албанија - велика британија Archives - Република https://republika.mk/tema/albanija-velika-britanija/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 18:39:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албанија - велика британија Archives - Република https://republika.mk/tema/albanija-velika-britanija/ 32 32 Албанскиот амбасадор во Лондон влегол во Велика Британија во камион за бегалци https://republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-ambasador-vo-london-vlegol-vo-velika-britanija-vo-kamion-za-begaltsi/ Sun, 24 Dec 2023 19:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=726238

Новиот албански амбасадор во Обединетото Кралство е прошверцуван во Британија илегално во задниот дел на камион.

Уран Феризи (42) при доаѓањето во крајбрежниот град Кале во 1998 година поднел лажно барање за азил, тврдејќи дека е од Косово  и дал лажен датум на раѓање.

Министерството за надворешни работи на Дејвид Камерун го прифати Феризи за официјален претставник на Албанија и покрај негодувањето на Министерството за внатрешни работи и наскоро ќе биде официјално назначен од кралот Чарлс во Бакингемската палата.
Феризи пристигнал  како илегален мигрант без никакви лични документи тврдејќи дека бега од војната во Косово.

Tој се оженил со Британката Сара Ленон во Лондон во 2000 година. Врз основа на тој брак, три години подоцна добил дозвола да остане во Велика Британија на неодредено време.

Тој никогаш не работел во дипломатската служба, но албанската влада го предложи за престижната функција амбасадор во јули. Изворите тврдат дека тој е во блиски односи со социјалистичкото раководство на земјата

The post Албанскиот амбасадор во Лондон влегол во Велика Британија во камион за бегалци appeared first on Република.

]]>

Новиот албански амбасадор во Обединетото Кралство е прошверцуван во Британија илегално во задниот дел на камион. Уран Феризи (42) при доаѓањето во крајбрежниот град Кале во 1998 година поднел лажно барање за азил, тврдејќи дека е од Косово  и дал лажен датум на раѓање. Министерството за надворешни работи на Дејвид Камерун го прифати Феризи за официјален претставник на Албанија и покрај негодувањето на Министерството за внатрешни работи и наскоро ќе биде официјално назначен од кралот Чарлс во Бакингемската палата. Феризи пристигнал  како илегален мигрант без никакви лични документи тврдејќи дека бега од војната во Косово. Tој се оженил со Британката Сара Ленон во Лондон во 2000 година. Врз основа на тој брак, три години подоцна добил дозвола да остане во Велика Британија на неодредено време. Тој никогаш не работел во дипломатската служба, но албанската влада го предложи за престижната функција амбасадор во јули. Изворите тврдат дека тој е во блиски односи со социјалистичкото раководство на земјата

The post Албанскиот амбасадор во Лондон влегол во Велика Британија во камион за бегалци appeared first on Република.

]]>
Само нека се вратат во Албанија: Британија им дава по 1.500 фунти на албански затвореници https://republika.mk/vesti/balkan/samo-neka-se-vratat-vo-albanija-britanija-im-dava-po-1-500-funti-na-albanski-zatvorenitsi/ Wed, 17 May 2023 11:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=641720

Британската информативна мрежа Би-Би-Си го врати вниманието на илегалната имиграција на Албанците во Британија, како и на Албанците кои издржуваат казни во тамошните затвори.

Во подолг извештај, новинарката Луси Вилијамсон вели дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат, а некои планираат да се вратат, гледајќи го ова како можност да избегаат од затвор, бидејќи во Албанија не се принудени да се вратат во затворите, јави Ора њуз.

Албанските власти потврдија дека повеќето нејзини државјани кои годинава насилно се вратиле дома од Велика Британија биле осудени.

Секоја недела, мала толпа се собира на оградата од бодликава жица која се наоѓа на задниот дел на аеродромот во Тирана. Тесната писта подалеку, заглавена меѓу карпите црни планини и високите сиви ѕидови на единицата на Граничната полиција, е местото каде слетуваат летовите за депортација од Велика Британија, внимателно следени од семејствата кои чекаат на оградата. Потребни се часови за да се појават депортираните, кои полека минуваат низ портата за да бидат пречекани со прегратки, срамежливи насмевки и солзи, се наведува во прилогот.

Според Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство од повеќе од 1.000 лица кои се депортирани околу половина од нив заминале доброволно, останатите се комбинација на неуспешни баратели на азил и прекршители на британските закони.

На прашањето „што прави неговата земја за да ги спречи депортирани да се вратат во ОК“, албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи, вели „не е можно да се стави чип на секого за да следи каде оди“.

Доколку има луѓе со криминално досие, особено во недозволената трговија, тогаш полицијата ќе биде на готовс. Но, генерално, луѓето што се враќаат се слободни граѓани во Албанија, рекол тој.

Додал дека покрај работата на илегалната миграција, „двете влади треба да работат на легален начин албанските граѓани да стигнат до ОК“ и оти и предложил на неговата колешка, Суела Браверман, да „создадеме итна легализација на сите Албанци кои работат во Велика Британија на чесна работа и кои немаат криминално досие“.

Само минатата година илегално на британско тло пристигнале над 13 илјади албански граѓани, претежно млади, главно од округот Кукс, од северниот дел на Албанија.

The post Само нека се вратат во Албанија: Британија им дава по 1.500 фунти на албански затвореници appeared first on Република.

]]>

Британската информативна мрежа Би-Би-Си го врати вниманието на илегалната имиграција на Албанците во Британија, како и на Албанците кои издржуваат казни во тамошните затвори.
Во подолг извештај, новинарката Луси Вилијамсон вели дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат, а некои планираат да се вратат, гледајќи го ова како можност да избегаат од затвор, бидејќи во Албанија не се принудени да се вратат во затворите, јави Ора њуз.
Албанските власти потврдија дека повеќето нејзини државјани кои годинава насилно се вратиле дома од Велика Британија биле осудени.
Секоја недела, мала толпа се собира на оградата од бодликава жица која се наоѓа на задниот дел на аеродромот во Тирана. Тесната писта подалеку, заглавена меѓу карпите црни планини и високите сиви ѕидови на единицата на Граничната полиција, е местото каде слетуваат летовите за депортација од Велика Британија, внимателно следени од семејствата кои чекаат на оградата. Потребни се часови за да се појават депортираните, кои полека минуваат низ портата за да бидат пречекани со прегратки, срамежливи насмевки и солзи, се наведува во прилогот.
Според Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство од повеќе од 1.000 лица кои се депортирани околу половина од нив заминале доброволно, останатите се комбинација на неуспешни баратели на азил и прекршители на британските закони. На прашањето „што прави неговата земја за да ги спречи депортирани да се вратат во ОК“, албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи, вели „не е можно да се стави чип на секого за да следи каде оди“.
Доколку има луѓе со криминално досие, особено во недозволената трговија, тогаш полицијата ќе биде на готовс. Но, генерално, луѓето што се враќаат се слободни граѓани во Албанија, рекол тој.
Додал дека покрај работата на илегалната миграција, „двете влади треба да работат на легален начин албанските граѓани да стигнат до ОК“ и оти и предложил на неговата колешка, Суела Браверман, да „создадеме итна легализација на сите Албанци кои работат во Велика Британија на чесна работа и кои немаат криминално досие“. Само минатата година илегално на британско тло пристигнале над 13 илјади албански граѓани, претежно млади, главно од округот Кукс, од северниот дел на Албанија.

The post Само нека се вратат во Албанија: Британија им дава по 1.500 фунти на албански затвореници appeared first on Република.

]]>
Британскиот министер за емиграција бара да им се забрани на Албанците да аплицираат за азил во Велика Британија https://republika.mk/vesti/svet/britanskiot-minister-za-emigracija-bara-da-im-se-zabrani-na-albancite-da-apliciraat-za-azil-vo-velika-britanija/ Sun, 04 Dec 2022 16:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=581701

На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од „навидум безбедна земја“,  изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик.

Тој предупредил дека илегалната миграција најверојатно ќе биде проблем во следните неколку години.

Џенерик додаде дека таквите поединци треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи сегашното ниво на миграција во Обединетото кралство е неодржливо.

Тој наведува дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 40.000 мигранти, кои во првите девет месеци од годинава пристигнале во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш и нагласи дека тие претставуваат „приоритет број еден“.

Неговите коментари уследија откако британското Министерство за внатрешни работи одби да ги коментира наводите на „Сандеј тајмс“ дека министрите работат на законодавство што би можело да ги спречи барателите на азил, кои нелегално влегуваат да се населат во Велика Британија.

Министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, претходно побарала од премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите за спречување илегални мигранти по пристигнувањето.

Британската Влада е под голем притисок од пратениците од Конзервативната партија да се справи со трговците на луѓе кои користат мали чамци за да ги пренесат мигрантите преку Каналот.

The post Британскиот министер за емиграција бара да им се забрани на Албанците да аплицираат за азил во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од „навидум безбедна земја“,  изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик. Тој предупредил дека илегалната миграција најверојатно ќе биде проблем во следните неколку години. Џенерик додаде дека таквите поединци треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи сегашното ниво на миграција во Обединетото кралство е неодржливо. Тој наведува дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 40.000 мигранти, кои во првите девет месеци од годинава пристигнале во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш и нагласи дека тие претставуваат „приоритет број еден“. Неговите коментари уследија откако британското Министерство за внатрешни работи одби да ги коментира наводите на „Сандеј тајмс“ дека министрите работат на законодавство што би можело да ги спречи барателите на азил, кои нелегално влегуваат да се населат во Велика Британија. Министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, претходно побарала од премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите за спречување илегални мигранти по пристигнувањето. Британската Влада е под голем притисок од пратениците од Конзервативната партија да се справи со трговците на луѓе кои користат мали чамци за да ги пренесат мигрантите преку Каналот.

The post Британскиот министер за емиграција бара да им се забрани на Албанците да аплицираат за азил во Велика Британија appeared first on Република.

]]>