Албин Курти Archives - Република https://republika.mk/tema/albin-kurti/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 16:39:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Албин Курти Archives - Република https://republika.mk/tema/albin-kurti/ 32 32 Курти бара од опозицијата и Уставниот суд да престанат со „блокирање на позитивните реформи“ https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-bara-od-opozitsijata-i-ustavniot-sud-da-prestanat-so-blokirane-na-pozitivnite-reformi/ Wed, 13 Nov 2024 16:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=837301

Косовскиот премиер, Албин Курти го нарече „блокирање на позитивните реформи“ на неговата Влада испраќањето од страна на опозицијата на законите до Уставниот суд и одлуките на тој суд, јави дописникот на МИА од Приштина.

Говорејќи на денешната седница на Владата за Законот за суверен фонд, Курти напомена дека овој значаен закон веќе една година е во фиоките на Уставниот суд.

Курти рече дека секој изгубен ден е „исклучително вреден бидејќи државата е попречена во време на големи промени и можности во светската економија“, додека, според него, Косово го бележи „најголемиот економски раст проследен со највисокиот демократски напредок“.

Суверениот фонд е од витално значење за економскиот раст, зголемувањето на инвестициите и збогатувањето на инвестициската структура. Се надеваме дека тврдењата на опозицијата дека Уставниот ќе го отфрли нашиот Закон за суверениот фонд, според нивните внатрешни информации, нема да испаднат точни. Сакаме да ставиме крај на овој ќорсокак на блокирање на позитивните и прогресивни реформи, како што се случи... со законот за Независниот совет на обвинители и со законот за плафонски цени на основните производи, меѓу другото“, рече Курти на владината седница.

The post Курти бара од опозицијата и Уставниот суд да престанат со „блокирање на позитивните реформи“ appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти го нарече „блокирање на позитивните реформи“ на неговата Влада испраќањето од страна на опозицијата на законите до Уставниот суд и одлуките на тој суд, јави дописникот на МИА од Приштина. Говорејќи на денешната седница на Владата за Законот за суверен фонд, Курти напомена дека овој значаен закон веќе една година е во фиоките на Уставниот суд. Курти рече дека секој изгубен ден е „исклучително вреден бидејќи државата е попречена во време на големи промени и можности во светската економија“, додека, според него, Косово го бележи „најголемиот економски раст проследен со највисокиот демократски напредок“.
Суверениот фонд е од витално значење за економскиот раст, зголемувањето на инвестициите и збогатувањето на инвестициската структура. Се надеваме дека тврдењата на опозицијата дека Уставниот ќе го отфрли нашиот Закон за суверениот фонд, според нивните внатрешни информации, нема да испаднат точни. Сакаме да ставиме крај на овој ќорсокак на блокирање на позитивните и прогресивни реформи, како што се случи... со законот за Независниот совет на обвинители и со законот за плафонски цени на основните производи, меѓу другото“, рече Курти на владината седница.

The post Курти бара од опозицијата и Уставниот суд да престанат со „блокирање на позитивните реформи“ appeared first on Република.

]]>
Читаку: Со пари на граѓаните Курти води партиска кампања во дијаспората, ги злоупотребува дипломатите https://republika.mk/vesti/balkan/chitaku-so-pari-na-graganite-kurti-vodi-partiska-kampana-vo-dijasporata-gi-zloupotrebuva-diplomatite/ Sat, 09 Nov 2024 14:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=835891

Генералната секретарка на опозициската Демократска партија на Косово, Влора Читаку, ги обвини премиерот Албин Курти и министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала дека „ја камуфлираат партиската агенда како официјална и владина работа“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Читаку на денешната прес-конференција рече дека Курти и Грвала отворено ја злоупотребуваат својата политичка моќ со парите на даночните обврзници за да спроведуваат партиска кампања во дијаспората.

„Последниве денови косовскиот премиер и министерката за надворешни работи отворено ја злоупотребуваат нивната политичка моќ, парите на даночните обврзници и нашите институции за да спроведуваат партиска кампања во дијаспората. Оваа влада – избрана да им служи на граѓаните, сега државата и нејзините ресурси ги претвора во алатки за партиски придобивки“, рече Читаку.

Повикувајќи ги премиерот и шефицата на дипломатијата да не ги користат дипломатските претставништва за партиски и изборни цели, поранешната амбасадорка на Косово во САД изјави дека нивното однесување е „неприфатливо и срамно“.

„И, пред сè, тоа е манипулација на нашата дијаспора, која заслужува почит и чесност, а не ниски политички шеми. Нашите сонародници во иселеништво покажаа непоколеблива посветеност на Косово во минатите децении. Тие заслужуваат почит, а не манипулација“, рече Читаку.

Таа напомена дека Курти и Грвала вршат притисок врз косовските дипломати во светот, принудувајќи ги да организираат предизборни собири под превезот на државна работа.

„Дипломатите, кои треба достоинствено и непристрасно да му служат на секој граѓанин, се принудени да организираат партиски собири, злоупотребувајќи ги службените должности и државните ресурси. Оваа манипулација со моќта е буквално злоупотреба. Затоа, денеска апелирам до секој дипломат што ја претставува Република Косово: Не подлегнувајте на оваа злоупотреба. Не дозволувајте да бидете искористени како инструмент во кампањата на оваа влада. Запомнете, вие сте претставници на Косово, а не претставници на една партиска агенда“, порача Читаку.

The post Читаку: Со пари на граѓаните Курти води партиска кампања во дијаспората, ги злоупотребува дипломатите appeared first on Република.

]]>

Генералната секретарка на опозициската Демократска партија на Косово, Влора Читаку, ги обвини премиерот Албин Курти и министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала дека „ја камуфлираат партиската агенда како официјална и владина работа“, јави дописникот на МИА од Приштина. Читаку на денешната прес-конференција рече дека Курти и Грвала отворено ја злоупотребуваат својата политичка моќ со парите на даночните обврзници за да спроведуваат партиска кампања во дијаспората.
„Последниве денови косовскиот премиер и министерката за надворешни работи отворено ја злоупотребуваат нивната политичка моќ, парите на даночните обврзници и нашите институции за да спроведуваат партиска кампања во дијаспората. Оваа влада – избрана да им служи на граѓаните, сега државата и нејзините ресурси ги претвора во алатки за партиски придобивки“, рече Читаку.
Повикувајќи ги премиерот и шефицата на дипломатијата да не ги користат дипломатските претставништва за партиски и изборни цели, поранешната амбасадорка на Косово во САД изјави дека нивното однесување е „неприфатливо и срамно“.
„И, пред сè, тоа е манипулација на нашата дијаспора, која заслужува почит и чесност, а не ниски политички шеми. Нашите сонародници во иселеништво покажаа непоколеблива посветеност на Косово во минатите децении. Тие заслужуваат почит, а не манипулација“, рече Читаку.
Таа напомена дека Курти и Грвала вршат притисок врз косовските дипломати во светот, принудувајќи ги да организираат предизборни собири под превезот на државна работа.
„Дипломатите, кои треба достоинствено и непристрасно да му служат на секој граѓанин, се принудени да организираат партиски собири, злоупотребувајќи ги службените должности и државните ресурси. Оваа манипулација со моќта е буквално злоупотреба. Затоа, денеска апелирам до секој дипломат што ја претставува Република Косово: Не подлегнувајте на оваа злоупотреба. Не дозволувајте да бидете искористени како инструмент во кампањата на оваа влада. Запомнете, вие сте претставници на Косово, а не претставници на една партиска агенда“, порача Читаку.

The post Читаку: Со пари на граѓаните Курти води партиска кампања во дијаспората, ги злоупотребува дипломатите appeared first on Република.

]]>
Курти: Србија секогаш ќе биде опасност за земјите кои го попречуваат проектот „српски свет“ https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-srbija-sekogash-ke-bide-opasnost-za-zemjite-koi-go-poprechuvaat-proektot-srpski-svet/ Sat, 02 Nov 2024 20:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=833601

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека Србија секогаш ќе биде опасност за земјите кои го попречуваат проектот наречен „српски свет“, при што, освен Косово, како земји кои, како што рече, „се задеваат“ од Србија, ги спомна уште Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштениеto на службата за информирање на неговиот кабинет, овие изјави Курти ги дал за време на неговиот дводневен престој во Швајцарија, каде како главен говорник учествувал на дебата организирана од Швајцарското друштво за надворешна политика.

Косовскиот премиер оценил дека нема надеж оти Србија може да се реформира со оваа „авторитарна елита“ што ја води земјата.

Се додека нејзината авторитарна елита продолжува да шири дезинформации, да мобилизира војници долж нашата граница и да одбива да ги гони терористите кои го убија нашиот полициски наредник пред една година во Бањска кај Звечан, Србија секогаш ќе претставува голем безбедносен ризик не само за Косово, туку и за другите соседни земји кои го попречуваат проектот на „Голема Србија“, кој сега го нарекуваат „српски свет“, односно Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои, освен Косово, се задеваат од неа“, се цитира Курти во соопштението од неговиот кабинет.

Тој се осврнал и на одбивањето на Србија да го потпише договорениот Рамковен договор и неговиот анекс и ги истакнал, според него, „постојаните прекршувања од страна на Србија кои кулминираа со писмото на поранешната српска премиерка Ана Брнабиќ до ЕУ“, во кое се вели дека Србија нема да го почитува територијалниот интегритет на Косово. Тоа, според Курти, „практично значи повлекување од Основниот договор и неговите основни принципи“.

Шефот на косовската влада во своето обраќање го споменал и влијанието на економската и политичката експанзија на Русија и Кина во Западен Балкан, при што истакнал дека е од суштинско значење „Косово и целиот Западен Балкан да останат закотвени во вредностите на ЕУ“.

Јас замислувам една Европа во која Западен Балкан е целосно интегриран, не само економски, туку и културно и социолошки. Европа доволно силна да се спротивстави на надворешните притисоци, во одбрана на сите нејзини граѓани. Европа во која нашите млади гледаат иднина во која можат да веруваат и каде што можат да ги остварат своите соништа“, изјавил Курти, оценувајќи дека „следните години ќе бидат одлучувачки за одредување на темпото на интеграција во ЕУ“.

The post Курти: Србија секогаш ќе биде опасност за земјите кои го попречуваат проектот „српски свет“ appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека Србија секогаш ќе биде опасност за земјите кои го попречуваат проектот наречен „српски свет“, при што, освен Косово, како земји кои, како што рече, „се задеваат“ од Србија, ги спомна уште Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштениеto на службата за информирање на неговиот кабинет, овие изјави Курти ги дал за време на неговиот дводневен престој во Швајцарија, каде како главен говорник учествувал на дебата организирана од Швајцарското друштво за надворешна политика. Косовскиот премиер оценил дека нема надеж оти Србија може да се реформира со оваа „авторитарна елита“ што ја води земјата.
Се додека нејзината авторитарна елита продолжува да шири дезинформации, да мобилизира војници долж нашата граница и да одбива да ги гони терористите кои го убија нашиот полициски наредник пред една година во Бањска кај Звечан, Србија секогаш ќе претставува голем безбедносен ризик не само за Косово, туку и за другите соседни земји кои го попречуваат проектот на „Голема Србија“, кој сега го нарекуваат „српски свет“, односно Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои, освен Косово, се задеваат од неа“, се цитира Курти во соопштението од неговиот кабинет.
Тој се осврнал и на одбивањето на Србија да го потпише договорениот Рамковен договор и неговиот анекс и ги истакнал, според него, „постојаните прекршувања од страна на Србија кои кулминираа со писмото на поранешната српска премиерка Ана Брнабиќ до ЕУ“, во кое се вели дека Србија нема да го почитува територијалниот интегритет на Косово. Тоа, според Курти, „практично значи повлекување од Основниот договор и неговите основни принципи“. Шефот на косовската влада во своето обраќање го споменал и влијанието на економската и политичката експанзија на Русија и Кина во Западен Балкан, при што истакнал дека е од суштинско значење „Косово и целиот Западен Балкан да останат закотвени во вредностите на ЕУ“.
Јас замислувам една Европа во која Западен Балкан е целосно интегриран, не само економски, туку и културно и социолошки. Европа доволно силна да се спротивстави на надворешните притисоци, во одбрана на сите нејзини граѓани. Европа во која нашите млади гледаат иднина во која можат да веруваат и каде што можат да ги остварат своите соништа“, изјавил Курти, оценувајќи дека „следните години ќе бидат одлучувачки за одредување на темпото на интеграција во ЕУ“.

The post Курти: Србија секогаш ќе биде опасност за земјите кои го попречуваат проектот „српски свет“ appeared first on Република.

]]>
Курти се сретна со претседателот на Еурочамбрес, Владимир Длоухи https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-se-sretna-so-pretsedatelot-na-eurochambres-vladimir-dlouhi/ Wed, 23 Oct 2024 17:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=830305

Косовскиот премиер, Албин Курти, придружуван од шефот на неговиот кабинет, Луан Далипи, го примил денеска Владимир Длоухи, претседател на Асоцијацијата на европски стопански комори, Еурочамбрес (Eurochambres), јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од службата за информирање на Владата на Косово, се наведува дека Длоухи е познат економист од Чешка, со долгогодишно искуство во политиката, вклучително и како поранешен министер за економија на Чешка.

Според соопштението, на средбата се разговарало за „важноста од создавање на најповолни услови за водење бизнис, за понудата (на Косово) за странските бизниси и за забрзувањето на економскиот развој на Косово преку заеднички инвестиции и иновации“.

„ Еурочамбрес, основан во 1958 година, претставува над 20 милиони бизниси преку 1.700 стопански комори, негови членки, низ Европа. Меѓу неговите членки е и Стопанската комора на Косово. На состанокот присуствуваа и Бен Батерс, секретар на Еурочамбрес, Љуљлзим Рафуна, претседател на Стопанската комора на Косово и Бесим Мустафа, директор на Одделот за меѓународна соработка при Стопанската комора на Косово“, соопшти кабинетот на Курти.

The post Курти се сретна со претседателот на Еурочамбрес, Владимир Длоухи appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти, придружуван од шефот на неговиот кабинет, Луан Далипи, го примил денеска Владимир Длоухи, претседател на Асоцијацијата на европски стопански комори, Еурочамбрес (Eurochambres), јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението од службата за информирање на Владата на Косово, се наведува дека Длоухи е познат економист од Чешка, со долгогодишно искуство во политиката, вклучително и како поранешен министер за економија на Чешка. Според соопштението, на средбата се разговарало за „важноста од создавање на најповолни услови за водење бизнис, за понудата (на Косово) за странските бизниси и за забрзувањето на економскиот развој на Косово преку заеднички инвестиции и иновации“.
„ Еурочамбрес, основан во 1958 година, претставува над 20 милиони бизниси преку 1.700 стопански комори, негови членки, низ Европа. Меѓу неговите членки е и Стопанската комора на Косово. На состанокот присуствуваа и Бен Батерс, секретар на Еурочамбрес, Љуљлзим Рафуна, претседател на Стопанската комора на Косово и Бесим Мустафа, директор на Одделот за меѓународна соработка при Стопанската комора на Косово“, соопшти кабинетот на Курти.

The post Курти се сретна со претседателот на Еурочамбрес, Владимир Длоухи appeared first on Република.

]]>
Поетот Курти: Имало град на небото, но кога паднал на земја, планините на Шара го поделиле на два дела-на Призрен и Тетово https://republika.mk/vesti/balkan/poetot-kurti-imalo-grad-na-neboto-no-koga-padnal-na-zemja-planinite-na-shara-go-podelile-na-dva-dela-na-prizren-i-tetovo/ Mon, 07 Oct 2024 12:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=823851

Верувам дека Република Косово и Република  Македонија имаат многу добри односи
како две земји кои се ориентирани кон демократскиот Запад, изјави вчера премиерот на Косово Албин Курти.

 Наш примарен интерес е патот Призрен – Тетово. Знаете како се вели – имало град на
небото, но кога паднал на земја, планините на Шара го поделиле на два дела, на Призрен иТетово. Ние сега сакаме да ги поврземе со тунел и за ова ја имаме целосната поддршка одВладата на  Македонија, рече Курти во интервјуто на Центарот „Струга“ од САД .

The post Поетот Курти: Имало град на небото, но кога паднал на земја, планините на Шара го поделиле на два дела-на Призрен и Тетово appeared first on Република.

]]>

Верувам дека Република Косово и Република  Македонија имаат многу добри односи како две земји кои се ориентирани кон демократскиот Запад, изјави вчера премиерот на Косово Албин Курти.
 Наш примарен интерес е патот Призрен – Тетово. Знаете како се вели – имало град на небото, но кога паднал на земја, планините на Шара го поделиле на два дела, на Призрен иТетово. Ние сега сакаме да ги поврземе со тунел и за ова ја имаме целосната поддршка одВладата на  Македонија, рече Курти во интервјуто на Центарот „Струга“ од САД .

The post Поетот Курти: Имало град на небото, но кога паднал на земја, планините на Шара го поделиле на два дела-на Призрен и Тетово appeared first on Република.

]]>
Курти: Имаме многу добра соработка со новата македонска влада, претходната беше добронамерна, но се промени https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-imame-mnogu-dobra-sorabotka-so-novata-makedonska-vlada-prethodnata-beshe-dobronamerna-no-se-promeni/ Sun, 06 Oct 2024 16:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=823561

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека неговата Влада има „целосна поддршка од Владата на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за проектот на тунел што ќе ги поврзе Призрен во Косово со Тетово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за Албанско-американскиот културен центар „Струга“ од Ривердејл, Њу Џерси, реализирано за време на неговиот престој во САД, Курти, на прашањето за „обидот на македонската Влада да промени некои закони кои ги засегаат Албанците“ рече дека Косово и Македонија, како две земји „кои се ориентирани кон демократскиот Запад, имаат многу добри односи“.

Верувам дека Република Косово и Република Македонија имаат многу добри односи како две земји кои се ориентирани кон демократскиот Запад. И Македонија е членка на НАТО и во исто време соработуваме на многу полиња, како резултат на договорите што сме ги склучиле. Наш примарен интерес е патот Призрен - Тетово. Знаете како се вели - имало град на небото, но кога паднал на земја, планините на Шара го поделиле на два дела, на Призрен и Тетово. Ние сега сакаме да ги поврземе со тунел и за ова ја имаме целосната поддршка од Владата на Македонија, рече Курти во интервјуто на Центарот „Струга“ од САД кое денеска го пренесуваат медиумите во Косово.

Новинарот посочува дека актуелната Влада во РСМ ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата на албанските партии ВРЕДИ, која партијата на Курти, Движење Самоопределување (ВВ) ја поддржа на парламентарните избори. Во однос на претходната Влада, чиј дел беше Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, Курти рече дека „на почетокот беше многу добронамерна“, но потоа „не одеше“, откако „Македонија стана активна во (иницијативата) Отворен Балкан“.

Претходната влада на РСМ на почетокот беше многу добронамерна. Одржавме заедничка седница во септември 2021 година, но потоа не одеше и Македонија стана активна во Отворен Балкан. Затоа, имаме голем интерес Македонија да не биде дел од Отворени Балкан, од една страна, а од друга страна да биде што поактивна за што поскоро спроведување на заедничкиот договор за изградбата на патот Призрен-Тетово, рече Курти.

Според него, на албанскиот партнер во новата македонска владина коалиција треба да му се даде „малку време да се консолидира во владата“.

Косовскиот премиер застана во одбрана на ВРЕДИ, кој е критикуван од албанските партии во опозицијата, оценувајќи дека не верува оти се загрозуваат достигнувањата на Албанците.

Сега (ВМРО-ДПМНЕ) се во коалиција со албанските партии, со албанска коалиција. Меѓу нив, еден пратеник е од ВВ, Беким Ќоку од Струга. Мора да им дадеме малку време да се консолидираат во владата. Јас не верувам дека се загрозени достигнувањата на Албанците, но верувам дека има обид едно не толку добро наследство што го затекнаа овие кои се сега на власт, да им се припише на тие што го затекнаа, а не на оние што го создадоа, вели Курти во интервјуто за Албанско-американскиот културен центар „Струга“.

The post Курти: Имаме многу добра соработка со новата македонска влада, претходната беше добронамерна, но се промени appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека неговата Влада има „целосна поддршка од Владата на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за проектот на тунел што ќе ги поврзе Призрен во Косово со Тетово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за Албанско-американскиот културен центар „Струга“ од Ривердејл, Њу Џерси, реализирано за време на неговиот престој во САД, Курти, на прашањето за „обидот на македонската Влада да промени некои закони кои ги засегаат Албанците“ рече дека Косово и Македонија, како две земји „кои се ориентирани кон демократскиот Запад, имаат многу добри односи“.
Верувам дека Република Косово и Република Македонија имаат многу добри односи како две земји кои се ориентирани кон демократскиот Запад. И Македонија е членка на НАТО и во исто време соработуваме на многу полиња, како резултат на договорите што сме ги склучиле. Наш примарен интерес е патот Призрен - Тетово. Знаете како се вели - имало град на небото, но кога паднал на земја, планините на Шара го поделиле на два дела, на Призрен и Тетово. Ние сега сакаме да ги поврземе со тунел и за ова ја имаме целосната поддршка од Владата на Македонија, рече Курти во интервјуто на Центарот „Струга“ од САД кое денеска го пренесуваат медиумите во Косово.
Новинарот посочува дека актуелната Влада во РСМ ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата на албанските партии ВРЕДИ, која партијата на Курти, Движење Самоопределување (ВВ) ја поддржа на парламентарните избори. Во однос на претходната Влада, чиј дел беше Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, Курти рече дека „на почетокот беше многу добронамерна“, но потоа „не одеше“, откако „Македонија стана активна во (иницијативата) Отворен Балкан“.
Претходната влада на РСМ на почетокот беше многу добронамерна. Одржавме заедничка седница во септември 2021 година, но потоа не одеше и Македонија стана активна во Отворен Балкан. Затоа, имаме голем интерес Македонија да не биде дел од Отворени Балкан, од една страна, а од друга страна да биде што поактивна за што поскоро спроведување на заедничкиот договор за изградбата на патот Призрен-Тетово, рече Курти.
Според него, на албанскиот партнер во новата македонска владина коалиција треба да му се даде „малку време да се консолидира во владата“. Косовскиот премиер застана во одбрана на ВРЕДИ, кој е критикуван од албанските партии во опозицијата, оценувајќи дека не верува оти се загрозуваат достигнувањата на Албанците.
Сега (ВМРО-ДПМНЕ) се во коалиција со албанските партии, со албанска коалиција. Меѓу нив, еден пратеник е од ВВ, Беким Ќоку од Струга. Мора да им дадеме малку време да се консолидираат во владата. Јас не верувам дека се загрозени достигнувањата на Албанците, но верувам дека има обид едно не толку добро наследство што го затекнаа овие кои се сега на власт, да им се припише на тие што го затекнаа, а не на оние што го создадоа, вели Курти во интервјуто за Албанско-американскиот културен центар „Струга“.
 
The post Курти: Имаме многу добра соработка со новата македонска влада, претходната беше добронамерна, но се промени appeared first on Република.

]]>
Курти бара НАТО да ја врати копнената безбедносна зона на границата меѓу Косово и Србија https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-bara-nato-da-ja-vrati-kopnenata-bezbednosna-zona-na-granitsata-megu-kosovo-i-srbija/ Sat, 05 Oct 2024 20:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=823297

Косовскиот премиер Албин Курти побара враќање на копнената безбедносна зона на периметар од пет километри долж границата на Косово со Србија, поради, според него, заканите со војска и артилерија што Србија ги упатува кон Косово во последните две години.

При обраќањето на Генералното собрание на Движењето самоопределување (ВВ), партија која тој ја води, Курти исто така побара на Србија да ѝ се прекинат бенифициите што ги добива од ЕУ, САД и Обединетото Кралство и Западот да ги санкционира сите оние кои ги штитат и соработуваат со терористите, како и лицата вклучени на црната листа.

Барањето за враќање на мерката за безбедносна зона, отстранета пред 23 години, тој го оправда со активностите на Србија за приближување на војската и артилерија до границата со Косово во последните две години.

Откако во рок од две години Србија четири пати ја донесе својата војска на нашата граница, мора да се врати копнената безбедносна зона која НАТО ја нарекува ‘ground safety zone’, во ширина од 5 километри околу границата на Косово со Србија. Таа беше отстранета во август 2001 година, кога премиер беше Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен, а тоа се злоупотребува од режимот на Александар Вучиќ“, рече Курти.

Косовскиот премиер нагласи дека сегашното раководство во Србија останало агресивно, исто како и за време на војната.

Тој го обвини Белград дека не сака напредок во нормализацијата на односите со Косово, при што го спомена неспроведувањето на Бриселскиот договор и минатогодишниот терористички напад во Бањска, за кој рече дека главната цел му била да започне широк и долготраен конфликт.

Затоа, демократскиот Запад, особено Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, ги повикуваме на Србија да ѝ ги условат сегашните бенифиции, не само идните од ЕУ, САД и Обединетото Кралство. Оние кои соработуваат со лица на црната листа на Балканот треба да бидат санкционирани од САД, ЕУ и Обединетото Кралство. Оние кои се членови на организациите „Цивилна одбрана“ и „Cеверна бригада“, криминалците што шетаат на слобода. Инаку црните листи не се ефективни“, рече Курти.

Организациите на косовскте Срби во северно Косово, „Цивилна одбрана“ и „Северна бригада“ беа прогласени за терористички организации од Владата на Косово во јуни минатата година.

The post Курти бара НАТО да ја врати копнената безбедносна зона на границата меѓу Косово и Србија appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти побара враќање на копнената безбедносна зона на периметар од пет километри долж границата на Косово со Србија, поради, според него, заканите со војска и артилерија што Србија ги упатува кон Косово во последните две години. При обраќањето на Генералното собрание на Движењето самоопределување (ВВ), партија која тој ја води, Курти исто така побара на Србија да ѝ се прекинат бенифициите што ги добива од ЕУ, САД и Обединетото Кралство и Западот да ги санкционира сите оние кои ги штитат и соработуваат со терористите, како и лицата вклучени на црната листа. Барањето за враќање на мерката за безбедносна зона, отстранета пред 23 години, тој го оправда со активностите на Србија за приближување на војската и артилерија до границата со Косово во последните две години.
Откако во рок од две години Србија четири пати ја донесе својата војска на нашата граница, мора да се врати копнената безбедносна зона која НАТО ја нарекува ‘ground safety zone’, во ширина од 5 километри околу границата на Косово со Србија. Таа беше отстранета во август 2001 година, кога премиер беше Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен, а тоа се злоупотребува од режимот на Александар Вучиќ“, рече Курти.
Косовскиот премиер нагласи дека сегашното раководство во Србија останало агресивно, исто како и за време на војната. Тој го обвини Белград дека не сака напредок во нормализацијата на односите со Косово, при што го спомена неспроведувањето на Бриселскиот договор и минатогодишниот терористички напад во Бањска, за кој рече дека главната цел му била да започне широк и долготраен конфликт.
Затоа, демократскиот Запад, особено Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, ги повикуваме на Србија да ѝ ги условат сегашните бенифиции, не само идните од ЕУ, САД и Обединетото Кралство. Оние кои соработуваат со лица на црната листа на Балканот треба да бидат санкционирани од САД, ЕУ и Обединетото Кралство. Оние кои се членови на организациите „Цивилна одбрана“ и „Cеверна бригада“, криминалците што шетаат на слобода. Инаку црните листи не се ефективни“, рече Курти.
Организациите на косовскте Срби во северно Косово, „Цивилна одбрана“ и „Северна бригада“ беа прогласени за терористички организации од Владата на Косово во јуни минатата година.

The post Курти бара НАТО да ја врати копнената безбедносна зона на границата меѓу Косово и Србија appeared first on Република.

]]>
Курти бара предавање на Радоичиќ како услов за продолжување на дијалогот со Србија https://republika.mk/vesti/svet/kurti-bara-predavane-na-radoichik-kako-uslov-za-prodolzhuvane-na-dijalogot-so-srbija-2/ Fri, 04 Oct 2024 13:20:27 +0000 https://republika.mk/?p=822758

Косовскиот премиер Албин Курти побара од Србија предавање на поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за терористичкиот напад од минатата година во Бањска во северно Косово, како услов за негово враќање на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти во интервју за медиумот БНН Блумберг (bnnbloomberg.ca), што го пренесуваат косовските медиуми, исто така, побара од ЕУ да изврши поголем притисок врз Белград за да помогне во намалувањето на тензиите со договор за нормализирање на односите.

„Тоа требаше да се случи вчера. Верувам дека е можно“, изјави Курти.

Косовскиот премиер вели дека меѓународните критики за односот на неговата влада кон српското малцинство во земјата се претерани.

„Тие се премногу загрижени. Секогаш кога преземаме дејствија, има алармантни гласови за можна ескалација, но еве сме – Косово е подобро од кога било досега“, вели Курти

Потезите на Приштина да ги затвори институциите поддржани од Србија и да ја забрани употребата на српскиот динар во обласите во северно Косово населени со мнозинско српско население поттикнаа предупредувања од Соединетите Американски Држави и Европската унија дека акциите може да претставуваат закана за кревкиот мир на Балканот.

Дејствијата на Приштина, која вклучува затворање на филијали на српски банки во областа, уследија по престрелката од минатата година во близина на православниот манастир (Бањска) на северот, во која загинаа еден косовски полицаец и тројца српски милитанти. Тоа беше најкрвавиот судир во регионот во речиси две децении, пишува БНН Блумберг.

Курти, според меѓународниот медиум, ги бранеше своите постапки како неопходни за да се врати законот и редот на долго поделениот север. Тој, исто така, инсистираше на тоа дека чекорите се неопходни кон воспоставување контрола врз областите со српско мнозинство и нивна целосна интеграција во правните и финансиските системи на Косово.

„Мојот впечаток е дека токму поради тоа што ние сме успешни, Белград е се понервозен и, следствено, поагресивен“, изјави Курти.

МИА

The post Курти бара предавање на Радоичиќ како услов за продолжување на дијалогот со Србија appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти побара од Србија предавање на поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за терористичкиот напад од минатата година во Бањска во северно Косово, како услов за негово враќање на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти во интервју за медиумот БНН Блумберг (bnnbloomberg.ca), што го пренесуваат косовските медиуми, исто така, побара од ЕУ да изврши поголем притисок врз Белград за да помогне во намалувањето на тензиите со договор за нормализирање на односите.
„Тоа требаше да се случи вчера. Верувам дека е можно“, изјави Курти.
Косовскиот премиер вели дека меѓународните критики за односот на неговата влада кон српското малцинство во земјата се претерани.
„Тие се премногу загрижени. Секогаш кога преземаме дејствија, има алармантни гласови за можна ескалација, но еве сме – Косово е подобро од кога било досега“, вели Курти
Потезите на Приштина да ги затвори институциите поддржани од Србија и да ја забрани употребата на српскиот динар во обласите во северно Косово населени со мнозинско српско население поттикнаа предупредувања од Соединетите Американски Држави и Европската унија дека акциите може да претставуваат закана за кревкиот мир на Балканот. Дејствијата на Приштина, која вклучува затворање на филијали на српски банки во областа, уследија по престрелката од минатата година во близина на православниот манастир (Бањска) на северот, во која загинаа еден косовски полицаец и тројца српски милитанти. Тоа беше најкрвавиот судир во регионот во речиси две децении, пишува БНН Блумберг. Курти, според меѓународниот медиум, ги бранеше своите постапки како неопходни за да се врати законот и редот на долго поделениот север. Тој, исто така, инсистираше на тоа дека чекорите се неопходни кон воспоставување контрола врз областите со српско мнозинство и нивна целосна интеграција во правните и финансиските системи на Косово.
„Мојот впечаток е дека токму поради тоа што ние сме успешни, Белград е се понервозен и, следствено, поагресивен“, изјави Курти.

МИА

The post Курти бара предавање на Радоичиќ како услов за продолжување на дијалогот со Србија appeared first on Република.

]]>
Курти бара предавање на Радоичиќ како услов за продолжување на дијалогот со Србија https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-bara-predavane-na-radoichik-kako-uslov-za-prodolzhuvane-na-dijalogot-so-srbija/ Fri, 04 Oct 2024 13:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=822743

Косовскиот премиер Албин Курти побара од Србија предавање на поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за терористичкиот напад од минатата година во Бањска во северно Косово, како услов за негово враќање на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти во интервју за медиумот БНН Блумберг (bnnbloomberg.ca), што го пренесуваат косовските медиуми, исто така, побара од ЕУ да изврши поголем притисок врз Белград за да помогне во намалувањето на тензиите со договор за нормализирање на односите.

Тоа требаше да се случи вчера. Верувам дека е можно, изјави Курти.

Косовскиот премиер вели дека меѓународните критики за односот на неговата влада кон српското малцинство во земјата се претерани.

Тие се премногу загрижени. Секогаш кога преземаме дејствија, има алармантни гласови за можна ескалација, но еве сме - Косово е подобро од кога било досега, вели Курти.

Потезите на Приштина да ги затвори институциите поддржани од Србија и да ја забрани употребата на српскиот динар во обласите во северно Косово населени со мнозинско српско население поттикнаа предупредувања од Соединетите Американски Држави и Европската унија дека акциите може да претставуваат закана за кревкиот мир на Балканот.

Дејствијата на Приштина, која вклучува затворање на филијали на српски банки во областа, уследија по престрелката од минатата година во близина на православниот манастир (Бањска) на северот, во која загинаа еден косовски полицаец и тројца српски милитанти. Тоа беше најкрвавиот судир во регионот во речиси две децении, пишува БНН Блумберг.

Курти, според меѓународниот медиум, ги бранеше своите постапки како неопходни за да се врати законот и редот на долго поделениот север. Тој, исто така, инсистираше на тоа дека чекорите се неопходни кон воспоставување контрола врз областите со српско мнозинство и нивна целосна интеграција во правните и финансиските системи на Косово.

Мојот впечаток е дека токму поради тоа што ние сме успешни, Белград е се понервозен и, следствено, поагресивен, изјави Курти

The post Курти бара предавање на Радоичиќ како услов за продолжување на дијалогот со Србија appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти побара од Србија предавање на поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за терористичкиот напад од минатата година во Бањска во северно Косово, како услов за негово враќање на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти во интервју за медиумот БНН Блумберг (bnnbloomberg.ca), што го пренесуваат косовските медиуми, исто така, побара од ЕУ да изврши поголем притисок врз Белград за да помогне во намалувањето на тензиите со договор за нормализирање на односите. Тоа требаше да се случи вчера. Верувам дека е можно, изјави Курти. Косовскиот премиер вели дека меѓународните критики за односот на неговата влада кон српското малцинство во земјата се претерани. Тие се премногу загрижени. Секогаш кога преземаме дејствија, има алармантни гласови за можна ескалација, но еве сме - Косово е подобро од кога било досега, вели Курти. Потезите на Приштина да ги затвори институциите поддржани од Србија и да ја забрани употребата на српскиот динар во обласите во северно Косово населени со мнозинско српско население поттикнаа предупредувања од Соединетите Американски Држави и Европската унија дека акциите може да претставуваат закана за кревкиот мир на Балканот. Дејствијата на Приштина, која вклучува затворање на филијали на српски банки во областа, уследија по престрелката од минатата година во близина на православниот манастир (Бањска) на северот, во која загинаа еден косовски полицаец и тројца српски милитанти. Тоа беше најкрвавиот судир во регионот во речиси две децении, пишува БНН Блумберг. Курти, според меѓународниот медиум, ги бранеше своите постапки како неопходни за да се врати законот и редот на долго поделениот север. Тој, исто така, инсистираше на тоа дека чекорите се неопходни кон воспоставување контрола врз областите со српско мнозинство и нивна целосна интеграција во правните и финансиските системи на Косово. Мојот впечаток е дека токму поради тоа што ние сме успешни, Белград е се понервозен и, следствено, поагресивен, изјави Курти

The post Курти бара предавање на Радоичиќ како услов за продолжување на дијалогот со Србија appeared first on Република.

]]>
Курти: „Мерките“ на Вучиќ се агресивна кампања за нови конфликти, јас нудам три мирољубиви предлози https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-merkite-na-vuchik-se-agresivna-kampana-za-novi-konflikti-jas-nudam-tri-mirolubivi-predlozi/ Tue, 17 Sep 2024 14:21:55 +0000 https://republika.mk/?p=817162

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека мерките што ги најави кон Косово српскиот претседател, Александaр Вучиќ, во неговото обраќање на јавноста, „се направени во негов очај и воопшто не се мирољубиви“.

Курти во изјава за РТВ21 рече дека условите што тој ги поставил за продолжување на дијалогот со Белград, за разлика од најавените мерки на Вучиќ, кои ги нарече „агресивни“, биле „мирољубиви и рационални“.

Прво, треба да зборувате за трите услови што ги поставив, а тоа се мирољубиви, но и рационални услови, односно предавањето на косовските власти (на водачот на групата што го изврши нападот во Бањска во септември 2023 година) Милан Радоичиќ, потпишувањето на договорот (од Брисел) и повлекувањето на писмото на поранешната премиерка Брнабиќ, која рече дека не ја прифаќа ниту независноста на Косово, ниту местата во ООН за Косово, ниту пак го почитува територијалниот интегритет. Значи, овие три услови се мирољубиви и рационални, а во меѓувреме оние негови барања, мерки кои се направени од очај и претставуваат ирационалност, воопшто не се мирољубиви, туку напротив, се дел од агресивната кампања за нови конфликти на кои несомнено не им е местото ниту во Косово ниту во регионот“, вели Курти.

The post Курти: „Мерките“ на Вучиќ се агресивна кампања за нови конфликти, јас нудам три мирољубиви предлози appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека мерките што ги најави кон Косово српскиот претседател, Александaр Вучиќ, во неговото обраќање на јавноста, „се направени во негов очај и воопшто не се мирољубиви“. Курти во изјава за РТВ21 рече дека условите што тој ги поставил за продолжување на дијалогот со Белград, за разлика од најавените мерки на Вучиќ, кои ги нарече „агресивни“, биле „мирољубиви и рационални“.
Прво, треба да зборувате за трите услови што ги поставив, а тоа се мирољубиви, но и рационални услови, односно предавањето на косовските власти (на водачот на групата што го изврши нападот во Бањска во септември 2023 година) Милан Радоичиќ, потпишувањето на договорот (од Брисел) и повлекувањето на писмото на поранешната премиерка Брнабиќ, која рече дека не ја прифаќа ниту независноста на Косово, ниту местата во ООН за Косово, ниту пак го почитува територијалниот интегритет. Значи, овие три услови се мирољубиви и рационални, а во меѓувреме оние негови барања, мерки кои се направени од очај и претставуваат ирационалност, воопшто не се мирољубиви, туку напротив, се дел од агресивната кампања за нови конфликти на кои несомнено не им е местото ниту во Косово ниту во регионот“, вели Курти.

The post Курти: „Мерките“ на Вучиќ се агресивна кампања за нови конфликти, јас нудам три мирољубиви предлози appeared first on Република.

]]>
Курти: Денес Косово е посилно од кога било досега https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-denes-kosovo-e-posilno-od-koga-bilo-dosega/ Fri, 13 Sep 2024 18:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=816204

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ во координација со Русија, подготвува нови закани и ултиматуми за Косово, но дека тие не го плашат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, непосредно пред најавеното обраќање на Вучиќ на српската јавност во врска со состојбата на Србите во Косово, Курти рече дека „ужасните злосторства што Србија ги изврши во Косово пред 25 години, денес Русија ги повторува во Украина и имаат за цел да се вратат во регионот на Балканот“.

„Пристапот на Владата во Србија кон Косово е многу депресивен. Првично, неказнивоста и пропагандните кампањи беа нормализирани. Сега тие имаат за цел да ги нормализираат паравоените и терористичките напади (Бањска, 24 септември 2023 година), заканите и ултиматумите, кои се оправдуваат со лажни вести и кампањи за дезинформации, пред очите на демократскиот свет“, напиша Курти.

Косовскиот премиер порача дека „Косово е посилно од кога било досега“ и дека не се плаши од заканите.

„Ние ги штитиме сите наши граѓани и нивните слободи и права, територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја, демократскиот и социо-економскиот напредок на нашиот народ и институции“, напиша Курти.

Тој ги наброја и злосторствата што, како што вели, Србија ги изврши во Косово, велејќи дека Белград се координира со Москва „за масовни гробници на илјадници луѓе“.

„Србија спие на масовните гробници од геноцидот извршен на Косово, 950 невооружени цивили беа масакрирани, нивните тела беа земени и ставени во масовни гробници во Србија, вклучително и камиони-ладилници што излегоа од дното на тамошните езера. Доказите за геноцидот се свежи насекаде во Косово и Србија, но тоа не го спречува претседателот на Србија повторно да се заканува“, напиша Курти.

Според косовскиот премиер, „наместо Србија да се кае за злосторствата, да се извини за нив и да не ги негира; да ги отвори воените архиви на југословенската полиција и војска, особено на моторизираната бригада 37; да плати репарации; да соработува за да се донесе правда за жртвите на геноцидот, да се заложи за помирување и мир …, таа ја одбра спротината страна, повторувајќи ги заканите и ултиматумите, кон Косово и неговите граѓани, во тесна соработка и координација со Русија“.

„Денес Косово е посилно од кога било досега, не се плаши од закани. Ги штитиме сите наши граѓани и нивните слободи и права, територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја, демократскиот и социо-економскиот напредок на нашите луѓе и институции. Меѓутоа, она што во моментов се случува покажува колку Србија е далеку од демократските и хуманите вредности и колку останува со геноцидот извршен во 90-тите“, порача Курти.

The post Курти: Денес Косово е посилно од кога било досега appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ во координација со Русија, подготвува нови закани и ултиматуми за Косово, но дека тие не го плашат, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, непосредно пред најавеното обраќање на Вучиќ на српската јавност во врска со состојбата на Србите во Косово, Курти рече дека „ужасните злосторства што Србија ги изврши во Косово пред 25 години, денес Русија ги повторува во Украина и имаат за цел да се вратат во регионот на Балканот“. „Пристапот на Владата во Србија кон Косово е многу депресивен. Првично, неказнивоста и пропагандните кампањи беа нормализирани. Сега тие имаат за цел да ги нормализираат паравоените и терористичките напади (Бањска, 24 септември 2023 година), заканите и ултиматумите, кои се оправдуваат со лажни вести и кампањи за дезинформации, пред очите на демократскиот свет“, напиша Курти. Косовскиот премиер порача дека „Косово е посилно од кога било досега“ и дека не се плаши од заканите. „Ние ги штитиме сите наши граѓани и нивните слободи и права, територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја, демократскиот и социо-економскиот напредок на нашиот народ и институции“, напиша Курти. Тој ги наброја и злосторствата што, како што вели, Србија ги изврши во Косово, велејќи дека Белград се координира со Москва „за масовни гробници на илјадници луѓе“. „Србија спие на масовните гробници од геноцидот извршен на Косово, 950 невооружени цивили беа масакрирани, нивните тела беа земени и ставени во масовни гробници во Србија, вклучително и камиони-ладилници што излегоа од дното на тамошните езера. Доказите за геноцидот се свежи насекаде во Косово и Србија, но тоа не го спречува претседателот на Србија повторно да се заканува“, напиша Курти. Според косовскиот премиер, „наместо Србија да се кае за злосторствата, да се извини за нив и да не ги негира; да ги отвори воените архиви на југословенската полиција и војска, особено на моторизираната бригада 37; да плати репарации; да соработува за да се донесе правда за жртвите на геноцидот, да се заложи за помирување и мир …, таа ја одбра спротината страна, повторувајќи ги заканите и ултиматумите, кон Косово и неговите граѓани, во тесна соработка и координација со Русија“.
„Денес Косово е посилно од кога било досега, не се плаши од закани. Ги штитиме сите наши граѓани и нивните слободи и права, територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја, демократскиот и социо-економскиот напредок на нашите луѓе и институции. Меѓутоа, она што во моментов се случува покажува колку Србија е далеку од демократските и хуманите вредности и колку останува со геноцидот извршен во 90-тите“, порача Курти.

The post Курти: Денес Косово е посилно од кога било досега appeared first on Република.

]]>
Kурти меѓу Србите на северот на Косово: Мислам дека граѓаните се мирни https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-megu-srbite-na-severot-na-kosovo-mislam-deka-graganite-se-mirni/ Tue, 10 Sep 2024 16:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=815055

Косовскиот премиер Албин Курти во денешното обраќање пред новинарите за време на посетата на северот на Косово, населен со мнозинство Срби, рече дека не почувствувал оти „луѓето не сакаат некој да ги посети од Приштина, па макар тоа бил и премиерот на Република Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Откако денеска постави камен-темелник на полициска станица во Лепосавиќ, а потоа ја посети Северна Митровица, Курти рече дека престојува во северниот дел „за доброто на граѓаните“, без оглед на нивната припадност.

- Мислам дека граѓаните се мирни. Сакаат слобода и безбедност. Јас сум тука за нивната благосостојба. Мојата функција не е да ги делам работите според етничка припадност, религија или што и да е, туку да бидам тука за сите, без дискриминации и привилегии, рече Курти.

Косовскиот премиер изјави дека мостот на реката Ибар, кој ја дели Митровица на јужен дел, населен со албанско мнозинство, и северен, со српско мнозинство, треба да се отвори „не против некого, туку за доброто на сите“.

Отворањето на Ибарскиот мост за сообраќај и на возила, освен за пешаци, како што е моментно, Владата на Косово го најавува веќе неколку месеци. Меѓународната заедница се спротивстави на идејата, велејќи дека тоа прашање треба да се реши во дијалогот меѓу Приштина и Белград со посредство на Европска Унија.

Според косовскиот премиер, отворањето на мостот е важно и за економскиот имиџ на државата.

- Мора да се почитува слободата на движење. Од 2016 година има договор во Брисел мостот да биде отворен најдоцна до 2017 година, но не против некого, туку за доброто на сите нас. За економскиот имиџ на државата е важно тој да се отвори, за протокот на капитал и стоки, рече Курти.

Тој порача дека отворањето на мостот е во интерес на сите заедници во Косово.

- Не сакаме да го отвориме мостот против Србите, напротив! Сакаме Србите, Бошњаците и Албанците да можат слободно да се движат по тој мост, додаде Курти

The post Kурти меѓу Србите на северот на Косово: Мислам дека граѓаните се мирни appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти во денешното обраќање пред новинарите за време на посетата на северот на Косово, населен со мнозинство Срби, рече дека не почувствувал оти „луѓето не сакаат некој да ги посети од Приштина, па макар тоа бил и премиерот на Република Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. Откако денеска постави камен-темелник на полициска станица во Лепосавиќ, а потоа ја посети Северна Митровица, Курти рече дека престојува во северниот дел „за доброто на граѓаните“, без оглед на нивната припадност.
- Мислам дека граѓаните се мирни. Сакаат слобода и безбедност. Јас сум тука за нивната благосостојба. Мојата функција не е да ги делам работите според етничка припадност, религија или што и да е, туку да бидам тука за сите, без дискриминации и привилегии, рече Курти.
Косовскиот премиер изјави дека мостот на реката Ибар, кој ја дели Митровица на јужен дел, населен со албанско мнозинство, и северен, со српско мнозинство, треба да се отвори „не против некого, туку за доброто на сите“. Отворањето на Ибарскиот мост за сообраќај и на возила, освен за пешаци, како што е моментно, Владата на Косово го најавува веќе неколку месеци. Меѓународната заедница се спротивстави на идејата, велејќи дека тоа прашање треба да се реши во дијалогот меѓу Приштина и Белград со посредство на Европска Унија. Според косовскиот премиер, отворањето на мостот е важно и за економскиот имиџ на државата.
- Мора да се почитува слободата на движење. Од 2016 година има договор во Брисел мостот да биде отворен најдоцна до 2017 година, но не против некого, туку за доброто на сите нас. За економскиот имиџ на државата е важно тој да се отвори, за протокот на капитал и стоки, рече Курти.
Тој порача дека отворањето на мостот е во интерес на сите заедници во Косово.
- Не сакаме да го отвориме мостот против Србите, напротив! Сакаме Србите, Бошњаците и Албанците да можат слободно да се движат по тој мост, додаде Курти

The post Kурти меѓу Србите на северот на Косово: Мислам дека граѓаните се мирни appeared first on Република.

]]>
На Косово се апсат Срби и за свиркање на Курти https://republika.mk/vesti/balkan/na-kosovo-se-apsat-srbi-i-za-svirkane-na-kurti/ Tue, 10 Sep 2024 14:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=815025

Лидерот на партијата на косовските Срби, Српска демократија, Александар Арсенијевиќ, заедно со потпретседателот на партијата Илија Орловиќ, беше уапсен попладнево во Северна Митровица поради нарушување на јавниот ред и мир, јави дописникот на МИА од Приштина.

Медиумите објавивја дека Арсенијевиќ и Орловиќ биле уапсени поради исвиркување на косовскиот премиер, Албин Курти, кој, придружуван од министри во неговата Влада денеска престојува на северот на Косово, населен со мнозинско српско население.

Запрашан во врска со апсењето, заменик-началникот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за медиумите изјави дека е точно оти уапсените исвиркувале, но не кажа кон кого.

Во изјава за порталот на српски јазик „КоССев“, Ељшани рече дека уапсените ќе бидат ослободени, а ќе им биде изречена парична казна заради нарушување на јавниот ред и мир.

Во моментот на инцидентот Курти бил во неодамна отворен ресторан за брза храна на шеталиштето во Митровица. Со него се и шефот на косовскиот МУП, Џељаљ Свечља, како и косовскиот министер за локална самоуправа, Ељберт Красниќи.

Тие претходно поставија камен-темелник за изградба на станица на косовската полиција во селото Лешак, во општина Лепосавиќ.

Во центарот на Северна Митровица, како што информира КоССев, има зголемени сили на косовската полиција, вклучително и специјални единици со оклопни возила.

Курти и министрите по престојот во ресторанот се упатија кон неодамна затворената зграда каде што функционираа паралелните српски институции во Северна Митровица.

Курти го најави проектот за изградба на парк до оваа зграда, а потоа отиде на средба со градоначалникот од редовите на неговата партија, Ерден Атиќ во зградата на општина Северна Митровица

The post На Косово се апсат Срби и за свиркање на Курти appeared first on Република.

]]>

Лидерот на партијата на косовските Срби, Српска демократија, Александар Арсенијевиќ, заедно со потпретседателот на партијата Илија Орловиќ, беше уапсен попладнево во Северна Митровица поради нарушување на јавниот ред и мир, јави дописникот на МИА од Приштина. Медиумите објавивја дека Арсенијевиќ и Орловиќ биле уапсени поради исвиркување на косовскиот премиер, Албин Курти, кој, придружуван од министри во неговата Влада денеска престојува на северот на Косово, населен со мнозинско српско население. Запрашан во врска со апсењето, заменик-началникот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за медиумите изјави дека е точно оти уапсените исвиркувале, но не кажа кон кого. Во изјава за порталот на српски јазик „КоССев“, Ељшани рече дека уапсените ќе бидат ослободени, а ќе им биде изречена парична казна заради нарушување на јавниот ред и мир. Во моментот на инцидентот Курти бил во неодамна отворен ресторан за брза храна на шеталиштето во Митровица. Со него се и шефот на косовскиот МУП, Џељаљ Свечља, како и косовскиот министер за локална самоуправа, Ељберт Красниќи. Тие претходно поставија камен-темелник за изградба на станица на косовската полиција во селото Лешак, во општина Лепосавиќ. Во центарот на Северна Митровица, како што информира КоССев, има зголемени сили на косовската полиција, вклучително и специјални единици со оклопни возила. Курти и министрите по престојот во ресторанот се упатија кон неодамна затворената зграда каде што функционираа паралелните српски институции во Северна Митровица. Курти го најави проектот за изградба на парк до оваа зграда, а потоа отиде на средба со градоначалникот од редовите на неговата партија, Ерден Атиќ во зградата на општина Северна Митровица

The post На Косово се апсат Срби и за свиркање на Курти appeared first on Република.

]]>
Да размислував повеќе ќе сфатев: Kурти погрешно реши математичка задача https://republika.mk/vesti/balkan/da-razmisluvav-poveke-ke-sfatev-kurti-pogreshno-reshi-matematichka-zadacha/ Fri, 06 Sep 2024 09:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=813726

Косовскиот премиер Албин Курти јавно им се извини на учениците затоа што направил грешка при решавањето на математичка задача.

„Ви благодарам за топлото добредојде во вашата нова училишна зграда. Но, морам да кажам дека ми е мило што сега веќе не сум ученик, бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, напиша Курти на Фејсбук. Курти се огласи откако видеото на кое не успева да ја реши задачата стана вирално на социјалните мрежи.

„Да размислував малку повеќе, ќе сфатев“

На видеото се гледа како премиерот на Косово лежерно решава математичка равенка на таблата за време на отворањето на новото училиште во Подуево, на североистокот на Косово. Откако Курти самоуверено ја заврши математичката равенка, сите во просторијата аплаудираа, а на тоа се вклучи и министерката за образование Арберие Нагавци.

Решавањето на задачата погледнете го тука

The post Да размислував повеќе ќе сфатев: Kурти погрешно реши математичка задача appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти јавно им се извини на учениците затоа што направил грешка при решавањето на математичка задача.   „Ви благодарам за топлото добредојде во вашата нова училишна зграда. Но, морам да кажам дека ми е мило што сега веќе не сум ученик, бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, напиша Курти на Фејсбук. Курти се огласи откако видеото на кое не успева да ја реши задачата стана вирално на социјалните мрежи.
„Да размислував малку повеќе, ќе сфатев“
На видеото се гледа како премиерот на Косово лежерно решава математичка равенка на таблата за време на отворањето на новото училиште во Подуево, на североистокот на Косово. Откако Курти самоуверено ја заврши математичката равенка, сите во просторијата аплаудираа, а на тоа се вклучи и министерката за образование Арберие Нагавци. Решавањето на задачата погледнете го тука

The post Да размислував повеќе ќе сфатев: Kурти погрешно реши математичка задача appeared first on Република.

]]>
Курти е докажан антиамериканец https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-e-dokazhan-antiamerikanets/ Thu, 05 Sep 2024 06:50:05 +0000 https://republika.mk/?p=813297

Поранешната вицепремиерка, министерка за надворешни работи и главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека некоординацијата меѓу премиерот Албин Курти и Соединетите Американски Држави го остави северот на земјата, населен со мнозинство Срби, без суверенитет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тахири за порталот „Газета Блиц“ изјави дека Курти е „докажан антиамериканец“ и дека од доаѓањето на власт му нанел само штети на Косово.

„Некоординацијата на Курти со Американците (за дејствијата) на север резултираше со негов стратешки неуспех, оставајќи го северот без суверенитет, каде што не работат ниту косовските судови, ниту општините, освен полицијата, која не е комплетна, бидејќи нема припадници на српското малцинство. Последиците за Косово ќе траат до неговото заминување, а најголемиот срам е што тој не се однесуваше како премиер, туку како гротескна политичка фигура која врши еднострани дејствија на север и потоа, кога е во неволја, ги моли Американците и КФОР да го бранат северот“, рече Тахири.

Според неа, Курти му нанел голема штета на Косово.

„Денес Косово е изолирано, оштетено, напаѓано и казнувано од главниот сојузник, Америка, која нé направи слободна и независна земја поддржувајќи ја нашата борба за независност“, рече Тахири

The post Курти е докажан антиамериканец appeared first on Република.

]]>

Поранешната вицепремиерка, министерка за надворешни работи и главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека некоординацијата меѓу премиерот Албин Курти и Соединетите Американски Држави го остави северот на земјата, населен со мнозинство Срби, без суверенитет, јави дописникот на МИА од Приштина. Тахири за порталот „Газета Блиц“ изјави дека Курти е „докажан антиамериканец“ и дека од доаѓањето на власт му нанел само штети на Косово.
„Некоординацијата на Курти со Американците (за дејствијата) на север резултираше со негов стратешки неуспех, оставајќи го северот без суверенитет, каде што не работат ниту косовските судови, ниту општините, освен полицијата, која не е комплетна, бидејќи нема припадници на српското малцинство. Последиците за Косово ќе траат до неговото заминување, а најголемиот срам е што тој не се однесуваше како премиер, туку како гротескна политичка фигура која врши еднострани дејствија на север и потоа, кога е во неволја, ги моли Американците и КФОР да го бранат северот“, рече Тахири.
Според неа, Курти му нанел голема штета на Косово. „Денес Косово е изолирано, оштетено, напаѓано и казнувано од главниот сојузник, Америка, која нé направи слободна и независна земја поддржувајќи ја нашата борба за независност“, рече Тахири

The post Курти е докажан антиамериканец appeared first on Република.

]]>
Курти: Странските директни инвестиции во Косово се двојно повисоки одошто за сите претходни влади https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-stranskite-direktni-investitsii-vo-kosovo-se-dvojno-povisoki-odoshto-za-site-prethodni-vladi/ Wed, 04 Sep 2024 06:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=812901

Косовскиот премиер, Албин Курти, изјави дека годишниот просек на странски директни инвестиции за време на владата на неговата партија, Движење Самоопределување, е 705,6 милиони евра, што, според него, е за 2,4 пати повеќе од годишниот просек за време на претходните влади.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Курти тврди дека годишниот просек на директни странски инвестиции од 2007 година до пред неговото доаѓање на чело на Владата на Косово бил 299,8 милиони евра.

Со доброто и чесно владеење, висока доверливост и задоволство на граѓаните, владеењето на правото, демократскиот напредок, институционалната стабилност, економските реформи, фискалната одговорност, соодветните даночни политики, поддршката на инвестициите преку гаранции за заеми, квалификуваната работна сила и со шеми за вработување субвенционирани од Владата, ја правиме нашата држава сè поатрактивна дестинација за инвестиции и сè поповолна опција за странските инвеститори“, напиша Курти.

The post Курти: Странските директни инвестиции во Косово се двојно повисоки одошто за сите претходни влади appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти, изјави дека годишниот просек на странски директни инвестиции за време на владата на неговата партија, Движење Самоопределување, е 705,6 милиони евра, што, според него, е за 2,4 пати повеќе од годишниот просек за време на претходните влади. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Курти тврди дека годишниот просек на директни странски инвестиции од 2007 година до пред неговото доаѓање на чело на Владата на Косово бил 299,8 милиони евра.
Со доброто и чесно владеење, висока доверливост и задоволство на граѓаните, владеењето на правото, демократскиот напредок, институционалната стабилност, економските реформи, фискалната одговорност, соодветните даночни политики, поддршката на инвестициите преку гаранции за заеми, квалификуваната работна сила и со шеми за вработување субвенционирани од Владата, ја правиме нашата држава сè поатрактивна дестинација за инвестиции и сè поповолна опција за странските инвеститори“, напиша Курти.

The post Курти: Странските директни инвестиции во Косово се двојно повисоки одошто за сите претходни влади appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Како мал го гледав циркусот Медрано, ама како овој на Курти немам гледано https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-kako-mal-go-gledav-tsirkusot-medrano-ama-kako-ovoj-na-kurti-nemam-gledano/ Mon, 02 Sep 2024 11:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=812286

Како мал ги гледав циркусите Медрано и Московски, најдобриот во тоа време, но ваков на Курти не сум видел! - изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Никогаш не сум видел таков циркус каков што можат да создадат Албин Курти и неговите долни муви од централна Србија. И покрај желбите на Курти, Ненад Чанак и Соња Бисерко и многу други Србите да исчезнат.

The post Вучиќ: Како мал го гледав циркусот Медрано, ама како овој на Курти немам гледано appeared first on Република.

Курти бара од дијаспората да се попише за да гласа на изборите во февруари 2025 https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-bara-od-dijasporata-da-se-popishe-za-da-glasa-na-izborite-vo-fevruari-2025/ Sun, 25 Aug 2024 20:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=810091

Косовскиот премиер, Албин Курти ги повика иселениците да го искористат законскиот рок до 31 август, до кога трае пописот на населението за припадниците на дијаспората, за да можат да гласаат на парламентарните избори во Косово, закажани за 9 февруари 2025 година.

Преку видео порака на неговата страница на Фејсбук, Курти апелира до граѓаните во дијаспората да го искористат своето уставно право и нагласи дека процесот на регистрација како нерезидентни граѓани на Косово е нивна можност за зајакнување на врските со татковината.

Со попишувањето станувате активен дел во градењето на иднината на Косово и на самата дијаспора. Искористете го вашето уставно право и регистрирајте се онлајн преку платформата е-дијаспора до 31 август 2024 година. Покрај преку платформата е-дијаспора, можете да се информирате и по потреба да ви се помогне да се регистрирате, во објектите на регионалните општини на Косово, од страна на претставници на Агенцијата за статистика на Косово. Пријавувањето е брзо и лесно, но со големо влијание, порача Курти.

Тој нагласи дека добиените податоци од пописот на дијаспората ќе помогнат да се креираат политики кои ја поддржуваат емиграцијата, ги подобруваат услугите и ги зајакнуваат културните и образовните врски со татковината.

Иселеништвото е нераскинлив дел од нашата нација, затоа ве повикувам да се попишете секој од вас!“, порача Курти.

Пописот на резидентното население во Косово се одржа од 5 април до 24 мај годинава и прелиминарните резултати покажаа дека во државата живеат 1.586.659 жители. За иселеништвото рокот за попишување е до 31 август, а до средината на јули, според Агенцијата за статистика на Косово, во странство беа регистрирани околу 600 илјади Косовари.

The post Курти бара од дијаспората да се попише за да гласа на изборите во февруари 2025 appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти ги повика иселениците да го искористат законскиот рок до 31 август, до кога трае пописот на населението за припадниците на дијаспората, за да можат да гласаат на парламентарните избори во Косово, закажани за 9 февруари 2025 година. Преку видео порака на неговата страница на Фејсбук, Курти апелира до граѓаните во дијаспората да го искористат своето уставно право и нагласи дека процесот на регистрација како нерезидентни граѓани на Косово е нивна можност за зајакнување на врските со татковината.
Со попишувањето станувате активен дел во градењето на иднината на Косово и на самата дијаспора. Искористете го вашето уставно право и регистрирајте се онлајн преку платформата е-дијаспора до 31 август 2024 година. Покрај преку платформата е-дијаспора, можете да се информирате и по потреба да ви се помогне да се регистрирате, во објектите на регионалните општини на Косово, од страна на претставници на Агенцијата за статистика на Косово. Пријавувањето е брзо и лесно, но со големо влијание, порача Курти.
Тој нагласи дека добиените податоци од пописот на дијаспората ќе помогнат да се креираат политики кои ја поддржуваат емиграцијата, ги подобруваат услугите и ги зајакнуваат културните и образовните врски со татковината.
Иселеништвото е нераскинлив дел од нашата нација, затоа ве повикувам да се попишете секој од вас!“, порача Курти.
Пописот на резидентното население во Косово се одржа од 5 април до 24 мај годинава и прелиминарните резултати покажаа дека во државата живеат 1.586.659 жители. За иселеништвото рокот за попишување е до 31 август, а до средината на јули, според Агенцијата за статистика на Косово, во странство беа регистрирани околу 600 илјади Косовари.

The post Курти бара од дијаспората да се попише за да гласа на изборите во февруари 2025 appeared first on Република.

]]>
Курти за промената на српските со косовски возачки дозволи: Србите направија значаен чекор кон интеграцијата https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-za-promenata-na-srpskite-so-kosovski-vozachki-dozvoli-srbite-napravija-znachaen-chekor-kon-integratsijata/ Sun, 25 Aug 2024 07:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=809879

Косовскиот премиер, Албин Курти ја оцени промената на возачките дозволи издадени за косовски граѓани од српски органи во официјални на Република Косово, како важен чекор кон интеграцијата на Србите во државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти во објава на неговата страница на Фејсбук оцени дека периодот одреден за промена на српските со косовски возачки дозволи, со одредени олеснувања за тие што ќе го направат тоа, а кој траеше од мај до минатиот петок, 23 август, поминал без никаков инцидент или поплака.

„Нашите сограѓани од српската заедница направија важен чекор кон интеграција, масовно одговарајќи на повикот за аплицирање за конверзија на овој документ. Им благодарам на сите наши граѓани кои позитивно ја искористија оваа можност, како и на службениците од нашите институции во канцелариите и центрите за регистрација, за нивната работа и помагање на апликантите во овој процес“, напиша Курти.

Во рокот за нивна промена, кој започна на 9 мај, тоа го сториле 6.509 лица, најголемиот дел припадници на српската заедница од четирите општини во северно Косово, Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, но и од други општини низ државата.

Од идната недела повеќе нема да биде дозволено да се вози со неважечки документ, изјави заменикот началник на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани.

Министерството за внатрешни работи на Косово одлучи од 9 мај годинава да им дозволи на Србите да ги претворат нелегалните возачки дозволи во РКС, без да имаат потреба да подлегнат на возачки испит.

Одлуката на Владата и на МВР да им обезбедат на Србите олеснувања за добивање косовски возачки дозволи ја поздравија САД, Велика Британија, Германија и Италија.

Постапката за добивање возачка дозвола на Република Косово трае петнаесет дена, а дозволата издадена од српските структури му се враќа на барателот како неважечка исправа.

Процесот на пререгистрација на возила од нелегални српски регистарски таблички со кратенки од градовите на Косово во РКС претходеше на промена на српските возачки дозволи со косовски.

Прашањето за пререгистрација на возила на крајот на 2022 година стана причина за низа кризи на северот на Косово, вклучително и излегување на Србите од косовските институции, протести, барикади и бојкот на изборите. Кризите кулминираа со вооружениот напад врз косовската полиција од страна на група Срби на 24 септември минатата година во Бањска кај Звечан.

The post Курти за промената на српските со косовски возачки дозволи: Србите направија значаен чекор кон интеграцијата appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти ја оцени промената на возачките дозволи издадени за косовски граѓани од српски органи во официјални на Република Косово, како важен чекор кон интеграцијата на Србите во државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти во објава на неговата страница на Фејсбук оцени дека периодот одреден за промена на српските со косовски возачки дозволи, со одредени олеснувања за тие што ќе го направат тоа, а кој траеше од мај до минатиот петок, 23 август, поминал без никаков инцидент или поплака.
„Нашите сограѓани од српската заедница направија важен чекор кон интеграција, масовно одговарајќи на повикот за аплицирање за конверзија на овој документ. Им благодарам на сите наши граѓани кои позитивно ја искористија оваа можност, како и на службениците од нашите институции во канцелариите и центрите за регистрација, за нивната работа и помагање на апликантите во овој процес“, напиша Курти.
Во рокот за нивна промена, кој започна на 9 мај, тоа го сториле 6.509 лица, најголемиот дел припадници на српската заедница од четирите општини во северно Косово, Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, но и од други општини низ државата. Од идната недела повеќе нема да биде дозволено да се вози со неважечки документ, изјави заменикот началник на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани. Министерството за внатрешни работи на Косово одлучи од 9 мај годинава да им дозволи на Србите да ги претворат нелегалните возачки дозволи во РКС, без да имаат потреба да подлегнат на возачки испит. Одлуката на Владата и на МВР да им обезбедат на Србите олеснувања за добивање косовски возачки дозволи ја поздравија САД, Велика Британија, Германија и Италија. Постапката за добивање возачка дозвола на Република Косово трае петнаесет дена, а дозволата издадена од српските структури му се враќа на барателот како неважечка исправа. Процесот на пререгистрација на возила од нелегални српски регистарски таблички со кратенки од градовите на Косово во РКС претходеше на промена на српските возачки дозволи со косовски. Прашањето за пререгистрација на возила на крајот на 2022 година стана причина за низа кризи на северот на Косово, вклучително и излегување на Србите од косовските институции, протести, барикади и бојкот на изборите. Кризите кулминираа со вооружениот напад врз косовската полиција од страна на група Срби на 24 септември минатата година во Бањска кај Звечан.

The post Курти за промената на српските со косовски возачки дозволи: Србите направија значаен чекор кон интеграцијата appeared first on Република.

]]>
Курти за три години потрошил 30 милиони евра за службени возила!? https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-za-tri-godini-potroshil-30-milioni-evra-za-sluzhbeni-vozila/ Mon, 19 Aug 2024 09:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=807877

Владата на Албин Курти за три години потрошил 30 милиони евра на нафтени деривати за „службени возила“, објави денеска приштинскиот портал Фронт онлајн.

Порталот, повикувајќи се на податоците на Министерството за финансии потсетува дека Курти додека беше во опозиција бил против високите трошоци за службените автомобили.

Се наведува дека во 2021 година привремените институции потрошиле 7,62 милиони евра за гориво за автомобили, во 2022 година тие расходи достигнале 11,34 милиони евра, додека во 2023 година изнесувале 10,5 милиони евра. Вкупно, во тригодишниот период (2021-2023) се потрошени околу 30 милиони евра за гориво за автомобили“, пишува Front Online.

The post Курти за три години потрошил 30 милиони евра за службени возила!? appeared first on Република.