аларманто Archives - Република https://republika.mk/tema/alarmanto/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Apr 2024 09:41:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аларманто Archives - Република https://republika.mk/tema/alarmanto/ 32 32 Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО https://republika.mk/zivot/zdravje/alarmantna-e-upotrebata-na-alkohol-i-elektronski-tsigari-kaj-detsata-od-11-do-15-godini-predupreduva-szo/ Thu, 25 Apr 2024 09:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=770873

Консумацијата на алкохол и електронски цигари кај децата на возраст од 11 до 15 години е „алармантна“ и бара „итна“ акција од властите, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денеска.

Широката употреба на штетни материи кај децата во многу земји во европскиот регион и пошироко, претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Тој бара повисоки даноци, ограничувања на продажбата и рекламирањето и забрана на аромите за да се спротивстави на овој тренд.

По неколку години пад на употребата на психоактивни супстанции, „некои податоци сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 предизвика ново зголемување на потрошувачката, се вели во извештајот на СЗО.

Извештајот обединува податоци од 280.000 млади луѓе во Европа, Централна Азија и Канада.

Алкохолот сè уште е супстанцијата која најчесто ја консумираат адолесцентите - 57 отсто од 15-годишниците пиеле алкохолен пијалок барем еднаш, а од десет, речиси четворица консумирале алкохол во последните 30 дена.

СЗО е загрижена поради зголемувањето на потрошувачката на електронски цигари, особено кај адолесцентите.

Транзицијата кон е-цигари како популарен избор во споредба со конвенционалните цигари бара насочени интервенции, се наведува во извештајот и го привлекува вниманието на „штетното поставување“ на овие производи во видео игри, забавни програми и други содржини наменети за младите преку мултимедијални платформи.

The post Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>

Консумацијата на алкохол и електронски цигари кај децата на возраст од 11 до 15 години е „алармантна“ и бара „итна“ акција од властите, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денеска.
Широката употреба на штетни материи кај децата во многу земји во европскиот регион и пошироко, претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.
Тој бара повисоки даноци, ограничувања на продажбата и рекламирањето и забрана на аромите за да се спротивстави на овој тренд. По неколку години пад на употребата на психоактивни супстанции, „некои податоци сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 предизвика ново зголемување на потрошувачката, се вели во извештајот на СЗО. Извештајот обединува податоци од 280.000 млади луѓе во Европа, Централна Азија и Канада. Алкохолот сè уште е супстанцијата која најчесто ја консумираат адолесцентите - 57 отсто од 15-годишниците пиеле алкохолен пијалок барем еднаш, а од десет, речиси четворица консумирале алкохол во последните 30 дена. СЗО е загрижена поради зголемувањето на потрошувачката на електронски цигари, особено кај адолесцентите.