алекдандар пандов Archives - Република https://republika.mk/tema/alekdandar-pandov/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 07:07:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алекдандар пандов Archives - Република https://republika.mk/tema/alekdandar-pandov/ 32 32 Пандов: Околу 200 затвореници се водат дека се во бегство https://republika.mk/vesti/makedonija/pandov-okolu-200-zatvorenitsi-se-vodat-deka-se-vo-begstvo/ Fri, 06 Sep 2024 07:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=813687

Работното ангажирање е најдобриот начин за ресоцијализација на затворениците, смета в.д. директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Во интервју за МИА тој вели дека ќе се обиде законски да интервенира во делот на работно ангажирање на затворениците со цел тоа да се користи почесто.

- Имам забелешки на последниот закон, направен сега во април. Планирам во наредниот период да побарам измени на одредени точки, или вметнување на нови. Забелешка е тоа што кај нас, доколку говориме дека имаме 2 400 затвореници, мислам дека околу 100 се само работно ангажирани. Моите насоки кон директорите на затворите се да се обидат да постигнат договори со градоначалниците, со други фирми, што поголем број на затвореници да бидат работно ангажирани, рече Пандов.

Директорот информираше дека наследената состојба на затвореници евидентирани во бегство е околу 200, додека, во однос на прашањето дали постои гаранција дека ќе се вратат затворениците на кои тој им одобри прекин на издржување на казната, помеѓу кои имаше и осуденици од „27 април“, одговори дека нема гаранција и доколку не се вратат се во бегство.

- На најголем дел од нив веќе им се завршени прекините и се вратени во затворите. Не мал дел од нив, во меѓувреме, имаат побарано од судовите да им се издадат подолги прекини. Како најзвучно име за кое имаше прекин е поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.  Во меѓувреме, господинот Чавков, јас колку што сум информиран од затворот, има добиено тримесечен прекин, му завршува во ноември, и не мал дел од другите лица осудени за 27 април имаат добиено од судовите повторно прекини, некој на месец, некој на два. Гаранција не постои, како за секој кој што со закон ќе биде пратен на  30-45 или 60 дена, кога ќе го пуштиме на викенд, ако не е вратен, тоа значи дека е во бегство, ние веднаш го информираме Министерството за внатрешни работи и тој осуденик се води како во бегство, појасни Пандов.

The post Пандов: Околу 200 затвореници се водат дека се во бегство appeared first on Република.

]]>

Пандов за избеганите затвореници: Не станува збор за класично бегство, туку за злоупотреба на погодности https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pandov-za-izbeganite-zatvorenitsi-ne-stanuva-zbor-za-klasichno-begstvo-tuku-za-zloupotreba-na-pogodnosti/ Thu, 15 Aug 2024 11:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=806864

Во врска со избеганите затвореници од затворите низ државава, директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов, информираше дека не станува збор за класично бегство од затвор преку префрлување на ѕид, жица или копање тунел, туку, станува збор за 111 затвореници на кои што им биле дадени погодности, биле пуштени на викенд но не се вратиле.

– Да ги расчистиме термините.

Бегство, јас барем претходно што сум подразбирал, е префрлување преку ѕидини, жица, копање на тунел, овие 111 се луѓе на кои што им биле дадени погодности, биле на викенд, требале да се вратат до 19 часот вечерта во недела, не се вратени и тоа е веќе бегство.

Не е класично бегство, рече тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по отворањето на реновирнаото „петто“ крило во Затворот „Идризово“.

Дополни дека пред две недели имале обид за бегство со буквално префрлување преку ограда, при што затвореникот бил фатен, соборен и вратен во затвор.

-Такви бегства се многу ретки во Македонија, но самиот термин бегство се користи и за оние кои што после погодностите кои што им се дадени, не се вратени на време, или, воопшто не се вратени.

Морам да потенцирам дека овие бројки што се појавуваат сега, ете вчера имаме за затворот во Струмица, каде што има 23 бегства, меѓутоа не биле евидентирани, не биле кажани во јавност.

Со доаѓање на новиот директор на првото пребројување, тој констатира дека толку луѓе недостасуваат, односно, од тие, 18 се во бегство од 2020 година, неколку од нив во 2024 година, појасни Пандов.

Пандов информираше дека некои од избеганите затвореници се вратени, некои не. На прашањето за бегството на Блерим Рамадани од куќниот притвор, Пандов одговори дека нема таква информација.

 – Тоа во Министерството за внатрешни работи треба да видите. Кај нас е затворено или притворено лице.

Тоа се луѓе или се осомничени и се сместени во притворски одделенија или имаат полноправна пресуда и се упатени на одлежувње на затворска казна. Таквите лица се под МВР, рече тој.

The post Пандов за избеганите затвореници: Не станува збор за класично бегство, туку за злоупотреба на погодности appeared first on Република.

]]>

Во врска со избеганите затвореници од затворите низ државава, директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов, информираше дека не станува збор за класично бегство од затвор преку префрлување на ѕид, жица или копање тунел, туку, станува збор за 111 затвореници на кои што им биле дадени погодности, биле пуштени на викенд но не се вратиле.
 
– Да ги расчистиме термините.
  Бегство, јас барем претходно што сум подразбирал, е префрлување преку ѕидини, жица, копање на тунел, овие 111 се луѓе на кои што им биле дадени погодности, биле на викенд, требале да се вратат до 19 часот вечерта во недела, не се вратени и тоа е веќе бегство. Не е класично бегство, рече тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по отворањето на реновирнаото „петто“ крило во Затворот „Идризово“.   Дополни дека пред две недели имале обид за бегство со буквално префрлување преку ограда, при што затвореникот бил фатен, соборен и вратен во затвор. -Такви бегства се многу ретки во Македонија, но самиот термин бегство се користи и за оние кои што после погодностите кои што им се дадени, не се вратени на време, или, воопшто не се вратени.   Морам да потенцирам дека овие бројки што се појавуваат сега, ете вчера имаме за затворот во Струмица, каде што има 23 бегства, меѓутоа не биле евидентирани, не биле кажани во јавност. Со доаѓање на новиот директор на првото пребројување, тој констатира дека толку луѓе недостасуваат, односно, од тие, 18 се во бегство од 2020 година, неколку од нив во 2024 година, појасни Пандов. Пандов информираше дека некои од избеганите затвореници се вратени, некои не. На прашањето за бегството на Блерим Рамадани од куќниот притвор, Пандов одговори дека нема таква информација.
 – Тоа во Министерството за внатрешни работи треба да видите. Кај нас е затворено или притворено лице.
Тоа се луѓе или се осомничени и се сместени во притворски одделенија или имаат полноправна пресуда и се упатени на одлежувње на затворска казна. Таквите лица се под МВР, рече тој.

The post Пандов за избеганите затвореници: Не станува збор за класично бегство, туку за злоупотреба на погодности appeared first on Република.

]]>
Пандов ја повика Катица Јанева пак да побара да оди на работа https://republika.mk/vesti/makedonija/pandov-ja-povika-katitsa-janeva-pak-da-pobara-da-odi-na-rabota/ Mon, 22 Jul 2024 11:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=799176

Александар Пандов, в.д директор на Управата за извршување на санкции денеска изјави дека за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која издржува затворска казна, имал дојава дека не е на работното место надвор од затворот и за кое имала дозвола и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму. Јанева има право повторно да побара да работи надвор од затворот, но Пандов не кажа дали тоа ќе биде дозволено, туку само дека може да побара.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zatvorot-shutka-bil-kako-hotel-zatvorenitsite-koga-sakale-vleguvale-i-izleguvale/

-За Катица Јанева ве уверувам дека имав анонимна дојдава дека госпоѓата не е на работното место. Јас по службена должност бев обврзан да пратам службени лица да проверат дали е тоа така и констатираа дека не била на работното место, рече тој.

За Јанева рече дека проверувал и дека таа има право повторно да побара да работи надвор од затворот, а дали ќе биде одобрено кусо рече „нека побара“.

Минатата недела вработени од Управата направиле контроли да видат дали и други затвореници кои имаат исто право се на работните места. За тојца, како што кажа, Пандов е утврдено дека не биле.

-А во меѓувреме имаме минатата недела две или три контроли направено на повеќе локации и во град Скопје, во Тетово и во Гостивар и притоа од десетина проверени лица се најдени уште три кои требале да бидат на одредено работно место, а не биле. И за нив исто ќе бидат одземени работните дозволи, рече в.д директорот на Управата за извршување санкции.

Пандов најави дека проверки на затворениците кои имаат право да работат ќе се прават редовно.

The post Пандов ја повика Катица Јанева пак да побара да оди на работа appeared first on Република.

]]>

Александар Пандов, в.д директор на Управата за извршување на санкции денеска изјави дека за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која издржува затворска казна, имал дојава дека не е на работното место надвор од затворот и за кое имала дозвола и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму. Јанева има право повторно да побара да работи надвор од затворот, но Пандов не кажа дали тоа ќе биде дозволено, туку само дека може да побара. https://republika.mk/vesti/makedonija/zatvorot-shutka-bil-kako-hotel-zatvorenitsite-koga-sakale-vleguvale-i-izleguvale/
-За Катица Јанева ве уверувам дека имав анонимна дојдава дека госпоѓата не е на работното место. Јас по службена должност бев обврзан да пратам службени лица да проверат дали е тоа така и констатираа дека не била на работното место, рече тој.
За Јанева рече дека проверувал и дека таа има право повторно да побара да работи надвор од затворот, а дали ќе биде одобрено кусо рече „нека побара“. Минатата недела вработени од Управата направиле контроли да видат дали и други затвореници кои имаат исто право се на работните места. За тојца, како што кажа, Пандов е утврдено дека не биле.
-А во меѓувреме имаме минатата недела две или три контроли направено на повеќе локации и во град Скопје, во Тетово и во Гостивар и притоа од десетина проверени лица се најдени уште три кои требале да бидат на одредено работно место, а не биле. И за нив исто ќе бидат одземени работните дозволи, рече в.д директорот на Управата за извршување санкции.
Пандов најави дека проверки на затворениците кои имаат право да работат ќе се прават редовно.  

The post Пандов ја повика Катица Јанева пак да побара да оди на работа appeared first on Република.

]]>
Затворот „Шутка“ бил како хотел-затворениците кога сакале влегувале и излегувале https://republika.mk/vesti/makedonija/zatvorot-shutka-bil-kako-hotel-zatvorenitsite-koga-sakale-vleguvale-i-izleguvale/ Mon, 22 Jul 2024 10:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=799159

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов денеска информираше дека ноќта на 19 овој месец е направен вонреден надзор во Затворот „Скопје“ и притоа е констатирано дека списокот со затвореници што го добиле од полицијата не кореспондирала со фактичката состојба која ја затекнале.

Пандев рече дека 11 затвореници не биле во своите ќелии, а состојбата била различна од она што го добиле во списокот и во полуотвореното и отвореното одделение, како и во пералната. Тој информира дека четворица затвореници во моментов се бегство.

На денешната прес-конференција тој посочи дека некои затвореници излегувале и влегувале во затворот кога сакале.

Според него, затворските полицајци изјавиле дека затворениците се преместуваат со усна наредба на директорот Филип Андов - Сокол, за кого рече дека ќе побара да биде разрешен.

Тој вели дека седум години не била направена контрола во овој затвор и дека во моментов двајца службеници се во затворот за да го земат материјалот од видео надзорот.

The post Затворот „Шутка“ бил како хотел-затворениците кога сакале влегувале и излегувале appeared first on Република.

]]>

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов денеска информираше дека ноќта на 19 овој месец е направен вонреден надзор во Затворот „Скопје“ и притоа е констатирано дека списокот со затвореници што го добиле од полицијата не кореспондирала со фактичката состојба која ја затекнале. Пандев рече дека 11 затвореници не биле во своите ќелии, а состојбата била различна од она што го добиле во списокот и во полуотвореното и отвореното одделение, како и во пералната. Тој информира дека четворица затвореници во моментов се бегство. На денешната прес-конференција тој посочи дека некои затвореници излегувале и влегувале во затворот кога сакале. Според него, затворските полицајци изјавиле дека затворениците се преместуваат со усна наредба на директорот Филип Андов - Сокол, за кого рече дека ќе побара да биде разрешен. Тој вели дека седум години не била направена контрола во овој затвор и дека во моментов двајца службеници се во затворот за да го земат материјалот од видео надзорот.

The post Затворот „Шутка“ бил како хотел-затворениците кога сакале влегувале и излегувале appeared first on Република.

]]>
Пандов: Извештајот на ЕУ е сигнал дека треба да има избори што поскоро https://republika.mk/vesti/makedonija/pandov-izveshtajot-na-eu-e-signal-deka-treba-da-ima-izbori-shto-poskoro/ Wed, 08 Nov 2023 20:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=699676

Брисел со Извештајот ни испраќа јасен сигнал дека час поскоро во Македонија треба да има избори и оти партиите од власта треба час поскоро да одат во опозиција, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во вечерашната емисија само вистина која се емитува на телевизија Канал 5 говорејќи за последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава за последнава година.

Според Пандов оваа Влада на СДСМ и ДУИ наместо да се бори за спроведување на правото, владеење на правото и борба против корупција, истата не го почитува правото, а корупцијата и криминалот само ги продлабочуваат.

„Оваа Влада предлага до Собранието многу закони со европско знаменце, а законите немаат никаква врска со било какви европски стандарди. Оваа влада направи во Македонија да има само целосно партизирано судство. За степенот на партизација на правосудството, за непочитување на законите не само ЕУ, не предупредуваат и САД. Оваа влада на СДСМ и ДУИ со своите постапки јасно ни кажаа и покажаа дека нема намера да спроведува било какви реформи во правосудниот систем“, рече Пандов.

Пандов укажа дека оваа Влада не направи ништо во насока на владеење на правото, освен што амнестира криминалци.

„Судството, обвинителството се целосно нефункционални, не се презема ништо за реформа или било какви позитивни промени во оваа клучна област. Тоа е клучна област за Брисел, или Брисел главно гледа до каде се стандардите од оваа област и по тоа го оценува патот до каде е некоја земја која оди кон полноправно членство во ЕУ“, посочи Пандов.

The post Пандов: Извештајот на ЕУ е сигнал дека треба да има избори што поскоро appeared first on Република.

]]>

Брисел со Извештајот ни испраќа јасен сигнал дека час поскоро во Македонија треба да има избори и оти партиите од власта треба час поскоро да одат во опозиција, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во вечерашната емисија само вистина која се емитува на телевизија Канал 5 говорејќи за последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава за последнава година. Според Пандов оваа Влада на СДСМ и ДУИ наместо да се бори за спроведување на правото, владеење на правото и борба против корупција, истата не го почитува правото, а корупцијата и криминалот само ги продлабочуваат.
„Оваа Влада предлага до Собранието многу закони со европско знаменце, а законите немаат никаква врска со било какви европски стандарди. Оваа влада направи во Македонија да има само целосно партизирано судство. За степенот на партизација на правосудството, за непочитување на законите не само ЕУ, не предупредуваат и САД. Оваа влада на СДСМ и ДУИ со своите постапки јасно ни кажаа и покажаа дека нема намера да спроведува било какви реформи во правосудниот систем“, рече Пандов.
Пандов укажа дека оваа Влада не направи ништо во насока на владеење на правото, освен што амнестира криминалци.
„Судството, обвинителството се целосно нефункционални, не се презема ништо за реформа или било какви позитивни промени во оваа клучна област. Тоа е клучна област за Брисел, или Брисел главно гледа до каде се стандардите од оваа област и по тоа го оценува патот до каде е некоја земја која оди кон полноправно членство во ЕУ“, посочи Пандов.

The post Пандов: Извештајот на ЕУ е сигнал дека треба да има избори што поскоро appeared first on Република.

]]>
Пандов: Да имавме десетгодишна најкрвава војна и да ја изгубевме од Бугарија, мислам дека капитулацијата ќе беше подостоинствена за Македонецот https://republika.mk/vesti/makedonija/pandov-da-imavme-desetgodishna-najkrvava-vojna-i-da-ja-izgubevme-od-bugarija-mislam-deka-kapitulacijata-kje-beshe-podostoinstvena-za-makedonecot/ Mon, 18 Jul 2022 21:36:42 +0000 https://republika.mk/?p=530825

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов, во вечерашното гостување во емисијата ,,Само вистина” зборуваше за прифатениот француски предлог од страна на власта и последиците кои Македонија ќе ги има од тој предлог на долгорочен план.

– Да имавме десетгодишна најкрвава војна и да ја изгубевме на воено поле од Бугарија, мислам дека капитулацијата ќе беше подостоинствена за Македонецот од ова сега ние што го добивме. Имаме ситуација во која ние мораме да ги коригираме сите историски содржини и споменици кои што на бугарите не им се допаѓаат. Историската комисија која што патем речено од седум луѓе само тројца се историчари а треба за историски работи да носи одлуки, заради тоа што стариот век, односно антиката ние ја отпишавме со Преспанскиот договор и комплетно оваа територија и овој народ, комплетно ние како Македонци немаме право на античка историја. Ние сме дојденци од Словените и сѐ претходно што било со тој договор ние го отпишавме и сѐ што учиме сега сме обврзани да кажеме дека тоа е туѓа историја.
Доаѓаме сега до средниот век и тие велат средниот век, на Самоил и на Самиолавата тврдина ќе им ставеле белег дека тоа е бугарски крал и дека тоа припаѓа на бугарската историја. Е сега, кога ќе дојдеме до нов и најнов век, тоа значи дека, на спомениците да речеме кај Гемиџиите, на Гоце Делчев и Даме Груев кај Камениот мост, на било кој револуционер треба истото и за нив да го правиме. – рече Пандов.

Пандов рече да не се правиме наивни, за Бугарија постои македонски јазик само од 1945 година навака и дека тие ќе ни ги ревидираат книгите, ќе ни кажуваат какви филмови да правиме, музика итн и ако некој кај нас не ги слуша нивните наредби, тоа ќе значи говор на омраза.

The post Пандов: Да имавме десетгодишна најкрвава војна и да ја изгубевме од Бугарија, мислам дека капитулацијата ќе беше подостоинствена за Македонецот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов, во вечерашното гостување во емисијата ,,Само вистина” зборуваше за прифатениот француски предлог од страна на власта и последиците кои Македонија ќе ги има од тој предлог на долгорочен план.
– Да имавме десетгодишна најкрвава војна и да ја изгубевме на воено поле од Бугарија, мислам дека капитулацијата ќе беше подостоинствена за Македонецот од ова сега ние што го добивме. Имаме ситуација во која ние мораме да ги коригираме сите историски содржини и споменици кои што на бугарите не им се допаѓаат. Историската комисија која што патем речено од седум луѓе само тројца се историчари а треба за историски работи да носи одлуки, заради тоа што стариот век, односно антиката ние ја отпишавме со Преспанскиот договор и комплетно оваа територија и овој народ, комплетно ние како Македонци немаме право на античка историја. Ние сме дојденци од Словените и сѐ претходно што било со тој договор ние го отпишавме и сѐ што учиме сега сме обврзани да кажеме дека тоа е туѓа историја. Доаѓаме сега до средниот век и тие велат средниот век, на Самоил и на Самиолавата тврдина ќе им ставеле белег дека тоа е бугарски крал и дека тоа припаѓа на бугарската историја. Е сега, кога ќе дојдеме до нов и најнов век, тоа значи дека, на спомениците да речеме кај Гемиџиите, на Гоце Делчев и Даме Груев кај Камениот мост, на било кој револуционер треба истото и за нив да го правиме. – рече Пандов.