Александар Дворников Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-dvornikov/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Apr 2022 19:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Дворников Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-dvornikov/ 32 32 САД стравуваат: „Касапот од Сирија“ би можел да користи тактика на „изгорена земја“ https://republika.mk/vesti/svet/sad-stravuvaat-kasapot-od-sirija-bi-mozel-da-koristi-taktika-na-izgorena-zemja/ Mon, 11 Apr 2022 19:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=486999

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека назначувањето на рускиот генерал Александар Дворников, наречен „Касапот на Сирија“, за да ја надгледува војната во Украина е „конзистентно“ со начинот на кој Русија води војна.

Генералот Александар Дворников (60) претходно ги предводеше руските операции во Сирија, каде што руските сили беа обвинети за намерно гаѓање на цивилни области. Тој претходно служеше и во Чеченија.

Говорејќи за Face the Nation на Си-Би-Ес, Саливан рече дека верува оти назначувањето на Дворников е знак дека Русија планира да продолжи со тактиката на „изгорена земја“.

– Видовме бруталност и воени злосторства и масовни убиства и ужасни и шокантни слики од градови како Буча и ракетни напади врз Краматорск, изјави Саливан. – Мислам дека ова (назначувањето на генералот) е показател дека ќе видиме повеќе од тоа.

Москва негираше каква било вмешаност во смртта на цивили во Буча и ги опиша извештаите за расфрлани тела низ тамошните улици како лажни вести.

Но, оценката на Саливан ја повтори и генералот Дејвид Петреус, поранешен директор на ЦИА.

– Русите беа познати во Сирија, во основа по…„депопулација“ на областите. Тоа му го направија на Алепо, изјави Петреус за Си-Ен-Ен.

-Тоа е она што тие го направија со другите области. И мислам дека можеме да го очекуваме тоа.

The post САД стравуваат: „Касапот од Сирија“ би можел да користи тактика на „изгорена земја“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека назначувањето на рускиот генерал Александар Дворников, наречен „Касапот на Сирија“, за да ја надгледува војната во Украина е „конзистентно“ со начинот на кој Русија води војна. Генералот Александар Дворников (60) претходно ги предводеше руските операции во Сирија, каде што руските сили беа обвинети за намерно гаѓање на цивилни области. Тој претходно служеше и во Чеченија. Говорејќи за Face the Nation на Си-Би-Ес, Саливан рече дека верува оти назначувањето на Дворников е знак дека Русија планира да продолжи со тактиката на „изгорена земја“.
– Видовме бруталност и воени злосторства и масовни убиства и ужасни и шокантни слики од градови како Буча и ракетни напади врз Краматорск, изјави Саливан. – Мислам дека ова (назначувањето на генералот) е показател дека ќе видиме повеќе од тоа.
Москва негираше каква било вмешаност во смртта на цивили во Буча и ги опиша извештаите за расфрлани тела низ тамошните улици како лажни вести. Но, оценката на Саливан ја повтори и генералот Дејвид Петреус, поранешен директор на ЦИА.
– Русите беа познати во Сирија, во основа по…„депопулација“ на областите. Тоа му го направија на Алепо, изјави Петреус за Си-Ен-Ен. -Тоа е она што тие го направија со другите области. И мислам дека можеме да го очекуваме тоа.

The post САД стравуваат: „Касапот од Сирија“ би можел да користи тактика на „изгорена земја“ appeared first on Република.

]]>
Командата на руските сили во Украина ја презема генерал со големо искуство од Сирија https://republika.mk/vesti/svet/komandata-na-ruskite-sili-vo-ukraina-ja-prezema-general-so-golemo-iskustvo-od-sirija/ Sat, 09 Apr 2022 06:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=485568

Западен функционер тврди дека Русија ја реорганизира својата команда за операциите во Украина со назначувањето на генералот Александар Дворников, кој има големо искуство во Сирија.

Имаше многу лоша координација меѓу различните команди - изјави западниот претставник.

Тој вели дека новиот командант на Јужниот воен округ е назначен за да се обиде да обезбеди подобра координација.

Овој командант има големо искуство во руските операции во Сирија. Затоа, би очекувале целокупната команда и контрола да се подобрат - изјави неименуван функционер за „Си-Ен-Ен“.

Тој смета дека промените се случуваат бидејќи е важно Путин да постигне некаков успех до 9 мај, кога Русија ја слави победата во Втората светска војна. Тоа значи дека за Русите политичкиот императив би имал предност пред воените приоритети.

Западните власти сметаат дека повеќе сили постепено се испраќаат во Донбас, наместо да има пауза што ќе и овозможи на руската армија да се прегрупира.

Постои тензија меѓу воената логика, која бара силите да запрат и соодветно да се подготват за новата руска операција во Донбас и политичката логика, која бара операцијата да продолжи и да се постигне брза цел - вели претставникот.

Според проценките на западните служби, се верува дека Русија има нешто помалку од 100 баталјони на располагање за операции. Тоа би значело дека руските сили се уште се значајни, но официјалниот претставник исто така вели дека руската тактика е попречена од помал број украински единици кои дејствуваат на многу попаметен начин.

The post Командата на руските сили во Украина ја презема генерал со големо искуство од Сирија appeared first on Република.

]]>

Западен функционер тврди дека Русија ја реорганизира својата команда за операциите во Украина со назначувањето на генералот Александар Дворников, кој има големо искуство во Сирија.
Имаше многу лоша координација меѓу различните команди - изјави западниот претставник.
Тој вели дека новиот командант на Јужниот воен округ е назначен за да се обиде да обезбеди подобра координација.
Овој командант има големо искуство во руските операции во Сирија. Затоа, би очекувале целокупната команда и контрола да се подобрат - изјави неименуван функционер за „Си-Ен-Ен“.
Тој смета дека промените се случуваат бидејќи е важно Путин да постигне некаков успех до 9 мај, кога Русија ја слави победата во Втората светска војна. Тоа значи дека за Русите политичкиот императив би имал предност пред воените приоритети. Западните власти сметаат дека повеќе сили постепено се испраќаат во Донбас, наместо да има пауза што ќе и овозможи на руската армија да се прегрупира.