александар чеферин Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-cheferin/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 07:59:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар чеферин Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-cheferin/ 32 32 УЕФА нема замена за Чеферин https://republika.mk/sport/fudbal/uefa-nema-zamena-za-cheferin/ Tue, 16 Jul 2024 08:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=797247

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин може повторно да се кандидира за реизбор во 2027 година, пишува „Гардијан“.

Во февруари, Конгресот на Европската фудбалска асоцијација направи измени во повелбата на организацијата, што ќе му овозможи на 56-годишниот функционер да остане на својата функција до 2031 година. По ова Чеферин изјави дека не планира да биде реизбран за нов мандат.

Според „Гардијан“, првиот човек на УЕФА разговарал со претставници на неколку европски федерации за потенцијалното откажување на ветувањето. Поддржан е од околу 20 членки на УЕФА.

Главната причина за Чеферин е немањето наследник. Во моментов ниту еден кандидат ниту приватно не се изјаснил за желба да се кандидира за претседател на УЕФА.

Чеферин беше избран на функцијата во септември 2016 година. Претходно беше на чело на Фудбалскиот сојуз на Словенија

The post УЕФА нема замена за Чеферин appeared first on Република.

]]>

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин може повторно да се кандидира за реизбор во 2027 година, пишува „Гардијан“. Во февруари, Конгресот на Европската фудбалска асоцијација направи измени во повелбата на организацијата, што ќе му овозможи на 56-годишниот функционер да остане на својата функција до 2031 година. По ова Чеферин изјави дека не планира да биде реизбран за нов мандат. Според „Гардијан“, првиот човек на УЕФА разговарал со претставници на неколку европски федерации за потенцијалното откажување на ветувањето. Поддржан е од околу 20 членки на УЕФА. Главната причина за Чеферин е немањето наследник. Во моментов ниту еден кандидат ниту приватно не се изјаснил за желба да се кандидира за претседател на УЕФА. Чеферин беше избран на функцијата во септември 2016 година. Претходно беше на чело на Фудбалскиот сојуз на Словенија

The post УЕФА нема замена за Чеферин appeared first on Република.

]]>
ФФМ со поддршка за Чеферин https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-so-poddrshka-za-cheferin/ Wed, 17 Apr 2024 13:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=767188

На регионален состанок во Тирана, фудбалските асоцијаци од Југоисточна Европа, меѓу нив и ФФМ безусловно изразија поддршка за претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин и неговата администрација.

- Фудбалската федерација на Македонија заедно со десет национални асоцијации членки на УЕФА од Југоисточна Европа денеска на состанок во Тирана ја потврдија безусловната поддршка за претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. На регионалниот состанок чиј домаќин беше Албанската фудбалска Асоцијација, главниот фокус се однесуваше на критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА како што се: идниот формат на клупските натпреварувања на УЕФА по 2024 година и новата програма за солидарност. Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и Албанија со свои претставници беа дел од регионалниот состанок во Тирана, соопшти ФФМ.

На состанокот се дискутираше за прашања кои се однесуваат на судењето на натпреварите, споделување податоци и финансиски анализи, потоа предизвици околу првенствата кои влегуваат во системите за обложување и можности кои се појавуваат за државите / асоцијациите.

The post ФФМ со поддршка за Чеферин appeared first on Република.

]]>

На регионален состанок во Тирана, фудбалските асоцијаци од Југоисточна Европа, меѓу нив и ФФМ безусловно изразија поддршка за претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин и неговата администрација. - Фудбалската федерација на Македонија заедно со десет национални асоцијации членки на УЕФА од Југоисточна Европа денеска на состанок во Тирана ја потврдија безусловната поддршка за претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. На регионалниот состанок чиј домаќин беше Албанската фудбалска Асоцијација, главниот фокус се однесуваше на критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА како што се: идниот формат на клупските натпреварувања на УЕФА по 2024 година и новата програма за солидарност. Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и Албанија со свои претставници беа дел од регионалниот состанок во Тирана, соопшти ФФМ. На состанокот се дискутираше за прашања кои се однесуваат на судењето на натпреварите, споделување податоци и финансиски анализи, потоа предизвици околу првенствата кои влегуваат во системите за обложување и можности кои се појавуваат за државите / асоцијациите.

The post ФФМ со поддршка за Чеферин appeared first on Република.

]]>
Чеферин пред едногласна поддршка за втор мандат на чело на УЕФА https://republika.mk/sport/fudbal/cheferin-pred-ednoglasna-poddrshka-za-vtor-mandat-na-chelo-na-uefa/ Fri, 24 Jun 2022 16:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=519402

Поддршка од сите 55 земји – членки се очекува да добие словенечкиот адвокат Александар Чеферин за нов мандат на чело на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Повеќе од 50 национални федерации ми испратија писмена поддршка. Фудбалската федерација на Србија беше меѓу првите, што многу ми значи, изјави Чеферин при денешната посета на Белград и разговорите со челните луѓе на српскиот фудбал.

Изборот за претседател на УЕФА ќе се одржи на 5. април 2023 година во Лисабон, а земјите членки на УЕФА имаат време до 5. јануари да предлагаат кандидати.

Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, доаѓајќи на местото на Французинот Мишел Платини, кој, во меѓувреме, се соочи со судски процес по обвиненија за финансиски малверзации поврзани со пари од ФИФА.

The post Чеферин пред едногласна поддршка за втор мандат на чело на УЕФА appeared first on Република.

]]>

Поддршка од сите 55 земји – членки се очекува да добие словенечкиот адвокат Александар Чеферин за нов мандат на чело на Европската фудбалска федерација (УЕФА). Повеќе од 50 национални федерации ми испратија писмена поддршка. Фудбалската федерација на Србија беше меѓу првите, што многу ми значи, изјави Чеферин при денешната посета на Белград и разговорите со челните луѓе на српскиот фудбал. Изборот за претседател на УЕФА ќе се одржи на 5. април 2023 година во Лисабон, а земјите членки на УЕФА имаат време до 5. јануари да предлагаат кандидати. Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, доаѓајќи на местото на Французинот Мишел Платини, кој, во меѓувреме, се соочи со судски процес по обвиненија за финансиски малверзации поврзани со пари од ФИФА.

The post Чеферин пред едногласна поддршка за втор мандат на чело на УЕФА appeared first on Република.

]]>
Чеферин ќе добие поддршка од Германија https://republika.mk/sport/fudbal/518206/ Tue, 21 Jun 2022 21:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=518206

Германската фудбалска федерација објави денеска дека на изборниот конгрес на УЕФА ќе гласа за нов мандат за актуелниот претседател, Словенецот Александар Чеферин.

Изборот за претседател на УЕФА ќе се одржи на 5 април 2023 година во Лисабон, а земјите членки на УЕФА имаат време до 5 јануари да предлагаат кандидати.

– Александар Чеферин се истакна во улогата на претседател и сигурно го водеше европскиот фудбал низ кризата со многу предизвици, како што е пандемијата на Ковид-19, изјави претседателот на Германската федерација, Бернд Нојдорф.

Тој, исто така, го поздрави и пристапот кон проектот европска Суперлига, на чие формирање Чеферин жестоко се спротивстави.

– Имаме целосно доверба во неговата работа и во него како личност, додаде првиот човек на германскиот фудбал.

Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, доаѓајќи на местото на Французинот Мишел Платини, кој, во меѓувреме, се соочи со судски процес по обвиненија за финансиски малверзации поврзани со пари од ФИФА.

The post Чеферин ќе добие поддршка од Германија appeared first on Република.

]]>

Германската фудбалска федерација објави денеска дека на изборниот конгрес на УЕФА ќе гласа за нов мандат за актуелниот претседател, Словенецот Александар Чеферин. Изборот за претседател на УЕФА ќе се одржи на 5 април 2023 година во Лисабон, а земјите членки на УЕФА имаат време до 5 јануари да предлагаат кандидати. – Александар Чеферин се истакна во улогата на претседател и сигурно го водеше европскиот фудбал низ кризата со многу предизвици, како што е пандемијата на Ковид-19, изјави претседателот на Германската федерација, Бернд Нојдорф. Тој, исто така, го поздрави и пристапот кон проектот европска Суперлига, на чие формирање Чеферин жестоко се спротивстави. – Имаме целосно доверба во неговата работа и во него како личност, додаде првиот човек на германскиот фудбал. Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, доаѓајќи на местото на Французинот Мишел Платини, кој, во меѓувреме, се соочи со судски процес по обвиненија за финансиски малверзации поврзани со пари од ФИФА.

The post Чеферин ќе добие поддршка од Германија appeared first on Република.

]]>
Чеферин: УЕФА наскоро ќе донесе одлука дали руските екипи ќе можат да настапуваат во европските натпреварувања https://republika.mk/sport/fudbal/cheferin-uefa-naskoro-kje-donese-odluka-dali-ruskite-ekipi-kje-mozat-da-nastapuvaat-vo-evropskite-natprevaruvanja/ Sat, 16 Apr 2022 13:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=489301

Санкциите против Русија поради инвазијата врз Украина не треба да се однесуваат на руските спортисти, оцени денеска претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин, додавајќи оти европската Куќа на фудбалот наскоро ќе донесе одлука поврзана со настапите на руските клубови во европските натпреварувања.

Во разговор за словенечкиот весник „Вечер“, Чеферин истакна дека рускиот спорт, кој е под меѓународни санкции, не би требало да трпи последици поради „одлуката на поединци“ поврзани со инвазијата врз Украина.

Чеферин рече дека УЕФА била принудена да донесе одлуки и санкции поврзани со настапите на руските репрезентации и екипи во европските натпреварувања, но нагласи дека тоа сега повторно ќе се разгледува.

– УЕФА наскоро ќе донесе одлука дали руските екипи ќе можат или нема да можат да настапуваат во европските натпреварувања, изјави претседателот на УЕФА.

Укажувајќи дека руските спортисти трпат санкции, иако не се виновни за војната, Чеферин посочи дека треба да се покаже оти санкциите не се насочени ниту против руските спортисти, ниту против рускиот народ

The post Чеферин: УЕФА наскоро ќе донесе одлука дали руските екипи ќе можат да настапуваат во европските натпреварувања appeared first on Република.

]]>

Санкциите против Русија поради инвазијата врз Украина не треба да се однесуваат на руските спортисти, оцени денеска претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин, додавајќи оти европската Куќа на фудбалот наскоро ќе донесе одлука поврзана со настапите на руските клубови во европските натпреварувања. Во разговор за словенечкиот весник „Вечер“, Чеферин истакна дека рускиот спорт, кој е под меѓународни санкции, не би требало да трпи последици поради „одлуката на поединци“ поврзани со инвазијата врз Украина. Чеферин рече дека УЕФА била принудена да донесе одлуки и санкции поврзани со настапите на руските репрезентации и екипи во европските натпреварувања, но нагласи дека тоа сега повторно ќе се разгледува.
– УЕФА наскоро ќе донесе одлука дали руските екипи ќе можат или нема да можат да настапуваат во европските натпреварувања, изјави претседателот на УЕФА.
Укажувајќи дека руските спортисти трпат санкции, иако не се виновни за војната, Чеферин посочи дека треба да се покаже оти санкциите не се насочени ниту против руските спортисти, ниту против рускиот народ

The post Чеферин: УЕФА наскоро ќе донесе одлука дали руските екипи ќе можат да настапуваат во европските натпреварувања appeared first on Република.

]]>