академик Живко Попов Archives - Република https://republika.mk/tema/akademik-zhivko-popov/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 14:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png академик Живко Попов Archives - Република https://republika.mk/tema/akademik-zhivko-popov/ 32 32 Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ https://republika.mk/vesti/kultura/akademik-zhivko-popov-e-nov-pretsedatel-na-manu/ Mon, 27 Nov 2023 14:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=716841

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите, на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов. Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава.

Академик Попов (роден на 23 јуни 1950 година во Кавадарци) е македонски хирург, професор и научник од областа на урологијата и медицинските науки. Попов објавил над 70 научно-стручни трудови во домашни и меѓународни научни списанија. За редовен член на МАНУ е избран на 27 мај 2009 година.

Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов - претседател, акад. Алајдин Абази - потпретседател, акад. Витомир Митевски - потпретседател, доп. член Блажо Боев - секретар, акад. Ѓорги Поп-Атанасов - секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, акад. Владо Камбовски - секретар на Одделението за општествени науки, акад. Нада Поп-Јорданова - секретар на Одделението за медицински науки, акад. Љупчо Коцарев - секретар на Одделението за технички науки, акад. Дончо Димовски - секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, акад. Влада Урошевиќ - секретар на Одделението за уметност, - акад. Глигор Каневче - избран член.

На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.

The post Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ appeared first on Република.

]]>

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите, на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов. Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава. Академик Попов (роден на 23 јуни 1950 година во Кавадарци) е македонски хирург, професор и научник од областа на урологијата и медицинските науки. Попов објавил над 70 научно-стручни трудови во домашни и меѓународни научни списанија. За редовен член на МАНУ е избран на 27 мај 2009 година. Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов - претседател, акад. Алајдин Абази - потпретседател, акад. Витомир Митевски - потпретседател, доп. член Блажо Боев - секретар, акад. Ѓорги Поп-Атанасов - секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, акад. Владо Камбовски - секретар на Одделението за општествени науки, акад. Нада Поп-Јорданова - секретар на Одделението за медицински науки, акад. Љупчо Коцарев - секретар на Одделението за технички науки, акад. Дончо Димовски - секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, акад. Влада Урошевиќ - секретар на Одделението за уметност, - акад. Глигор Каневче - избран член. На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.

The post Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ appeared first on Република.

]]>