Алеко Archives - Република https://republika.mk/tema/aleko/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Jan 2023 10:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алеко Archives - Република https://republika.mk/tema/aleko/ 32 32 Во конкуренција на 104 раскази од 42 автори за наградата „Алеко“ во Бугарија победник е македонскиот писател Иван Шопов https://republika.mk/vesti/kultura/vo-konkurentsija-na-104-raskazi-od-42-avtori-za-nagradata-aleko-vo-bugarija-pobednik-e-makedonskiot-pisatel-ivan-shopov/ Mon, 16 Jan 2023 10:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=597403

Македонскиот писател Иван Шопов е годинашниот победник на Меѓународниот конкурс за хумористичен расказ „Алеко“ за 2022 година.

На конкурсот пристигнаа 104 раскази на 42 автори од 21 земја, a жири комисијата во состав Јордан Ефтимов, Михаил Вешим и Румен и Белчев за најдобар го избра расказот на Шопов „Географски откритија“.

„Алеко“ е меѓународен конкурс кој се одржува во Бугарија од 1966 година до денес, со краток прекин на почетокот на 1990-тите години. Организатори на конкурсот се Општина Свиштов, Меѓународната фондација „Алеко Константинов“ и хумористичниот весник „Стршел“.

Наградата беше врачена на 13 јануари, роденденот на бугарскиот писател Алеко Константинов, на свечена церемонија во Свиштов, во рамки на одбележувањето на 160-годишнината од раѓањето на Константинов.

Иван Шопов (1987, Скопје) дипломирал Општа и компаративна книжевност на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје.

Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), збирката раскази „091 – антиразгледници од Скопје“ (2018), збирката сатирични текстови „Хрониките на Арслан Новинарски“ (2018) и мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750“ (2019). Пишува и поезија и хаику.

Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.

 

The post Во конкуренција на 104 раскази од 42 автори за наградата „Алеко“ во Бугарија победник е македонскиот писател Иван Шопов appeared first on Република.

]]>

Македонскиот писател Иван Шопов е годинашниот победник на Меѓународниот конкурс за хумористичен расказ „Алеко“ за 2022 година. На конкурсот пристигнаа 104 раскази на 42 автори од 21 земја, a жири комисијата во состав Јордан Ефтимов, Михаил Вешим и Румен и Белчев за најдобар го избра расказот на Шопов „Географски откритија“. „Алеко“ е меѓународен конкурс кој се одржува во Бугарија од 1966 година до денес, со краток прекин на почетокот на 1990-тите години. Организатори на конкурсот се Општина Свиштов, Меѓународната фондација „Алеко Константинов“ и хумористичниот весник „Стршел“. Наградата беше врачена на 13 јануари, роденденот на бугарскиот писател Алеко Константинов, на свечена церемонија во Свиштов, во рамки на одбележувањето на 160-годишнината од раѓањето на Константинов. Иван Шопов (1987, Скопје) дипломирал Општа и компаративна книжевност на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), збирката раскази „091 – антиразгледници од Скопје“ (2018), збирката сатирични текстови „Хрониките на Арслан Новинарски“ (2018) и мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750“ (2019). Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.  

The post Во конкуренција на 104 раскази од 42 автори за наградата „Алеко“ во Бугарија победник е македонскиот писател Иван Шопов appeared first on Република.

]]>