александар русјаков Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-rusjakov/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Aug 2023 11:45:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар русјаков Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-rusjakov/ 32 32 „Антево перо“ за 2023 за стихозбирката „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков https://republika.mk/vesti/kultura/antevo-pero-za-2023-za-stihozbirkata-50-ispeani-prikazni-od-aleksandar-rusjakov/ Tue, 15 Aug 2023 11:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=672327

Жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изрази своето задоволство од одличниот одзив за оваа награда.

Пристигнаа 73 стихозбирки, со најразличен поетски израз, квалитети и трендовска и жанровска разноликост, од кои во потесен избор за наградата влегоа шест стихозбирки: Александар Русјаков – „50 испеани приказни“, Љубинка Донева – „Монолог на пирејот“, Милена Сиљаноска – „Болопадание“, Кирил Ангелов – „сновиденија“, Александра Спасеска – „Координати на болката“ и Томе Липовски – „А што да речам“. По темелно разгледување на вредностите на секоја од овие шест стихозбирки и по завршните дискусии на членовите на жирито, Комисијата едногласно донесе одлука наградата „Антево Перо“ за 2023 година да ѝ припадне на стихозбирката „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков.

Поетската збирка „50 испеани приказни“ на мултиталентираниот Александар Русјаков нуди една малку поинаква поетика што нѐ пречекува уште на самиот почеток кога ја восприемаме преку формата. Во оваа поезија во проза, која понекогаш се движи по рабовите на овој вид, се менуваат во свеста на читателот филмски кадри од надреалистички поетски слики од секојдневието и животот на еден длабок доживувач на реалноста. Тие кадри ја менуваат техниката наизменично и прикажаното преминува во анимиран филм во црно-бела техника каде секој кадар е нацртан рачно и во секоја линија се гледа пораката што поетот сака да ни ја пренесе. Во оваа поезија има многу за љубовта, но таа љубов е лишена од тривијална патетика. Интертекстуалноста е суптилно нагласена преку експресионистичките постапки на Кафка, но и апсурдноста на Ками, суровоста на Буковски и брилијантната реалистичност на Достоевски. Ерудитивноста на Русјаков и неговите широки познавања на уметноста во сите нејзини форми и карактеристики создава една синкретична поезија. И оксиморонот и парадоксот му овозможуваат на поетот директен и недвосмислен начин на соопштување на својата, на личната преспектива на времето, просторот и луѓето во тој простор и време со што се осмислува и оправдува неговото постоење во центарот на сето тоа. Со оваа поезија, Русјаков соопштува универзални, но важни поетски пораки доближувајќи се до ѕвездените корени на Анте Поповски во кои секоја песна се раѓа и вечно живее, велат организаторите.

Во согласност со пропозициите на Манифестацијата, Комисијата, исто така, реши да додели и две награди „Антев златник“. Комисијата едногласно одлучи наградите „Антев златник“ за 2023 година да ги додели на Милена Сиљаноска за стихозбирката „Болопадание“ и Александра Спасеска за стихозбирката „Координати на болката“.

Поезијата на Милена Сиљаноска со новоискован наслов „Болопадание“, претставува освежување во македонската книжевност. Песните од оваа збирка, со својата баладичност и лиричност, промовираат поетски тон на една топла меланхолија која напати ја има таговната нишка на португалското фадо, а напати лесната ритмичност на бразилската боса нова. На тој начин, оваа поезија упатува на еден цел интертекстуален свет, кој надополнет со сложените фигури и јасниот јазичен израз, става пред нас поестки ракопис кој го интригира читателот и со право го заслужува неговото внимание.

Во збирката поезија насловена како „Координати на болката“, Александра Спасеска ни претставува кратки и јасни стихови во модерен манир кои имаат традиционален призвук и оддаваат почит на македонските поети и нивната поезија. Преку микроскопијата на навидум неважните детали на секојдневието, оваа поетеса ни го свртува вниманието кон цели универзуми со што тие детали добиваат нови значења и во нашето секојдневие. Преку умерената фигуративност, графичките интервенции кои се во функција на смислата на песните и новосмислените зборови, Спасеска прави универзална поетска мапа на човечката болка, која вака испеана е полесна и поподнослива.

Конечно, Жирито дискутираше и за трите стихозбирки кои влегоа во потесен избор за наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик: Емануела Ковачевска Китановска – „Второ детство“, Светла Јакшиќ – „Ноќен суфлер“ и Александра Атанасова – „Душебол“. По темелно разгледување на сите збирки, Комисијата донесе одлука наградата „Антев часовник“ да ѝ припадне на стихозбирката „Ноќен суфлер“ на поетесата Светла Јакшиќ.

Појавата на збирката поезија „Ноќен суфлер“ на Светла Јакшиќ е една нова светлина меѓу младите македонски поети, која со својата младешка свежина на поетскиот израз никого не остава рамнодушен. Песните од оваа збирка понекогаш личат на врамени уметнички фотографии во различни техники и бои, а понекогаш се уметнички слики на кои може да се види и самиот процес на создавање. Во оваа музејска поставка на секојдневието, поезијата е насликана со густо напластена, сложена фигуративност и ферментиран стил кој треба да продолжи да расте и да се развива.

Комисијата искрено им се заблагодарува на сите учесници на Конкурсот за наградата „Антево перо“ и изразува надеж дека и во иднина ќе продолжи интересот за оваа престижна награда. Во наредниот период ќе следи уште едно Соопштение со кое јавноста ќе биде информирана за датумот, местото и терминот на официјалното прогласување на победникот на Конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2023 година и врачувањето на сите награди.

The post „Антево перо“ за 2023 за стихозбирката „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков appeared first on Република.

]]>

Разговор со Александар Русјаков во Градската библиотека во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-aleksandar-rusjakov-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Mon, 06 Feb 2023 09:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=605264

Утре, во вторник, 7 февруари во 19 часот во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со Александар Русјаков, автор на романот„Хотел меѓу две војни“ – книга за месец февруари во Библиотеката.

„Хотел меѓу две војни“е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се претставени преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите.
Книгата е добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2021 година и на Рациновото признание во 2022 година.

Александар Русјаков е роден во 1970 година во Велес. Пишува поезија, раскази, драми, а „Хотел меѓу две војни“ е негов петти роман. Автор е на сценарија за повеќе кратки и долгометражни филмови, тв филмови и серии,како и на сценариото за анимираната тв-серија „Еднооки“.
Разговорот е дел од големата кампања на скопската градска библиотека „Читаме современи македонски автори“ и е од отворен карактер.Книга на месецот „Хотел меѓу две војни“ ќе биде тема и на Клубот на читатели предвиден за 25 февруари.

Разговорот со Русјаков ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 година, како поддршка за домашното книжевно творештво:

Македонската литература има долга традиција, а нејзината вредноста ја продолжуваат авторите кои ни се современици, наши колеги, сограѓани. Сметаме дека токму нашите читатели треба да бидат тие кои први ќе ги читаат нашите автори, писателите кои творат на македонски јазик токму денес.Нашата цел е да поттикнеме што поголем интерес за современите македонските дела, како и за македонскиот јазик, велат од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

До сега пред читателите на Библиотеката, како и пред пошироката публика беа претставени: „Сфинга на гневот“ и авторот Жарко Кујунџиски, „Девет приказни за госпоѓица Сит“ и Билјана С. Црвенковска, „Диссомнии“ на Игор Станојоски и „Лебед“ на Ана Стојаноска. Кампањата „Читаме современи македонски автори“ е предвидено да трае до месец јуни.

The post Разговор со Александар Русјаков во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Утре, во вторник, 7 февруари во 19 часот во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со Александар Русјаков, автор на романот„Хотел меѓу две војни“ – книга за месец февруари во Библиотеката. „Хотел меѓу две војни“е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се претставени преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите. Книгата е добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2021 година и на Рациновото признание во 2022 година. Александар Русјаков е роден во 1970 година во Велес. Пишува поезија, раскази, драми, а „Хотел меѓу две војни“ е негов петти роман. Автор е на сценарија за повеќе кратки и долгометражни филмови, тв филмови и серии,како и на сценариото за анимираната тв-серија „Еднооки“. Разговорот е дел од големата кампања на скопската градска библиотека „Читаме современи македонски автори“ и е од отворен карактер.Книга на месецот „Хотел меѓу две војни“ ќе биде тема и на Клубот на читатели предвиден за 25 февруари. Разговорот со Русјаков ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 година, како поддршка за домашното книжевно творештво: Македонската литература има долга традиција, а нејзината вредноста ја продолжуваат авторите кои ни се современици, наши колеги, сограѓани. Сметаме дека токму нашите читатели треба да бидат тие кои први ќе ги читаат нашите автори, писателите кои творат на македонски јазик токму денес.Нашата цел е да поттикнеме што поголем интерес за современите македонските дела, како и за македонскиот јазик, велат од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. До сега пред читателите на Библиотеката, како и пред пошироката публика беа претставени: „Сфинга на гневот“ и авторот Жарко Кујунџиски, „Девет приказни за госпоѓица Сит“ и Билјана С. Црвенковска, „Диссомнии“ на Игор Станојоски и „Лебед“ на Ана Стојаноска. Кампањата „Читаме современи македонски автори“ е предвидено да трае до месец јуни.

The post Разговор со Александар Русјаков во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Хотел меѓу две војни“ од Русјаков – книга на месецот февруари во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/hotel-megu-dve-vojni-od-rusjakov-kniga-na-mesetsot-fevruari-vo-bibliotekata-braka-miladinovtsi-skopje/ Mon, 30 Jan 2023 08:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=602461

Наградуваниот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е избран за книга за месецот февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Со делото, кое ја освои наградата „Пегаз“ (за најдобар необјавен роман во 2021 година) и е добитник на „Рациново признание“ за 2022 година, библиотеката ја продолжува својата голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.

На 7 февруари (вторник) во 19 часот во библиотеката ќе се одржи разговор со писателот Русјаков, а на 25 февруари (недела) е закажана средбата во Клубот на читатели, на која ќе се дискутира романот.

Разговор со авторот и Клубот на читатели се редовни активности од нашата кампања, кои во февруари ќе му бидат посветени токму на Александар Русјаков и неговиот интересен и наградуван роман. „Хотел меѓу две војни“ е достапен во сите наши библиотеки – се вели во објавата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се претставени преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите.

The post „Хотел меѓу две војни“ од Русјаков – книга на месецот февруари во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје appeared first on Република.

]]>

Наградуваниот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е избран за книга за месецот февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Со делото, кое ја освои наградата „Пегаз“ (за најдобар необјавен роман во 2021 година) и е добитник на „Рациново признание“ за 2022 година, библиотеката ја продолжува својата голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори. На 7 февруари (вторник) во 19 часот во библиотеката ќе се одржи разговор со писателот Русјаков, а на 25 февруари (недела) е закажана средбата во Клубот на читатели, на која ќе се дискутира романот.
Разговор со авторот и Клубот на читатели се редовни активности од нашата кампања, кои во февруари ќе му бидат посветени токму на Александар Русјаков и неговиот интересен и наградуван роман. „Хотел меѓу две војни“ е достапен во сите наши библиотеки – се вели во објавата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје.
„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се претставени преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите.  

The post „Хотел меѓу две војни“ од Русјаков – книга на месецот февруари во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје appeared first on Република.

]]>
Александар Русјаков добитник на годинашното „Рационово признание“ https://republika.mk/vesti/kultura/aleksandar-rusjakov-dobitnik-na-godinashnoto-racionovo-priznanie/ Tue, 14 Jun 2022 08:21:50 +0000 https://republika.mk/?p=514839

Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување годинава му се доделува на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“. Комисијата во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност и нестереотипен раскажувачки дискурс.

„Хотел меѓу две војни“ е роман чиј наратив не може да се ограничи само на една жанровска определба. Со својата жанровска флуктуација оваа прозна објава може да се толкува под терминот експериментален хибрид од љубовен, псевдоисториски и фантастичен роман во кој главните протагонисти се најпрепознатливите балкански Ромео и Јулија – Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте, во главниот дел од приказната и Елени Каринте и Никифор Гермијан, во паралелниот дел од споредната приказна.

Романот „Хотел меѓу две војни“ нуди уникатно уметничко доживување и несомнено придонесува кон збогатување на современата македонска проза.

Почесното Рациново признание годинава му припадна на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад, истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозовскиот факултет во Нови Сад.

Проф. Д-р Бошњаковиќ е автор и коавтор на значајни монографии, статии и студии објавувани во престижни публикации во Србија и пошироко. Автор е на „Македонски јазик, читанка, речник, граматика“, „Со македонски во светот“, коавтор е на обемното дело „Македонско-српски и српско-македонски речник, изговор и граматика“.

Рациновото признание ќе биде врачено вечер на официјалното отворање на 59. Рацинови средби во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

The post Александар Русјаков добитник на годинашното „Рационово признание“ appeared first on Република.

]]>

Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување годинава му се доделува на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“. Комисијата во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност и нестереотипен раскажувачки дискурс. „Хотел меѓу две војни“ е роман чиј наратив не може да се ограничи само на една жанровска определба. Со својата жанровска флуктуација оваа прозна објава може да се толкува под терминот експериментален хибрид од љубовен, псевдоисториски и фантастичен роман во кој главните протагонисти се најпрепознатливите балкански Ромео и Јулија – Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте, во главниот дел од приказната и Елени Каринте и Никифор Гермијан, во паралелниот дел од споредната приказна. Романот „Хотел меѓу две војни“ нуди уникатно уметничко доживување и несомнено придонесува кон збогатување на современата македонска проза. Почесното Рациново признание годинава му припадна на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад, истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозовскиот факултет во Нови Сад. Проф. Д-р Бошњаковиќ е автор и коавтор на значајни монографии, статии и студии објавувани во престижни публикации во Србија и пошироко. Автор е на „Македонски јазик, читанка, речник, граматика“, „Со македонски во светот“, коавтор е на обемното дело „Македонско-српски и српско-македонски речник, изговор и граматика“. Рациновото признание ќе биде врачено вечер на официјалното отворање на 59. Рацинови средби во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.  

The post Александар Русјаков добитник на годинашното „Рационово признание“ appeared first on Република.

]]>
Александар Русјаков: Отсекогаш сум сакал да раскажам приказна што ќе биде „мојата“ Ромео и Јулија https://republika.mk/vesti/kultura/aleksandar-rusjakov-otsekogash-sum-sakal-da-raskazam-prikazna-shto-kje-bide-mojata-romeo-i-julija/ Thu, 07 Apr 2022 12:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=484741

Александар Русјаков: „Хотел меѓу две војни“ е роман за љубовта на Елени и Ататурк што никогаш не се случила

Во присуство на многубројна публика од културната и книжевната сцена, вчеравечер (6 април) во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се одржа свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. На доделувањето на наградата, покрај победникот Русјаков, се обратија и членовите на жирито: проф. д-р Владимир Мартиновски, Фросина Пармаковска и Бисера Бендевска, како и уредничката на книгата, Оливера Ќорвезироска.

По примањето на плакетата, авторот Александар Русјаков истакна дека му претставува голема чест што ја добива наградата за најдобар необјавен роман – „Пегаз“.

Чувствувам трема, бидејќи не добивам често награди, но и бидејќи ова ми е прва класична промоција на моја книга. Сакам да им се заблагодарам на издавачката куќа „Арс Ламина“, на Фондацијата „Славко Јаневски“ и на жирито, што ми ја доделија оваа награда. Сакам да ѝ се заблагодарам и на Оливера Ќорвезироска, која беше прекрасен уредник на книгата. Имавме исклучително добра соработка што никогаш нема да ја заборавам. Јас живеам за да пишувам, друго не знам да правам, а пишувам само заради вас, публиката. Затоа, најмногу сакам да ви се заблагодарам вам. Не сакам многу да зборувам за себе, ниту, пак, за своите дела – најдобро е тие да зборуваат за себе. Ќе кажам само два интересни момента: Отсекогаш сум сакал да раскажам приказна што ќе биде „мојата“ Ромео и Јулија, затоа што сметам дека забранетата љубов е најздодевната приказна на светот за раскажување. Од друга страна, сфатив дека Македонија ја има легендата за Елени Каринте и Кемал Ататурк. Истражувајќи, сфатив дека таа љубов не се случила – затоа и поднасловот на книгата вели – Роман за љубовта што никогаш не се случила. Решив да ги вкомпонирам тие две работи, па љубовта што не се случила да ја измислам и да ја направам да биде совршено интересна за читателите. Се надевам дека ќе ја прочитате приказната – рече Русјаков.

„Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања во биографските факти и во многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите.

Уредничката Оливера Ќорвезироска во својот промотивен осврт кон книгата истакна:

Смелоста што ја поседува овој роман како раскажување, не престојува во борделите, во квир љубовните врски на Мустафа со Љатифе и Фикрие, ниту, пак, истекува од преполните чаши коњак на Ататурк и неговиот алкохолизам. Смелоста на романот почнува и завршува со ликот Никифор Гермијан, кој, всушност, е „вистинскиот“ автор на романот на Русјаков. (Пре)младиот вљубеник во подостарената убавица Каринте е надоместок за нејзиното страдање што Русјаков прозно го обмислил и го остварил/испишал до најмал детаљ. Никифор Гермијан е лик – Остварувач. Остварувач на љубовта, на пропуштеното, на разминатото, на шашливото, на недореченото, на крајот од краиштата – на забранетото. Тој е занимлив, мистифициран лик-автор според урнекот на добрата раскажувачка традиција на ваков тип историографски метафикции. Тој првин ја живее недољубената љубов на Елени, а потоа и ја пишува. Наместо Русјаков. Заедно со Русјаков.

За победникот одлучи жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски (Катедра за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), Фросина Пармаковска (писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“).

Мартиновски го претстави образложението на жирито за одлуката „Хотел меѓу две војни“ да ја добие наградата „Пегаз“ за 2021 година:

Престојувајќи во бизарен хотел што асоцира на задгробниот свет, но во соба со поглед на Битола, Мустафа Кемал Ататурк понира во фантазмагоричниот свет на спомените и соништата, во кој на еден непредвидлив начин се мешаат сликите од минатото и од интимната историја на протагонистите. Приказната за Мустафа и Елени е раскажана оригинално, преку калеидоскоп од сугестивни сцени, впечатливи прозни пасажи и вешто водени дијалози. Овој роман проблематизира и низа историски моменти и ликови, видени од специфичната призма на авторот, која е оригинална, темелна и извонредно визуелно ефектна. Светот што овој роман ни го претставува е раскошен, слоевит, свет што ги обединува пределите на сонот и јавето, животот и смртта, историската реалност и фикцијата. Раскрстувајќи со секаква типичност, типизираност и клишеизираност, „Хотел помеѓу две војни“ одново ги создава личните и историските вистини, играјќи си и постојано поместувајќи ги силните противречности помеѓу она што било и она што би можело да биде; помеѓу големите и малите; Истокот и Западот; слободните избори и детерминираните улоги. Меѓу другото, ова е и роман што нуди уникатно ѕирнување во комплексниот свет на една од најинтересните историски личности, секако низ безграничните можности на фикцијата и авторовата имагинација. Заради наведените книжевни и текстуални карактеристики на овој ракопис, што ги посочивме како негови доблести што го издвоија од другите конкуренти, донесовме едногласна одлука „Хотел меѓу две војни“ да ја понесе наградата „Пегаз“ за 2021 година. На сите автори што се пријавија на конкурсот им се заблагодаруваме за нивното учество, а на победникот му ја честитаме првата награда.

На конкурсот за „Пегаз“ за 2021 година се пријавија и учествуваа 44 ракописи. Фросина

Пармаковска пред присутните на промоцијата го објасни процесот на жирирањето:

Одреден дел од ракописите не ги задоволија критериумите на книжевниот жанр роман. Меѓу нив имаше збирки раскази и поезија, новели и новелети, конфесионален и документаристички некнижевен текст и кратки прозни текстови за деца и млади. Генералниот впечаток од сите разгледани ракописи е дека доминираше реалистичното писмо и жанрот трилер. Покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година ги разгледавме и ракописите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска, кои се издвоија од мноштвото по своите книжевни вредности – оригиналната нарација, структурните и стилски квалитети.

Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“.
Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се: „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук во 2019 година и „Лазарка“ од Љупчо Петрески и „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски во 2020 година. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“,

Романот „Хотел меѓу две војни“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе биде достапен во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

The post Александар Русјаков: Отсекогаш сум сакал да раскажам приказна што ќе биде „мојата“ Ромео и Јулија appeared first on Република.

]]>

Александар Русјаков: „Хотел меѓу две војни“ е роман за љубовта на Елени и Ататурк што никогаш не се случила Во присуство на многубројна публика од културната и книжевната сцена, вчеравечер (6 април) во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се одржа свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. На доделувањето на наградата, покрај победникот Русјаков, се обратија и членовите на жирито: проф. д-р Владимир Мартиновски, Фросина Пармаковска и Бисера Бендевска, како и уредничката на книгата, Оливера Ќорвезироска. По примањето на плакетата, авторот Александар Русјаков истакна дека му претставува голема чест што ја добива наградата за најдобар необјавен роман – „Пегаз“.
Чувствувам трема, бидејќи не добивам често награди, но и бидејќи ова ми е прва класична промоција на моја книга. Сакам да им се заблагодарам на издавачката куќа „Арс Ламина“, на Фондацијата „Славко Јаневски“ и на жирито, што ми ја доделија оваа награда. Сакам да ѝ се заблагодарам и на Оливера Ќорвезироска, која беше прекрасен уредник на книгата. Имавме исклучително добра соработка што никогаш нема да ја заборавам. Јас живеам за да пишувам, друго не знам да правам, а пишувам само заради вас, публиката. Затоа, најмногу сакам да ви се заблагодарам вам. Не сакам многу да зборувам за себе, ниту, пак, за своите дела – најдобро е тие да зборуваат за себе. Ќе кажам само два интересни момента: Отсекогаш сум сакал да раскажам приказна што ќе биде „мојата“ Ромео и Јулија, затоа што сметам дека забранетата љубов е најздодевната приказна на светот за раскажување. Од друга страна, сфатив дека Македонија ја има легендата за Елени Каринте и Кемал Ататурк. Истражувајќи, сфатив дека таа љубов не се случила – затоа и поднасловот на книгата вели – Роман за љубовта што никогаш не се случила. Решив да ги вкомпонирам тие две работи, па љубовта што не се случила да ја измислам и да ја направам да биде совршено интересна за читателите. Се надевам дека ќе ја прочитате приказната – рече Русјаков.
„Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања во биографските факти и во многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите. Уредничката Оливера Ќорвезироска во својот промотивен осврт кон книгата истакна:
Смелоста што ја поседува овој роман како раскажување, не престојува во борделите, во квир љубовните врски на Мустафа со Љатифе и Фикрие, ниту, пак, истекува од преполните чаши коњак на Ататурк и неговиот алкохолизам. Смелоста на романот почнува и завршува со ликот Никифор Гермијан, кој, всушност, е „вистинскиот“ автор на романот на Русјаков. (Пре)младиот вљубеник во подостарената убавица Каринте е надоместок за нејзиното страдање што Русјаков прозно го обмислил и го остварил/испишал до најмал детаљ. Никифор Гермијан е лик – Остварувач. Остварувач на љубовта, на пропуштеното, на разминатото, на шашливото, на недореченото, на крајот од краиштата – на забранетото. Тој е занимлив, мистифициран лик-автор според урнекот на добрата раскажувачка традиција на ваков тип историографски метафикции. Тој првин ја живее недољубената љубов на Елени, а потоа и ја пишува. Наместо Русјаков. Заедно со Русјаков.
За победникот одлучи жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски (Катедра за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), Фросина Пармаковска (писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Мартиновски го претстави образложението на жирито за одлуката „Хотел меѓу две војни“ да ја добие наградата „Пегаз“ за 2021 година:
Престојувајќи во бизарен хотел што асоцира на задгробниот свет, но во соба со поглед на Битола, Мустафа Кемал Ататурк понира во фантазмагоричниот свет на спомените и соништата, во кој на еден непредвидлив начин се мешаат сликите од минатото и од интимната историја на протагонистите. Приказната за Мустафа и Елени е раскажана оригинално, преку калеидоскоп од сугестивни сцени, впечатливи прозни пасажи и вешто водени дијалози. Овој роман проблематизира и низа историски моменти и ликови, видени од специфичната призма на авторот, која е оригинална, темелна и извонредно визуелно ефектна. Светот што овој роман ни го претставува е раскошен, слоевит, свет што ги обединува пределите на сонот и јавето, животот и смртта, историската реалност и фикцијата. Раскрстувајќи со секаква типичност, типизираност и клишеизираност, „Хотел помеѓу две војни“ одново ги создава личните и историските вистини, играјќи си и постојано поместувајќи ги силните противречности помеѓу она што било и она што би можело да биде; помеѓу големите и малите; Истокот и Западот; слободните избори и детерминираните улоги. Меѓу другото, ова е и роман што нуди уникатно ѕирнување во комплексниот свет на една од најинтересните историски личности, секако низ безграничните можности на фикцијата и авторовата имагинација. Заради наведените книжевни и текстуални карактеристики на овој ракопис, што ги посочивме како негови доблести што го издвоија од другите конкуренти, донесовме едногласна одлука „Хотел меѓу две војни“ да ја понесе наградата „Пегаз“ за 2021 година. На сите автори што се пријавија на конкурсот им се заблагодаруваме за нивното учество, а на победникот му ја честитаме првата награда.
На конкурсот за „Пегаз“ за 2021 година се пријавија и учествуваа 44 ракописи. Фросина Пармаковска пред присутните на промоцијата го објасни процесот на жирирањето:
Одреден дел од ракописите не ги задоволија критериумите на книжевниот жанр роман. Меѓу нив имаше збирки раскази и поезија, новели и новелети, конфесионален и документаристички некнижевен текст и кратки прозни текстови за деца и млади. Генералниот впечаток од сите разгледани ракописи е дека доминираше реалистичното писмо и жанрот трилер. Покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година ги разгледавме и ракописите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска, кои се издвоија од мноштвото по своите книжевни вредности – оригиналната нарација, структурните и стилски квалитети.
Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се: „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук во 2019 година и „Лазарка“ од Љупчо Петрески и „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски во 2020 година. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Романот „Хотел меѓу две војни“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе биде достапен во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.  

The post Александар Русјаков: Отсекогаш сум сакал да раскажам приказна што ќе биде „мојата“ Ромео и Јулија appeared first on Република.

]]>
Доделување на наградата „Пегаз“ и промоција на победничкиот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков https://republika.mk/vesti/kultura/dodeluvanje-na-nagradata-pegaz-i-promocija-na-pobednichkiot-roman-hotel-megju-dve-vojni-od-aleksandar-rusjakov/ Mon, 04 Apr 2022 09:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=483010

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, ќе се одржат на 6 април (среда), со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски (Катедра за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), Фросина Пармаковска (писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“).

По врачувањето на статуетката „Пегаз“ и обраќањето на Русјаков, ќе биде претставен првонаградениот роман „Хотел меѓу две војни“, чијашто промоторка ќе биде уредничката на изданието – Оливера Ќорвезироска.

„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите.

На конкурсот пристигнаа 44 ракописи, а покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година влегоа „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција.

Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности, „Славко Јаневски“.

Романот „Хотел меѓу две војни“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе биде достапен во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе може да се набави и на промотивниот настан во Младинскиот културен центар.

The post Доделување на наградата „Пегаз“ и промоција на победничкиот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков appeared first on Република.

]]>

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, ќе се одржат на 6 април (среда), со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски (Катедра за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), Фросина Пармаковска (писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). По врачувањето на статуетката „Пегаз“ и обраќањето на Русјаков, ќе биде претставен првонаградениот роман „Хотел меѓу две војни“, чијашто промоторка ќе биде уредничката на изданието – Оливера Ќорвезироска. „Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите. На конкурсот пристигнаа 44 ракописи, а покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година влегоа „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности, „Славко Јаневски“. Романот „Хотел меѓу две војни“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе биде достапен во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе може да се набави и на промотивниот настан во Младинскиот културен центар.

The post Доделување на наградата „Пегаз“ и промоција на победничкиот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков appeared first on Република.

]]>