акцелератор Archives - Република https://republika.mk/tema/aktselerator/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 09:43:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png акцелератор Archives - Република https://republika.mk/tema/aktselerator/ 32 32 Таравари: Акцелераторот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-aktseleratorot-se-ushte-ne-e-vo-shtip-se-chuva-nekade-najverojatno-ushte-ne-e-raspakuvan-i-vooshto-ne-e-koristen/ Fri, 20 Sep 2024 09:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=818109

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека акцелераторот во Штип воопшто не е користен, ниту е распакуван. Не е лошо, истакна Таравари, да се размисли дали може акцелераторот да се стави во употреба каде било.

Вчера бев во штипската Болница, го прашав раководството каде е апаратот. За жал, апаратот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен. Не е лошо да се размислува за идејата дали може да се стави во употерба каде било, зашто воопшто не е користен. Таму бункерот не е среден за да се распакува апаратот кој не е ни отворен, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат.

 

The post Таравари: Акцелераторот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека акцелераторот во Штип воопшто не е користен, ниту е распакуван. Не е лошо, истакна Таравари, да се размисли дали може акцелераторот да се стави во употреба каде било. Вчера бев во штипската Болница, го прашав раководството каде е апаратот. За жал, апаратот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен. Не е лошо да се размислува за идејата дали може да се стави во употерба каде било, зашто воопшто не е користен. Таму бункерот не е среден за да се распакува апаратот кој не е ни отворен, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат.  

The post Таравари: Акцелераторот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен appeared first on Република.

]]>
Kaко работела минатата власт: Акцелератор купен пред 10 години за два милиони евра веќе е амортизиран и треба да се фрли https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-rabotela-minatata-vlast-aktselerator-kupen-pred-10-godini-za-dva-milioni-evra-veke-e-amortiziran-i-treba-da-se-frli/ Fri, 05 Jul 2024 16:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=793895

Милиони евра скапи апарати ќе завршат во отпад наместо да им бидат од корист на пациентите.

Акцелераторот купен за штипската болница уште во 2014 година се уште е запакуван и веќе амортизиран и здравствените власти стравуваат дека неможе да биде во функција. Од Министеството за здравство ќе разговараат со фирмата, но мали се шансите дека ќе проработи. Кога пред една деценија здравствените власти дадоа 2 милиони евра за негова набавка, целта беше за неколку месеци илјадници болни од истокот за зрачна терапија да одат во Штип.

– Треба да се преземаат одредени мерки. Ако апарат не може да се користи мислам дека сме доста несериозни и неодговорни, купуваме апарат од 2 милиони евра. Никогаш не го користиме и веќе е амортизиран и треба плус да се плати за да се фрли, вели Арбен Таравари, министер за здравство.

Освен штипскиот, десет години иако купени не се во функција и аклецераторите во битолската болница и ГОБ 8-ми септември. За нив беа потрошени околу 5 милиони евра, но освен сликања и промовирања на премиери и министри, никако да почнат со работа. Оваа апаратура и онколошките амбуланти во овие установи кои исто така не се во функција, се неопходни за децентрализација на онколошките услуги и сите малигно болни да не одат на Онкологија. Ова е и еден од приоритетите на Таравари кој денеска со директорот на Фондот ја посетија клиниката. Итни вработувања но и повеќе пари за биолошка терапија. Ги пречекаа и пациенти кои подолг период алармираат и бараат соодветен третман.

-Имаме информација дека нема дел од терапијата и дека пациенти се враќаат и не ја примаат?

-Работиме на проблемот да го решиме во најбрз можен рок и се надеваме дека брзо ќе го имаме лекот, вели проф. д-р  Игор Стојковски, директор на Клиника за Онкологија.

-Сега претстои ребаланс на буџетот и ќе направиме максимални напори да ги обезбедите неопходните буџети и на Онкологија, и Хематологија и другите установи кои имаат условен буџет, вели Сашо Клековски –директор на Фонд за здравствено осигурување

Онколошките пациенти закажаа средби и со министерот и со директорот на Фондот. Од исходите на разговорите ќе знаат дали терапијата за малигно болните во земјата ќе биде нова и современа како во многу држави.

Клиниката е во фокусот на јавноста со месеци по избивање на скандалот со препордажба на биолошки лекови. Истрагата од Обвинителството се уште е во тек

The post Kaко работела минатата власт: Акцелератор купен пред 10 години за два милиони евра веќе е амортизиран и треба да се фрли appeared first on Република.

]]>

Милиони евра скапи апарати ќе завршат во отпад наместо да им бидат од корист на пациентите. Акцелераторот купен за штипската болница уште во 2014 година се уште е запакуван и веќе амортизиран и здравствените власти стравуваат дека неможе да биде во функција. Од Министеството за здравство ќе разговараат со фирмата, но мали се шансите дека ќе проработи. Кога пред една деценија здравствените власти дадоа 2 милиони евра за негова набавка, целта беше за неколку месеци илјадници болни од истокот за зрачна терапија да одат во Штип.
– Треба да се преземаат одредени мерки. Ако апарат не може да се користи мислам дека сме доста несериозни и неодговорни, купуваме апарат од 2 милиони евра. Никогаш не го користиме и веќе е амортизиран и треба плус да се плати за да се фрли, вели Арбен Таравари, министер за здравство.
Освен штипскиот, десет години иако купени не се во функција и аклецераторите во битолската болница и ГОБ 8-ми септември. За нив беа потрошени околу 5 милиони евра, но освен сликања и промовирања на премиери и министри, никако да почнат со работа. Оваа апаратура и онколошките амбуланти во овие установи кои исто така не се во функција, се неопходни за децентрализација на онколошките услуги и сите малигно болни да не одат на Онкологија. Ова е и еден од приоритетите на Таравари кој денеска со директорот на Фондот ја посетија клиниката. Итни вработувања но и повеќе пари за биолошка терапија. Ги пречекаа и пациенти кои подолг период алармираат и бараат соодветен третман. -Имаме информација дека нема дел од терапијата и дека пациенти се враќаат и не ја примаат?
-Работиме на проблемот да го решиме во најбрз можен рок и се надеваме дека брзо ќе го имаме лекот, вели проф. д-р  Игор Стојковски, директор на Клиника за Онкологија.
-Сега претстои ребаланс на буџетот и ќе направиме максимални напори да ги обезбедите неопходните буџети и на Онкологија, и Хематологија и другите установи кои имаат условен буџет, вели Сашо Клековски –директор на Фонд за здравствено осигурување Онколошките пациенти закажаа средби и со министерот и со директорот на Фондот. Од исходите на разговорите ќе знаат дали терапијата за малигно болните во земјата ќе биде нова и современа како во многу држави. Клиниката е во фокусот на јавноста со месеци по избивање на скандалот со препордажба на биолошки лекови. Истрагата од Обвинителството се уште е во тек

The post Kaко работела минатата власт: Акцелератор купен пред 10 години за два милиони евра веќе е амортизиран и треба да се фрли appeared first on Република.

]]>
Констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија, како и во битолската болница https://republika.mk/vesti/makedonija/konstatirani-se-nepravilnosti-na-klinikata-za-onkologija-kako-i-vo-bitolskata-bolnitsa/ Sun, 08 Oct 2023 09:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=689144

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во интервју за „Радио Слободна Европа“ посочува дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија и во Битолската болница.

Ацевски вели дека тоа што е идентично за двете клиники е дека двете институции располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но поради несоздадени услови дадена е поголема сума на средства, а апаратите не се ставени во функција.

Како што вели, за Клиниката за онкологија е контатирано и дека имало проблем и во начинот на кој се водело издавањето на терапијата.

Ако ја погледнете содржината на конечниот ревизорски извештај или резимето, утврдено е дека има проблем во начинот на кој се водело издавањето на терапијата, лицата кои се ставаат на терапија, набавката на терапија и евиденцијата. Според пресметките, терапијата која е набавена е во износ од 6 милиони евра и се гледа дека е евидентирана на крај на годината. Негативно во работата на клиниката е што има голем број обврски кои се преземени надвор од предвидениот буџет за нејзино работење, вели Ацевски.

Прашан дали е побарана помош од истражителите, Ацевски појаснува дека доказите до кои доаѓаат ревизорите се чуваат во електронска форма и се што располагаат се предава на јавното обвинителство.

За Општата болница во Битола, ревизорите констатирале неправилности во делот на исполнувањето на законскиот минимум за работни часови за редовно работно време наспроти поголемата исплата за дежурства и во исто време ангажирањето на ист медицински персонал во други медицински установи.

The post Констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија, како и во битолската болница appeared first on Република.

]]>

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во интервју за „Радио Слободна Европа“ посочува дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија и во Битолската болница. Ацевски вели дека тоа што е идентично за двете клиники е дека двете институции располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но поради несоздадени услови дадена е поголема сума на средства, а апаратите не се ставени во функција. Како што вели, за Клиниката за онкологија е контатирано и дека имало проблем и во начинот на кој се водело издавањето на терапијата.
Ако ја погледнете содржината на конечниот ревизорски извештај или резимето, утврдено е дека има проблем во начинот на кој се водело издавањето на терапијата, лицата кои се ставаат на терапија, набавката на терапија и евиденцијата. Според пресметките, терапијата која е набавена е во износ од 6 милиони евра и се гледа дека е евидентирана на крај на годината. Негативно во работата на клиниката е што има голем број обврски кои се преземени надвор од предвидениот буџет за нејзино работење, вели Ацевски.
Прашан дали е побарана помош од истражителите, Ацевски појаснува дека доказите до кои доаѓаат ревизорите се чуваат во електронска форма и се што располагаат се предава на јавното обвинителство. За Општата болница во Битола, ревизорите констатирале неправилности во делот на исполнувањето на законскиот минимум за работни часови за редовно работно време наспроти поголемата исплата за дежурства и во исто време ангажирањето на ист медицински персонал во други медицински установи.

The post Констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија, како и во битолската болница appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за онкологија ќе се инсталира нов акцелератор https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-onkologija-ke-se-instalira-nov-aktselerator/ Tue, 19 Sep 2023 14:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=683195

Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија ќе се инсталира линеарен акцелератор за потребите на онколошките пациенти.

На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20 години.

Во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години. Министерството за здравство ангажираше професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор. По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат“, соопштуваат од МЗ.

Оттаму додаваат дека и покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено. На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија.

 

The post На Клиниката за онкологија ќе се инсталира нов акцелератор appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија ќе се инсталира линеарен акцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20 години.
Во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години. Министерството за здравство ангажираше професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор. По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат“, соопштуваат од МЗ.
Оттаму додаваат дека и покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено. На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија.  

The post На Клиниката за онкологија ќе се инсталира нов акцелератор appeared first on Република.

]]>