Албанска академија на науките Archives - Република https://republika.mk/tema/albanska-akademija-na-naukite/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 12:16:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Албанска академија на науките Archives - Република https://republika.mk/tema/albanska-akademija-na-naukite/ 32 32 Филипче: Етнизирањето на науката не носи квалитет https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-etniziraneto-na-naukata-ne-nosi-kvalitet/ Mon, 21 Oct 2024 12:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=829452

Етнизирањето на науката не носи никаков квалитет, а дисперзија на научни институции би значело дополнително намалување на квалитетот на науката. Вака лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче ја коментираше иницијативата на Коалицијата „Вреди“ за формирање на албанска академија на науки и уметности.

Во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Собранието тој рече дека за да има некаков прогрес во науката би требало да се зголемат средствата посветени кон научно-истражувачката дејност, додека формирање на албанска академија на науки и уметности би значело само намалување на квалитетот на науката.

Најостро го осудуваме етнизирањето на науката, сметаме дека тоа не носи апсолутно никаков квалитет. Впрочем дополнителна фрагментација и дисперзија на некакви такви научни институции може само дополнително да го намали квалитетот на науката. Вистинска инвестиција во науката би значело зголемување на парите посветени пред се во научно-истражувачката дејност поради тоа што тоа е начинот кај нас за да може науката да има некаков прогрес, рече Филипче.

Издвојување на средства од општинските буџети за формирање на албанска академија на науки и уметности е незаконито, посочи Филипче и доколку има такви дејствија од страна на општините кои најавија дека ќе ја поддржат ваквата иницијатива, Министерството за финансии треба да ги блокира тие буџети.

Во нашето толкување на законите за локална самоуправа не гледаме законска можност за тоа што го најавија општините како Тетово и Гостивар, дека тие може тоа да го прават. Затоа ја повикуваме министерката за финансии, доколку има најава за некакво незаконско трошење на буџетите, односно за нешто за што тие немаат дозвола, тие буџети да се блокираат, рече Филипче.

За назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Филипче рече дека претставува партиско киднапирање на најсериозните институции во сферата на безбедноста.

Она што премиерот и Владата го направија со назначување на новиот директор на АНБ е во еден манир на диктаторство со што направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста, а тоа е Агенцијата за национална безбедност. Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира и првите чекори во таа насока почнаа уште со пржинските преговори и разговори. АНБ стана институција во која работат одлични професионалци за којшто назначувањето на ваков кадар не значи ништо друго освен една форма на понижување, рече Филипче.

Тој најави дека партијата ќе ги извести сите стратешки партнери и ќе побара соодветно мислење и реакција од нивна страна и истовремено ја повика претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова да го запре најавеното спојување на АНБ со Агеницијата за разузнавање.

Ја повикувам и претседателката Сиљановска – Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агенцијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше, рече лидерот на опозициската СДСМ.

The post Филипче: Етнизирањето на науката не носи квалитет appeared first on Република.

]]>

Етнизирањето на науката не носи никаков квалитет, а дисперзија на научни институции би значело дополнително намалување на квалитетот на науката. Вака лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче ја коментираше иницијативата на Коалицијата „Вреди“ за формирање на албанска академија на науки и уметности. Во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Собранието тој рече дека за да има некаков прогрес во науката би требало да се зголемат средствата посветени кон научно-истражувачката дејност, додека формирање на албанска академија на науки и уметности би значело само намалување на квалитетот на науката.
Најостро го осудуваме етнизирањето на науката, сметаме дека тоа не носи апсолутно никаков квалитет. Впрочем дополнителна фрагментација и дисперзија на некакви такви научни институции може само дополнително да го намали квалитетот на науката. Вистинска инвестиција во науката би значело зголемување на парите посветени пред се во научно-истражувачката дејност поради тоа што тоа е начинот кај нас за да може науката да има некаков прогрес, рече Филипче.
Издвојување на средства од општинските буџети за формирање на албанска академија на науки и уметности е незаконито, посочи Филипче и доколку има такви дејствија од страна на општините кои најавија дека ќе ја поддржат ваквата иницијатива, Министерството за финансии треба да ги блокира тие буџети.
Во нашето толкување на законите за локална самоуправа не гледаме законска можност за тоа што го најавија општините како Тетово и Гостивар, дека тие може тоа да го прават. Затоа ја повикуваме министерката за финансии, доколку има најава за некакво незаконско трошење на буџетите, односно за нешто за што тие немаат дозвола, тие буџети да се блокираат, рече Филипче.
За назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Филипче рече дека претставува партиско киднапирање на најсериозните институции во сферата на безбедноста.
Она што премиерот и Владата го направија со назначување на новиот директор на АНБ е во еден манир на диктаторство со што направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста, а тоа е Агенцијата за национална безбедност. Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира и првите чекори во таа насока почнаа уште со пржинските преговори и разговори. АНБ стана институција во која работат одлични професионалци за којшто назначувањето на ваков кадар не значи ништо друго освен една форма на понижување, рече Филипче.
Тој најави дека партијата ќе ги извести сите стратешки партнери и ќе побара соодветно мислење и реакција од нивна страна и истовремено ја повика претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова да го запре најавеното спојување на АНБ со Агеницијата за разузнавање.
Ја повикувам и претседателката Сиљановска – Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агенцијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше, рече лидерот на опозициската СДСМ.

The post Филипче: Етнизирањето на науката не носи квалитет appeared first on Република.

]]>
Перински: Не постои законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-ne-postoi-zakonska-mozhnost-opshtinite-da-finansiraat-albanska-akademija-na-naukite/ Sun, 20 Oct 2024 19:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=829222

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека законска можност за такво нешто нема.

Перински во интервју за МИА вели дека посоодветно е локалните самоуправи да работат на зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, а не да одвојуваат средства за нешто што нема да има функција во годините што следат.

Тоа е строго опишано во Законот за локална самоуправа, во членот 11, кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот. Во тие надлежности, Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои. Ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто нема“, вели Перински.

The post Перински: Не постои законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека законска можност за такво нешто нема. Перински во интервју за МИА вели дека посоодветно е локалните самоуправи да работат на зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, а не да одвојуваат средства за нешто што нема да има функција во годините што следат.
Тоа е строго опишано во Законот за локална самоуправа, во членот 11, кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот. Во тие надлежности, Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои. Ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто нема“, вели Перински.

The post Перински: Не постои законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките appeared first on Република.

]]>
Јачева-Улчар за „Република“: Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии https://republika.mk/vesti/makedonija/jacheva-ulchar-za-republika-dokolku-se-napravi-presedan-so-otvorane-albanska-akademija-toa-bi-povleklo-formirane-i-na-drugi-akademii/ Sat, 19 Oct 2024 08:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=828607

Не постои држава во светот, барем во оние што ги знаеме за цивилизирани, каде што има две академии, посебно не во унитарни држави каква што е Македонија.

Отворањето на албанска академија на науките може да ја отвори Пандорината кутија, од која во иднина би можеле да излезат и академии на другите делови од народи кои сега се наоѓаат во Преамбулата на Уставот, но и они кои претендираат да станат.

Која би била гаранцијата дека доколку Бугарите влезат во нашиот Устав и тие не би барале своја академија по принципот „ако можат Албанците зошто да не може и за нас“? Затоа никако не смее да се дозволи формирање на уште една академија покрај МАНУ.

Опасна е и намерата на Коалицијата „Вреди“, од чии редови се градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир кои се изјаснија дека ќе го финансираат ова здружение на граѓани наречено „Албанска академија на науките и уметностите“.

Кој може да гарантира дека во некој иден разговор помеѓу партија од македонскиот и албанскиот блок за формирање влада нема на маса да биде ставено и барањето албанската академија да биде ставена под државна капа и финансирање?

Таков пример имаме со Универзитетот во Мала Речица кој од „див“ во деведесеттите години стана „питом“ и финансиран од државата.

На оваа тема „Република“ ја праша за мислење професорката Елка Јачева-Улчар, која важи за еден од најдобите познавачи на научните и историските случувања во Македонија. Taa смета дека национална академија може да биде само една во рамките на една унитарна држава.

Постоење на повеќе национални академии, според Улчар, го има во федерална држава каква што беше поранешна Југославија.

Не постои пример во светот на постоење повеќе национални академии врз етнички принцип, освен врз струков. Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии од страна на деловите од народи дефинирани според Уставот, но и на оние што во некоја блиска иднина, па и во актуелниов миг – претендираат да се закодираат во нашиот Устав - објаснува Улчар за „Република“.

Професорката е убедена дека инсистирањето на отворање академии врз етнички принцип е лошо и опасно решение бидејќи науката, уметноста, па и спортот не зависат од етничката припадност на поединецот, туку само и само од квалитетот независно од етничката, родовата или верската припадност.

Опасно, зашто ваквото однесување на албанскиот политички фактор во земјава наместо да придонесува кон зближување и работа врз една заедничка национална платформа (овде под национална не мислам на етнос, туку на демос) за благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, придонесува само кон повторно поларизирање, цепкање и постојано затегнати и конфликтни односи меѓу Македонците и Албанците. Во секоја цивилизирана држава на 21 век постои само eдна национална академија на науки и уметности, во кои е собран интелектуалниот и уметничкиот крем на едно општество. Отворањето Албанска академија, вака како што во моментов е замислено и финансирано на локално ниво, може да биде единствено научно друштво од локален карактер, какви што имаме веќе во повеќе градови на Македонија (Битола, Велес...) Kако што имаме една Влада, еден Парламент, еден Врховен суд, така и МАНУ е, и така треба да остане – единствена надредена  и главна научна и уметничка институција, надетничка и натпартиска. Во секој друг и поинаков случај, ќе дојде до девалвација и разнебитување на двата основни благородни столба на Академијата, а имено – науката и уметноста како возвишени дејности што на поединецот му го прават животот подостоинствен, посовршен и поубав - додава Јачева-Улчар.

The post Јачева-Улчар за „Република“: Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии appeared first on Република.

]]>

Не постои држава во светот, барем во оние што ги знаеме за цивилизирани, каде што има две академии, посебно не во унитарни држави каква што е Македонија. Отворањето на албанска академија на науките може да ја отвори Пандорината кутија, од која во иднина би можеле да излезат и академии на другите делови од народи кои сега се наоѓаат во Преамбулата на Уставот, но и они кои претендираат да станат. Која би била гаранцијата дека доколку Бугарите влезат во нашиот Устав и тие не би барале своја академија по принципот „ако можат Албанците зошто да не може и за нас“? Затоа никако не смее да се дозволи формирање на уште една академија покрај МАНУ. Опасна е и намерата на Коалицијата „Вреди“, од чии редови се градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир кои се изјаснија дека ќе го финансираат ова здружение на граѓани наречено „Албанска академија на науките и уметностите“. Кој може да гарантира дека во некој иден разговор помеѓу партија од македонскиот и албанскиот блок за формирање влада нема на маса да биде ставено и барањето албанската академија да биде ставена под државна капа и финансирање? Таков пример имаме со Универзитетот во Мала Речица кој од „див“ во деведесеттите години стана „питом“ и финансиран од државата. На оваа тема „Република“ ја праша за мислење професорката Елка Јачева-Улчар, која важи за еден од најдобите познавачи на научните и историските случувања во Македонија. Taa смета дека национална академија може да биде само една во рамките на една унитарна држава. Постоење на повеќе национални академии, според Улчар, го има во федерална држава каква што беше поранешна Југославија.
Не постои пример во светот на постоење повеќе национални академии врз етнички принцип, освен врз струков. Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии од страна на деловите од народи дефинирани според Уставот, но и на оние што во некоја блиска иднина, па и во актуелниов миг – претендираат да се закодираат во нашиот Устав - објаснува Улчар за „Република“.
Професорката е убедена дека инсистирањето на отворање академии врз етнички принцип е лошо и опасно решение бидејќи науката, уметноста, па и спортот не зависат од етничката припадност на поединецот, туку само и само од квалитетот независно од етничката, родовата или верската припадност.
Опасно, зашто ваквото однесување на албанскиот политички фактор во земјава наместо да придонесува кон зближување и работа врз една заедничка национална платформа (овде под национална не мислам на етнос, туку на демос) за благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, придонесува само кон повторно поларизирање, цепкање и постојано затегнати и конфликтни односи меѓу Македонците и Албанците. Во секоја цивилизирана држава на 21 век постои само eдна национална академија на науки и уметности, во кои е собран интелектуалниот и уметничкиот крем на едно општество. Отворањето Албанска академија, вака како што во моментов е замислено и финансирано на локално ниво, може да биде единствено научно друштво од локален карактер, какви што имаме веќе во повеќе градови на Македонија (Битола, Велес...) Kако што имаме една Влада, еден Парламент, еден Врховен суд, така и МАНУ е, и така треба да остане – единствена надредена  и главна научна и уметничка институција, надетничка и натпартиска. Во секој друг и поинаков случај, ќе дојде до девалвација и разнебитување на двата основни благородни столба на Академијата, а имено – науката и уметноста како возвишени дејности што на поединецот му го прават животот подостоинствен, посовршен и поубав - додава Јачева-Улчар.

The post Јачева-Улчар за „Република“: Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-albanskata-akademija-ne-bi-sakal-parite-na-graganite-da-se-troshat-za-nevladini-organizatsii/ Wed, 16 Oct 2024 11:18:44 +0000 https://republika.mk/?p=827613

Од тоа што го слушам во медиумите е дека е здружение на граѓани, кое што е така наречено. Ставот на Владата, ВМРО-ДПМНЕ и на разни академици од различни националности е дека во Македонија има само една Академија на науките и уметностите. Јас не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации, туку за инфраструктура, училишта, булевари, паркови - рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата за раната фаза од формирањето на т.н. Албанска академија на науки.

Според премиерот, теми кои што етнизираат и политизираат не се теми на кои што сака да биде соговорник.

Има дел од опозициските партии во Парламентот кои што ќе го покачат или намалат рејтингот ако се разговара на вакви теми. Ние како Влада и јас како премиер остануваме посветени за доброто на сите граѓани без разлика на етничката припадност. Нема да зборувам за теми кои што полизираат. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат такви буџети во рамките на општините - кажа Мицкоски откако беше објавено дека паралелната Академија најпрвин ќе се финансира од четири општини кои се раководени од функционери на коалицијата ВРЕДИ.

 

The post Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации appeared first on Република.

]]>

Од тоа што го слушам во медиумите е дека е здружение на граѓани, кое што е така наречено. Ставот на Владата, ВМРО-ДПМНЕ и на разни академици од различни националности е дека во Македонија има само една Академија на науките и уметностите. Јас не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации, туку за инфраструктура, училишта, булевари, паркови - рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата за раната фаза од формирањето на т.н. Албанска академија на науки.
Според премиерот, теми кои што етнизираат и политизираат не се теми на кои што сака да биде соговорник. Има дел од опозициските партии во Парламентот кои што ќе го покачат или намалат рејтингот ако се разговара на вакви теми. Ние како Влада и јас како премиер остануваме посветени за доброто на сите граѓани без разлика на етничката припадност. Нема да зборувам за теми кои што полизираат. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат такви буџети во рамките на општините - кажа Мицкоски откако беше објавено дека паралелната Академија најпрвин ќе се финансира од четири општини кои се раководени од функционери на коалицијата ВРЕДИ.  

The post Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации appeared first on Република.

]]>