албански Archives - Република https://republika.mk/tema/albanski/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Dec 2022 17:59:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албански Archives - Република https://republika.mk/tema/albanski/ 32 32 АА бара итно повлекување учебникот по албански јазик за петто одделение каде што се наведени ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-bara-itno-povlekuvane-uchebnikot-po-albanski-jazik-za-petto-oddelenie-kade-shto-se-navedeni-dui/ Tue, 27 Dec 2022 17:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=590678

Бараме учебникот по албански јазик за петто одделение итно да биде повлечен од употреба, а заедно со него и „партискиот емисар именуван министер“, изјави денеска портпаролот на Алијанса за Албанците, Наим Бајрами.

Ако сакате да уништите еден народ без војна, уништете му го образованието, а еден од „најдобрите“ начини да го постигнете тоа е политизација и партизација на образованието. Со години го креваме гласот против различните облици на партизација на образованието. Од оваа власт слушнавме само ветувања дека ќе работат на деполитизација, а во реалноста го направија спротивното, со воведување на партијата во секоја пора на образованието. Неодамна партијата влезе и во учебниците и во текстовите на најчувствителните возрасни групи. ДУИ веќе влезе како пример во учебникот по албански јазик за петто одделение, поточно на лекцијата за кратенки, каде што се споменуваат примери на земји и меѓународни институции, рече Бајрами.

Како што додаде тој, ова е „скандалозна злоупотреба на учебниците за партиска пропаганда, за индоктринација на деца, слично како во времето на комунизмот и времето на другарот Тито и другарот Енвер“.

Тоа е срамна сервилност на самиот автор Вехби Кадриу, таткото на поранешниот кандидат на ДУИ, Ендрин Кадриу, кој потоа беше назначен за директор на Радиодифузија, изјави Бајрами, нарекувајќи го притоа министерот за образование и наука Јетон Шаќири – „министер за уништување на образованието“.

Учебникот е издаден годинава, негов автор е Вехби Кадриу, а издавач е МОН.

The post АА бара итно повлекување учебникот по албански јазик за петто одделение каде што се наведени ДУИ appeared first on Република.

]]>

Како звучи новогодишната атмосфера на плоштад https://republika.mk/tvitovi/kako-zvuchi-novogodishnata-atmosfera-na-ploshtad/ Wed, 21 Dec 2022 14:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=588469

The post Како звучи новогодишната атмосфера на плоштад appeared first on Република.

]]>

The post Како звучи новогодишната атмосфера на плоштад appeared first on Република.

]]>
МОН доделува стипендии за студентите по македонски и албански јазик и за историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-dodeluva-stipendii-za-studentite-po-makedonski-i-albanski-jazik-i-za-istorija-na-umetnost-arheologija-likovna-umetnost-i-etnologija-i-antropologija/ Wed, 31 Aug 2022 09:39:44 +0000 https://republika.mk/?p=545998

Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.

Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик).

Другата категорија пак, ќе биде наменета за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.

Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно, а право на аплицирање имаат студентите кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех.

Воведувањето на овие нови студентски стипендии значи проширување на можностите за финансирање на студирањето на младите и уште еднаш ја потврдува заложбата на МОН за подобрување на студентскиот стандард.

The post МОН доделува стипендии за студентите по македонски и албански јазик и за историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија appeared first on Република.

]]>

Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области. Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Другата категорија пак, ќе биде наменета за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија. Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно, а право на аплицирање имаат студентите кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех. Воведувањето на овие нови студентски стипендии значи проширување на можностите за финансирање на студирањето на младите и уште еднаш ја потврдува заложбата на МОН за подобрување на студентскиот стандард.

The post МОН доделува стипендии за студентите по македонски и албански јазик и за историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија appeared first on Република.

]]>