планира да премине во опозиција. Другата можна коалиција, што математички би имала мнозинство, е онаа на Н-ВА со МР, ЦДВ, ЛЕ и фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт). Таквата, коалиција би имала мнозинство и на федерално ниво, но и меѓу пратениците од двете јазични заедници – холандската (фламанската) и француската (валонската). Во Претставничкиот дом на Федералниот парламент Н-ВА ќе има 24 пратеници, ВБ и МР по 20, валонската Социјалистичка партија (ПС) 16, левичарската Работничка партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) 15, ЛЕ 14, Воројт 13 и ЦДВ 11 мандати. Опен ВЛД освои седум места, фламанските Зелени шест, валонската еколошка партија Еколо три и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) еден пратеник. Според конечните изборни резултати, Н-ВА покрај на федерално ниво најмногу гласови освои и во Фландрија, додека РМ победи во регионите Брисел и Валонија. И наспроти предизборните анкети кои укажуваа на сигурна победа на ВБ, Де Вевер успеа да направи пресврт во корист на својата Н-ВА и да го задржи приматот на најсилна партија во Фландрија што го има на неколку последни изборни циклуси. Н-ВА освои 23,9 отсто од гласовите, а ВБ – 22,7 проценти. Доколку Опен ВЛД остане да определбата да премине во опозиција и на федерално и на регионално ниво, тогаш Н-ВА би можела да формира коалициска влада со Воројт и ЦДВ. Таквата коалиција би имала 65 пратеници или два повеќе од неопходните 63 за парламентарно мнозинство. Во Парламентот на Фландрија Н-ВА и ВБ ќе имаат по 31 пратеник, Воројт 18, а ЦДВ 16 мандати. Опен ВЛД, ПБДА/ПТБ и Зелените ќе имаат по девет места, а еден мандат освои листата „Тим Фуад Ахидар“. Победата на МР во Брисел и Валонија, пак, ги зајакна позициите на Жорж-Луј Бушез, кој би можел да пројави амбиции за премиерската функција. Во негов прилог оди и податокот што листата на РМ на европските избори, предводена од поранешната премиерка Софи Вилмес освои 543.821 глас, што претставува рекордна бројка во „францускиот“ изборен колеџ за Европскиот парламент. МР веројатно нема да ја пропушти шансата да го преземе раководењето со регионалната Влада од социјалистите, при што партијата би можело да коалицира со демохристијаните од Посветени (ЛЕ). Претпладнево Бушез изјави дека никогаш не го криел фактот дека МР има заеднички работи со ЛЕ.
Резултатите овозможуваат мнозинство со помалку партии. Можеме да работиме на тоа. Тоа е и сигналот на гласачите. Тоа е сосема очигледно. Можно е многу брзо да има влади на сите нивоа, изјави Бушез.
И ЛЕ не ја отфрли можноста за коалицирање со либералите, посочувајќи дека „во Валонија нема потреба од трета страна“ за формирање влада. Во валонскиот Парламент МР ќе има 26 места, пред ПС со 19, ЛЕ со 17, ПРВА/ПТБ со осум и Еколо со пет пратеници. Но, ако коалиција само меѓу либералите и демохристијаните е можна во Валонија, во Брисел МР таквиот блок не би можел да обезбеди мнозинство дури и ако се зајакне со ДЕФИ. Во такви услови лидерот на МР во Брисел, Давид Лејстер ќе мора да преговара за првиот човек на бриселските социјалисти Ахмед Лавеј. Лејстер претпладнево изјави дека веќе ги оствариле првите контакти со неколку партии.
Нашите гласачи ни дадоа силен резултат, тоа е вистинска победа. Ова треба да ни овозможи да ги наметнеме нашите реформи. Нашите партнери ќе мора да прифатат дека е потребна промена, изјави Лејстер, посочувајќи дека не ја исклучува можноста за коалиција со ПС и ЛЕ.
Досега на чело на бриселската регионална Влада беше социјалистот Руди Вервурт. Но, интерес за учество во бриселската владата пројавија и Зелените, кои освоија најмногу гласови меѓу холандофонските гласачи во Брисел.
Имаме резултат што е речиси двојно подобар. Ќе биде тешко (со МР), но ние ги имаме картите што гласачите ги ставија на маса, изјави лидерката на бриселските Зелени и актуелна министерка за мобилност на Брисел, Елке Ван ден Брант.
Во идниот Парламент на Брисел, МР ќе има 20 мандати, ПС 16, ПВДА/ПТБ 15, ЛЕ осум, Еколо седум и ДЕФИ шест пратеници. Натаму следуваат Зелените со четири, листата „Тим Фуад Ахидар“ со три, Н-ВА, Опен ВЛД, ВБ и Воројт со по два и ЦДВ со еден пратеник. Кога станува збор за изборите за членови на Парламентот на германската задница центристичката демохристијанска партија За германската заедница (ПРОДГ) освои осум пратеници, пред конзервативната демохристијанска Христијанско-социјалната партија (ЦСП) со пет, социјал-либералната Вивант со четири, Социјалистичката партија (СП) и конзервативно-либералната Перспектива Слобода Прогрес (ПФФ) со по три и Еколо со два мандати. Инаку, освен оставката на Де Кро на премиерската функција, денеска оставки од функциите имаше и во неколку партии. Така, претпладнево колективна оставка понесе целокупното раководство на неговата Опен ВЛД, а од функциите се повлекоа и ко-лидерите на Еколо, Жан-Марк Ноле и Раџа Мауан, како и првиот човек на ДЕФИ, Франсоа Де Смет.

The post По катастрофата на изборите: Белгискиот премиер ја достави оставката до кралот Филип appeared first on Република.

]]>
Европа не смее да се плаши од победата на Трамп, вели белгискиот премиер https://republika.mk/vesti/svet/evropa-ne-smee-da-se-plashi-od-pobedata-na-tramp-veli-belgiskiot-premier/ Tue, 16 Jan 2024 22:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=733799

Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска во Европскиот парламент изјави дека демократиите и слободните вредности ќе бидат ставени на тест оваа година.

Во светло на можното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа, белгискиот лидер рече дека „Европа не треба да се плаши од сценарио во кое би била оставена сама, без значителна помош од САД“. Премиерот на Белгија, која го презеде ротирачкото претседавање со ЕУ, им порача на претставниците во Европскиот парламент дека во 2024 година ќе бидат многу загрозени Европа и Западот, пишува Гардијан.

Ова е година во која нашите демократии и нашите слободи ќе бидат тестирани и ставени на тест. Не само на изборите за Европскиот парламент, туку и на изборите за американскиот Конгрес и американски претседател“, рече Де Кро.

Тој рече дека во случај на победа на Трамп, ако ја врати политиката „Америка на прво место“ во 2024 година, Европа ќе биде осамена како никогаш досега. „Ние како Европејци не треба да се плашиме од таа перспектива, напротив, треба да ја прифатиме.“

Треба да го прифатиме овој факт ставајќи ја Европа на поцврста основа. Европа која е посилна, посуверена, посамостојна. Европа која дава можности и прави разлика во животите на луѓето. Мораме да ги заштитиме нашите граѓани, да ги зајакнеме нашите економии и да се подготвиме за заедничка европска иднина“, заклучи белгискиот премиер.

The post Европа не смее да се плаши од победата на Трамп, вели белгискиот премиер appeared first on Република.

Новиот претседaвач повтори дека ЕУ нема да се проширува пред да се реформира https://republika.mk/vesti/svet/noviot-pretsedavach-povtori-deka-eu-nema-da-se-proshiruva-pred-da-se-reformira/ Tue, 09 Jan 2024 14:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=731188

Новиот претседавач со ЕУ, Белгија, го кажа гласно она што на сите им е јасно, a тоа е дека Европската Унија нема никаква намера да се проширува во скоро време.Ова беше кажано за време на церемонијата на преземањето на белгиското претседавање со ЕУ.

Белгискиот премиер Александер де Кро на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, по средбата на еврокомесарите со министрите во белгиската влада со која официјално беше инаугурирано претседавањето на Белгија со Советот на ЕУ, истакна дека пред да се реформира Унијата нема да се случи никакво проширување.

Пред да станеме поголеми, ќе мора да станеме подобри, па затоа ЕУ ќе мора да се реформира пред да биде подготвена за проширување и за прием на нови членки… Потребна ни е Европска Унија што ќе биде способна да носи одлуки на побрз начин, задржувајќи го своето единство и што ќе биде поефикасна во искористувањето на ресурсите – порача Де Кро

The post Новиот претседaвач повтори дека ЕУ нема да се проширува пред да се реформира appeared first on Република.

Де Кро: ЕУ мора да се реформира за да биде подготвена за проширување https://republika.mk/vesti/svet/de-kro-eu-mora-da-se-reformira-za-da-bide-podgotvena-za-proshiruvane/ Fri, 05 Jan 2024 19:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=730184

Пред да станеме поголеми, ќе мора да станеме подобри, па затоа ЕУ ќе мора да се реформира пред да биде подготвена за проширување и за прием на нови членки, изјави вечерва во Брисел, белгискиот премиер Александер де Кро.

- Потребна ни е Европска Унија што ќе биде способна да носи одлуки на побрз начин, задржувајќи го своето единство и што ќе биде поефикасна во искористувањето на ресурсите, истакна Де Кро на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по средбата на еврокомесарите со министрите во белгиската Влада со која официјално беше инаугурирано претседавањето на Белгија со Советот на ЕУ.

Де Кро нагласи дека односите меѓу претседателството со Европскиот совет и Европската комисија се исклучително важни и нивната соработка е од круцијално значење, додавајќи дека сето она што ќе го работи Белгија ќе биде насочено кон интересите на европските граѓани и нивната благосостојба.

- Нашето претседавање доаѓа во значајно време. Како никогаш досега жителите на Европа гледаат кон ЕУ со јасни очекувања да ги заштити, да ја зајакне нивната благосостојба и да ја подготви нивната заедничка иднина, порача Де Кро.

Според него, заедничката иднина за Европа е неодвоива од безбедноста и стабилност на Украина и тие се гаранција за колективната безбедноста и сигурноста на ЕУ и нејзиното население.

Тој изрази надеж ЕУ ќе постигне договор за финансиска поддршка на Украина, нагласувајќи дека не гледа причини зошто и овој пат како и многу пати досега кога имало сомнежи во тоа, Унијата не би постигнала договор и за ова прашање.

- Живееме во турбулентен свет, не само во Украина, туку и на Блискиот Исток и на многу други места. Ние како Европејци многу често ги сносиме најголем дел од последиците од случувањата во светот. Но, она што ние како ЕУ треба да го направиме е да предводиме не само во дискусиите, туку и во активностите и да влијаеме на она што се случува во светот, истакна Де Кро.

Тој се осврна и на клучните приоритети на белгиското претседателство, посебно нагласувајќи го спроведувањето на Европскиот зелен договор во интерес на граѓаните и на индустријата, како и усогласување на следната институционална рамка на ЕУ, потенцирајќи дека е сега е време Европа да испорача.

Фон дер Лајен, од своја страна, нагласи дека Белгија многу пати играла важна улога во европската историја, па така и сега белгиското претседателство доаѓа во клучен момент за ЕУ, кога треба да се заврши постапката за усвојување на многу клучни законодавни досиеја, како прашањата за миграцијата, конкурентноста, зелената и дигиталната транзиција или социјалните права.

- Главен приорите треба да биде поддршката на Украина. Сите сведочевме на неодамнешните брутални воздушни напади на Русија врз цивилни цели во Украина. По неодамнешната историска одлука за старт на преговорите со Украина, мора брзо да се движиме напред во стабилизација на финансиската помош за земјата, додаде Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека Европската комисија ќе предложи оперативно решение за се постигне заеднички договор за Механизмот за поддршка на Украина, по што Белгија како претседавач ќе има клучна улога за негово усвојување во институциите на Унијата.

- Еден од приоритетите ќе биде и да ја подготвиме ЕУ за иднината. Мојата Комисија во последната година од својот мандат ќе продолжи да го прави токму тоа... Согласно одлуките од последниот Европски самит мора да се подготвиме за проширувањето на ЕУ и за време на белгиското претседателство ќе излеземе со предлог за политички ревизии. ЕУ треба да биде Унија што испорачува и зајакнува, па да работиме на тоа, додаде Фон дер Лајен.

Во рамки на официјална инаугурација на претседавањето на Белгија со Советот на Европската Унија еврокомесарите имаа средби со ресорните белгиски министри за приоритетите на Белгија во претседавањето со ЕУ, за Стратешката агенда на Унијата, како и за работната програма на Комисијата, по што се одржи пленарен состанок со кој ќе претседаваа Фон дер Лајен и Де Кро.

Инаугурацијата завршува вечерва со официјалното отворање на Палатата на фини уметности во Брисел и прием во организација на белгискиот крал Филип и кралицата Матилда.

The post Де Кро: ЕУ мора да се реформира за да биде подготвена за проширување appeared first on Република.

]]>

Пред да станеме поголеми, ќе мора да станеме подобри, па затоа ЕУ ќе мора да се реформира пред да биде подготвена за проширување и за прием на нови членки, изјави вечерва во Брисел, белгискиот премиер Александер де Кро.
- Потребна ни е Европска Унија што ќе биде способна да носи одлуки на побрз начин, задржувајќи го своето единство и што ќе биде поефикасна во искористувањето на ресурсите, истакна Де Кро на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по средбата на еврокомесарите со министрите во белгиската Влада со која официјално беше инаугурирано претседавањето на Белгија со Советот на ЕУ.
Де Кро нагласи дека односите меѓу претседателството со Европскиот совет и Европската комисија се исклучително важни и нивната соработка е од круцијално значење, додавајќи дека сето она што ќе го работи Белгија ќе биде насочено кон интересите на европските граѓани и нивната благосостојба.
- Нашето претседавање доаѓа во значајно време. Како никогаш досега жителите на Европа гледаат кон ЕУ со јасни очекувања да ги заштити, да ја зајакне нивната благосостојба и да ја подготви нивната заедничка иднина, порача Де Кро.
Според него, заедничката иднина за Европа е неодвоива од безбедноста и стабилност на Украина и тие се гаранција за колективната безбедноста и сигурноста на ЕУ и нејзиното население. Тој изрази надеж ЕУ ќе постигне договор за финансиска поддршка на Украина, нагласувајќи дека не гледа причини зошто и овој пат како и многу пати досега кога имало сомнежи во тоа, Унијата не би постигнала договор и за ова прашање.
- Живееме во турбулентен свет, не само во Украина, туку и на Блискиот Исток и на многу други места. Ние како Европејци многу често ги сносиме најголем дел од последиците од случувањата во светот. Но, она што ние како ЕУ треба да го направиме е да предводиме не само во дискусиите, туку и во активностите и да влијаеме на она што се случува во светот, истакна Де Кро.
Тој се осврна и на клучните приоритети на белгиското претседателство, посебно нагласувајќи го спроведувањето на Европскиот зелен договор во интерес на граѓаните и на индустријата, како и усогласување на следната институционална рамка на ЕУ, потенцирајќи дека е сега е време Европа да испорача. Фон дер Лајен, од своја страна, нагласи дека Белгија многу пати играла важна улога во европската историја, па така и сега белгиското претседателство доаѓа во клучен момент за ЕУ, кога треба да се заврши постапката за усвојување на многу клучни законодавни досиеја, како прашањата за миграцијата, конкурентноста, зелената и дигиталната транзиција или социјалните права.
- Главен приорите треба да биде поддршката на Украина. Сите сведочевме на неодамнешните брутални воздушни напади на Русија врз цивилни цели во Украина. По неодамнешната историска одлука за старт на преговорите со Украина, мора брзо да се движиме напред во стабилизација на финансиската помош за земјата, додаде Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека Европската комисија ќе предложи оперативно решение за се постигне заеднички договор за Механизмот за поддршка на Украина, по што Белгија како претседавач ќе има клучна улога за негово усвојување во институциите на Унијата.
- Еден од приоритетите ќе биде и да ја подготвиме ЕУ за иднината. Мојата Комисија во последната година од својот мандат ќе продолжи да го прави токму тоа... Согласно одлуките од последниот Европски самит мора да се подготвиме за проширувањето на ЕУ и за време на белгиското претседателство ќе излеземе со предлог за политички ревизии. ЕУ треба да биде Унија што испорачува и зајакнува, па да работиме на тоа, додаде Фон дер Лајен.
Во рамки на официјална инаугурација на претседавањето на Белгија со Советот на Европската Унија еврокомесарите имаа средби со ресорните белгиски министри за приоритетите на Белгија во претседавањето со ЕУ, за Стратешката агенда на Унијата, како и за работната програма на Комисијата, по што се одржи пленарен состанок со кој ќе претседаваа Фон дер Лајен и Де Кро. Инаугурацијата завршува вечерва со официјалното отворање на Палатата на фини уметности во Брисел и прием во организација на белгискиот крал Филип и кралицата Матилда.

The post Де Кро: ЕУ мора да се реформира за да биде подготвена за проширување appeared first on Република.

]]>
Де Кро: Белгија сака нов миграциски пакт на ЕУ до јуни 2024 година https://republika.mk/vesti/svet/de-kro-belgija-saka-nov-migratsiski-pakt-na-eu-do-juni-2024-godina/ Fri, 22 Sep 2023 10:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=684076

Белгија се стреми до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ во јуни 2024 година, да биде усвоен нов миграциски пакт на Европската Унија, најави белгискиот премиер Александер Де Кро во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

Според него, сегашниот миграциски модел на ЕУ „се заснова на среќа“ и сите лостови за контрола на миграцијата ги става во рацете на трговците со луѓе.

Овој модел не им користи ниту на земјите од југот, кои се лишени од нивниот главен економски ресурс, ниту на европските земји домаќини, кои се соочени со прилив на мигранти со кој не можат да се справат, додаде Де Кро.

Тој најави дека новиот миграциски пакт што ќе го иницира белгиското претседателство со Унијата ќе обезбеди „секоја земја на ЕУ да го прави она што треба да го направи“ и ќе се зајакнат заедничките граници на блокот.

Де Кро истакна дека Белгија има намера да се бори и против главните причини за миграцијата, како сиромаштијата и недостигот на економски можности, преку развивање меѓународни партнерства меѓу ЕУ и земјите на тразит и потекло на мигрантите.

Според него, ваквите договори ќе овозможуваат да се изградат посилни институции и да се воспостават правила кои ќе бидат исти за сите.

- Решавањето на проблемот со миграцијата значи создавање легални средства за одење во Европа, преку програми за пронаоѓање таленти и образование и за зајакнување на општествата на земјите домаќини, додаде белгискиот премиер.

Според него, една од причините зошто младите луѓе „во толпа бегаат од своите земји“ е климатската криза, која е главниот елемент што ги нарушува општества, па затоа Белгија во својство на претседавач со ЕУ ќе се посвети и на позелено индустриско производство, „чисто производство, но и на зелена хемија, зелено производство на челик, зелени градилишта“.

Најава дека миграцијата ќе биде едно од приоритети на белгиското преседавање со ЕУ во неколку наврати даде и државна секретарка за азил и миграција на Белгија, Никол де Мур во контекст на спорот предизвикан од нејзината одлука белгиската Федерална агенција за прием на баратели на азил (Федасил) повеќе да не им обезбедува сместување на барателите на азил-самци, со цел, како што рече, во услови на „зголемен прилив на семејства со деца“ да има доволно места за нивно загрижување и да се избегне опасноста „деца да останат на улица во текот на зимата“.

Според Де Мур, притисокот на големиот број баратели на азил со кој се соочува Белгија е прашање за кое се потребни реформи на ниво на ЕУ.

- Белгија жестоко ќе притиска да се унапреди работата на миграцискиот пакт на ЕУ, кога ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ на почетокот на следната година, најави Де Мур

The post Де Кро: Белгија сака нов миграциски пакт на ЕУ до јуни 2024 година appeared first on Република.

]]>

Белгија се стреми до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ во јуни 2024 година, да биде усвоен нов миграциски пакт на Европската Унија, најави белгискиот премиер Александер Де Кро во обраќањето пред Генералното собрание на ОН. Според него, сегашниот миграциски модел на ЕУ „се заснова на среќа“ и сите лостови за контрола на миграцијата ги става во рацете на трговците со луѓе. Овој модел не им користи ниту на земјите од југот, кои се лишени од нивниот главен економски ресурс, ниту на европските земји домаќини, кои се соочени со прилив на мигранти со кој не можат да се справат, додаде Де Кро. Тој најави дека новиот миграциски пакт што ќе го иницира белгиското претседателство со Унијата ќе обезбеди „секоја земја на ЕУ да го прави она што треба да го направи“ и ќе се зајакнат заедничките граници на блокот. Де Кро истакна дека Белгија има намера да се бори и против главните причини за миграцијата, како сиромаштијата и недостигот на економски можности, преку развивање меѓународни партнерства меѓу ЕУ и земјите на тразит и потекло на мигрантите. Според него, ваквите договори ќе овозможуваат да се изградат посилни институции и да се воспостават правила кои ќе бидат исти за сите. - Решавањето на проблемот со миграцијата значи создавање легални средства за одење во Европа, преку програми за пронаоѓање таленти и образование и за зајакнување на општествата на земјите домаќини, додаде белгискиот премиер. Според него, една од причините зошто младите луѓе „во толпа бегаат од своите земји“ е климатската криза, која е главниот елемент што ги нарушува општества, па затоа Белгија во својство на претседавач со ЕУ ќе се посвети и на позелено индустриско производство, „чисто производство, но и на зелена хемија, зелено производство на челик, зелени градилишта“. Најава дека миграцијата ќе биде едно од приоритети на белгиското преседавање со ЕУ во неколку наврати даде и државна секретарка за азил и миграција на Белгија, Никол де Мур во контекст на спорот предизвикан од нејзината одлука белгиската Федерална агенција за прием на баратели на азил (Федасил) повеќе да не им обезбедува сместување на барателите на азил-самци, со цел, како што рече, во услови на „зголемен прилив на семејства со деца“ да има доволно места за нивно загрижување и да се избегне опасноста „деца да останат на улица во текот на зимата“. Според Де Мур, притисокот на големиот број баратели на азил со кој се соочува Белгија е прашање за кое се потребни реформи на ниво на ЕУ. - Белгија жестоко ќе притиска да се унапреди работата на миграцискиот пакт на ЕУ, кога ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ на почетокот на следната година, најави Де Мур

The post Де Кро: Белгија сака нов миграциски пакт на ЕУ до јуни 2024 година appeared first on Република.

]]>