академик Владо Камбовски Archives - Република https://republika.mk/tema/akademik-vlado-kambovski/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Jun 2023 09:50:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png академик Владо Камбовски Archives - Република https://republika.mk/tema/akademik-vlado-kambovski/ 32 32 Поранешниот претседател на МАНУ Камбовски смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот не заслужува толквава бура во јавноста https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-pretsedatel-na-manu-kambovski-smeta-deka-vnesuvaneto-na-bugarite-vo-ustavot-ne-zasluzhuva-tolkvava-bura-vo-javnosta/ Thu, 22 Jun 2023 09:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=653969

Академикот Владо Камбовски денеска изјави дека прашањето за уставните измени не заслужуваат толкава бура во јавноста, бидејќи со иницијативата за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот „тропаме на отворена врата“. Тие, потенцира академикот, се внесени во Уставот како заедница затоа што во Преамбулата постои генерална клаузула која зборува и за „други народи односно заедници“.

- Јас мислам дека е потребен дијалог во кој треба некои разумни аргументи. Значи не можеме во овој период да се водиме од страсти или стравувања, конкретно во однос на уставните амандмани. Околу едно прашање кое не заслужува да предизвика таква бура, да речам, и чувствата на луѓето. Еве конкретно за тоа прашање, бидејќи тоа е дел од овој период на обврски што треба да остварат. Па ние со тоа, таа иницијатива всушност за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот тропаме на отворена врата, бидејќи тие се внесени во Уставот како заедница затоа што во преамбулата постои генерална клаузула која зборува за други народи, односно заедници. А во посебните одредби што се однесуваат на правата на припадниците на заедницата, постои потполна изедначеност на сите заедници било тие да се признати или не се признати, истакна академикот Камбовски.

Тој посочи и на меѓународните конвенции кои поаѓаат од ставот дека една заедница, национална, етничка, религиозна..., која и да е, постои со самото свое постоење без оглед дали е призната формално или не е призната во Уставот или во другите акти на државата, бидејќи се работи за права, колективни права итн.

- Зборот ми е низ еден разумен, трезвен дијалог без политички калкулации, без манипулирање, без непотребен популизам итн... нека се слуша малку мудриот глас на научната јавност и нека се дебатира со аргументи во однос на сите одбрани исклучителни прашања за кои сакаме да дебатираме со аргументи, без некакво политикантство или калкулации што тоа ќе значи за една партија, за друга партија, туку поаѓајќи од еден општ интерес и на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат во Република Македонија, рече академикот Камбовски во изјава за медиумите пред почетокот на Конференција за забрзување на процесот за пристапување во ЕУ во МАНУ.

The post Поранешниот претседател на МАНУ Камбовски смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот не заслужува толквава бура во јавноста appeared first on Република.

]]>

Академик Камбовски: Промената на Уставот треба да биде наша одлука https://republika.mk/vesti/makedonija/akademik-kambovski-promenata-na-ustavot-treba-da-bide-nasha-odluka/ Wed, 23 Feb 2022 11:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=462437

Сите прашања околу положбата на етнички заедници, групи и слично се прашања на секоја една држава. Некоја држава може да сугерира што било, но прашањето зависи од нас самите, од нашата одлука. Значи ние имаме механизми за тоа, ако се поведува иницијатива за промени на Уставот, тоа треба да биде наша одлука, изјави денеска академик Владо Камбовски пред Годишното Собрание на МАНУ, одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на Софија за внесување на Бугарите во Уставот.

Камбовски тоа не го оценува како мешање во внатрешните работи на земјава, бидејќи, како што рече, тука никој не може да се меша и да диктира што ќе правите.

Тоа самите го правите или не го правите, поаѓајќи од тоа дека ако оцените дека треба да го правите, тоа го правите аргументирајќи го својот потег со меѓународните стандарди, со постојната уставна рамка, стандардите за човекови права и слично, рече Камбовски.

Тој посочи дека вчера имале расправа на тема уставно правна заштита на правото на здрава животна средина, при која дошле до истата констатација дека е нужно да се изврши реформа на еден важен дел од Уставот, а тоа е делот кој се однесува на Уставниот суд и на уставно правната заштита по можност и со воведување на институтот на уставна тужба за заштита на основните човекови слободи и права.

Десетици амандмани досега се извршени откако е донесен Уставот, но притоа се запоставени некои клучни подрачја на Уставот и неговите измени кои ги тангираат основните чоекови слободи и права, функционирањето на институциите итн. Главно бевме во сите тие амандмани опседнати со прашања кои се исто така важни, но така да кажам ги запоставивме другите прашања со кои треба да се претставиме пред меѓународната заедница воопшто и не само заради претставување туку и заради нас самите, што го подигаат квалтиетот на човековите права, нивната еднаквост и нивната заштита, рече Камбовски.

Додаде дека биле фокусирани на преамбулата на Уставот, на одредбите кои се однесуваат на меѓуетничките или националните односи итн. и тие, како што нагласи, се релативно добро уредени.

Но, во делот на институциите честопати наидувавме на брони уставни празнини или недоречености. Да ги спомнам само уставните одредби кои се однесуваа на конституирањето на Собранието кои малку проади нејаснотијата на уставните одредби, повеќе заради лошото толкување, предизвикаа неколкумесечна блокада на собранието што резултираше со фамозниот црн понеделник. Според тоа, тоа прашање ќе биде отворено, а ние, како академија, како центар за стратегиски истражувања оваа година планираме една серија на расправи со сите овие научни кругови, со колегите од уставниот суд, со колегите од судовите на тема уставни промени, а можеби и ревизија на цел устав од почеток, рече Камбовски.

The post Академик Камбовски: Промената на Уставот треба да биде наша одлука appeared first on Република.

]]>

Сите прашања околу положбата на етнички заедници, групи и слично се прашања на секоја една држава. Некоја држава може да сугерира што било, но прашањето зависи од нас самите, од нашата одлука. Значи ние имаме механизми за тоа, ако се поведува иницијатива за промени на Уставот, тоа треба да биде наша одлука, изјави денеска академик Владо Камбовски пред Годишното Собрание на МАНУ, одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на Софија за внесување на Бугарите во Уставот. Камбовски тоа не го оценува како мешање во внатрешните работи на земјава, бидејќи, како што рече, тука никој не може да се меша и да диктира што ќе правите.