Алекксандар Николоски Archives - Република https://republika.mk/tema/alekksandar-nikoloski/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 08:10:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алекксандар Николоски Archives - Република https://republika.mk/tema/alekksandar-nikoloski/ 32 32 Николоски ги објасни трите варијанти за изградба на брза пруга на Коридор 10 https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-gi-objasni-trite-varijanti-za-izgradba-na-brza-pruga-na-koridor-10/ Mon, 18 Nov 2024 21:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=839389

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.

“Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга,  втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија  и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар,  што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција”- истакна министерот Николоски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-avtopatot-skopje-blatse-e-tselosno-promashen-proekt-ne-zavrshuva-nikade/

Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства  од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји.

Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.

The post Николоски ги објасни трите варијанти за изградба на брза пруга на Коридор 10 appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.
“Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга,  втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија  и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар,  што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција”- истакна министерот Николоски.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-avtopatot-skopje-blatse-e-tselosno-promashen-proekt-ne-zavrshuva-nikade/ Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства  од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји. Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.

The post Николоски ги објасни трите варијанти за изградба на брза пруга на Коридор 10 appeared first on Република.

]]>
Николоски: Денеска е почеток на огромен проект https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-deneska-e-pochetok-na-ogromen-proekt/ Mon, 28 Oct 2024 08:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=831536

Министерот за транспорт Николоски за во 11 часот најави почеток на како што рече огромен проект.

The post Николоски: Денеска е почеток на огромен проект appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт Николоски за во 11 часот најави почеток на како што рече огромен проект.

The post Николоски: Денеска е почеток на огромен проект appeared first on Република.

]]>
Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-pobarav-od-mobilnite-operatori-da-gi-namalat-tsenite-tie-gi-zgolemija/ Thu, 24 Oct 2024 20:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=830706

Министерот за транспорт Александар Николовски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двата големи мобилни оператори ги зголемиле цените на услугите откако побарал од нив да направат намалување.

- Побарав, и ги зголемија. Еве гледам воведоа нови пакети од 5.100 денари. Се посериозно размислуваме за распишување на тендерот за нов мобилен оператор. Ова што го гледаме е ограбување на народот и тие не се натпреваруваат меѓу себе. Дури има згради каде што можете да добиете кабелска телевизија само од еден оператор. Знам дека тие не се среќни и сакаат да ме компромитираат, но сметките сите ги гледаат, рече Николоски.

Тој ги искритикува големите мобилни оператори дека не се општествено одговорни и дека наместо да ги даваат донациите за реални потреби, финансираат промотивни настани како концерти.

- Од Охрид за Скопје на пола пат нема мрежа, еве јавете се ќе видите, додаде Николоски и кажа дека нема рок до кога ќе се распише повикот за трет голем мобилен оператор. Тој рече дека ќе се даде време да се јави интерес и кај уште некоја страна а не само кај унгарскиот 4ИГ.

The post Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт Александар Николовски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двата големи мобилни оператори ги зголемиле цените на услугите откако побарал од нив да направат намалување.
- Побарав, и ги зголемија. Еве гледам воведоа нови пакети од 5.100 денари. Се посериозно размислуваме за распишување на тендерот за нов мобилен оператор. Ова што го гледаме е ограбување на народот и тие не се натпреваруваат меѓу себе. Дури има згради каде што можете да добиете кабелска телевизија само од еден оператор. Знам дека тие не се среќни и сакаат да ме компромитираат, но сметките сите ги гледаат, рече Николоски.
Тој ги искритикува големите мобилни оператори дека не се општествено одговорни и дека наместо да ги даваат донациите за реални потреби, финансираат промотивни настани како концерти. - Од Охрид за Скопје на пола пат нема мрежа, еве јавете се ќе видите, додаде Николоски и кажа дека нема рок до кога ќе се распише повикот за трет голем мобилен оператор. Тој рече дека ќе се даде време да се јави интерес и кај уште некоја страна а не само кај унгарскиот 4ИГ.

The post Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија appeared first on Република.

]]>
Николоски во посета на општина Велес https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vo-poseta-na-opshtina-veles/ Wed, 16 Oct 2024 06:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=827355

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска ќе ја посети општината Велес.

Како што соопшти Министерството за транспорт, Николовски ќе ја посети социјалната зграда во Велес и ќе изврши увид во реконструкцијата на улицата „Луј Пастер“

The post Николоски во посета на општина Велес appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска ќе ја посети општината Велес. Како што соопшти Министерството за транспорт, Николовски ќе ја посети социјалната зграда во Велес и ќе изврши увид во реконструкцијата на улицата „Луј Пастер“

The post Николоски во посета на општина Велес appeared first on Република.

]]>
Николоски и шпанскиот амбасадор разговараа за авио линии до и од Шпанија https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-i-shpanskiot-ambasador-razgovara-za-otvorne-na-avio-linii-do-i-od-shpanija/ Mon, 23 Sep 2024 16:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=819077

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски ги потврдил добрите билатерални односи со Шпанија, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Шпанија во процесoт на интергација на земјата во Европската Унија.

Посебен фокус на средбата се ставило на можноста на воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа Николоски го запознал амбасадорот Сориано Ортиз со условите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.

Исто така министерот Николоски го информирал амбасадорот и за инвестиционата програма во делот на инфраструктурата, стои во соопштението.

Македонија е земја која нуди конкурентни услови за инвестирање, потенцирал Николоски, упатувајќи повик до заинтересирани компании од Шпанија да инвестираат во земјава.

На средбата биле разменетии мислења и ставови и за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Министерот изразил благодарност за досегашната соработка, а двајцата соговорници се согласија за интензивирање на таквата соработка меѓу Македонија и Шпанија.

The post Николоски и шпанскиот амбасадор разговараа за авио линии до и од Шпанија appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз. На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски ги потврдил добрите билатерални односи со Шпанија, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Шпанија во процесoт на интергација на земјата во Европската Унија. Посебен фокус на средбата се ставило на можноста на воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа Николоски го запознал амбасадорот Сориано Ортиз со условите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. Исто така министерот Николоски го информирал амбасадорот и за инвестиционата програма во делот на инфраструктурата, стои во соопштението. Македонија е земја која нуди конкурентни услови за инвестирање, потенцирал Николоски, упатувајќи повик до заинтересирани компании од Шпанија да инвестираат во земјава. На средбата биле разменетии мислења и ставови и за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Министерот изразил благодарност за досегашната соработка, а двајцата соговорници се согласија за интензивирање на таквата соработка меѓу Македонија и Шпанија.

The post Николоски и шпанскиот амбасадор разговараа за авио линии до и од Шпанија appeared first on Република.

]]>
Николоски: Опозицијата преку нејзините медиуми и невладини организации шири хистерија меѓу граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-opozitsijata-preku-nivnite-mediumi-i-nevladini-organizatsii-shirat-histerija-megu-graganite-go-dostignaa-dnoto/ Wed, 18 Sep 2024 07:31:39 +0000 https://republika.mk/?p=817303

Во интервјуто за ТВ Алфа заменик-претседателот на Владата Александар Николоски говори за хистеријата што ја создава опозицијата меѓу граѓаните. Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски:

Сите ќе се согласат дека е огромна работа е што конечно ДУИ ги испративме во опозиција. ДУИ беше на власт во континуитет од 2002 година до 2024 година, со една пауза од 2006 до 2008 година. Тоа што многумина пред нас го ветуваа, ние го реализиравме и ДУИ е во опозиција.

Тоа е првата фаза, а втората фаза ќе биде да одговараат тоа што го правеле додека беа на власт.

Но она што сакам да го искоментирам е дека ние сме веројатно првата влада во историја на државата, а веројатно и во пошироко во регионот која не доби 100 дена да може да се организира и да може да испорачува проекти.

Ние сме два и половина месеци на власт, далеку сме уште од 100 дена, а односот на опозицијата и хистеријата што ја создава опозицијата и нивни блиски медиуми, невладини организации е како ние да сме десетта година на власт, што мислам дека е лошо за нив, затоа што создава контраефект кај народот.

Изборите беа на 8 мај оваа година, не беа пред десет години и луѓето многу добро знаат зошто гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и многу добро знаат зошто го подржаа ВМРО-ДПМНЕ. И кога истите ја распродаваа државава на Бугарија и прифатија француски предлог со кој што се понижи Македонија, сега раскажуваат приказни за патриотизам и изгледаат смешни во очите на народот и тие истите што ја искрадоа државата сега зборуваат за криминал и корупција.

Единствено покажаа само колку ситни луѓе се и ситни души и не ни дадоа 100 дена за да можеме да покажеме кој сме и што сме. Од прв ден бевме критикувани како изборите нула-нула да завршија и ние со сила да направивме влада, а не да имаме дво- третинско мнозинство што е најголемо мнозинство што која било власт го имало во Македонија, истакна Николоски.

The post Николоски: Опозицијата преку нејзините медиуми и невладини организации шири хистерија меѓу граѓаните appeared first on Република.

]]>

Во интервјуто за ТВ Алфа заменик-претседателот на Владата Александар Николоски говори за хистеријата што ја создава опозицијата меѓу граѓаните. Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски:
Сите ќе се согласат дека е огромна работа е што конечно ДУИ ги испративме во опозиција. ДУИ беше на власт во континуитет од 2002 година до 2024 година, со една пауза од 2006 до 2008 година. Тоа што многумина пред нас го ветуваа, ние го реализиравме и ДУИ е во опозиција.
Тоа е првата фаза, а втората фаза ќе биде да одговараат тоа што го правеле додека беа на власт. Но она што сакам да го искоментирам е дека ние сме веројатно првата влада во историја на државата, а веројатно и во пошироко во регионот која не доби 100 дена да може да се организира и да може да испорачува проекти.
Ние сме два и половина месеци на власт, далеку сме уште од 100 дена, а односот на опозицијата и хистеријата што ја создава опозицијата и нивни блиски медиуми, невладини организации е како ние да сме десетта година на власт, што мислам дека е лошо за нив, затоа што создава контраефект кај народот.
Изборите беа на 8 мај оваа година, не беа пред десет години и луѓето многу добро знаат зошто гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и многу добро знаат зошто го подржаа ВМРО-ДПМНЕ. И кога истите ја распродаваа државава на Бугарија и прифатија француски предлог со кој што се понижи Македонија, сега раскажуваат приказни за патриотизам и изгледаат смешни во очите на народот и тие истите што ја искрадоа државата сега зборуваат за криминал и корупција.
Единствено покажаа само колку ситни луѓе се и ситни души и не ни дадоа 100 дена за да можеме да покажеме кој сме и што сме. Од прв ден бевме критикувани како изборите нула-нула да завршија и ние со сила да направивме влада, а не да имаме дво- третинско мнозинство што е најголемо мнозинство што која било власт го имало во Македонија, истакна Николоски.

The post Николоски: Опозицијата преку нејзините медиуми и невладини организации шири хистерија меѓу граѓаните appeared first on Република.

]]>
Николоски: Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос https://republika.mk/vesti/skopje/nikoloski-vo-opshtinite-tsentar-i-karposh-se-sluchuvashe-i-se-sluchuva-urbanistichki-haos/ Tue, 13 Aug 2024 13:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=806202

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски предлага да се донесат специјални закони за општините Центар и Карпош со кои ќе се затворат сите прашања со урбанистичкото планирање.

Предлогот го изнесе денеска на седницата на собраниската Комисија за транспорт,  која го проследи во натамошна процедура  Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Николоски соопшти и политичка заложба додека е тој министер на седница на Совет на Општина Карпош нема да дојде ниту еден урбанистички план кој е поврзан со станбено домување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/predllog-katnite-garazhi-da-se-gradat-so-olesnet-dup/

-  Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини  на ист начин како што направивме за градот Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме  забрана за градење да речеме во следните 20 години. Но, тоа да не биде лабилен мораториум како што направи Општина Центар па имаше мораториум за секаде освен за ул. „Козара“ и за „Дајмонд“. Не гледам дека некој во јавноста реагираше што се кренаа четири кули по 25  ката од страна на Лимак, но се реагира за многу други работи. Со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може заради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја  казнуваме цела држава. Остатокот од државата мора да се развива, народот ни се исели и не смееме да продолжиме да функционираме на тој начин, рече Николоски.

Образложи дека целта на измената на Законот е да се подностави процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се целосно финансирани од Буџетот на државата или од буџетите на општините и се во целосна општинска или државна сопственост.

-Побрзо да се направат проектите со кои ќе може да се реализираат објектите. Тоа не значи дека воопшто нема да има процедура, туку таа ќе биде многу поедноставена, укажа Николоски.

Тој смета дека Законот за урбaнистичко планирање треба да претрпи сериозни измени во следниот период затоа што рече дека не е прилагоден  на условите и времето, а за тоа би се дискутирало во широка јавна дебата со стручната јавност, невладините организации и сите засегнати. Овие измени, нагласи, се ноепходни, затоа што доколку не ги направиме сега паралелно со ребалансот на Буџетот општините нема да можат да ги трошат средствата за проектите.

Министерот Николоски рече дека втората измена од Законот која се однесува на одредбата со која е ставен рок од четири години во кој треба да се завршат сите постапки за донесување на урбанистичките планови, а ако не се завршат да се вратат од почеток,  е веќе оспорена од Уставниот суд.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-so-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane-uchilishta-gradinki-i-kanalizatsiska-mrezha-ke-se-gradat-po-poednostavna-postapka/

- Прашање на време е кога ќе ја прифати затоа што не можете со закон да креирате правна несигурност. Креираната правна несигурност е во три насоки. Прво, како е определен рокот од четири години, второ, кој вели дека планот мора да се донесе и како трето, во моментов преку 600 планови се заглавени и не се ниту напред ниту назад. Ниту јас како министер можам да ги прифатам, ниту да ги одбијам, ниту Министерството може да даде позитивно и негативно мислење. Свесен сум дека намерата била  добра, но ова мора  го затвориме правно што не значи, ова е мој политички став,  дека тие планови ќе се донесат. Може да се донесат, а може и не, бидејќи има минимум два политички филтра - Министерството што го водам и општините, од кои во најголем дел ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата има мнозинство, рече Николоски.

Со третата измена на законот појасни дека се брише правилото „молчењето е одобрување“ за урбанистичките планови, заради, како што рече, претходно дивеење на одредени општини, односно се јакнат ингеренците на Министерството за транспорт.

- Веќе нема да се прават манипулации, да не речам „финти“, да се користи рокот од 20  дена. Досега законот велеше дека во рок од 20 дена доколку Министерството за транспорт не се произнесе во однос на конкретен урбанистички план се смета дека добил позитивно мислење. Тоа веќе нема да се случува, рече Николоски.

Во периодот од нелегално носење на тој план до периодот на стопирање, посочи министерот, таму се издавале градежни дозволи кои потоа не можеле да бидат укинати. Затоа оваа можност  ја бришеме целосно за никому да не даваме креативни  идеи како да го изигрува законот. Сега Министерството е основниот и главниот филтер за стопирање на сите процедури кои сметаме дека ќе го нарушуваат квалитетот на живеење, наведе Николоски.

Во случај на евентуален обид за незаконско носење на планови, најави дека во истиот момент кога ќе се случува седницата на општинскиот совет, „надвор ќе чекаат неколку инспектори од Министерството за внатрешни работи затоа што тоа е класична злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој праша и како е проблем да се градат катни гаражи во услови кога во половина држава тротоарите се окупирани со возила, потенцирајќи дека тоа ќе биде еден од начините на решавање на сообраќајниот хаос.

-Убеден сум дека измените на Законот се во целосна  корист на општините и дека правиме исклучиво добра работа, рече Николоски.

Претставниците на инцијативата О2 побараа законските измени да не се носат по скратена постапка, туку во редовна со широко вклучување на јавноста со оглед дека станува збор за обемен закон.

-И најмалите промени од овој закон на терен можат да влиајат многукратно  во однос на хуманото живеење на граѓаните. Законот треба да оди во редовна постапка и да се вклучи и јавноста. Како О2 иницијатива подготвуваме одредени измени. Бидејќи е период на летни одмори многу од граѓаните и другите граѓански здруженија немаа време да ги видат сите промени за да можат да  вклучат со свои забалешки, рече Невена Георгиевска од иницијативата О2.

Таа истакна дека целта е да се донесат измени кои ќе траат подолго за да не се повтори состојбата кога имаше над 30 промени на Законот за урбанистичко планирање за неколку години, а кои потоа, посочи, доведоа до она што го живееме денес  во Скопје - преполни тротоа, се гради неплански, се зафаќаат сите јавни површини.

Иницијативата О2 веќе реагираше на предложените измени, порачувајќи дека  „урбанистичките планови треба да воведат ред, а не хаос и оти не може да се дозволи изработка, спроведување на планови кои не се соодветни и изградба на објекти како катните гаражи без нив“

The post Николоски: Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски предлага да се донесат специјални закони за општините Центар и Карпош со кои ќе се затворат сите прашања со урбанистичкото планирање. Предлогот го изнесе денеска на седницата на собраниската Комисија за транспорт,  која го проследи во натамошна процедура  Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Николоски соопшти и политичка заложба додека е тој министер на седница на Совет на Општина Карпош нема да дојде ниту еден урбанистички план кој е поврзан со станбено домување. https://republika.mk/vesti/makedonija/predllog-katnite-garazhi-da-se-gradat-so-olesnet-dup/
-  Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини  на ист начин како што направивме за градот Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме  забрана за градење да речеме во следните 20 години. Но, тоа да не биде лабилен мораториум како што направи Општина Центар па имаше мораториум за секаде освен за ул. „Козара“ и за „Дајмонд“. Не гледам дека некој во јавноста реагираше што се кренаа четири кули по 25  ката од страна на Лимак, но се реагира за многу други работи. Со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може заради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја  казнуваме цела држава. Остатокот од државата мора да се развива, народот ни се исели и не смееме да продолжиме да функционираме на тој начин, рече Николоски.
Образложи дека целта на измената на Законот е да се подностави процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се целосно финансирани од Буџетот на државата или од буџетите на општините и се во целосна општинска или државна сопственост.
-Побрзо да се направат проектите со кои ќе може да се реализираат објектите. Тоа не значи дека воопшто нема да има процедура, туку таа ќе биде многу поедноставена, укажа Николоски.
Тој смета дека Законот за урбaнистичко планирање треба да претрпи сериозни измени во следниот период затоа што рече дека не е прилагоден  на условите и времето, а за тоа би се дискутирало во широка јавна дебата со стручната јавност, невладините организации и сите засегнати. Овие измени, нагласи, се ноепходни, затоа што доколку не ги направиме сега паралелно со ребалансот на Буџетот општините нема да можат да ги трошат средствата за проектите. Министерот Николоски рече дека втората измена од Законот која се однесува на одредбата со која е ставен рок од четири години во кој треба да се завршат сите постапки за донесување на урбанистичките планови, а ако не се завршат да се вратат од почеток,  е веќе оспорена од Уставниот суд. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-so-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane-uchilishta-gradinki-i-kanalizatsiska-mrezha-ke-se-gradat-po-poednostavna-postapka/
- Прашање на време е кога ќе ја прифати затоа што не можете со закон да креирате правна несигурност. Креираната правна несигурност е во три насоки. Прво, како е определен рокот од четири години, второ, кој вели дека планот мора да се донесе и како трето, во моментов преку 600 планови се заглавени и не се ниту напред ниту назад. Ниту јас како министер можам да ги прифатам, ниту да ги одбијам, ниту Министерството може да даде позитивно и негативно мислење. Свесен сум дека намерата била  добра, но ова мора  го затвориме правно што не значи, ова е мој политички став,  дека тие планови ќе се донесат. Може да се донесат, а може и не, бидејќи има минимум два политички филтра - Министерството што го водам и општините, од кои во најголем дел ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата има мнозинство, рече Николоски.
Со третата измена на законот појасни дека се брише правилото „молчењето е одобрување“ за урбанистичките планови, заради, како што рече, претходно дивеење на одредени општини, односно се јакнат ингеренците на Министерството за транспорт.
- Веќе нема да се прават манипулации, да не речам „финти“, да се користи рокот од 20  дена. Досега законот велеше дека во рок од 20 дена доколку Министерството за транспорт не се произнесе во однос на конкретен урбанистички план се смета дека добил позитивно мислење. Тоа веќе нема да се случува, рече Николоски.
Во периодот од нелегално носење на тој план до периодот на стопирање, посочи министерот, таму се издавале градежни дозволи кои потоа не можеле да бидат укинати. Затоа оваа можност  ја бришеме целосно за никому да не даваме креативни  идеи како да го изигрува законот. Сега Министерството е основниот и главниот филтер за стопирање на сите процедури кои сметаме дека ќе го нарушуваат квалитетот на живеење, наведе Николоски. Во случај на евентуален обид за незаконско носење на планови, најави дека во истиот момент кога ќе се случува седницата на општинскиот совет, „надвор ќе чекаат неколку инспектори од Министерството за внатрешни работи затоа што тоа е класична злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој праша и како е проблем да се градат катни гаражи во услови кога во половина држава тротоарите се окупирани со возила, потенцирајќи дека тоа ќе биде еден од начините на решавање на сообраќајниот хаос.
-Убеден сум дека измените на Законот се во целосна  корист на општините и дека правиме исклучиво добра работа, рече Николоски.
Претставниците на инцијативата О2 побараа законските измени да не се носат по скратена постапка, туку во редовна со широко вклучување на јавноста со оглед дека станува збор за обемен закон.
-И најмалите промени од овој закон на терен можат да влиајат многукратно  во однос на хуманото живеење на граѓаните. Законот треба да оди во редовна постапка и да се вклучи и јавноста. Како О2 иницијатива подготвуваме одредени измени. Бидејќи е период на летни одмори многу од граѓаните и другите граѓански здруженија немаа време да ги видат сите промени за да можат да  вклучат со свои забалешки, рече Невена Георгиевска од иницијативата О2.
Таа истакна дека целта е да се донесат измени кои ќе траат подолго за да не се повтори состојбата кога имаше над 30 промени на Законот за урбанистичко планирање за неколку години, а кои потоа, посочи, доведоа до она што го живееме денес  во Скопје - преполни тротоа, се гради неплански, се зафаќаат сите јавни површини. Иницијативата О2 веќе реагираше на предложените измени, порачувајќи дека  „урбанистичките планови треба да воведат ред, а не хаос и оти не може да се дозволи изработка, спроведување на планови кои не се соодветни и изградба на објекти како катните гаражи без нив“

The post Николоски: Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос appeared first on Република.

]]>
Николоски: Во фокусот е модернизација на инфраструктурата и унапредување на регионалната поврзаност https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vo-fokusot-e-modernizatsija-na-infrastrukturata-i-unapreduvane-na-regionalnata-povrzanost/ Thu, 04 Jul 2024 14:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=793485

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, на која се разговараше за имплементација на Договорот за транспортна заедница кој е во согласност со започнатиот процес на интеграција во европските структури, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Министерот Николоски го потенцирал значењето на реализација на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура на Коридорите 8, 10 и 10 -д како дел од Европската мрежа на транспортни коридори. Тој уверил за силната заложба на Владата за унаредување и модернизација на истите.

На средбата се отворија и  прашања за поголема соработка и поврзаност со земјите од регионот.

-Верувам дека Договорот за основање на транспортна заедница на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата.  Се надевам дека преку спроведувањето на Договорот за транспортна заедница целосно ќе се интегрира регионот во Европското транспортно семејство и ќе ја надополни политиката на проширување на Заедницата, истакнал министерот Николоски на средбат

The post Николоски: Во фокусот е модернизација на инфраструктурата и унапредување на регионалната поврзаност appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, на која се разговараше за имплементација на Договорот за транспортна заедница кој е во согласност со започнатиот процес на интеграција во европските структури, информираат од Министерството за транспорт и врски. Министерот Николоски го потенцирал значењето на реализација на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура на Коридорите 8, 10 и 10 -д како дел од Европската мрежа на транспортни коридори. Тој уверил за силната заложба на Владата за унаредување и модернизација на истите. На средбата се отворија и  прашања за поголема соработка и поврзаност со земјите од регионот.
-Верувам дека Договорот за основање на транспортна заедница на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата.  Се надевам дека преку спроведувањето на Договорот за транспортна заедница целосно ќе се интегрира регионот во Европското транспортно семејство и ќе ја надополни политиката на проширување на Заедницата, истакнал министерот Николоски на средбат

The post Николоски: Во фокусот е модернизација на инфраструктурата и унапредување на регионалната поврзаност appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ќе се укине Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-ke-se-ukine-fondot-za-inovatsii-tamu-ke-ima-seriozna-istraga/ Wed, 19 Jun 2024 20:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=789179

Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за вицепремиер и министер за транспорт, изјави дека покрај кратењето на институции ќе има и кратење на директорски места, а ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата.

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Николоски рече дека освен кратењето на бројот на институции во државава за околу 20 проценти и дваесеттина проценти од функционерските позиции, кратење ќе има и во делот на економските директори.

- Во болниците нема да има по два директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа, ќе има само еден директор за цел клинички, Фондот за здравствено осигурување ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден, не по двајца директори, рече Николоски.

Дополни дека ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата.

- Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага, изјави Николоски.

Николоски потенцираше дека нема сите новоназначени луѓе да бидат под политичка заслуга, а во врска со реформите кои водат кон поефикасна работа најави дека ќе се намали и бројот на вработени со цел поефикасна администрација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-idejata-za-poefikasna-administratsija-ja-pravime-preku-kratene-na-institutsii-no-i-funktsii/

- Сите сме свесни дека јавната администрација е преобемна и неефикасна, а сите сме свесни дека приватниот сектор веќе има недостаток на работна сила. Тоа се работи кои што мора да се менуваат во корист на приватниот сектор. Ако сакаме колку-толку ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор, а да расте приватниот, рече Николоски

The post Николоски: Ќе се укине Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага appeared first on Република.

]]>

Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за вицепремиер и министер за транспорт, изјави дека покрај кратењето на институции ќе има и кратење на директорски места, а ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата. Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Николоски рече дека освен кратењето на бројот на институции во државава за околу 20 проценти и дваесеттина проценти од функционерските позиции, кратење ќе има и во делот на економските директори.
- Во болниците нема да има по два директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа, ќе има само еден директор за цел клинички, Фондот за здравствено осигурување ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден, не по двајца директори, рече Николоски.
Дополни дека ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата. - Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага, изјави Николоски. Николоски потенцираше дека нема сите новоназначени луѓе да бидат под политичка заслуга, а во врска со реформите кои водат кон поефикасна работа најави дека ќе се намали и бројот на вработени со цел поефикасна администрација. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-idejata-za-poefikasna-administratsija-ja-pravime-preku-kratene-na-institutsii-no-i-funktsii/
- Сите сме свесни дека јавната администрација е преобемна и неефикасна, а сите сме свесни дека приватниот сектор веќе има недостаток на работна сила. Тоа се работи кои што мора да се менуваат во корист на приватниот сектор. Ако сакаме колку-толку ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор, а да расте приватниот, рече Николоски

The post Николоски: Ќе се укине Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага appeared first on Република.

]]>
Николоски: Идејата за поефикасна администрација ја правиме преку кратење на институции, но и функции https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-idejata-za-poefikasna-administratsija-ja-pravime-preku-kratene-na-institutsii-no-i-funktsii/ Wed, 19 Jun 2024 18:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=789167

Со измените во Законот за организација и работа на органите на управата скративме доста институции. Идејата ни е да правиме и втор кратење на директорски места, рече Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде и иден вицепремиер и министер за транспорт на вечерашното гостување во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма.

„Точно е дека го скративме бројот на институции во државава за околу 20 проценти  и дваесеттина проценти од условно кажано од функционерските позиции“, вели Николоски.

Николоски укажа дека кратење ќе има  во делот на таканаречени економски директори.
„Значи во болниците нема да има по два директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа  ќе има само еден директор за цел клинички, ФЗО ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден не по двајца директори“, кажа Николоски.

Николоски информираше дека со формирањето на нови министерства се кратат и неколку агенции.
„Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации таму ќе има сериозна истрага и бројни други институции“, изјави Николоски.

Сумирајќи ги реформите кои водат кон поефикасна работа Николоски укажа дека со тоа идејата е да се намали и бројот на вработени и да има ефикасна администрација

The post Николоски: Идејата за поефикасна администрација ја правиме преку кратење на институции, но и функции appeared first on Република.

]]>

Со измените во Законот за организација и работа на органите на управата скративме доста институции. Идејата ни е да правиме и втор кратење на директорски места, рече Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде и иден вицепремиер и министер за транспорт на вечерашното гостување во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма. „Точно е дека го скративме бројот на институции во државава за околу 20 проценти  и дваесеттина проценти од условно кажано од функционерските позиции“, вели Николоски.
Николоски укажа дека кратење ќе има  во делот на таканаречени економски директори. „Значи во болниците нема да има по два директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа  ќе има само еден директор за цел клинички, ФЗО ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден не по двајца директори“, кажа Николоски.
Николоски информираше дека со формирањето на нови министерства се кратат и неколку агенции. „Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации таму ќе има сериозна истрага и бројни други институции“, изјави Николоски. Сумирајќи ги реформите кои водат кон поефикасна работа Николоски укажа дека со тоа идејата е да се намали и бројот на вработени и да има ефикасна администрација

The post Николоски: Идејата за поефикасна администрација ја правиме преку кратење на институции, но и функции appeared first on Република.

]]>
Од каде му пари на Филипче за Aуди од 250 илјади евра и за хациендата на Водно? https://republika.mk/vesti/makedonija/od-kade-mu-pari-na-filipche-za-audi-od-250-iljadi-evra-i-za-hatsiendata-na-vodno/ Mon, 22 Apr 2024 06:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=769124

Прилично нервоза го фаќа Стево Пендаровски, свесен е што ќе му се случи, свесен е дека огромна ќе биде разликата по првиот круг во корист на Гордана Силјановска Давкова а јас велам дека таа ќе биде 6 цифрена и затоа тој реши да навредува. Не одговори зошто ги потпиша измените на кривичниот законик со кој што се амнестираше криминал и корупција и не одговори зошто дозволува кампањата да му биде финансирана од криминални пари, од крадени пари, од ваши народни пари, па реши да навредува.

https://republika.mk/vesti/makedonija/za-filipche-se-kafeanski-muabeti-deka-ima-hatsiendata-na-vodno-i-audi-od-250-000-evra/

Првата работа за која што реши да ме навредува мене поврзана со уставобранителите, јас на митингот во Прилеп кажав дека даваме целосна поддршка за слобода на сите уставобранители гледам дека тоа Стево Пендаровски го погодило, па почна да ме напаѓа јавно зошто сум се залагал за слобода на уставобранителите и еве да повторам од овде од Новаци, да, јас мислам дека сите уставобранители треба да бидат на слобода“ кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 Александар Николоски од посетата на Новаци. 

„Втората работа е овде во 4 ката мој против кандидат од СДСМ е  веројатно најнеуспешниот министер за здравство во историјата  на државата, човек кој што имаше рекордна смртност за време на пандемијата, најмногу луѓе го загубија животот во Македонија, додека тој чекаше провизии од компанија „Стабри“ од Хонг Конг. Тој е носител во 4 ката и го гледам Стево Пендаровски вчера од Радовиш вели Венко Филипче е таков кандидат што да ти е мерак да го гласаш како доктор можел да работи кај сака но ете останал во Македонија, а за мене вели да не била политиката, ќе сум немал леб за јадење. Еве сега да му одговорам. Прво затоа што лично отвара некои работи, морам лично да му одговорам иако не сакам тоа да го правам, сметам дека во секоја професија се потребни професионалци и мислам дека ако навистина Венко Филипче е толку добар доктор, а ќе видите утре колегите негови што ќе кажат ќе имаме трибина, но ако е толку добар доктор тогаш треба да си остане доктор затоа што за тоа учел. Како што јас сум решил да се занимавам со оваа професија и за истата сум учел и сум бил студент на генерација со просек од 9,75 на Правниот Факултет и сум одлучил да го работам ова што го работам“ кажа Николоски и додаде:

Следно, јас за разлика од Стево Пендаровски знам што значи да се работи и работам од мојата 14 година на почеток во фамилијарните бизниси каде што помагав се додека не се активирав во политиката и многу добро знам како се заработува плата. Од моето семејство и потесно и пошироко нема ниту еден вработен во јавна администрација, сите се во приватен сектор. Да ги прашам Венко Филипче и Стево Пендаровски дали можат обратно да набројат по еден од нивните фамилии што не е вработен во администрација односно што работи во приватен сектор по еден нека кажат и Венко Филипче и Стево Пендаровски. Таков нема  затоа што до петто колено сите се вработени во јавна администрација и ја цицаат државата.

Николоски упати прашање до Венко Филипче дали со докторка или министерска плата се купува ауди од 250 илјади евра и од каде пари да гради огромна хациенда на Водно?

„Следна работа со докторска или со министерска плата не се купува ауди Q8 RS не знам да го кажам точно како се вика од 250 илјади евра како што вози Венко Филипче, и од докторска или со министерска плата не се гради хациенда на Водно која ексклузивно ќе ја покажам вечерва тука во новаци, мислам дека е чесно Стево Пендаровски да одговори како се гради оваа хациенда на Водно“ нагласи Николоски и додаде:

Трета работа, не знам  дали Венко Филипче знае но сум сигурен ако ништо друго слушнал Стево Пендаровски важи за најголемиот озборувач кај политичарите, или јас како што го нарекувам алапача број еден во Македонија. Во тие свои озборувања обожава да озборува за најблиските околу него а Венко Филипче е еден од најозборуваните. Па да го прашам Венко Филипче дали слушнал или не дека кога Стево ќе се опушти озборува во круг на блиски новинари и вели дека Венко Филипче бил уживател на психотропни супстанци дали го слушнал или не го слушнал тоа и како е можно да еден за друг зборуваат такви работи зад грб а излезат пред народот и бараат гласови. Толку за Стево Пендаровски за неговиот морал и за неговиот образ, следното е ваше да излезете масовно на 24 април и на 8 мај и да му помогнеме да се исели од државата“ истакна Николоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/za-filipche-se-kafeanski-muabeti-deka-ima-hatsiendata-na-vodno-i-audi-od-250-000-evra/

The post Од каде му пари на Филипче за Aуди од 250 илјади евра и за хациендата на Водно? appeared first on Република.

]]>

Прилично нервоза го фаќа Стево Пендаровски, свесен е што ќе му се случи, свесен е дека огромна ќе биде разликата по првиот круг во корист на Гордана Силјановска Давкова а јас велам дека таа ќе биде 6 цифрена и затоа тој реши да навредува. Не одговори зошто ги потпиша измените на кривичниот законик со кој што се амнестираше криминал и корупција и не одговори зошто дозволува кампањата да му биде финансирана од криминални пари, од крадени пари, од ваши народни пари, па реши да навредува. https://republika.mk/vesti/makedonija/za-filipche-se-kafeanski-muabeti-deka-ima-hatsiendata-na-vodno-i-audi-od-250-000-evra/ Првата работа за која што реши да ме навредува мене поврзана со уставобранителите, јас на митингот во Прилеп кажав дека даваме целосна поддршка за слобода на сите уставобранители гледам дека тоа Стево Пендаровски го погодило, па почна да ме напаѓа јавно зошто сум се залагал за слобода на уставобранителите и еве да повторам од овде од Новаци, да, јас мислам дека сите уставобранители треба да бидат на слобода“ кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 Александар Николоски од посетата на Новаци.  „Втората работа е овде во 4 ката мој против кандидат од СДСМ е  веројатно најнеуспешниот министер за здравство во историјата  на државата, човек кој што имаше рекордна смртност за време на пандемијата, најмногу луѓе го загубија животот во Македонија, додека тој чекаше провизии од компанија „Стабри“ од Хонг Конг. Тој е носител во 4 ката и го гледам Стево Пендаровски вчера од Радовиш вели Венко Филипче е таков кандидат што да ти е мерак да го гласаш како доктор можел да работи кај сака но ете останал во Македонија, а за мене вели да не била политиката, ќе сум немал леб за јадење. Еве сега да му одговорам. Прво затоа што лично отвара некои работи, морам лично да му одговорам иако не сакам тоа да го правам, сметам дека во секоја професија се потребни професионалци и мислам дека ако навистина Венко Филипче е толку добар доктор, а ќе видите утре колегите негови што ќе кажат ќе имаме трибина, но ако е толку добар доктор тогаш треба да си остане доктор затоа што за тоа учел. Како што јас сум решил да се занимавам со оваа професија и за истата сум учел и сум бил студент на генерација со просек од 9,75 на Правниот Факултет и сум одлучил да го работам ова што го работам“ кажа Николоски и додаде:
Следно, јас за разлика од Стево Пендаровски знам што значи да се работи и работам од мојата 14 година на почеток во фамилијарните бизниси каде што помагав се додека не се активирав во политиката и многу добро знам како се заработува плата. Од моето семејство и потесно и пошироко нема ниту еден вработен во јавна администрација, сите се во приватен сектор. Да ги прашам Венко Филипче и Стево Пендаровски дали можат обратно да набројат по еден од нивните фамилии што не е вработен во администрација односно што работи во приватен сектор по еден нека кажат и Венко Филипче и Стево Пендаровски. Таков нема  затоа што до петто колено сите се вработени во јавна администрација и ја цицаат државата.
Николоски упати прашање до Венко Филипче дали со докторка или министерска плата се купува ауди од 250 илјади евра и од каде пари да гради огромна хациенда на Водно? „Следна работа со докторска или со министерска плата не се купува ауди Q8 RS не знам да го кажам точно како се вика од 250 илјади евра како што вози Венко Филипче, и од докторска или со министерска плата не се гради хациенда на Водно која ексклузивно ќе ја покажам вечерва тука во новаци, мислам дека е чесно Стево Пендаровски да одговори како се гради оваа хациенда на Водно“ нагласи Николоски и додаде: