албанија - иран Archives - Република https://republika.mk/tema/albanija-iran/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Oct 2022 19:25:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албанија - иран Archives - Република https://republika.mk/tema/albanija-iran/ 32 32 Закана од Иран: Имаме дрон што може да го погоди кампот на муџахедините кај Драч https://republika.mk/vesti/balkan/zakana-od-iran-imame-dron-shto-moze-da-go-pogodi-kampot-na-mek-kaj-drach/ Sun, 02 Oct 2022 19:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=556615

Заканувачката реторика на Иран кон Албанија, прогласена за непријателска земја поради режимот во Техеран, не престанува, јави Топ чанел.

„Иранските железни беспилотни летала можат да ја погодат базата на Муџахедините од МЕК во Албанија“! Ова е насловот на уводникот на иранскиот портал „Front Page“, каде е цитиран напис од ирански владин весник.

– Иранскиот портал објави дека, според државниот весник на Техеран, оваа земја има на располагање вооружени беспилотни летала „UAV“ кои не може да бидат фатени од радарите и со можност да ја погодат базата на иранската опозиција во Албанија, наведува телевизијата.

Во написот стои дека иранските беспилотни летала и ракетните системи не се географски ограничени во однос на соседните земји.

-Иран има расположливи капацитети, особено беспилотни летала, кои лесно можат да ја нападнат базата МЕК во Албанија. Иран има борбени беспилотни летала кои можат да патуваат подалеку од растојанието Иран-Албанија за да гаѓаат цели на напад, стои во написот.

Иранскиот владин весник, повикувајќи се на Министерството за разузнавање, пишува дека опозицијата МЕК, засолнета во Албанија, има своја улога во масовните протести во последните неколку дена во неколку градови во Иран.

-Иран си дава за право пред дејствијата на МЕК да ја таргетира нивната база, се наведува понатаму.

Според Топ чанел во написот уште еднаш се појавува заканувачката реторика на Иран кон Албанија, а единствена причина е засолнувањето на околу 3.000 членови на иранската опозиција во 2016 година.

Користејќи политичка уцена за оваа акција на владата на Рама, Иран од 15 јули па наваму беше вклучен во невидени кибер-напади врз албанските владини системи на онлајн услуги.

Соочена со екстремната ситуација од овие напади, албанската влада одговори со исто толку екстремна мерка, прекинувајќи ги дипломатските односи со Исламската Република Иран на почетокот на септември.

The post Закана од Иран: Имаме дрон што може да го погоди кампот на муџахедините кај Драч appeared first on Република.

]]>

Заканувачката реторика на Иран кон Албанија, прогласена за непријателска земја поради режимот во Техеран, не престанува, јави Топ чанел. „Иранските железни беспилотни летала можат да ја погодат базата на Муџахедините од МЕК во Албанија“! Ова е насловот на уводникот на иранскиот портал „Front Page“, каде е цитиран напис од ирански владин весник. – Иранскиот портал објави дека, според државниот весник на Техеран, оваа земја има на располагање вооружени беспилотни летала „UAV“ кои не може да бидат фатени од радарите и со можност да ја погодат базата на иранската опозиција во Албанија, наведува телевизијата. Во написот стои дека иранските беспилотни летала и ракетните системи не се географски ограничени во однос на соседните земји. -Иран има расположливи капацитети, особено беспилотни летала, кои лесно можат да ја нападнат базата МЕК во Албанија. Иран има борбени беспилотни летала кои можат да патуваат подалеку од растојанието Иран-Албанија за да гаѓаат цели на напад, стои во написот. Иранскиот владин весник, повикувајќи се на Министерството за разузнавање, пишува дека опозицијата МЕК, засолнета во Албанија, има своја улога во масовните протести во последните неколку дена во неколку градови во Иран. -Иран си дава за право пред дејствијата на МЕК да ја таргетира нивната база, се наведува понатаму. Според Топ чанел во написот уште еднаш се појавува заканувачката реторика на Иран кон Албанија, а единствена причина е засолнувањето на околу 3.000 членови на иранската опозиција во 2016 година. Користејќи политичка уцена за оваа акција на владата на Рама, Иран од 15 јули па наваму беше вклучен во невидени кибер-напади врз албанските владини системи на онлајн услуги. Соочена со екстремната ситуација од овие напади, албанската влада одговори со исто толку екстремна мерка, прекинувајќи ги дипломатските односи со Исламската Република Иран на почетокот на септември.

The post Закана од Иран: Имаме дрон што може да го погоди кампот на муџахедините кај Драч appeared first on Република.

]]>
Македонското МНР го осуди сајбер нападот извршен врз албанската Влада од страна на Иран https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-mnr-go-osudi-sajber-napadot-izvrshen-vrz-albanskata-vlada-od-strana-na-iran/ Wed, 07 Sep 2022 15:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=548422

Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска преку соопштение изрази најостра осуда за сајбер-нападот од 15 јули 2022 година извршен против Владата на Република Албанија од страна на Исламска Република Иран.

–Македонија се солидаризира со Владата на Албанија, ги поддржува преземените мерки во тој контекст и повикува на одговорност за извршителите на ваквите малигни дестабилизирачки активности кои ја загрозуваат не само националната безбедност и сигурност на Албанија, но имаат и пошироки регионални и меѓународни импликации. Ваквите деструктивни напади претставуваат флагрантно кршење на нормите на меѓународното право, обид за поткопување на суверенитетот на Албанија, како и директна закана за безбедноста на нејзините граѓани и институции, стои во соопштението од МНР.

Со цел заштита на своите интереси, но и интересите на секоја поединечна земја-членка на НАТО и нејзините сојузници, се додава понатаму во соопштението, остануваме единствени во рамките на Алијансата во справувањето со сите предизвици кои го загрозуваат меѓународниот поредок и безбедност.

The post Македонското МНР го осуди сајбер нападот извршен врз албанската Влада од страна на Иран appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска преку соопштение изрази најостра осуда за сајбер-нападот од 15 јули 2022 година извршен против Владата на Република Албанија од страна на Исламска Република Иран.
–Македонија се солидаризира со Владата на Албанија, ги поддржува преземените мерки во тој контекст и повикува на одговорност за извршителите на ваквите малигни дестабилизирачки активности кои ја загрозуваат не само националната безбедност и сигурност на Албанија, но имаат и пошироки регионални и меѓународни импликации. Ваквите деструктивни напади претставуваат флагрантно кршење на нормите на меѓународното право, обид за поткопување на суверенитетот на Албанија, како и директна закана за безбедноста на нејзините граѓани и институции, стои во соопштението од МНР.
Со цел заштита на своите интереси, но и интересите на секоја поединечна земја-членка на НАТО и нејзините сојузници, се додава понатаму во соопштението, остануваме единствени во рамките на Алијансата во справувањето со сите предизвици кои го загрозуваат меѓународниот поредок и безбедност.

The post Македонското МНР го осуди сајбер нападот извршен врз албанската Влада од страна на Иран appeared first on Република.

]]>
Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран https://republika.mk/vesti/balkan/albanija-gi-prekina-diplomatskite-odnosi-so-iran/ Wed, 07 Sep 2022 15:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=548419

Албанија денеска ги прекина дипломатските односи со Иран, кого го обвини за масовни сајбер-напади врз земјата, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.

„Советот на министри одлучи веднаш да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република Иран“, рече Рама.

Иранската амбасада во Тирана добила официјално известување во кое се бара целиот нејзин дипломатски, технички, административен и безбедносен персонал да ја напушти територијата на Албанија во рок од 24 часа.

Рама го обвини Иран дека стои зад „жестокиот сајбер-напад на 15 јули против дигиталната инфраструктура на албанската влада со цел нејзино уништување“.

„Длабинската истрага ни обезбеди неоспорен доказ“ дека нападот бил „организиран и спонзориран“ од Техеран, додаде тој.

Во 2013 година Албанија прифати да ја пречека Народната муџахединска организација на Иран (ПМОИ) на своја територија, по барање на Вашингтон и членките на Обединетите нации. Тоа е движење во егзил, кое е забрането во Иран и е жесток противник на иранските власти.

The post Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран appeared first on Република.

]]>

Албанија денеска ги прекина дипломатските односи со Иран, кого го обвини за масовни сајбер-напади врз земјата, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама. „Советот на министри одлучи веднаш да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република Иран“, рече Рама. Иранската амбасада во Тирана добила официјално известување во кое се бара целиот нејзин дипломатски, технички, административен и безбедносен персонал да ја напушти територијата на Албанија во рок од 24 часа. Рама го обвини Иран дека стои зад „жестокиот сајбер-напад на 15 јули против дигиталната инфраструктура на албанската влада со цел нејзино уништување“. „Длабинската истрага ни обезбеди неоспорен доказ“ дека нападот бил „организиран и спонзориран“ од Техеран, додаде тој. Во 2013 година Албанија прифати да ја пречека Народната муџахединска организација на Иран (ПМОИ) на своја територија, по барање на Вашингтон и членките на Обединетите нации. Тоа е движење во егзил, кое е забрането во Иран и е жесток противник на иранските власти.

The post Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран appeared first on Република.

]]>