александар поповски Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-popovski/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 11:07:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар поповски Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-popovski/ 32 32 Александар Поповски: Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, а вечерва со „Алиса во земјата на стравовите“ раскажуваме приказна за растегливоста на времето https://republika.mk/vesti/kultura/aleksandar-popovski-ohrid-e-za-mene-edno-od-najznachajnite-mesta-na-makedonskata-kultura-a-vecherva-so-alisa-vo-zemjata-na-stravovite-raskazhuvame-prikazna-za-rasteglivosta-na-vremeto/ Tue, 20 Aug 2024 11:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=808260

Голема чест е и големо задоволство да се биде повторно тука. Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, секогаш сум подготвен да дојдам и многу ми значи што претставата ќе се игра овде вечерва, рече на денешната прес конференција Александар Поповски, режисер на претставата „Алиса во земја на стравовите“ со која денеска се затвора 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Би сакал да кажам дека оваа претстава е настаната по ковид пандемијата зборувајќи со помладата генерација се почесто се користеше зборот „страв“-страв од една работа, страв од друга...страв од светот околу нив, една инхибиција на стравот. Разговарајќи со драматургот од Словенија со која соработувам дојдовме на идеја дека би било добро за една цела генерација која влегува во еден свет ваков каков што е, да се напише еден текст кој ќе биде инспириран од Алиса, но не во земјата на чудата, туку во земјата на стравовите. Затоа што, за мојата генерација постоеше страв, но не на тој начин на кој оваа нова генерација го добива од сите страни. Особено за работи како што се успех или неуспех во животот. Ние за тоа малку размислувавме, ние само сакавме да работиме. Настана еден многу интересен текст, а Југословенско драмско позориште е некако моја куќа и таму секогаш со големо задоволство се враќам и ми се чинеше дека тоа е токму просторот каде што може да се направи една ваква претстава, рече Поповски.

Поповски ги претстави актерите кои учествуват во претставата велејќи дека имале прекрасна соработка со оглед на тоа дека станува збор за една мошне комплексна претстава.

Тоа е едно патување низ потсвеста на една млада девојка која се сретнува со сите прашања, од вработување, успешност, љубов...и од нешто што за мене е трагедија, условно речено за младите луѓе, а тоа е што ако на 35 години не си успешен тогаш е готово со тебе. Ако не направиш нешто до 35 години ваќе не те бидува. Јас на 32 години уште немав завршено факултет. Тогаш времето се мереше на поинаков начин. Имавме време.  Денеска децава ги учиме-нема време.Им го слратуваме времето и мислам дека тој феномен на притисок е многу интересна тема и мислам дека успеавме да ја раскажеме приказната за растегливост на времето, истакна Поповски.

The post Александар Поповски: Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, а вечерва со „Алиса во земјата на стравовите“ раскажуваме приказна за растегливоста на времето appeared first on Република.

]]>

Премиера на „Дон Жуан“ во режија на Александар Поповски на сцената на Националниот театар на Унгарија во Будимпешта https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-don-zhuan-vo-rezhija-na-aleksandar-popovski-na-stsenata-na-natsionalniot-teatar-na-ungarija-vo-budimpeshta/ Fri, 10 Feb 2023 21:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=607578

Македонскиот театарски и филмски режисер Александар Поповски, кој успешно создава театарска магија и надвор од границите на нашата држава, најде инспирација токму во Молиеровото дело, „Дон Жуан“ и го постави на сцената на Националниот театар на Унгарија во Будимпешта, а чија премиера се одржа на 8 ми февруари.

Во претставата учествуваат уште двајца Македонци и тоа костимографката Миа Поповска и композиторот Марјан Неќак.

Лицемерието е модерен грев, и како и сите модерни гревови, се смета за доблест, вели Александар Поповски, кој токму на оваа сцена во Будимпешта пред две години го постави делото на Булгаков, „Мајсторот и Маргарита“.

Ова не е прв пат Поповски да го поставува ова Молиерово дело на сцена, имено во 2005 -та го постави на сцената на Драмскиот театар Скопје. Главната улога, во најновата претстава ликот на Дон Жуан,  ја толкува актерот Рибед Роланд .

Оваа година во Будимпешта се одржува Меѓународната театарската олимпијада па така и најновата претстава на Поповски ќе биде дел од тој голем театарски настан.

https://www.youtube.com/watch?v=kOTSplHs8EQ

The post Премиера на „Дон Жуан“ во режија на Александар Поповски на сцената на Националниот театар на Унгарија во Будимпешта appeared first on Република.

]]>

Македонскиот театарски и филмски режисер Александар Поповски, кој успешно создава театарска магија и надвор од границите на нашата држава, најде инспирација токму во Молиеровото дело, „Дон Жуан“ и го постави на сцената на Националниот театар на Унгарија во Будимпешта, а чија премиера се одржа на 8 ми февруари. Во претставата учествуваат уште двајца Македонци и тоа костимографката Миа Поповска и композиторот Марјан Неќак.
Лицемерието е модерен грев, и како и сите модерни гревови, се смета за доблест, вели Александар Поповски, кој токму на оваа сцена во Будимпешта пред две години го постави делото на Булгаков, „Мајсторот и Маргарита“.
Ова не е прв пат Поповски да го поставува ова Молиерово дело на сцена, имено во 2005 -та го постави на сцената на Драмскиот театар Скопје. Главната улога, во најновата претстава ликот на Дон Жуан,  ја толкува актерот Рибед Роланд . Оваа година во Будимпешта се одржува Меѓународната театарската олимпијада па така и најновата претстава на Поповски ќе биде дел од тој голем театарски настан. https://www.youtube.com/watch?v=kOTSplHs8EQ

The post Премиера на „Дон Жуан“ во режија на Александар Поповски на сцената на Националниот театар на Унгарија во Будимпешта appeared first on Република.

]]>
Невиден спектакл на македонскиот режисер Александар Поповски во ЈДП со „Алиса во земјата на стравовите“ https://republika.mk/vesti/kultura/neviden-spektakl-na-makedonskiot-reziser-aleksandar-popovski-vo-jdp-so-alisa-vo-zemjata-na-stravovite/ Mon, 07 Feb 2022 08:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=454953

Македонскиот режисер Александар Поповски и драматургот Ева Махковиќ приредија невиден спектакл на сцената „Љуба Тадиќ“ каде што во четвртокот во Југословенско драмско позориште (ЈДП) се одржа премиерата на претставата „Алиса во земјата на стравовите“, инспирирана од романот на Луис Керол „Алиса во земјата на чудата“.

Извонредната сценографија ја потпишува Вања Магиќ, костимите се на Миа Поповска, а композитор е Марјан Неќак.

Актерката Милена Радуловиќ го толкува ликот на Алиса, а во тимот се уште: Милан Мариќ, Небојша Љубишиќ, Радован Вујовиќ, Слобода Миќаловиќ, Јована Беловиќ, Тамара Шустиќ, Ива Стефановиќ и Денис Муриќ.

Уште кога била мала, Алиса верувала дека уште пред појадокот може да се случат шест невозможни работи. Сега Алиса е возрасна девојка во 30-те години. Би требало да има кариера, семејство, треба да биде исполнета, стабилна, возрасна. Тоа што таа има е нов психотерапевт со кого патува низ својата глава. Кога била девојче, таму ја чекале чуда, свет со различни можности. Сега таму има само земја исполнета со сомнежи и стравови. Сепак, и понатаму постои можност да се случи чудо, пишува во најавата за претставата на ЈДП.

The post Невиден спектакл на македонскиот режисер Александар Поповски во ЈДП со „Алиса во земјата на стравовите“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот режисер Александар Поповски и драматургот Ева Махковиќ приредија невиден спектакл на сцената „Љуба Тадиќ“ каде што во четвртокот во Југословенско драмско позориште (ЈДП) се одржа премиерата на претставата „Алиса во земјата на стравовите“, инспирирана од романот на Луис Керол „Алиса во земјата на чудата“. Извонредната сценографија ја потпишува Вања Магиќ, костимите се на Миа Поповска, а композитор е Марјан Неќак. Актерката Милена Радуловиќ го толкува ликот на Алиса, а во тимот се уште: Милан Мариќ, Небојша Љубишиќ, Радован Вујовиќ, Слобода Миќаловиќ, Јована Беловиќ, Тамара Шустиќ, Ива Стефановиќ и Денис Муриќ. Уште кога била мала, Алиса верувала дека уште пред појадокот може да се случат шест невозможни работи. Сега Алиса е возрасна девојка во 30-те години. Би требало да има кариера, семејство, треба да биде исполнета, стабилна, возрасна. Тоа што таа има е нов психотерапевт со кого патува низ својата глава. Кога била девојче, таму ја чекале чуда, свет со различни можности. Сега таму има само земја исполнета со сомнежи и стравови. Сепак, и понатаму постои можност да се случи чудо, пишува во најавата за претставата на ЈДП.  

The post Невиден спектакл на македонскиот режисер Александар Поповски во ЈДП со „Алиса во земјата на стравовите“ appeared first on Република.

]]>