александар тасевски Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-tasevski/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jan 2024 09:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар тасевски Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-tasevski/ 32 32 По „пајакот“ и „кабелот“, сега виновен е „синдикалецот“ Taсевски https://republika.mk/vesti/makedonija/po-pajakot-i-kabelot-sega-vinoven-e-sindikaletsot-tasevski/ Thu, 11 Jan 2024 08:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=731808

По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика.Ковачевски застана во одбрана на ДУИ, за него не е важен упадот виновен е синдикатот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Требаше да помине недела дена за власта да смисли напад, како црното да го претстави за бело. Па така за Ковачевски не е проблем што бандитите од ДУИ кои го загрозија македонското небо се несанкционирани, виновен е синдикалниот лидер или некои вработени.

Очигледно требаше сите да знаеме дека кадрите на ДУИ не можат да бидат виновни за нешто, се додека СДС и Ковачевски треба да се власт, зошто тие се спремни и најмизерните изговори да ги претставуваат како вистини, само да владеат. А, за Ковачевски власт има само преку ДУИ, затоа нема одговорност и затоа нема ред. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

The post По „пајакот“ и „кабелот“, сега виновен е „синдикалецот“ Taсевски appeared first on Република.

]]>

Тасевски: Со настаните на 4 јануари започна одмотување на клопчето во М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-so-nastanite-na-4-januari-zapochna-odmotuvane-na-klopcheto-vo-m-nav/ Wed, 10 Jan 2024 19:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=731723

Претседателот на синдикатот на М-НАВ, во вечерашната Топ Тема на Телма вели дека нападот во контролната кула е само почеток на одмотување на клопчето.

-Тоа е почетокот на одмотување на клопчето. Тоа не е настан кој резултира од грешките од вчера или завчера, туку покажува дека целиот овој период погрешно била поставена целата постапка, кој лица биле вработени во службите за обезбедување, каква била нивната задача, дали имале други активности, кога во одреден момемнт се договориле да направат напад врз контролор на летање, но законодавството да си ги одговори овие прашања. Од оние што ги видовме на Телевизија тројца ги препознавме како наши вработени, кои биле другите четири навистина не знам, може да ги видам вака би ги препознал. Од друга страна дали биле вработени кај нас или не тоа ќе мора да прашате некој од раководството. Или сегашниот директор Хасим, кој остана кој е одговорен за секторот за човечки ресурси. Може е некој наш вработен но никогаш не дошол на работа, одговори во вечерашната Топ Тема на Телма Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ.

На прашањето дали е влезено во контролната соба рече дека за тоа треба да одговори истрагата.

Јас не бев таму, од информациите кои ги добив таму имало влечење, туркање, наводно имало одење кон контролната соба. Имало расправии, кои на крај резултирале со удар. Не сум меѓи тие што ги гледал снимките за да анализирам. Знам дека имаше истражни органи кои уште првиот ден ги гледаа снимките и анализираа што се правело, направија и записници и знаат што точно се случувало. Имаше и лица од М-НАВ кои се задолжени во овој дел на безбедносно одделение, тие беа инволвирани во самата постапка на разоткривање на настаните, вели Тасевски.

Според него функционирањете како синдикат било во насока на безбедноста на граѓаните. Се повлекувавме од најавените штрајкови само за граѓаните да не трпат, бидејќи тие се најмалку виновни за состојбата во М-НАВ. Ова не е наша активност која сме ја почнела сега туку години наназад и гледаме чекор по чекор нешто да постигнеме. Факт е дека поради сите пропусти во минатото дојдовме до онаа состојба од пред некој ден, објаснува Тасевски.

The post Тасевски: Со настаните на 4 јануари започна одмотување на клопчето во М-НАВ appeared first on Република.

Тасевски: Слободно нека направат ревизија на сите мои лиценци – како и сите бев принуден да ги поминам сите обуки и курсеви https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-slobodno-neka-napravat-revizija-na-site-moi-litsentsi-kako-i-site-bev-prinuden-da-gi-pominam-site-obuki-i-kursevi/ Wed, 10 Jan 2024 15:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=731672

Претседателот на Струковиот синдикат на контролорите на летање Александар Тасевски на социјалните мрежи напиша дека ги поздравува потезите на Владата да се "чешлаат" вработувања и со самото тоа и досегашното работење на М-НАВ, укажувајќи дека тоа всушност и биле нивните синдикални барања до сега.

„Би сакал да му се заблагодарам на Премиерот Ковачевски што некој најпосле ги послуша нашите барања со сериозност, а не како во минатото, сето тоа да остане на празни ветувања. Што се однесува до инсинуациите за семејни вработувања и непотизам, во конкретниов случај посочен јас и моето семејство, стојам на располагања, на сите институции, и ревизии, со соодветни документации, лиценци и обуки, завршени во странство, и кај нас, напиша тој.

Тасевски наброја и дел од образовните институции низ кои тој поминал со цел да и се објасни на јавноста, дека неговото школување за контролор на летање, започнало многу пред М-НАВ дури и да постои како компанија, во далечната 1993та година.

„Како дел од фелата на контролори на летање, успеав, и сеуште настојувам да помогнам со моето стекнато знаење, да ја усовршам професијата, себеси па и компанијата, давајќи удел од самите почетоци кога М-НАВ како компанија прооде за прв пат. Фактот што татко ми, посочен исто во изјавата, бил претходно вработен во полето на авијацијата, од времето на бивша Југославија па после и во М-НАВ, но јас сепак бев "принуден" да ги поминам сите тие обуки, курсеви, испити и препреки, укажува на професионалноста од негова страна, доблеста и дисциплината што ни ја втемели во нашиот карактер“, вели Тасевски.

Тој вели дека всушност и од таму потекнува борбеноста, љубовта и желбата за максимална професионалност во контролата на летање, за која тој продолжува и понатаму да се залага да се применува за секој еден кој што сака да биде дел од воздухопловното семејство, без разлика дали е „нечиј“ или „ничиј“.

„Овој факт, би требал да биде пример за пофалба, а не за критика и дефокусирање од вистинските проблеми во М-НАВ“, стои во неговата објава на социјалните мрежи.

The post Тасевски: Слободно нека направат ревизија на сите мои лиценци – како и сите бев принуден да ги поминам сите обуки и курсеви appeared first on Република.

Тасевски му врати на премиерот: Повеќе да се заинтересира за партиските вработувања каде се примаат без конкурси и знаење, не доаѓаат на работа, а земаат плата https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-mu-vrati-na-premierot-poveke-da-se-zainteresira-za-partiskite-vrabotuvana-kade-se-primaat-bez-konkursi-i-znaene-ne-doagaat-na-rabota-a-zemaat-plata/ Wed, 10 Jan 2024 14:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=731643

Претседателот на на Синдикатот на контролорите на летање Александар Тасевски за „Плусинфо“  вели дека, наместо за роднинските врски, премиерот Димитар Ковачевски треба повеќе да се заинтерсира за партиските вработувања во М-НАВ.

Никому не треба да му пречат нечии роднински врски, ако некој професионално си ја врши работата, ако ги поминал соодветните селекции и обуки. Така, не верувам дека некој можел да се пожали на мојата професионална работа сиве овие години. Премиерот треба повеќе да се заинтересира за оние партиски вработувања каде кандидатите се примаат без конкурси, без квалификации, без знаење, кои ништо не работат или воопшто не доаѓаат на работа, а редовно земаат плата, вели Тасевски за „Плусинфо“.

Претседателот на синдикатот вели дека еден од тие што воопшто не доаѓаат на работа, или барем тој никогаш не го видел, е токму Беќим Незири, кој упадна во контролата и таму со партиски насилници истепа еден од контролорите. Парадоксот да биде поголем, за напаѓачите не се изречени мерки притвор или домашен притвор, а Незири „ако сака“ може да се појавува на работното место „советник“ на директорот на контрола на летање. Според она што досега е познато од судската одлука, не е изречена суспензија за Незири од работното место.

Според Тасевски, по смената на директорите во М-НАВ, откако ќе се изврши промопредавање на должностите, ќе треба да се одлучи каква ќе биде иднината на Незири во М-НАВ. Идните директори треба да покренат дисциплинска постапка за Незири и да се одлучи дали тој ќе остане на работното место.

На денешната прес-конференција Ковачевски го издвои Тасевски, чиј татко бил вработен во македонската контрола на летање, поточно бил еден од основачите на македонската контрола на летање, која по замунувањето на ЈНА броела само 15 луѓе.

Со таа институција треба посериозно да се позанимава не само Владата туку и Еуроконтрол. Нивното финансирање е од таму. Има неколку аспекти кои треба да се анализираат. Таа фирма сметам дека е станата семејна фирма. Има до трето колено вработувања од исто семејство. Претседател на синдикат, татко му работел таму, брат му работи таму. Тие функционираат како семејство. Премногу случајности има во таа организација за да некои од нив се случајни, рече Ковачевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozheshe-po-drugite-pa-udri-po-niv-za-kovachevski-m-nav-stanala-semejna-firma-pa-zatoa-se-sluchuvale-konflikti-koi-obichno-gi-ima-po-doma/

The post Тасевски му врати на премиерот: Повеќе да се заинтересира за партиските вработувања каде се примаат без конкурси и знаење, не доаѓаат на работа, а земаат плата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на на Синдикатот на контролорите на летање Александар Тасевски за „Плусинфо“  вели дека, наместо за роднинските врски, премиерот Димитар Ковачевски треба повеќе да се заинтерсира за партиските вработувања во М-НАВ.
Никому не треба да му пречат нечии роднински врски, ако некој професионално си ја врши работата, ако ги поминал соодветните селекции и обуки. Така, не верувам дека некој можел да се пожали на мојата професионална работа сиве овие години. Премиерот треба повеќе да се заинтересира за оние партиски вработувања каде кандидатите се примаат без конкурси, без квалификации, без знаење, кои ништо не работат или воопшто не доаѓаат на работа, а редовно земаат плата, вели Тасевски за „Плусинфо“.
Претседателот на синдикатот вели дека еден од тие што воопшто не доаѓаат на работа, или барем тој никогаш не го видел, е токму Беќим Незири, кој упадна во контролата и таму со партиски насилници истепа еден од контролорите. Парадоксот да биде поголем, за напаѓачите не се изречени мерки притвор или домашен притвор, а Незири „ако сака“ може да се појавува на работното место „советник“ на директорот на контрола на летање. Според она што досега е познато од судската одлука, не е изречена суспензија за Незири од работното место. Според Тасевски, по смената на директорите во М-НАВ, откако ќе се изврши промопредавање на должностите, ќе треба да се одлучи каква ќе биде иднината на Незири во М-НАВ. Идните директори треба да покренат дисциплинска постапка за Незири и да се одлучи дали тој ќе остане на работното место. На денешната прес-конференција Ковачевски го издвои Тасевски, чиј татко бил вработен во македонската контрола на летање, поточно бил еден од основачите на македонската контрола на летање, која по замунувањето на ЈНА броела само 15 луѓе.
Со таа институција треба посериозно да се позанимава не само Владата туку и Еуроконтрол. Нивното финансирање е од таму. Има неколку аспекти кои треба да се анализираат. Таа фирма сметам дека е станата семејна фирма. Има до трето колено вработувања од исто семејство. Претседател на синдикат, татко му работел таму, брат му работи таму. Тие функционираат како семејство. Премногу случајности има во таа организација за да некои од нив се случајни, рече Ковачевски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozheshe-po-drugite-pa-udri-po-niv-za-kovachevski-m-nav-stanala-semejna-firma-pa-zatoa-se-sluchuvale-konflikti-koi-obichno-gi-ima-po-doma/

The post Тасевски му врати на премиерот: Повеќе да се заинтересира за партиските вработувања каде се примаат без конкурси и знаење, не доаѓаат на работа, а земаат плата appeared first on Република.

]]>
Тасевски: Утре е денот „Д“ – или ќе бидат разрешени директорите или блокада на небото https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-utre-e-denot-d-ili-ke-bidat-razresheni-direktorite-ili-blokada-na-neboto/ Mon, 08 Jan 2024 13:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=730851

Утре е денот „Д“ за М-НАВ – или ќе бидат разрешени директорите, или Контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Скопје, изјави за Дојче веле , претседателот на Синдикатот на М-НАВ Александар Тасевски пред утрешната одлука на Владата, која што на седница се очекува да го каже крајниот збор околу случувањата во М-НАВ, откако директорите коишто беа прозвани од синдикатот, сами не поднесоа оставки на своите функции.

Оставките се логична последица на случувањата од минатата недела, кога се случи упад и физички напад во Контролата на летање, што резултираше со кривична постапка против неколку лица.Се надеваме дека сето ова што се случи ќе резултира со разрешување на директорите во М-НАВ. Во спротивно покажуваат дека и во Владата не им е битно ништо освен фотелјите - вели Тасевски за ДВ.

Тој дополнува дека имаат поддршка и зад ваквиот став стојат сите вработени.

Ако успееме во тоа – тогаш овој чекор ќе биде поука за секој оној којшто ќе дојде на челото на М-НАВ - вели Тасевски.

Тасевски во саботата изјави дека Контролата на летање е институција која што е од државно безбедносен карактер и во нормални земји, упадот во Контрола за летање би се сметал веројатно за тероризам.

The post Тасевски: Утре е денот „Д“ – или ќе бидат разрешени директорите или блокада на небото appeared first on Република.

Тасевски: Упадот во Контролата за летање не е влегување во продавница, тоа е рамно на тероризам https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-upadot-vo-kontrolata-za-letane-ne-e-vleguvane-vo-prodavnitsa-toa-e-ramno-na-terorizam/ Sat, 06 Jan 2024 09:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=730301

Во нормални земји, еден таков чин би се сметал веројатно за тероризам, вели претседателот на синдикатот на контролорите за летање, Александар Тасевски во разговор за Гласот на Америка и тврди дека менаџментот ја деградира професионалноста на службата

Контролата на летање е институција којашто е од државно безбедносен карактер, вели Александар Тасевски, претседател на синдикатот на контролорите на летање од македонската навигација.

„Не станува збор само дека ние одговараме за безбедноста на воздухопловите коишто се од комерцијални цели како патничките авиони. Ние сме служба која ги контролира, односно помага во воздушниот сообраќај на воздухопловите што се на министерството за внатрешни работи на војската“, објаснува Тасевски.

Во однос на упадот што таму се случи во четвртокот од група во која имаше и лица што не се вработени во службата, Тасевски вели дека може да се изедначи како акт на тероризам, зашто нивниот објект подлежи на посебни безбедносни критериуми.

Во нормални земји, еден таков чин би се третирал веројатно како терористички напад

„Не е тоа влегување во продавница, па да може да се шета кој сака. Во нормални земји, еден таков чин би се третирал веројатно како терористички напад“, посочува Тасевски.

Во однос на нарушување на безбедноста, Тасевски вели дека треба да се прима професионален кадар во институцијата.

„Директорите се фалат дека безбедноста не е загрозена, дека безбедноста е на ниво. Тоа не е благодарение на нив, тоа е благодарение на нас, професионалците. Ние поради тоа бараме сите селекции да бидат направени професионално“, вели синдикалецот.

За стравувањата, пак, дека сегашните случувања во Контролата за летање можат да ја загрозат безбедноста на авио-сообраќајот, Тасевски вели дека како професионалци самите ќе го затворат небото, ако дојде до некоја таква ситуација.

Целото интерву на следниот линк

The post Тасевски: Упадот во Контролата за летање не е влегување во продавница, тоа е рамно на тероризам appeared first on Република.

]]>

Во нормални земји, еден таков чин би се сметал веројатно за тероризам, вели претседателот на синдикатот на контролорите за летање, Александар Тасевски во разговор за Гласот на Америка и тврди дека менаџментот ја деградира професионалноста на службата Контролата на летање е институција којашто е од државно безбедносен карактер, вели Александар Тасевски, претседател на синдикатот на контролорите на летање од македонската навигација.
„Не станува збор само дека ние одговараме за безбедноста на воздухопловите коишто се од комерцијални цели како патничките авиони. Ние сме служба која ги контролира, односно помага во воздушниот сообраќај на воздухопловите што се на министерството за внатрешни работи на војската“, објаснува Тасевски.
Во однос на упадот што таму се случи во четвртокот од група во која имаше и лица што не се вработени во службата, Тасевски вели дека може да се изедначи како акт на тероризам, зашто нивниот објект подлежи на посебни безбедносни критериуми. Во нормални земји, еден таков чин би се третирал веројатно како терористички напад
„Не е тоа влегување во продавница, па да може да се шета кој сака. Во нормални земји, еден таков чин би се третирал веројатно како терористички напад“, посочува Тасевски.
Во однос на нарушување на безбедноста, Тасевски вели дека треба да се прима професионален кадар во институцијата.
„Директорите се фалат дека безбедноста не е загрозена, дека безбедноста е на ниво. Тоа не е благодарение на нив, тоа е благодарение на нас, професионалците. Ние поради тоа бараме сите селекции да бидат направени професионално“, вели синдикалецот.
За стравувањата, пак, дека сегашните случувања во Контролата за летање можат да ја загрозат безбедноста на авио-сообраќајот, Тасевски вели дека како професионалци самите ќе го затворат небото, ако дојде до некоја таква ситуација. Целото интерву на следниот линк

The post Тасевски: Упадот во Контролата за летање не е влегување во продавница, тоа е рамно на тероризам appeared first on Република.

]]>
Тасевски доби поддршка и од делегацијата на ЕУ: На 10 јануари ќе го затвориме небото над Македонија ако не се постапи по нашите барања https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-dobi-poddrshka-i-od-delegatsijata-na-eu-na-10-januari-ke-go-zatvorime-neboto-nad-makedonija-ako-ne-se-postapi-po-nashite-barana/ Fri, 05 Jan 2024 15:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=730138

Претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, денес, на делегацијата на ЕУ во земјата ѝ реферирал за вчерашниот упад во контролата на летање, но и за сите случувања во М-НАВ. По средбата со претставниците на ЕУ, Тасевски рече дека добил поддршка и од нив, уште еднаш ги повтори барања на Синдикатот и најави дека на 10 јануари ќе го затворат небото над Македонија доколку Владата не постапи како што најави оти повеќе ниеден патник со авион кон и од Македонија не е безбеден.

Бевме повикани во канцеларијата на ЕУ само поради вчерашниот напад на контролорот на летање. Очигледно дека и делегацијата на Европската Унија во нашата земја и амбасадорите ревносно ги следат сите случувањана не само во контролата на летање туку и во другите институции. Беа премногу добро запознаени со она што се случува и со сите овие лица што се инволвирани во сите овие настани. Ги разбраа нашите барања за професионализам и рекоа дека тоа се сосема нормални очекувања. Не треба да биде поинаку. Рекоа дека е нѐ следат, ќе ни дадат поддршка, ни стојат на располагање. Жално е што ова веќе одекнува насекаде. Ние моравме да ги известиме преку нашите институции со кои соработуваме, сите синдикати во Европа. Ја известивме светската организација на контролорите на летање, известени се меѓународните организации, како ‘Еуроконтрол’. Ова веќе ги преминува границите на нашата држава бидејќи е очигледно дека во рамките на оваа држава, во рамките на нашите институции, не ја добиваме целосната поддршка за она што треба да се направи за контролата на летање да биде професионална во рамките на некое европско ниво - рече Тасевски и најави дека европските синдикати се организираат со посета на Македонија да им дадат поддршка.

Тасевски рече дека МВР постапило по нивното барање и од синоќа ја обезбедува нивната зграда оти немаат доверба во нивното обезбедување, кое пропушти четири автомобили и овозможи упад во контролата на летање. Тие доцна синоќа, освен обезбедување, побараа и МВР веднаш да почне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, да ги открие и вработените и лицата што не се вработени кај нив, а учествуваа во нападот. Ги повикуваа тројцата извршни директори во М-НАВ АД Скопје веднаш да си дадат оставки од функциите, пред сѐ, од морални причини поради ескалацијата на состојбата оти покажаа дека не може успешно да раководат со македонската навигација, ниту да ги заштитат своите вработени, како и самиот објект од упад на неовластени лица. Ги повикаа да не чекаат да бидат разрешени, како што доцна синоќа најави Владата.

Тасевски вели дека нивните следни чекори зависат од Владата.

Очекуваме дека ќе го исполнат она што го најавија преку медиумите, да ги разрешат, да постават соодветни кадри, да ја поведат постапката која ќе констатира дали има потенцијални криминали корупции, што и да е она што е противзаконски направено кај нас. Во случај тоа да не се реализира, решени сме од 10 јануари да го затвориме воздушниот простор над Македонија од причина што веќе не станува збор само за подобрување на работните услови, сега имаме битка што се води за обезбедување и гаранција на безбедноста на секој патник што патува со авион - најави Тасевски.

Владата доцна синоќа најави дека на следната седница го разреши целото раководство во М-НАВ и ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, Управата за финансиска полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќајот да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

The post Тасевски доби поддршка и од делегацијата на ЕУ: На 10 јануари ќе го затвориме небото над Македонија ако не се постапи по нашите барања appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, денес, на делегацијата на ЕУ во земјата ѝ реферирал за вчерашниот упад во контролата на летање, но и за сите случувања во М-НАВ. По средбата со претставниците на ЕУ, Тасевски рече дека добил поддршка и од нив, уште еднаш ги повтори барања на Синдикатот и најави дека на 10 јануари ќе го затворат небото над Македонија доколку Владата не постапи како што најави оти повеќе ниеден патник со авион кон и од Македонија не е безбеден.
Бевме повикани во канцеларијата на ЕУ само поради вчерашниот напад на контролорот на летање. Очигледно дека и делегацијата на Европската Унија во нашата земја и амбасадорите ревносно ги следат сите случувањана не само во контролата на летање туку и во другите институции. Беа премногу добро запознаени со она што се случува и со сите овие лица што се инволвирани во сите овие настани. Ги разбраа нашите барања за професионализам и рекоа дека тоа се сосема нормални очекувања. Не треба да биде поинаку. Рекоа дека е нѐ следат, ќе ни дадат поддршка, ни стојат на располагање. Жално е што ова веќе одекнува насекаде. Ние моравме да ги известиме преку нашите институции со кои соработуваме, сите синдикати во Европа. Ја известивме светската организација на контролорите на летање, известени се меѓународните организации, како ‘Еуроконтрол’. Ова веќе ги преминува границите на нашата држава бидејќи е очигледно дека во рамките на оваа држава, во рамките на нашите институции, не ја добиваме целосната поддршка за она што треба да се направи за контролата на летање да биде професионална во рамките на некое европско ниво - рече Тасевски и најави дека европските синдикати се организираат со посета на Македонија да им дадат поддршка.
Тасевски рече дека МВР постапило по нивното барање и од синоќа ја обезбедува нивната зграда оти немаат доверба во нивното обезбедување, кое пропушти четири автомобили и овозможи упад во контролата на летање. Тие доцна синоќа, освен обезбедување, побараа и МВР веднаш да почне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, да ги открие и вработените и лицата што не се вработени кај нив, а учествуваа во нападот. Ги повикуваа тројцата извршни директори во М-НАВ АД Скопје веднаш да си дадат оставки од функциите, пред сѐ, од морални причини поради ескалацијата на состојбата оти покажаа дека не може успешно да раководат со македонската навигација, ниту да ги заштитат своите вработени, како и самиот објект од упад на неовластени лица. Ги повикаа да не чекаат да бидат разрешени, како што доцна синоќа најави Владата. Тасевски вели дека нивните следни чекори зависат од Владата.
Очекуваме дека ќе го исполнат она што го најавија преку медиумите, да ги разрешат, да постават соодветни кадри, да ја поведат постапката која ќе констатира дали има потенцијални криминали корупции, што и да е она што е противзаконски направено кај нас. Во случај тоа да не се реализира, решени сме од 10 јануари да го затвориме воздушниот простор над Македонија од причина што веќе не станува збор само за подобрување на работните услови, сега имаме битка што се води за обезбедување и гаранција на безбедноста на секој патник што патува со авион - најави Тасевски.
Владата доцна синоќа најави дека на следната седница го разреши целото раководство во М-НАВ и ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, Управата за финансиска полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќајот да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

The post Тасевски доби поддршка и од делегацијата на ЕУ: На 10 јануари ќе го затвориме небото над Македонија ако не се постапи по нашите барања appeared first on Република.

]]>
Штрајк со затворање на воздушниот простор, ако Владата не ги разреши директорите во М-НАВ, се закани ССКЛ https://republika.mk/vesti/shtrajk-so-zatvorane-na-vozdushniot-prostor-ako-vladata-ne-gi-razreshi-direktorite-vo-m-nav/ Fri, 05 Jan 2024 08:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=729852

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10 јануари доколку во меѓувреме тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши како што беше најавено синоќа по нападот на контролори на летање во зградата на оваа институција по што таму е распоредено полициско обезбедување.

ССКЛ за штрајкот одлучуваше ноќеска, а како што информира претседателот на Синдикатот Александар Тасевски изутринава, според последните информации од неговите колеги, активностите во М-НАВ се одвиваат како што треба, но очекуваат надлежните институции да си ја завршат својата работа.

По координацијата и апелите, испратени се службени лица се додека не се воспостави нормален начин на обезбедување. Рано изутрина колегите потврдија дека активностите се одвиваат како што треба. Револтот, нервозата и стресот се големи и очекуваме државните институции да си ја завршат нивната работа, да проработи свеста кај директорите и да не ја комплицираат состојбата, изјави за МИА Тасевски.

Тој претходно во објава на Фејсбук, упати благодарност до јавноста за изразената поддршка на активностите на ССКЛ за целиот изминат период, а особено, како што вели, за поддршката по случувањата кога лица влегоа во објектот на Контролата на летање и физички нападнаа наш колега контролор на летање за време на извршување на неговите работни задачи.

На вонредниот состанок на членството на ССКЛ најостро го осудиле нападот врз нивниот колега и го потврдиле ставот дека нападот врз него е напад и врз секој еден од нив

На одржаниот состанок донесени се неколку одлуки и барања:

– МВР веднаш да отпочне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, како на лицата кои не се вработени во контрола на летање, а биле присутни во безбедносниот периметар на објектот и самиот објект на контрола на летање, но и на лицата вработени кај нас, а кои биле соучесници и го потпомогнале целиот настан кој финализираше со физички напад врз наш колега контролор на летање. Додека траеше нашиот состанок од страна на МВР беше издадено официјално соопштение дека се приведени четири лица врз кои се врши распит по што ќе следува соодветна пријава, но и дека се трага по уште четири лица.

– Поради очигледни безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица, побарано е од МВР со распоредување на службени лица да го обезбеди истиот, како и вработените, посебно што станува збор за стратешки државен објект, но и поради фактот дека контролорите на летање нема да продолжат да работат под оправдан страв дека во секој момент некој од надвор би можел да влезе и да ги загрози нивните животи, а со самото тоа и животите на патниците во авионите кои ги опслужуваме. Од страна на МВР веднаш се распоредени службени лица за заштита на безбедноста и на објектот, но и на вработените.

– Ги повикуваме тројцата извршни директори во М-НАВ А.Д. Скопје, веднаш да дадат оставки од нивните функции, пред се од морални причини, поради ескалација на состојбата до која се дојде во контролата на летање по нивна вина. Истите тие, покажаа дека не само што не се способни успешно да раководат со македонската навигација, туку и дека не се способни да ги заштитат своите вработени и самиот објект од упад на неовластени лица. И по изминати повеќе од 11 часа од нападот врз нашиот колега, ниту еден од нив не најде за потребно јавно да го осуди целиот настан, да излезе со официјален став околу тоа што се случи во една институција која треба да го претставува врвот на безбедносниот систем, не се одважија ниту да понудат своја помош на нашиот повреден колега но ниту да ја гарантираат понатамошната безбедност на вработените кои и покрај се мораа да останат на своите работните места и да продолжат да го контролираат воздушниот сообраќај.
Нека не чекаат да бидат разрешени како што е најавено на следната седница на Влада, бидејќи и до сега причинија доволно штета.

-Доколку директорите сепак не покажат доблест сами да си поднесат оставки од нивните функции, ја повикуваме Владата, на првата наредна седница закажана за 09.01.2024 година, да ги разреши сите директори и да отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, како почеток на смирување на сите тензии но и овозможување на нормализација на сите процеси кои се неопходни за понатамошно нормално функционирање на македонската навигација, се барањата на ССКЛ.

Доколку не бидат исполнети, ССКЛ најавува штрајк со затворање на воздушниот простор, започнувајќи од 10.01.2024 се до нивно исполнување.

-Доколку бидеме принудени на реализација на штрајкот на 10.01.2024 година, ги замолуваме сите наши сограѓани да имаат разбирање за нашите постапки и покрај проблемите со кои ќе се соочат при нивните патувања со авион од причина што нашите постапки се насочени во насока да на секој еден патник можеме да пружиме и да гарантираме безбеден лет. За настанот и нашите понатамошни активности, веќе ги известивме сите меѓународни воздухопловни институции како и синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа и очекуваме претставници од истите да пристигнат наскоро како дополнителна помош и подршка, наведува Тасевски.

Владата синоќа најави дека на следната седница закажана за во вторник, 9 јануари, ќе донесе одлуки поврзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење.

-На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки – целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени; да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, информираше владината прес-служба.

Воедно, најави Владата, премиерот Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и дека во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Се преземаат мерки, како што информираа, за пронаоѓање на уште четири лица, а во наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ.

За нападот првично објави претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, кој на својот фејсбук профил соопшти дека во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање.

Нападот се случи по вчерашната прес-конференција на Тасевски на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Тасевски на прес-конференцијата информираше и дека завчера телефонски бил повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи и му била презентирна пријава од страна на двајца од тројцата директори во М-НАВ, Фахрудин Хамиди и Фасим Деари. Тие поднеле кривична пријава против него, како што рече, врз база на доставена електронска порака поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик.

The post Штрајк со затворање на воздушниот простор, ако Владата не ги разреши директорите во М-НАВ, се закани ССКЛ appeared first on Република.

]]>

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10 јануари доколку во меѓувреме тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши како што беше најавено синоќа по нападот на контролори на летање во зградата на оваа институција по што таму е распоредено полициско обезбедување. ССКЛ за штрајкот одлучуваше ноќеска, а како што информира претседателот на Синдикатот Александар Тасевски изутринава, според последните информации од неговите колеги, активностите во М-НАВ се одвиваат како што треба, но очекуваат надлежните институции да си ја завршат својата работа. По координацијата и апелите, испратени се службени лица се додека не се воспостави нормален начин на обезбедување. Рано изутрина колегите потврдија дека активностите се одвиваат како што треба. Револтот, нервозата и стресот се големи и очекуваме државните институции да си ја завршат нивната работа, да проработи свеста кај директорите и да не ја комплицираат состојбата, изјави за МИА Тасевски. Тој претходно во објава на Фејсбук, упати благодарност до јавноста за изразената поддршка на активностите на ССКЛ за целиот изминат период, а особено, како што вели, за поддршката по случувањата кога лица влегоа во објектот на Контролата на летање и физички нападнаа наш колега контролор на летање за време на извршување на неговите работни задачи. На вонредниот состанок на членството на ССКЛ најостро го осудиле нападот врз нивниот колега и го потврдиле ставот дека нападот врз него е напад и врз секој еден од нив На одржаниот состанок донесени се неколку одлуки и барања: – МВР веднаш да отпочне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, како на лицата кои не се вработени во контрола на летање, а биле присутни во безбедносниот периметар на објектот и самиот објект на контрола на летање, но и на лицата вработени кај нас, а кои биле соучесници и го потпомогнале целиот настан кој финализираше со физички напад врз наш колега контролор на летање. Додека траеше нашиот состанок од страна на МВР беше издадено официјално соопштение дека се приведени четири лица врз кои се врши распит по што ќе следува соодветна пријава, но и дека се трага по уште четири лица. – Поради очигледни безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица, побарано е од МВР со распоредување на службени лица да го обезбеди истиот, како и вработените, посебно што станува збор за стратешки државен објект, но и поради фактот дека контролорите на летање нема да продолжат да работат под оправдан страв дека во секој момент некој од надвор би можел да влезе и да ги загрози нивните животи, а со самото тоа и животите на патниците во авионите кои ги опслужуваме. Од страна на МВР веднаш се распоредени службени лица за заштита на безбедноста и на објектот, но и на вработените. – Ги повикуваме тројцата извршни директори во М-НАВ А.Д. Скопје, веднаш да дадат оставки од нивните функции, пред се од морални причини, поради ескалација на состојбата до која се дојде во контролата на летање по нивна вина. Истите тие, покажаа дека не само што не се способни успешно да раководат со македонската навигација, туку и дека не се способни да ги заштитат своите вработени и самиот објект од упад на неовластени лица. И по изминати повеќе од 11 часа од нападот врз нашиот колега, ниту еден од нив не најде за потребно јавно да го осуди целиот настан, да излезе со официјален став околу тоа што се случи во една институција која треба да го претставува врвот на безбедносниот систем, не се одважија ниту да понудат своја помош на нашиот повреден колега но ниту да ја гарантираат понатамошната безбедност на вработените кои и покрај се мораа да останат на своите работните места и да продолжат да го контролираат воздушниот сообраќај. Нека не чекаат да бидат разрешени како што е најавено на следната седница на Влада, бидејќи и до сега причинија доволно штета. -Доколку директорите сепак не покажат доблест сами да си поднесат оставки од нивните функции, ја повикуваме Владата, на првата наредна седница закажана за 09.01.2024 година, да ги разреши сите директори и да отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, како почеток на смирување на сите тензии но и овозможување на нормализација на сите процеси кои се неопходни за понатамошно нормално функционирање на македонската навигација, се барањата на ССКЛ. Доколку не бидат исполнети, ССКЛ најавува штрајк со затворање на воздушниот простор, започнувајќи од 10.01.2024 се до нивно исполнување. -Доколку бидеме принудени на реализација на штрајкот на 10.01.2024 година, ги замолуваме сите наши сограѓани да имаат разбирање за нашите постапки и покрај проблемите со кои ќе се соочат при нивните патувања со авион од причина што нашите постапки се насочени во насока да на секој еден патник можеме да пружиме и да гарантираме безбеден лет. За настанот и нашите понатамошни активности, веќе ги известивме сите меѓународни воздухопловни институции како и синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа и очекуваме претставници од истите да пристигнат наскоро како дополнителна помош и подршка, наведува Тасевски. Владата синоќа најави дека на следната седница закажана за во вторник, 9 јануари, ќе донесе одлуки поврзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење. -На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки – целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени; да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, информираше владината прес-служба. Воедно, најави Владата, премиерот Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ. Претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и дека во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Се преземаат мерки, како што информираа, за пронаоѓање на уште четири лица, а во наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ. За нападот првично објави претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, кој на својот фејсбук профил соопшти дека во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање. Нападот се случи по вчерашната прес-конференција на Тасевски на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција. Тасевски на прес-конференцијата информираше и дека завчера телефонски бил повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи и му била презентирна пријава од страна на двајца од тројцата директори во М-НАВ, Фахрудин Хамиди и Фасим Деари. Тие поднеле кривична пријава против него, како што рече, врз база на доставена електронска порака поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик.

The post Штрајк со затворање на воздушниот простор, ако Владата не ги разреши директорите во М-НАВ, се закани ССКЛ appeared first on Република.

]]>
Владата да ги разреши директорите на М-НАВ ако не дадат оставки по инцидентот, побара Синдикатот најавувајќи штрајк од 10 јануари https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-da-gi-razreshi-direktorite-na-m-nav-ako-ne-dadat-ostavki-po-intsidentot-pobara-sindikatot-najavuvajki-shtrajk-od-10-januari/ Fri, 05 Jan 2024 07:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=729821

Претседателот на Струковиот синдикат на контролорите на летање, Александар Тасевски доцна синоќа од име на сите членови изрази огромна благодарност до целата македонска јавност за изразената поддршка на активностите на ССКЛ за целиот изминат период, а особено за поддршката која ја добија откако лица влегоа во објектот на контролата на летање и физички нападнаа контролор на летање за време на извршување на неговите работни задачи.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-koi-se-tepachite-zetot-politsaets-na-generalniot-sekretar-vo-dui-go-natepal-bratot-na-bashkim-hasani-koj-se-odmetna-vo-fraktsijata-na-medhiti/

Тој ја извести македонска јавност и медиумите, дека доцна синоќа беше одржан вонреден состанок на членството на ССКЛ каде најостро го осудија нападот врз нивниот колега и го потврдија ставот дека нападот врз него е напад и врз секој еден од нив.

Како резултат на одржаниот состанок се донесоа следните одлуки и барања:

1. МВР веднаш да отпочне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, како на лицата кои не се вработени во контрола на летање, а биле присутни во безбедносниот периметар на објектот и самиот објект на контрола на летање, но и на лицата вработени кај нас, а кои биле соучесници и го потпомогнале целиот настан кој финализираше со физички напад врз наш колега контролор на летање.
Додека траеше нашиот состанок од страна на МВР беше издадено официјално соопштение дека се приведени 4 лица врз кои се врши распит по што ќе следува соодветна пријава, но и дека се трага по уште 4 лица.

2. Поради очигледни безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица, побарано е од МВР со распоредување на службени лица да го обезбеди истиот, како и вработените, посебно што станува збор за стратешки државен објект, но и поради фактот дека контролорите на летање нема да продолжат да работат под оправдан страв дека во секој момент некој од надвор би можел да влезе и да ги загрози нивните животи, а со самото тоа и животите на патниците во авионите кои ги опслужуваме. Од страна на МВР веднаш се распоредени службени лица за заштита на безбедноста и на објектот, но и на вработените.

3. Ги повикуваме тројцата извршни директори во М-НАВ А.Д. Скопје, веднаш да дадат оставки од нивните функции, пред се од морални причини, поради ескалација на состојбата до која се дојде во контролата на летање по нивна вина. Истите тие, покажаа дека не само што не се способни успешно да раководат со македонската навигација, туку и дека не се способни да ги заштитат своите вработени и самиот објект од упад на неовластени лица. И по изминати повеќе од 11 часа од нападот врз нашиот колега, ниту еден од нив не најде за потребно јавно да го осуди целиот настан, да излезе со официјален став околу тоа што се случи во една институција која треба да го претставува врвот на безбедносниот систем, не се одважија ниту да понудат своја помош на нашиот повреден колега но ниту да ја гарантираат понатамошната безбедност на вработените кои и покрај се мораа да останат на своите работните места и да продолжат да го контролираат воздушниот сообраќај.
Нека не чекаат да бидат разрешени како што е најавено на следната седница на Влада, бидејќи и до сега причинија доволно штета.

4. Доколку директорите сепак не покажат доблест сами да си поднесат оставки од нивните функции, ја повикуваме Владата, на првата наредна седница закажана за 09.01.2024 година, да ги разреши сите директори и да отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, како почеток на смирување на сите тензии но и овозможување на нормализација на сите процеси кои се неопходни за понатамошно нормално функционирање на македонската навигација.
Во спротивно, ССКЛ најавува штрајк со затворање на воздушниот простор, започнувајќи од 10.01.2024 се до исполнување на сите наши барања.

Доколку бидеме принудени на реализација на штрајкот на 10.01.2024 година, ги замолуваме сите наши сограѓани да имаат разбирање за нашите постапки и покрај проблемите со кои ќе се соочат при нивните патувања со авион од причина што нашите постапки се насочени во насока да на секој еден патник можеме да пружиме и да гарантираме безбеден лет.

За настанот и нашите понатамошни активности, веќе ги известивме сите меѓународни воздухопловни институции како и синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа и очекуваме претставници од истите да пристигнат наскоро како дополнителна помош и подршка.

The post Владата да ги разреши директорите на М-НАВ ако не дадат оставки по инцидентот, побара Синдикатот најавувајќи штрајк од 10 јануари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Струковиот синдикат на контролорите на летање, Александар Тасевски доцна синоќа од име на сите членови изрази огромна благодарност до целата македонска јавност за изразената поддршка на активностите на ССКЛ за целиот изминат период, а особено за поддршката која ја добија откако лица влегоа во објектот на контролата на летање и физички нападнаа контролор на летање за време на извршување на неговите работни задачи. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-koi-se-tepachite-zetot-politsaets-na-generalniot-sekretar-vo-dui-go-natepal-bratot-na-bashkim-hasani-koj-se-odmetna-vo-fraktsijata-na-medhiti/ Тој ја извести македонска јавност и медиумите, дека доцна синоќа беше одржан вонреден состанок на членството на ССКЛ каде најостро го осудија нападот врз нивниот колега и го потврдија ставот дека нападот врз него е напад и врз секој еден од нив.

Како резултат на одржаниот состанок се донесоа следните одлуки и барања:

1. МВР веднаш да отпочне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, како на лицата кои не се вработени во контрола на летање, а биле присутни во безбедносниот периметар на објектот и самиот објект на контрола на летање, но и на лицата вработени кај нас, а кои биле соучесници и го потпомогнале целиот настан кој финализираше со физички напад врз наш колега контролор на летање. Додека траеше нашиот состанок од страна на МВР беше издадено официјално соопштение дека се приведени 4 лица врз кои се врши распит по што ќе следува соодветна пријава, но и дека се трага по уште 4 лица. 2. Поради очигледни безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица, побарано е од МВР со распоредување на службени лица да го обезбеди истиот, како и вработените, посебно што станува збор за стратешки државен објект, но и поради фактот дека контролорите на летање нема да продолжат да работат под оправдан страв дека во секој момент некој од надвор би можел да влезе и да ги загрози нивните животи, а со самото тоа и животите на патниците во авионите кои ги опслужуваме. Од страна на МВР веднаш се распоредени службени лица за заштита на безбедноста и на објектот, но и на вработените. 3. Ги повикуваме тројцата извршни директори во М-НАВ А.Д. Скопје, веднаш да дадат оставки од нивните функции, пред се од морални причини, поради ескалација на состојбата до која се дојде во контролата на летање по нивна вина. Истите тие, покажаа дека не само што не се способни успешно да раководат со македонската навигација, туку и дека не се способни да ги заштитат своите вработени и самиот објект од упад на неовластени лица. И по изминати повеќе од 11 часа од нападот врз нашиот колега, ниту еден од нив не најде за потребно јавно да го осуди целиот настан, да излезе со официјален став околу тоа што се случи во една институција која треба да го претставува врвот на безбедносниот систем, не се одважија ниту да понудат своја помош на нашиот повреден колега но ниту да ја гарантираат понатамошната безбедност на вработените кои и покрај се мораа да останат на своите работните места и да продолжат да го контролираат воздушниот сообраќај. Нека не чекаат да бидат разрешени како што е најавено на следната седница на Влада, бидејќи и до сега причинија доволно штета. 4. Доколку директорите сепак не покажат доблест сами да си поднесат оставки од нивните функции, ја повикуваме Владата, на првата наредна седница закажана за 09.01.2024 година, да ги разреши сите директори и да отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, како почеток на смирување на сите тензии но и овозможување на нормализација на сите процеси кои се неопходни за понатамошно нормално функционирање на македонската навигација. Во спротивно, ССКЛ најавува штрајк со затворање на воздушниот простор, започнувајќи од 10.01.2024 се до исполнување на сите наши барања. Доколку бидеме принудени на реализација на штрајкот на 10.01.2024 година, ги замолуваме сите наши сограѓани да имаат разбирање за нашите постапки и покрај проблемите со кои ќе се соочат при нивните патувања со авион од причина што нашите постапки се насочени во насока да на секој еден патник можеме да пружиме и да гарантираме безбеден лет. За настанот и нашите понатамошни активности, веќе ги известивме сите меѓународни воздухопловни институции како и синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа и очекуваме претставници од истите да пристигнат наскоро како дополнителна помош и подршка.

The post Владата да ги разреши директорите на М-НАВ ако не дадат оставки по инцидентот, побара Синдикатот најавувајќи штрајк од 10 јануари appeared first on Република.

]]>
Тасевски од М-НАВ: Граѓаните засега не треба да се плашат да летаат со авион https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-od-m-nav-graganite-zasega-ne-treba-da-se-plashat-da-letaat-so-avion/ Thu, 04 Jan 2024 18:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=729751

Немаше никаква закана од моја страна, убедува Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ по настаните деновиве со со вработените во ова претпријатие по што тој беше повикан на информативен разговор од МВР. Тој за „Сител“ објасни што се случува деновиве а капак на се беше денешниот упад од страни на активисти во ДУИ кои се пресметале со дел од вработените.

Нити имало причина ниту потреба тоа да го направам.Немаат за што па прават притисок да се откажеме.Наместо да не спречат тие направија поголем револт и тоа ќе мора да резултира со оставки од нивните позиции.Покажаа дека не се квалитетни ни како менаџери ни како лица што може да обезбедат безбедност за своите вработени.Менаџментот не застана на одбрана ниту во одбрана на својот вработен ниту на мене кога имав јавни закани по телефон.

https://republika.mk/vesti/makedonija/banda-partiski-vojnitsi-na-dui-vlegle-vo-zgradata-na-m-nav-dali-e-dovedena-vo-prashane-bezbednosta-vo-avio-soobrakajot/

Toј смирува дека засега македонските граѓани не треба да се плашат да летаат со авион од скопскиот аеродром и оти треба да се качат слободно во авион.

Да,треба да се качите во авион.Како контролори на летање нема да дозволиме ништо да се случи на ниеден авион и патник.Во првиот момент кога ќе почуствуваме дека како контролори нема да можеме да ги бајпасираме сите оние недостатоци ќе бидеме први кои ќе кажеме СТОП и нема да има летање.Не поради штрајкк туку поради загрозување безбедноста

The post Тасевски од М-НАВ: Граѓаните засега не треба да се плашат да летаат со авион appeared first on Република.

]]>

Немаше никаква закана од моја страна, убедува Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ по настаните деновиве со со вработените во ова претпријатие по што тој беше повикан на информативен разговор од МВР. Тој за „Сител“ објасни што се случува деновиве а капак на се беше денешниот упад од страни на активисти во ДУИ кои се пресметале со дел од вработените.
Нити имало причина ниту потреба тоа да го направам.Немаат за што па прават притисок да се откажеме.Наместо да не спречат тие направија поголем револт и тоа ќе мора да резултира со оставки од нивните позиции.Покажаа дека не се квалитетни ни како менаџери ни како лица што може да обезбедат безбедност за своите вработени.Менаџментот не застана на одбрана ниту во одбрана на својот вработен ниту на мене кога имав јавни закани по телефон.
https://republika.mk/vesti/makedonija/banda-partiski-vojnitsi-na-dui-vlegle-vo-zgradata-na-m-nav-dali-e-dovedena-vo-prashane-bezbednosta-vo-avio-soobrakajot/ Toј смирува дека засега македонските граѓани не треба да се плашат да летаат со авион од скопскиот аеродром и оти треба да се качат слободно во авион.
Да,треба да се качите во авион.Како контролори на летање нема да дозволиме ништо да се случи на ниеден авион и патник.Во првиот момент кога ќе почуствуваме дека како контролори нема да можеме да ги бајпасираме сите оние недостатоци ќе бидеме први кои ќе кажеме СТОП и нема да има летање.Не поради штрајкк туку поради загрозување безбедноста
 
The post Тасевски од М-НАВ: Граѓаните засега не треба да се плашат да летаат со авион appeared first on Република.

]]>
Тасевски: Директорите стравуваат за своите фотелји, кривичната против мене е притисок да се откажеме https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-od-m-nav-direktorite-stravuvaat-za-svoite-fotelji-krivichnata-protiv-mene-e-pritisok-da-se-otkazheme/ Thu, 04 Jan 2024 12:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=729573

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски бил на разговор во полиција за да му презентираат кривична пријава која двајцата директори на М-НАВ, Фахрудин Мемеди и Хасим Деари ја поднеле против него за загрозување на безбедноста.

Протекоа некои информации и сметам дека вака најдобро е да ја известам јавноста. Во текот на вчерашниот ден бев телефонски повикан во секторот на насилен криминал при МВР каде што ми беше презентирана пријава од страна на двајца од тројца директори, Фахрудин Мемеди и Хасим Деари. Кривичната е поднесена врз база на мејл кој е доставен до нив поради чувство на загрозена сигурност и безбедност. Содржината на тој мејл ниту има било какви ставки кои асоцираат на закани и животнозагрозувачки информации, а тенденционзно се интепретираат погрешно за да ми се изврши притисок со намера да се откажеме од нашите активности. Преку мене и до синдикатот на контролори на летање и до сите оние професионалнци кои покажаа доблест да го кренат својот глас и да ја заштитат професијата и да кажат стоп на оние нестручни вработувања – рече првиот синдикалец на М-НАВ Александар Тасевски.

Последните чекори што се преземени од страна на техничарите и инженерите да си дадат оставка од своите раководни функции, според него, кај директорите покажало страв кој се однесува стриктно за нивните директорски фотелји, не по нивниот живот.

Ова што се случи вчера нема да не заплаши и да не оттргне од идејата. Веројатно директорите се во паника затоа што на наша страна се и другите служби, не само контролорите. Како прв чекор е депонирањето на оставки од денеска на сите оние контролори на летање кои имаат раководни и инструкторски функции, тоа се отприлика 20-30 луѓе кои ќе даваат оставки и овие се посебно од оние што си дадоа оставка. Има простор за чешлање на работата од Трудова инспекција и од Антикорупциска. -Ние нема да застанеме тука, притисокот што го прават создаде дополнителен револт. Зградата што ја гледате, односно не ја гледате, исчезна мистериозно, а беше во проектот и тендерската документација и требаше да се изведе. Наместо зград се реконструираше гаража од 280м2 за 400.000 евра. Ако некој смета дека ова е нормално, навистина имаме голем проблем – потенцира Тасевски и додаде дека штрајковите не се исклучени, но не само на контролорите на летање, туку на сите вработени во М-НАВ со целосно затворање на воздушниот сообраќај.

The post Тасевски: Директорите стравуваат за своите фотелји, кривичната против мене е притисок да се откажеме appeared first on Република.

Од МВР потврдија дека Тасевски бил повикан на службен разговор, до ОЈО ќе биде доставен „соодветен поднесок“ https://republika.mk/vesti/makedonija/od-mvr-potvrdija-deka-tasevski-bil-povikan-na-sluzhben-razgovor-do-ojo-ke-bide-dostaven-soodveten-podnesok/ Thu, 04 Jan 2024 11:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=729569

МВР денеска соопшти дека во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во МНАВ, постапува како и секогаш, согласно законските обврски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/

Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај, се вели во соопштението од МВР.

По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., се појаснува во соопштението, извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава.

На 3 јануари 2024 со покана е повикан А.Т. и со него е извршен службен разговор. Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода, туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување, соопштија од МВР.

The post Од МВР потврдија дека Тасевски бил повикан на службен разговор, до ОЈО ќе биде доставен „соодветен поднесок“ appeared first on Република.

]]>

МВР денеска соопшти дека во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во МНАВ, постапува како и секогаш, согласно законските обврски. https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/
Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај, се вели во соопштението од МВР.
По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., се појаснува во соопштението, извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава.
На 3 јануари 2024 со покана е повикан А.Т. и со него е извршен службен разговор. Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода, туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување, соопштија од МВР.

The post Од МВР потврдија дека Тасевски бил повикан на службен разговор, до ОЈО ќе биде доставен „соодветен поднесок“ appeared first on Република.

]]>
Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-za-m-nav-od-ishodot-na-ovaa-borba-zavisi-dali-ke-ne-bide/ Thu, 04 Jan 2024 09:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=729533

Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот, iнституција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри, порача поранешниот министер Никола Димитров, по веста дека претседателот на Синдикатот на контролорите на летање беше повикан во полиција, пријавен од директорите кои „се плашеле за својатабезбедност“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/

Борбата на Тасевски е борба каде се кршат копјата - дали оваа држава има сѐ уште сила да пружи организиран и силен отпор на клиентелизмот, дали има останато професионалци кои независно од разликите меѓу себе умеат да застанат сложно за да го одбранат дигнитетот - својот личен, на институцијата каде што се и на својата професија. Токму од исходот на оваа борба зависи дали ќе нѐ биде.
Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!?
Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!, порача Димитров.

The post Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде appeared first on Република.

]]>

Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот, iнституција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри, порача поранешниот министер Никола Димитров, по веста дека претседателот на Синдикатот на контролорите на летање беше повикан во полиција, пријавен од директорите кои „се плашеле за својатабезбедност“. https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/
Борбата на Тасевски е борба каде се кршат копјата - дали оваа држава има сѐ уште сила да пружи организиран и силен отпор на клиентелизмот, дали има останато професионалци кои независно од разликите меѓу себе умеат да застанат сложно за да го одбранат дигнитетот - својот личен, на институцијата каде што се и на својата професија. Токму од исходот на оваа борба зависи дали ќе нѐ биде. Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!? Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!, порача Димитров.

The post Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде appeared first on Република.

]]>
Приведен претседателот на Синдикатот на контрола за летање, директорите на М-НАВ се чувствувале загрозени од него https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/ Wed, 03 Jan 2024 17:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=729398

Претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски денеска бил приведен во полициска станица по пријава од менаџментот на М-НАВ дека им упатувал закани преку „Фејсбук“. Директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди и уште еден од тројцата директори, Хасим Деари, го пријавиле дека чувствуваат загрозеност на безбедноста од него.

Според информации на „Сител“, се работи за статус во кој симболично се асоцирало на одговорност за која подолго време синдикатот јавно го обвинува менаџментот за злоупотреби при вработувања и спроведување на постапките во претпријатието.

Тасевски ја потврди информацијата и најави дека деталите во јавност ќе ги соопшти утре на прес-конференција.

The post Приведен претседателот на Синдикатот на контрола за летање, директорите на М-НАВ се чувствувале загрозени од него appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски денеска бил приведен во полициска станица по пријава од менаџментот на М-НАВ дека им упатувал закани преку „Фејсбук“. Директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди и уште еден од тројцата директори, Хасим Деари, го пријавиле дека чувствуваат загрозеност на безбедноста од него. Според информации на „Сител“, се работи за статус во кој симболично се асоцирало на одговорност за која подолго време синдикатот јавно го обвинува менаџментот за злоупотреби при вработувања и спроведување на постапките во претпријатието. Тасевски ја потврди информацијата и најави дека деталите во јавност ќе ги соопшти утре на прес-конференција.

The post Приведен претседателот на Синдикатот на контрола за летање, директорите на М-НАВ се чувствувале загрозени од него appeared first on Република.

]]>
Ќе нема летови за Нова година ако не се повлечат контроверзните огласи за вработување во М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-nema-letovi-za-nova-godina-ako-ne-se-povlechat-kontroverznite-oglasi-za-vrabotuvane-vo-m-nav/ Sat, 16 Dec 2023 07:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=723369

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава.

Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, го реактивираме штрајкот на 25 декември од 10 часот до 15 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59, потврди во изјава за МИА Тасевски.

Доколку не бидат повлечени објавените огласи најавува дека на 25 декември ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите.

Тој вели дека договореното за роковите за времетретрање на огласите за вработување не се почитува, а кадарот кој сакаат да го вработат, како што рече, не е од суштинските дејности и не е потребен. -Станува збор за деловни асистенти и советник за човечки ресурси, место што според наши сознанија е за еден од поранешните директори во М-НАВ, рече Тасевски.

Едниот оглас, појасни, е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а другиот три дена од кои два се сабота и недела.

The post Ќе нема летови за Нова година ако не се повлечат контроверзните огласи за вработување во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава.
Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, го реактивираме штрајкот на 25 декември од 10 часот до 15 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59, потврди во изјава за МИА Тасевски.
Доколку не бидат повлечени објавените огласи најавува дека на 25 декември ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите. Тој вели дека договореното за роковите за времетретрање на огласите за вработување не се почитува, а кадарот кој сакаат да го вработат, како што рече, не е од суштинските дејности и не е потребен. -Станува збор за деловни асистенти и советник за човечки ресурси, место што според наши сознанија е за еден од поранешните директори во М-НАВ, рече Тасевски. Едниот оглас, појасни, е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а другиот три дена од кои два се сабота и недела.

The post Ќе нема летови за Нова година ако не се повлечат контроверзните огласи за вработување во М-НАВ appeared first on Република.

]]>