Ал каеда Archives - Република https://republika.mk/tema/al-kaeda/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Apr 2024 11:13:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ал каеда Archives - Република https://republika.mk/tema/al-kaeda/ 32 32 Борел: Македонија и девет други земји се усогласија со дополнителните санкции на ЕУ за ИД и Ал Каеда https://republika.mk/vesti/svet/borel-makedonija-i-devet-drugi-zemji-se-usoglasija-so-dopolnitelnite-sanktsii-na-eu-za-id-i-al-kaeda/ Wed, 10 Apr 2024 11:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=764551

Земјите кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, членките на ЕФТА и Европската економска област - Исланд и Лихтенштајн, како и Ерменија, се усогласија со Одлуката на Советот на ЕУ од 25 март 2024 година за додавање на едно лице и една група на листата на поединци, организации, компании и субјекти кои се предмет на санкции поради поврзаност со терористичките групи Исламска држава (ИД) и Ал Каеда, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Овие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат усогласени со оваа Одлука на Советот. Европската Унија ја нотира и ја поздравува оваа заложба, се наведува во изјавата на Борел во име на ЕУ по повод усогласувањето на 10-те држави со рестриктивните мерки на блокот.

Советот на ЕУ на 25 минатиот месец одлучи на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда да ги додаде Мохамед Ибрахим ал-Шафи Ал Салем, познат како Аба Ал-Сахрави, кој е лидер на групата Исламска држава – Провинција Сахел, што оперира во пограничните област меѓу Буркина Фасо, Нигер и Мали, кои и организацијата Ослободителен фронт на Мацина (Катиба Мацина), која е поврзана со огранокот на Ал Каеда во реонот на Сахел, Група за поддршка на Исламот и муслиманите (ЈНИМ). Катиба Мацина дејствува во централниот дел на Мали, како и во Нигер и Буркина Фасо.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда се наоѓаат вкупно 15 поединци и шест групи. Ним им е замрзнат имотот, а на лица и субјекти од ЕУ им се забранува да им ставаат на располагање средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им е забранет влез на територијата на ЕУ.

Лани на 23 октомври, Советот на ЕУ го продолжи Механизмот на рестриктивни мерки против ИД, Ал Каеда и физички лица, групи, компании и субјекти поврзани со нив, за уште една година до 31 октомври 2024 година.

The post Борел: Македонија и девет други земји се усогласија со дополнителните санкции на ЕУ за ИД и Ал Каеда appeared first on Република.

]]>

Земјите кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, членките на ЕФТА и Европската економска област - Исланд и Лихтенштајн, како и Ерменија, се усогласија со Одлуката на Советот на ЕУ од 25 март 2024 година за додавање на едно лице и една група на листата на поединци, организации, компании и субјекти кои се предмет на санкции поради поврзаност со терористичките групи Исламска држава (ИД) и Ал Каеда, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел. Овие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат усогласени со оваа Одлука на Советот. Европската Унија ја нотира и ја поздравува оваа заложба, се наведува во изјавата на Борел во име на ЕУ по повод усогласувањето на 10-те држави со рестриктивните мерки на блокот. Советот на ЕУ на 25 минатиот месец одлучи на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда да ги додаде Мохамед Ибрахим ал-Шафи Ал Салем, познат како Аба Ал-Сахрави, кој е лидер на групата Исламска држава – Провинција Сахел, што оперира во пограничните област меѓу Буркина Фасо, Нигер и Мали, кои и организацијата Ослободителен фронт на Мацина (Катиба Мацина), која е поврзана со огранокот на Ал Каеда во реонот на Сахел, Група за поддршка на Исламот и муслиманите (ЈНИМ). Катиба Мацина дејствува во централниот дел на Мали, како и во Нигер и Буркина Фасо. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда се наоѓаат вкупно 15 поединци и шест групи. Ним им е замрзнат имотот, а на лица и субјекти од ЕУ им се забранува да им ставаат на располагање средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им е забранет влез на територијата на ЕУ. Лани на 23 октомври, Советот на ЕУ го продолжи Механизмот на рестриктивни мерки против ИД, Ал Каеда и физички лица, групи, компании и субјекти поврзани со нив, за уште една година до 31 октомври 2024 година.

The post Борел: Македонија и девет други земји се усогласија со дополнителните санкции на ЕУ за ИД и Ал Каеда appeared first on Република.

]]>
Убиен основачот на филијалата на Ал Каеда https://republika.mk/vesti/svet/ubien-osnovachot-na-filijalata-na-al-kaeda/ Fri, 05 Apr 2024 05:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=762470

Водачот на ирачките џихадисти во северозападна Сирија, кој го основаше поранешниот огранок на Ал Каеда, е убиен во четвртокот кога бомбаш-самоубиец се разнел во неговата гостинска куќа, соопштија џихадистички извори.

Според нив, Абу Марија ал-Кахтани, чие вистинско име е Мајср ал-Џабури, починал откако пристигнал во болница со тешки рани здобиени кога бомбаш-самоубиец се активирал неколку секунди откако го поздравил во градот Сармада.

Неколку лица се повредени.

Кахтани беше еден од основачите на Фронтот Нусра, поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија, кој се преименуваше во Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) откако ги прекина врските со Ал Каеда.

ХТС ја потврди смртта на Кахтани во објавите на социјалните мрежи и ја обвини ИСИЛ, идеолошки ривалска милитантна група. Во моментов никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Кахтани беше бунтовник кој се бореше против американските сили по инвазијата на Ирак предводена од САД во 2003 година. Тој се пресели во Сирија по 2011 година за да им се придружи на бунтовниците кои се борат против авторитарното владеење на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Кахтани, кој се скара со раководството на ХТС, беше ослободен од затвор минатиот месец, откако помина шест месеци под обвинение за комуникација со забранети груп

The post Убиен основачот на филијалата на Ал Каеда appeared first on Република.

]]>

Водачот на ирачките џихадисти во северозападна Сирија, кој го основаше поранешниот огранок на Ал Каеда, е убиен во четвртокот кога бомбаш-самоубиец се разнел во неговата гостинска куќа, соопштија џихадистички извори. Според нив, Абу Марија ал-Кахтани, чие вистинско име е Мајср ал-Џабури, починал откако пристигнал во болница со тешки рани здобиени кога бомбаш-самоубиец се активирал неколку секунди откако го поздравил во градот Сармада. Неколку лица се повредени. Кахтани беше еден од основачите на Фронтот Нусра, поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија, кој се преименуваше во Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) откако ги прекина врските со Ал Каеда. ХТС ја потврди смртта на Кахтани во објавите на социјалните мрежи и ја обвини ИСИЛ, идеолошки ривалска милитантна група. Во моментов никој не ја презеде одговорноста за нападот. Кахтани беше бунтовник кој се бореше против американските сили по инвазијата на Ирак предводена од САД во 2003 година. Тој се пресели во Сирија по 2011 година за да им се придружи на бунтовниците кои се борат против авторитарното владеење на сирискиот претседател Башар ал Асад. Кахтани, кој се скара со раководството на ХТС, беше ослободен од затвор минатиот месец, откако помина шест месеци под обвинение за комуникација со забранети груп

The post Убиен основачот на филијалата на Ал Каеда appeared first on Република.

]]>
Херцог : Кај членовите на Хамас најдовме инструкции за хемиска бомба на Ал Каеда https://republika.mk/vesti/svet/hertsog-kaj-chlenovite-na-hamas-najdovme-instruktsii-za-hemiska-bomba-na-al-kaeda/ Mon, 23 Oct 2023 10:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=694108

Израелскиот претседател Исак Херцог во интервју за Скај Њуз тврди дека на телото на загинат војник на Хамас е пронајден прирачник за правење хемиско оружје.

Херцог посочи дека упатствата што го носел милитантот на Хамас, на USB-уред се „материјал на Ал Каеда“а во нив има инструкции за тоа како да се користи цијанидот, високотоксична хемикалија.

„Имаме работа со Исламска Држава Ал Каеда и Хамас“, рече Херцог. САД велат дека Израел се согласил да дозволи „континуиран проток“ на помош во Појасот Газа - откако вториот конвој стигна на територијата од Египет.

ОН соопштија дека 14-те камиони што пристигнаа во неделата им дадоа на Палестинците „уште една мала трошка надеж“ - но предупредија дека е потребно ,, многу повеќе“

Хамас го започна својот напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа повеќе од 1.400 луѓе. Официјални лица во Газа велат дека оттогаш повеќе од 4.600 се убиени во Газа .

The post Херцог : Кај членовите на Хамас најдовме инструкции за хемиска бомба на Ал Каеда appeared first on Република.

]]>

Израелскиот претседател Исак Херцог во интервју за Скај Њуз тврди дека на телото на загинат војник на Хамас е пронајден прирачник за правење хемиско оружје. Херцог посочи дека упатствата што го носел милитантот на Хамас, на USB-уред се „материјал на Ал Каеда“а во нив има инструкции за тоа како да се користи цијанидот, високотоксична хемикалија. „Имаме работа со Исламска Држава Ал Каеда и Хамас“, рече Херцог. САД велат дека Израел се согласил да дозволи „континуиран проток“ на помош во Појасот Газа - откако вториот конвој стигна на територијата од Египет. ОН соопштија дека 14-те камиони што пристигнаа во неделата им дадоа на Палестинците „уште една мала трошка надеж“ - но предупредија дека е потребно ,, многу повеќе“ Хамас го започна својот напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа повеќе од 1.400 луѓе. Официјални лица во Газа велат дека оттогаш повеќе од 4.600 се убиени во Газа .

The post Херцог : Кај членовите на Хамас најдовме инструкции за хемиска бомба на Ал Каеда appeared first on Република.

]]>
Затресете го тлото под американските воени бази: Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде https://republika.mk/vesti/svet/zatresete-go-tloto-pod-amerikanskite-voeni-bazi-al-kaeda-gi-povika-sinovite-na-islamot-da-gi-napagaat-evreite-i-nivnite-sojuznitsi-nasekade/ Sat, 14 Oct 2023 07:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=691079

Терористичката мрежа Ал Каеда ги повика симпатизерите да почнат да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници ширум светот.

Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо, се наведува во соопштението објавено вчера преку вообичаените пропагандни канали на терористичката мрежа, пренесе Хина.

Синовите на исламот треба да ги нападнат ционистите“ на улиците на Дубаи, Абу Даби, Саудиска Арабија и Бахреин, пишува Ал Каеда.

Терористичката група ги повика симпатизерите и другите исламисти да им се придружат во борбата.

Исламистичката милитантна група Хамас минатата сабота изврши масакри на југот од Израел, убивајќи над 1.300 лица во израелските погранични градови и на музички фестивал, а повредија 3.391.

Палестинското Министерство за здравство наведе дека во израелскиот одговор досега во Газа се загинати над 1.900 Палестинци, а повеќе од 7.696 се ранети.

Ал Каеда ги повика милитантите да ги нападнат поддржувачите на Израел.

Затресете го тлото под американските воени бази, нивните аеродроми и амбасади во нашите исламски региони. Затоа што од нивните магацини муницијата оди во Израел и паѓа врз главите и градите на нашите браќа Палестинци, се додава во соопштението на терористичката мрежа.

Меѓутоа, останува отворено прашањето колкаво е влијание на оваа терористичка група.

The post Затресете го тлото под американските воени бази: Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде appeared first on Република.

]]>

Терористичката мрежа Ал Каеда ги повика симпатизерите да почнат да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници ширум светот. Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо, се наведува во соопштението објавено вчера преку вообичаените пропагандни канали на терористичката мрежа, пренесе Хина. Синовите на исламот треба да ги нападнат ционистите“ на улиците на Дубаи, Абу Даби, Саудиска Арабија и Бахреин, пишува Ал Каеда. Терористичката група ги повика симпатизерите и другите исламисти да им се придружат во борбата. Исламистичката милитантна група Хамас минатата сабота изврши масакри на југот од Израел, убивајќи над 1.300 лица во израелските погранични градови и на музички фестивал, а повредија 3.391. Палестинското Министерство за здравство наведе дека во израелскиот одговор досега во Газа се загинати над 1.900 Палестинци, а повеќе од 7.696 се ранети. Ал Каеда ги повика милитантите да ги нападнат поддржувачите на Израел. Затресете го тлото под американските воени бази, нивните аеродроми и амбасади во нашите исламски региони. Затоа што од нивните магацини муницијата оди во Израел и паѓа врз главите и градите на нашите браќа Палестинци, се додава во соопштението на терористичката мрежа. Меѓутоа, останува отворено прашањето колкаво е влијание на оваа терористичка група.

The post Затресете го тлото под американските воени бази: Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде appeared first on Република.

]]>
Борците за ИСИС и Ал Каеда, повратници од Сирија и Ирак, не се на листата Безбеден град? https://republika.mk/vesti/makedonija/bortsite-za-isis-i-al-kaeda-povratnitsi-od-sirija-i-irak-ne-se-na-listata-bezbeden-grad/ Tue, 21 Mar 2023 12:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=622042

Оливер Спасовски бега од одговори кога и дали е извршен претрес и дали е одземен калашниковот од куќниот пријател на Сашо Тасевски од Ласкарци, потсети на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Спасовски бега од одговор дали во МВР има регистрирано пиштол Глок 9 мм на име од листата за проверки Безбеден град, а сега бега од одговори и дали и зошто борци-повратниците од Сирија и Ирак, доброволците во ИСИС и Ал Каеда, не се на листата Безбеден Град, вклучително и членови од повеќе познати криминални групи во Скопје. Борците од ИСИС и Ал Каеда се познати по суровоста, минале низ траумите, сведочеле или можеби извршувале ѕверства, а сега не се дел од листата на МВР од лица безбедносен интерес? Дали Спасовски и МВР веруваат дека овие луѓе не би требало да бидат дел од безбедносниот интерес во Скопје? Дали можеби криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон, се непознати за полицијата па нивни членови нема на листата Безбеден град? Спасовски може да продолжи да бега од одговори и одговорност, но факт е дека Скопје и Македонија се дават во насилен криминал, факт е дека затвореници излегуваат кога сакаат, а брутални мафијашки ликвидации се случуваат на 300 метри од владата. Сето тоа е резултат на фактот дека нема јасна линија на поделба на криминалци и оние што се борат против криминалот, уште повеќе, што институциите шуруваат со криминалот, рече тој.

https://youtube.com/watch?v=bw14cpNF48s&feature=shares

The post Борците за ИСИС и Ал Каеда, повратници од Сирија и Ирак, не се на листата Безбеден град? appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски бега од одговори кога и дали е извршен претрес и дали е одземен калашниковот од куќниот пријател на Сашо Тасевски од Ласкарци, потсети на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Спасовски бега од одговор дали во МВР има регистрирано пиштол Глок 9 мм на име од листата за проверки Безбеден град, а сега бега од одговори и дали и зошто борци-повратниците од Сирија и Ирак, доброволците во ИСИС и Ал Каеда, не се на листата Безбеден Град, вклучително и членови од повеќе познати криминални групи во Скопје. Борците од ИСИС и Ал Каеда се познати по суровоста, минале низ траумите, сведочеле или можеби извршувале ѕверства, а сега не се дел од листата на МВР од лица безбедносен интерес? Дали Спасовски и МВР веруваат дека овие луѓе не би требало да бидат дел од безбедносниот интерес во Скопје? Дали можеби криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон, се непознати за полицијата па нивни членови нема на листата Безбеден град? Спасовски може да продолжи да бега од одговори и одговорност, но факт е дека Скопје и Македонија се дават во насилен криминал, факт е дека затвореници излегуваат кога сакаат, а брутални мафијашки ликвидации се случуваат на 300 метри од владата. Сето тоа е резултат на фактот дека нема јасна линија на поделба на криминалци и оние што се борат против криминалот, уште повеќе, што институциите шуруваат со криминалот, рече тој.
https://youtube.com/watch?v=bw14cpNF48s&feature=shares

The post Борците за ИСИС и Ал Каеда, повратници од Сирија и Ирак, не се на листата Безбеден град? appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Ал Каеда се појави на видео-снимка покрај гласините за неговата смрт https://republika.mk/vesti/svet/liderot-na-al-kaeda-se-pojavi-na-video-snimka-pokraj-glasinite-za-negovata-smrt/ Thu, 07 Apr 2022 07:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=484495

Лидерот на терористичката група Ал Каеда се појави на видео-снимка, со што ги отфрли гласините за негова смрт.

Во едно од ретките негови објавени видео-снимки Ајман ал Завахри кој беше заменик на Осама бин Ладен, ја фали индиската муслиманката која во февруари јавно се спротивстави на забраната на властите во југозападната индиска држава Карнатака за носење традиционалниот хиџаб.

Снимката е прв доказ дека Ал Завахри е жив, за кој се ширеа шпекулации дека е мртов повеќе од две години.

Ал Завахри ја презеде функцијата лидер на Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, од страна на американската морнарица за време на ноќниот напад во Пакистан каде што се криеше.

Се смета дека Ал Завахри се наоѓа некаде во северозападните авганистански провинции Кунар и Бадакшан на границата со Пакистан. Пограничниот регион долж непристапните планински масиви служел како засолниште за голем број вооружени групи.

The post Лидерот на Ал Каеда се појави на видео-снимка покрај гласините за неговата смрт appeared first on Република.

]]>

Лидерот на терористичката група Ал Каеда се појави на видео-снимка, со што ги отфрли гласините за негова смрт. Во едно од ретките негови објавени видео-снимки Ајман ал Завахри кој беше заменик на Осама бин Ладен, ја фали индиската муслиманката која во февруари јавно се спротивстави на забраната на властите во југозападната индиска држава Карнатака за носење традиционалниот хиџаб. Снимката е прв доказ дека Ал Завахри е жив, за кој се ширеа шпекулации дека е мртов повеќе од две години. Ал Завахри ја презеде функцијата лидер на Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, од страна на американската морнарица за време на ноќниот напад во Пакистан каде што се криеше. Се смета дека Ал Завахри се наоѓа некаде во северозападните авганистански провинции Кунар и Бадакшан на границата со Пакистан. Пограничниот регион долж непристапните планински масиви служел како засолниште за голем број вооружени групи.

The post Лидерот на Ал Каеда се појави на видео-снимка покрај гласините за неговата смрт appeared first on Република.

]]>