Алданци Archives - Република https://republika.mk/tema/aldanci/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Apr 2022 13:16:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алданци Archives - Република https://republika.mk/tema/aldanci/ 32 32 Македонија како во времето на Ескобар: Во фабрика за марихуана близу Крушево украдено масло од канабис во вредност од два милиони долари https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/ Wed, 20 Apr 2022 12:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=491122

Во Македонија стана најлесната работа да се ограби фирма за одгледување марихуана. По кражбите во Крушево  и Јосифово вчера  повторно е ограбена фабриката за марихуана во селото Алданци.

Оваа вест ја објави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Според Ковачки,украдено е масло во вредност од два милиони евра.

МВР потврди за кражбата. Оттаму објаснуваат дека на 19.04.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18.30 часот на 18.04.2022 до 06.30 часот на 19.04.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на с.Алданци, крушевско, било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и 6 најлонски ќеси со иглички од цветот од растението канабис.

Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се поставува прашање зошто се кражбата се пријавува дури шест часа подоцна и зошто толку се чекало. Овој објект има висока жичана ограда и аларм па речиси е невозможно некој да влезе без обезбедувањето тоа да го забележи. Маслото исто така е добро обезбедено и тешко се доаѓа до него.

Како што дознаваме, вредноста на украдената „роба“ е многу поголема од два милиони долари и достигнува и до пет милиони.

Која е „5 летерс“

Фабриката „5 летерс“ во селото Алдинци близу Крушево не е непозната во јавноста. Во неа веќе се случи еден грабеж во февруари.Тогаш беа одземени 60 килограми марихуана а при увид беше пронајдена и непријавена колични канабис.

Во 2019 година хрватски РТЛ објави емисија за како што го нарекоа „бумот со медицински канабис во Македонија“.

РТЛ тврдеше дека 93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија.

Јаневски тврдеше дека инвестицијата би можеле да ја вратат за две до три години.

Не знаеме дали пријателот на Заев си ја вратил инвестицијата но сега „5 летерс“ е во стечај а како идни сопственици се најавуваат лица од една соседна земја.

 

The post Македонија како во времето на Ескобар: Во фабрика за марихуана близу Крушево украдено масло од канабис во вредност од два милиони долари appeared first on Република.

]]>

Во Македонија стана најлесната работа да се ограби фирма за одгледување марихуана. По кражбите во Крушево  и Јосифово вчера  повторно е ограбена фабриката за марихуана во селото Алданци. Оваа вест ја објави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Според Ковачки,украдено е масло во вредност од два милиони евра. МВР потврди за кражбата. Оттаму објаснуваат дека на 19.04.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18.30 часот на 18.04.2022 до 06.30 часот на 19.04.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на с.Алданци, крушевско, било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и 6 најлонски ќеси со иглички од цветот од растението канабис.
Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Се поставува прашање зошто се кражбата се пријавува дури шест часа подоцна и зошто толку се чекало. Овој објект има висока жичана ограда и аларм па речиси е невозможно некој да влезе без обезбедувањето тоа да го забележи. Маслото исто така е добро обезбедено и тешко се доаѓа до него. Како што дознаваме, вредноста на украдената „роба“ е многу поголема од два милиони долари и достигнува и до пет милиони.

Која е „5 летерс“

Фабриката „5 летерс“ во селото Алдинци близу Крушево не е непозната во јавноста. Во неа веќе се случи еден грабеж во февруари.Тогаш беа одземени 60 килограми марихуана а при увид беше пронајдена и непријавена колични канабис. Во 2019 година хрватски РТЛ објави емисија за како што го нарекоа „бумот со медицински канабис во Македонија“. РТЛ тврдеше дека 93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија. Јаневски тврдеше дека инвестицијата би можеле да ја вратат за две до три години. Не знаеме дали пријателот на Заев си ја вратил инвестицијата но сега „5 летерс“ е во стечај а како идни сопственици се најавуваат лица од една соседна земја.  

The post Македонија како во времето на Ескобар: Во фабрика за марихуана близу Крушево украдено масло од канабис во вредност од два милиони долари appeared first on Република.

]]>