александар стојановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-stojanovikj/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Aug 2022 07:30:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар стојановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-stojanovikj/ 32 32 Д-р Стојановиќ: Се појави нов симптом на ковидот, на кој досега никој не се жалеше https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-stojanovikj-se-pojavi-nov-simptom-na-kovidot-na-koj-dosega-nikoj-ne-se-zaleshe/ Wed, 03 Aug 2022 07:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=536293

По новиот скок на бројките на пациенти од Kовид-19, во Македонија официјалниот број на активни случаи изнесува 4.535, но се претпоставува дека бројката на заразени и е неколкупати повисока.

Ковидот повторно беснее и во Грција и во Србија, но повеќето заразени поминуваат со поблаги симптоми.

Ситуацијата е таква што мнозинството од заразените со Ковид-19 немаат никакви симптоми. Кога ќе се појават првите знаци на вирусот, тие обично се благи и често тестот не ги открива, односно е негативен, а пациентот е всушност позитивен на Ковид. Младите се инфицираат на исто колку и постарите, но нивната клиничка слика е обично поблага од грипот и изгледа како обична настинка, иако не е. Има малку покачена температура, болно грло кое трае ден-два. Сепак, важно да се тестираме, и за себе и за другите, рече д-р Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“ од Белград во утринската програма „Редакција“.

Тој додава дека забележан е нов симптом кај овој сој на коронавирусот, на кој досега никој не се пожалил.

Еден од симптомите е болка во 'рбетот, речиси секој втор, трет пациент над 40 години нема други потешкотии, туку само болка во грбот. Со овие симптоми се среќаваме за првпат. Овој вид е специфичен. Имаш болки во кичмата, немаш температура, правиш тест и си позитивен. Имаме заразени и бебиња од еден месец, месец и пол. Тинејџерите го поминуваат на нозе. Симптомите ќе бидат поблаги. Но, возрасните уште се најранливи, изјави д-р Стојановиќ.

The post Д-р Стојановиќ: Се појави нов симптом на ковидот, на кој досега никој не се жалеше appeared first on Република.

]]>

По новиот скок на бројките на пациенти од Kовид-19, во Македонија официјалниот број на активни случаи изнесува 4.535, но се претпоставува дека бројката на заразени и е неколкупати повисока. Ковидот повторно беснее и во Грција и во Србија, но повеќето заразени поминуваат со поблаги симптоми.