академик Љупчо Коцарев Archives - Република https://republika.mk/tema/akademik-ljupcho-kocarev/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 11:39:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png академик Љупчо Коцарев Archives - Република https://republika.mk/tema/akademik-ljupcho-kocarev/ 32 32 Коцарев: Фразата „или ЕУ или изолација“ е чиста манипулација https://republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-frazata-ili-eu-ili-izolatsija-e-chista-manipulatsija/ Sun, 24 Dec 2023 11:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=726141

На крајот од годинава завршува четиригодишниот мандат на сѐ уште актуелниот претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Љупчо Коцарев. Негов наследник на оваа позиција е академик Живко Попов. Во текот на својот претседателски мандат, академик Коцарев покажа сериозна сензибилност, одговорност и претприемчивост спрема државно-општествените предизвици што ѝ се случуваа на Македонија. Во интервју за весникот „Нова Македонија“ Коцарев го заокружува своето четиригодишно претседателствување со МАНУ.

Каква е целта на упорното повторување: „или ЕУ или изолација“? Можеби сеење страв и раздор? Изразот ‘или интеграција во ЕУ или изолација’ е празна фраза, манипулација, вели Коцарев.

Тој потсетува дека неговиот мандат во поширок општествен контекст го одбележаат дивеење на извршната, законодавната и на судската власт,  негирање на постоењето на македонскиот народ и неговиот идентитет, поради Договорот со Бугарија од август 2017 година и протоколите за неговата примена, како и поради Договорот со Грција и  промената на Уставот во 2019 година.

Рамковната позиција на Бугарија од октомври 2019 година гласи: ‘Јазичната норма прогласена како уставен јазик во * Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и на неговите дијалекти во поранешната југословенска република, по нивната кодификација во 1944 година. Ниту еден документ/изјава во процесот на пристапување не може да се смета како признавање од бугарската страна на постоењето на т.н. ‘македонски јазик’, одвоен од бугарскиот’. Се обидов во минатите четири години да придонесам МАНУ да продолжи да биде водилка во изнаоѓањето достоинствена иднина за Македонија и за нејзините граѓани. МАНУ е еден од темелите на државноста на Македонија. Изразот ‘или интеграција во ЕУ или изолација’ е празна фраза, манипулација. Велика Британија, Исланд, Норвешка, Турција, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Ватикан, Монако, Швајцарија, на пример, не се членки на ЕУ и не се изолирани држави. Не е ниту Македонија членка на ЕУ и не е изолирана држава. Дали сегашните политички елити ќе почнат со изолација на Македонија, ако не почнат пристапните преговори?“, вели Коцарев.

Единствен компромис за можна промена на Уставот, додава тој, е Бугарија да признае неколку научни факти.

Единствен компромис за можна промена на Уставот, иако токму барањето за таква промена е бесмислено и јас гласно порачувам „НЕ“ за промена на Уставот, би било најпрво признавање од бугарската страна на следните научни факти: (а) постоење на дел од македонскиот народ (македонското етничко малцинство) во Бугарија, (б) македонскиот јазик има просторен и милениумски континуитет и не е бугарски дијалект и (в) Македонците и Бугарите немаат заедничка историја, туку само споделени места во историјата. А потоа, можеби, промена на Уставот“, објаснува Коцарев.

Мандатот на Коцарев на чело на МАНУ истекува на крајот на годинава, а негов наследник е академик Живко Попов.

The post Коцарев: Фразата „или ЕУ или изолација“ е чиста манипулација appeared first on Република.

]]>

Коцарев: Сите да кажеме моќно НЕ на уставните промени, на жестоките и бескрупулозни притисоци! https://republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-site-da-kazheme-mokno-ne-na-ustavnite-promeni-na-zhestokite-i-beskrupulozni-pritisotsi/ Tue, 25 Jul 2023 11:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=665093

Време е сите едногласно да им кажеме НЕ на уставните промени под овие услови, време е да им кажеме НЕ на сите притисоци со коишто, со невиденажестокост и бескрупулозно, катадневно се соочуваат граѓаните на
Македонија. Промени во Уставот се можни само тогаш кога Македонија ќе стане рамноправна членка на ЕУ – жестоко реагира академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „Монолози маскирани како дијалог“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

The post Коцарев: Сите да кажеме моќно НЕ на уставните промени, на жестоките и бескрупулозни притисоци! appeared first on Република.

]]>

Време е сите едногласно да им кажеме НЕ на уставните промени под овие услови, време е да им кажеме НЕ на сите притисоци со коишто, со невиденажестокост и бескрупулозно, катадневно се соочуваат граѓаните на Македонија. Промени во Уставот се можни само тогаш кога Македонија ќе стане рамноправна членка на ЕУ – жестоко реагира академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „Монолози маскирани како дијалог“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

The post Коцарев: Сите да кажеме моќно НЕ на уставните промени, на жестоките и бескрупулозни притисоци! appeared first on Република.

]]>
Академик Коцарев: Сè додека Македонија ја водат сервилни, лукративни и неуки луѓе, нема да има просперитет https://republika.mk/vesti/makedonija/akademik-kocarev-se-dodeka-makedonija-ja-vodat-servilni-lukrativni-i-neuki-lugje-nema-da-ima-prosperitet/ Fri, 07 Oct 2022 13:15:35 +0000 https://republika.mk/?p=558433

Нема да има просперитет во земјава ако државата продолжат да ја водат сервилни, лукративни, манипулативни, самобендисани и неуки луѓе кои себеси се нарекуваат политичари. Ваква порака денеска испрати претседателот на МАНУ, Академик Љупчо Коцарев, во обраќањето по повод Одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите.

Во Македонија веќе повеќе години, прашањата поврзани со владеење на правото, се поврзани со политиката, односно со погрешно решавање на проблемите. Практика која стана пресудна за иднината на државата. Тоа треба еднаш засекогаш да престане. Ваквиот начин на владеење, создаде држава со партиски кадри, кои го погазуваат Уставот, ги погазуваат законите и процедурите. Законите ги толкуваат произволно и во сопствена корист, и институциите сами си земаат за право да одлучуваат дали е нешто уставно или не, изјави Коцарев.

Тој им порача на политичарите без интегритет, кои се манипулативни, сервилни и самобендисани, да престанат да се занимаваат со политика, и да им дадат можност на луѓето кои навистина сакаат да работат во интерес на државата.

The post Академик Коцарев: Сè додека Македонија ја водат сервилни, лукративни и неуки луѓе, нема да има просперитет appeared first on Република.

Академик Коцарев: Потребна ни е револуција на умот и совеста https://republika.mk/vesti/makedonija/akademik-kocarev-potrebna-ni-e-revolucija-na-umot-i-sovesta/ Wed, 07 Sep 2022 10:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=548260

Насловот на денешниов текст е позајмен од латинската поговорка „Hannibal ante portas“, или „Ханибал е пред портите“, но Ханибал го заменив со МАНУ. Имено, познатиот картагински генерал во еден период бил синоним за најголемата опасност што му се заканувала на Рим, па затоа изреката се користи за да означи „закана од најголема опасност“. Но зошто и за кого записите и личните ставови на претседателот на МАНУ (прв меѓу еднаквите во МАНУ, како и другите членови, има право на свое мислење), па дури индиректно и на МАНУ, наеднаш станаа „најголема опасност“? Одговор на тоа прашање, кое во последно време станува сѐ поактуелно, ќе се обидам да дадам во продолжение на текстот, пишува академик Љупчо Коцарев за „Нова Македонија“.

Одговорот на првиот дел од прашањето – зошто МАНУ е „најголема опасност“, е едноставен: поради активните обиди за промовирање и претставување на научната вистина, со којашто не сакаат да се соочат одредени политичари и нивните апологети. Во морето на манипулативни, ненаучни и бескорисни информации, на што да веруваме? На научните факти, базирани на истражувањата на истакнатиот палеославист академик Ѓорги Поп-Атанасов, кои се однесуваат на „Охридската книжевна школа наспроти Плисковско-преславската – одлики и разлики“, на истражувањата на светски реномираниот византолог академик Цветан Грозданов, кои се однесуваат на иконите и фреските со портретите на Св. Климент и Св. Наум, на истражувањата на голем број светски научници, за кои, за жал, просторот не ми дозволува да се осврнам подетално, или на конфликтните, научно непринципиелните и несоодветните политички одлуки на историчарот Драги Ѓоргиев, во врска со кој секојдневно испливуваат на површината нови информации што создаваат сѐ повеќе сомнежи за неговиот пристап во работата!

Ако зборот „македонизам“ подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ, чиј национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, во соседството (вклучувајќи ги тука и Грција, Бугарија и Албанија) и низ целиот свет – факти што се верификувани од светската наука, тогаш дали документите што ги негираат тие факти и промовираат невистини, лаги и манипулации, Македонците треба да не ги прифаќаат и да ги осудат? Или, којзнае по кој пат, ќе молчиме со наведнати глави!?

Притоа, треба да биде јасно дека отфрлањето на таквите документи не значи дека Македонците се против ЕУ, туку, напротив, тие се за ЕУ, но за унија во која Македонците ќе бидат рамноправен и достоинствен народ со сите други народи во ЕУ. Во овој контекст, можам со сигурност да тврдам дека членовите на МАНУ, особено јас, како нејзин претседател, никогаш и никаде не сме ги негирале и нема да ги негираме националниот интерес и достоинството на другите етнички заедници во државата, но зошто борбата за остварување и зачувување на националниот интерес и на достоинството на Македонците се восприема како дејство што им нанесува штета на другите етнички заедници во Македонија, особено кога за состојбата во која се наоѓаат Македонците, поголемиот дел од Македонците, вклучувајќи ме и мене, ги обвинуваат единствено македонските политичари – лукративните недостоинствени подлизурковци! Да подвлечам, да нема забуна, бидејќи Албанците во Македонија никогаш не се сметале и нема да се сметаат за Македонци со албанско етничко потекло, синтагмата „македонски политичари“, всушност, означува политичари од македонско етничко потекло.

Одговорот на вториот дел од прашањето – за кого МАНУ е „најголема опасност“, е повторно едноставен: за политичките и владејачките елити и нивните апологети за кои промовирањето на научноистражувачката вистина и факти им претставува опасност за нивните високи општествени позиции. Но зошто? Тогаш, неминовно, прво, треба да се прашаме каков е нивниот пристап во адресирањето на општествените предизвици со кои се соочува Македонија. Пристапот што најмногу се практикува во Македонија, за жал, можеби најдобро се опишува со зборовите: вкопани во своите ровови, двете најголеми македонски партии, политичарите и нивните верни сенки, изгубените души, кои сè уште не нашле мир – интелектуалци, професори, аналитичари и новинари, водат војна и по медиумите и на социјалните мрежи за „доброто“ на Македонија, при што не избираат средства, бескрупулозно лажат и манипулираат. Повеќепати критички ги анализирав двата периода на владеењето во Македонија, од 2006 до 2016 година и од 2017 до денес, периоди коишто најдобро се карактеризираат со синтагмите „заробена држава“ и „понижена држава“, соодветно.

Поголем дел од тие што, со право, до 2016 година, пишуваа, говореа и укажуваа на негативните последици од владеењето во тој период, и денес, упорно, вкопани во своите ровови, го прават тоа, бесполезно повторувајќи ги веќе кажаните работи, а не сакајќи да видат дека живееме во период на најголема морална криза, период кога македонскиот народ е, во континуитет, понижуван. Но тука не е крајот на трагичноста. Триесетгодишната историја на Македонија нѐ учи дека не е важно кој во моментот владее, поголем дел од оние што се наоѓаат во рововите ќе останат таму, можеби ќе сменат страни, но ќе бидат внатре во нив, т.е. во своите удобни функционерски фотелји, а борбите ќе продолжат со несмалена жестина, при што, без индикации дека воопшто ќе завршат, најверојатно ќе траат во недоглед, до целосно истребување и изумирање на Македонците.

Манипулациите на членовите на политичките партии делумно може да се разберат, но не да се оправдаат – тие се лукративни властољупци, кои се способни на сѐ: и на продажба и на предавство. Меѓутоа, тоа што не може да се разбере се манипулациите на првиот човек на државата, чија должност е, во согласност со уставните одредби, неспојлива со вршење друга јавна функција, професија или функција во политичка партија, а, сепак, толку отворено работи во функција на одредена политичка партија. На моите аргументирани укажувања дека господинот Пендаровски лаже и манипулира, тој упорно го прави токму тоа, единственото нешто што знае да го прави и по што ќе биде запомнет во историјата. Има премногу примери, но еве го најновиот: коментирајќи ги моите текстови, тој вели: „Македонија е таква, постои внатрешна структура и ти ако почнеш да викаш Македонците се разнебитуваат против Албанците и Албанците против Македонците – рецепт за катастрофа“. Повторно, манипулација: никогаш никаде не сум напишал и рекол дека „Македонците се разнебитуваат против Албанците“, туку дека Македонија се разнебитува (разурнува, уништува), а Македонците исчезнуваат благодарение исклучиво на македонските политичари, и тоа упорно продолжува да го демонстрира господинот Пендаровски.

Мојот есеј со наслов „Две илјади осумдесет и четврта или последниот Македонец во Европа“ предизвика бура во јавноста. Со право или не, оставам читателите сами да одлучат преку примерот што го наведувам во продолжение, што претставува само еден од мноштвото од нашето секојдневие. Деновиве се врши упис на факултетите во земјава. Случајно ме привлече еден документ, од повеќето документи потребни за упис, со наслов „Изјава за национална припадност“ (не навлегувам во тоа дали е тоа документ потребен на сите универзитети или факултети, зборувам за конкретен факултет), во којшто по впишувањето на името, презимето и матичниот број на кандидатот, изборот се прави со пополнување на квадратчето на националната припадност за која кандидатот се изјаснува, избирајќи една од следните националности: 1. Албанец; 2. Влав; 3. Турчин; 4. Србин; 5. Ром; 6. Бошњак; 7. Друго. Толку!! – Се чини се чека само да се смени Уставот, па следната година да се додаде уште една националност – Бугарин. Значи, не треба да чекаме до 2084, Македонците веќе уште денес ги нема!

„МАНУ е пред портите“, значи „науката е пред портите“, иако МАНУ промовира научен пристап во решавањето на општествените предизвици и тоа го прави во континуитет од своето основање. „Нам ни е потребна револуција, но не со оружје – револуција на умот и совеста. Само на тој начин ќе го искорениме баналново слепило и ќе ги насочиме нашите креативности кон излезот од овој тунел. Тоа мораме да го сториме што побрзо, ако ја посакуваме иднината на оваа земја, а иднината сме јас, вие и сите млади луѓе што се гордоста на оваа држава“ (Апасиев, 2003 година). Достоинствени, чесни, доблесни, што не се предаваат, не се продаваат и немаат цена, млади Македонци од сите политички провениенции – тие се нашата единствена иднина и македонска гордост!

The post Академик Коцарев: Потребна ни е револуција на умот и совеста appeared first on Република.

]]>

Насловот на денешниов текст е позајмен од латинската поговорка „Hannibal ante portas“, или „Ханибал е пред портите“, но Ханибал го заменив со МАНУ. Имено, познатиот картагински генерал во еден период бил синоним за најголемата опасност што му се заканувала на Рим, па затоа изреката се користи за да означи „закана од најголема опасност“. Но зошто и за кого записите и личните ставови на претседателот на МАНУ (прв меѓу еднаквите во МАНУ, како и другите членови, има право на свое мислење), па дури индиректно и на МАНУ, наеднаш станаа „најголема опасност“? Одговор на тоа прашање, кое во последно време станува сѐ поактуелно, ќе се обидам да дадам во продолжение на текстот, пишува академик Љупчо Коцарев за „Нова Македонија“. Одговорот на првиот дел од прашањето – зошто МАНУ е „најголема опасност“, е едноставен: поради активните обиди за промовирање и претставување на научната вистина, со којашто не сакаат да се соочат одредени политичари и нивните апологети. Во морето на манипулативни, ненаучни и бескорисни информации, на што да веруваме? На научните факти, базирани на истражувањата на истакнатиот палеославист академик Ѓорги Поп-Атанасов, кои се однесуваат на „Охридската книжевна школа наспроти Плисковско-преславската – одлики и разлики“, на истражувањата на светски реномираниот византолог академик Цветан Грозданов, кои се однесуваат на иконите и фреските со портретите на Св. Климент и Св. Наум, на истражувањата на голем број светски научници, за кои, за жал, просторот не ми дозволува да се осврнам подетално, или на конфликтните, научно непринципиелните и несоодветните политички одлуки на историчарот Драги Ѓоргиев, во врска со кој секојдневно испливуваат на површината нови информации што создаваат сѐ повеќе сомнежи за неговиот пристап во работата! Ако зборот „македонизам“ подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ, чиј национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, во соседството (вклучувајќи ги тука и Грција, Бугарија и Албанија) и низ целиот свет – факти што се верификувани од светската наука, тогаш дали документите што ги негираат тие факти и промовираат невистини, лаги и манипулации, Македонците треба да не ги прифаќаат и да ги осудат? Или, којзнае по кој пат, ќе молчиме со наведнати глави!? Притоа, треба да биде јасно дека отфрлањето на таквите документи не значи дека Македонците се против ЕУ, туку, напротив, тие се за ЕУ, но за унија во која Македонците ќе бидат рамноправен и достоинствен народ со сите други народи во ЕУ. Во овој контекст, можам со сигурност да тврдам дека членовите на МАНУ, особено јас, како нејзин претседател, никогаш и никаде не сме ги негирале и нема да ги негираме националниот интерес и достоинството на другите етнички заедници во државата, но зошто борбата за остварување и зачувување на националниот интерес и на достоинството на Македонците се восприема како дејство што им нанесува штета на другите етнички заедници во Македонија, особено кога за состојбата во која се наоѓаат Македонците, поголемиот дел од Македонците, вклучувајќи ме и мене, ги обвинуваат единствено македонските политичари – лукративните недостоинствени подлизурковци! Да подвлечам, да нема забуна, бидејќи Албанците во Македонија никогаш не се сметале и нема да се сметаат за Македонци со албанско етничко потекло, синтагмата „македонски политичари“, всушност, означува политичари од македонско етничко потекло. Одговорот на вториот дел од прашањето – за кого МАНУ е „најголема опасност“, е повторно едноставен: за политичките и владејачките елити и нивните апологети за кои промовирањето на научноистражувачката вистина и факти им претставува опасност за нивните високи општествени позиции. Но зошто? Тогаш, неминовно, прво, треба да се прашаме каков е нивниот пристап во адресирањето на општествените предизвици со кои се соочува Македонија. Пристапот што најмногу се практикува во Македонија, за жал, можеби најдобро се опишува со зборовите: вкопани во своите ровови, двете најголеми македонски партии, политичарите и нивните верни сенки, изгубените души, кои сè уште не нашле мир – интелектуалци, професори, аналитичари и новинари, водат војна и по медиумите и на социјалните мрежи за „доброто“ на Македонија, при што не избираат средства, бескрупулозно лажат и манипулираат. Повеќепати критички ги анализирав двата периода на владеењето во Македонија, од 2006 до 2016 година и од 2017 до денес, периоди коишто најдобро се карактеризираат со синтагмите „заробена држава“ и „понижена држава“, соодветно. Поголем дел од тие што, со право, до 2016 година, пишуваа, говореа и укажуваа на негативните последици од владеењето во тој период, и денес, упорно, вкопани во своите ровови, го прават тоа, бесполезно повторувајќи ги веќе кажаните работи, а не сакајќи да видат дека живееме во период на најголема морална криза, период кога македонскиот народ е, во континуитет, понижуван. Но тука не е крајот на трагичноста. Триесетгодишната историја на Македонија нѐ учи дека не е важно кој во моментот владее, поголем дел од оние што се наоѓаат во рововите ќе останат таму, можеби ќе сменат страни, но ќе бидат внатре во нив, т.е. во своите удобни функционерски фотелји, а борбите ќе продолжат со несмалена жестина, при што, без индикации дека воопшто ќе завршат, најверојатно ќе траат во недоглед, до целосно истребување и изумирање на Македонците. Манипулациите на членовите на политичките партии делумно може да се разберат, но не да се оправдаат – тие се лукративни властољупци, кои се способни на сѐ: и на продажба и на предавство. Меѓутоа, тоа што не може да се разбере се манипулациите на првиот човек на државата, чија должност е, во согласност со уставните одредби, неспојлива со вршење друга јавна функција, професија или функција во политичка партија, а, сепак, толку отворено работи во функција на одредена политичка партија. На моите аргументирани укажувања дека господинот Пендаровски лаже и манипулира, тој упорно го прави токму тоа, единственото нешто што знае да го прави и по што ќе биде запомнет во историјата. Има премногу примери, но еве го најновиот: коментирајќи ги моите текстови, тој вели: „Македонија е таква, постои внатрешна структура и ти ако почнеш да викаш Македонците се разнебитуваат против Албанците и Албанците против Македонците – рецепт за катастрофа“. Повторно, манипулација: никогаш никаде не сум напишал и рекол дека „Македонците се разнебитуваат против Албанците“, туку дека Македонија се разнебитува (разурнува, уништува), а Македонците исчезнуваат благодарение исклучиво на македонските политичари, и тоа упорно продолжува да го демонстрира господинот Пендаровски. Мојот есеј со наслов „Две илјади осумдесет и четврта или последниот Македонец во Европа“ предизвика бура во јавноста. Со право или не, оставам читателите сами да одлучат преку примерот што го наведувам во продолжение, што претставува само еден од мноштвото од нашето секојдневие. Деновиве се врши упис на факултетите во земјава. Случајно ме привлече еден документ, од повеќето документи потребни за упис, со наслов „Изјава за национална припадност“ (не навлегувам во тоа дали е тоа документ потребен на сите универзитети или факултети, зборувам за конкретен факултет), во којшто по впишувањето на името, презимето и матичниот број на кандидатот, изборот се прави со пополнување на квадратчето на националната припадност за која кандидатот се изјаснува, избирајќи една од следните националности: 1. Албанец; 2. Влав; 3. Турчин; 4. Србин; 5. Ром; 6. Бошњак; 7. Друго. Толку!! – Се чини се чека само да се смени Уставот, па следната година да се додаде уште една националност – Бугарин. Значи, не треба да чекаме до 2084, Македонците веќе уште денес ги нема! „МАНУ е пред портите“, значи „науката е пред портите“, иако МАНУ промовира научен пристап во решавањето на општествените предизвици и тоа го прави во континуитет од своето основање. „Нам ни е потребна револуција, но не со оружје – револуција на умот и совеста. Само на тој начин ќе го искорениме баналново слепило и ќе ги насочиме нашите креативности кон излезот од овој тунел. Тоа мораме да го сториме што побрзо, ако ја посакуваме иднината на оваа земја, а иднината сме јас, вие и сите млади луѓе што се гордоста на оваа држава“ (Апасиев, 2003 година). Достоинствени, чесни, доблесни, што не се предаваат, не се продаваат и немаат цена, млади Македонци од сите политички провениенции – тие се нашата единствена иднина и македонска гордост!

The post Академик Коцарев: Потребна ни е револуција на умот и совеста appeared first on Република.

]]>
Најстрашен е неукиот и сервилен однос, не само на македонските политичари туку и на македонските историчари од Комисијата https://republika.mk/vesti/makedonija/najstrashen-e-neukiot-i-servilen-odnos-ne-samo-na-makedonskite-politichari-tuku-i-na-makedonskite-istorichari-od-komisijata/ Sat, 03 Sep 2022 07:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=546923

Кога зборуваме за историјата на Балканот и на балканските народи, веројатно има толку вистини (толкувања на настаните) колку и народи, ако не и повеќе, вели во својата последна колумна академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ.

Процесот на помирување на различните истории на Балканот се наоѓа токму на почетокот и веднаш наидува на пречки. За Македонците, за жал, најстрашен е неукиот и сервилен однос, не само на македонските политичари туку и на македонските историчари, актуелните македонски „експерти“ на заедничката Мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, токму оние што треба и од кои се очекува да ја промовираат историската вистина. Христијанските просветители и мисионери Кирил и Методиј се духовни лица, на кои не може да им дадете националност и да ги присвоите. Затоа, Денот на светите браќа Кирил и Методиј, 24 Мај, треба да го одбележуваат не само Македонија и Бугарија туку сите словенски држави и народи. Заедничките чествувања се европски и цивилизациски придобивки, па затоа треба да се прават врз еднаква основа, со почитување на различните перцепции и без наметнување на сопствениот наратив врз наративот на другиот, што за нас би значело без повреда на достоинството на Македонците со условувања и уцени, пишува Коцарев.

Целата колумна на „Нова Македонија

The post Најстрашен е неукиот и сервилен однос, не само на македонските политичари туку и на македонските историчари од Комисијата appeared first on Република.

Коцарев: Побрзо ќе се случи ние да исчезнеме, а дури потоа да влеземе во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/kocarev-pobrzo-kje-se-sluchi-nie-da-ischezneme-a-duri-potoa-da-vlezeme-vo-eu/ Fri, 29 Jul 2022 08:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=534529

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев повторно ги критикуваше Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, како и вториот Протокол меѓу владите на Македонија и Бугарија. Според него, сите три документи треба да се гледаат заедно.

Тие водат кон разнебитување на Македонците и државата, вели Коцарев во интервју за Тв Сител.

Тој говореше и отворањето на преговорите на земјава со ЕУ. Според него, реалноста е дека Црна Гора преговара со ЕУ веќе 10 години и од 35 поглавја, затворени се само 3.

Тоа значи дека секогаш можат повторно да бидат отворени, дури и кога се потпише Договорот за пристапување, треба да се ратификува во сите собранија на земјите-членки и тоа повторно можат да го вратат. Оттука бев поттикнат да напишам во својата колумна. Црна Гора нема проблеми со ниту еден сосед, а ние имаме големи проблеми. Мислам дека можеби процесот на пристапување во ЕУ ќе трае бесконечно долго. Побрзо ќе се случи ние да исчезнеме, а дури потоа да влеземе во ЕУ, за жал, смета Коцарев.

https://youtu.be/LZ1LdaqNd-s

The post Коцарев: Побрзо ќе се случи ние да исчезнеме, а дури потоа да влеземе во ЕУ appeared first on Република.

Академик Коцарев : Време е за промени, МАНУ и интелектуалците ќе предводат,Бугарскиот и Преспанскиот договор мора да се поништат! https://republika.mk/vesti/makedonija/akademik-kocarev-vreme-e-za-promeni-manu-i-intelektualcite-kje-predvodat-bugarskiot-i-prespanskiot-dogovor-mora-da-se-ponishtat/ Fri, 22 Jul 2022 11:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=532141

Насловот на денешниот текст е инспириран од Орвеловата дистопија „1984“ и да претпоставиме дека се однесува за Македонија сто години подоцна. Оригиналниот наслов на романот „1984“ е „Последниот човек во Европа“, а неодлучноста на Орвел за изборот меѓу првиот (оригиналниот) и вториот наслов ја разрешува неговиот издавач, кој го предлага вториот наслов, пишува за „Нова Македонија“ академик Љупчо Коцарев.

За потребите на денешниов текст, сепак, се одлучив за двата наслова. На почетокот, да претпоставиме дека во 2084 година, Македонија веќе е „делумно рамноправна членка на ЕУ“, меѓутоа во тој случај, а имајќи ги предвид моменталните услови, речиси е веројатно дека во државата Македонија веќе не живеат Македонци – тие се целосно истребени. Притоа, десетина години по потпишувањето на протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија, ЕУ воведува нов концепт „делумно рамноправна членка на ЕУ“, во прилог на што одат и изјавата дека „претседателката… зборува за јазикот користен од луѓето во Македонија“ и пораката на еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ дека „уставните измени мора да се случат“.

Овој концепт предвидува дека и по потпишување на Договорот за пристапување во ЕУ, некои членки на ЕУ можат да иницираат повторно отворање на ЕУ-поглавјата (или ЕУ-кластерите). Така, процесот на пристапните преговори, всушност, може и никогаш да не заврши, па оттука произлегува и синтагмата „делумно рамноправна членка на ЕУ“. За соочување со предизвиците што ги донесе ваквиот нов концепт, како и многупати досега, Владата на Македонија пристапува кон формирање фамозни министерства, во случајов четири министерства: Министерство за мир, Министерство за изобилство, Министерство за вистина и Министерство за љубов.

Министерство за мир. Министерството за мир има цел да се вклучи и да придонесе во вечната војна против македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонскиот народ и сѐ што е македонско. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и Преспанската спогодбата иницијално беа доволни само за да започне уништувањето на македонизмот. Но примарната цел на Министерството за мир е да се искористат сите механизми за разнебитување на Македонците без да се дозволи да се издигне општата свест за македонизмот. Исчезнувањето на Македонците би се случувало постепено во период од педесетина години, но Министерството и понатаму би постоело со својата јасна мисија: војната против македонизмот мора да е вечна, самоуништувањето на Македонците мора да е вечно, како што е вечен и процесот на пристапување во ЕУ.

Министерство за изобилство. Заради отуѓување од македонизмот, Министерството за изобилство е задолжено системски и континуирано да работи на намалување на животниот стандард на граѓаните за да го одржува нивниот живот во сиромаштија, на границата на минимална егзистенција, да воведува механизми со кои се ограничуваат количествата стоки потребни за достоен живот и да го контролира домашното производство, влевајќи на тој начин страв и паника за основна егзистенција на граѓаните. Во прилог на наведеното, Министерството за вистина, од една страна, ги поткрепува тврдењата на Министерството за изобилство со манипулирање на фактите за можен економски раст во време на војна, која, од друга страна, Министерството за мир ја одржува вечно да трае.

Министерството за изобилство, исто така, ја води националната лотарија за одвлекување на вниманието од македонизмот, но и за издигнување на игрите на среќа на ниво што е карактеристично за сиромашните земји.

Министерство за вистина. Министерството за вистина ги контролира информациите, вестите, образованието, науката и уметноста. Под надлежност на ова Министерство е работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која ги усогласува овие прашања во согласност со барањата на ЕУ. Ова Министерство е одговорно за затворање на сите катедри за македонски јазик и македонска книжевност, за затворање на весникот „Нова Македонија“ и на сите промакедонски медиуми и за гонење на сите промакедонски дејци.

Министерство за љубов. Министерството за љубов ги идентификува, следи, апси и преобразува Македонците. Во ова Министерството се врши тортура врз неистомислениците со ЕУ-политиките за Македонија, кои се соочуваат со „најлошото нешто на светот“, сѐ додека љубовта кон ЕУ-политиките за Македонија под принуда не ги преобрази неистомислениците во немакедонци.

Ваквата дистописка иднина сигурно никој од нас не ја посакува, па дури и најтврдокорните поддржувачи на денешниве владини политики. Затоа редно време е сите да се запрашаме што треба да направиме ова да не се случи?

Најпрво, треба да се соочиме со вистината. Пораките на ЕУ се јасни: претседателката на ЕУ „зборува за јазикот користен од луѓето во Македонија“, додека, пак, еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ вели дека „уставните измени мора да се случат“. Преспанската спогодба и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија се две димензии на една иста општествена испреплетена реалност однапред осудена на пропаст, па затоа, тие не треба да се разгледуваат и анализираат одвоено.

Оттука, или двата документа ќе се величаат, ќе се почитуваат и ќе се имплементираат, што дефинитивно ќе доведе до исчезнување на Македонците, или и двата документа ќе се оспоруваат, ќе се негираат и ќе се раскинат. Нема можност за избор помеѓу нив: или двата или ниеден.

Истиот став треба да се застапува и кога станува збор за македонизмот, кој подразбира две работи. Прво, автохтоност на македонскиот народ и на неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, нагласувајќи дека македонскиот јазик, како, впрочем, и сите други јазици, не само словенските – има свој просторен и свој временски континуитет. Второ, македонскиот национален супстрат го претставуваат Македонците што живеат во државата Македонија, но и оние во соседството (како државјани на соседните земји, вклучувајќи ги тука и Грција и Бугарија), како и низ целиот свет. Повторно, двата атрибута на македонизмот се неделиви еден од друг, две димензии од иста сплотена реалност, па затоа тие не можат да се одвојат. Оттука, негирањето на постоењето на Македонците во Егеј и во Пирин повлекува непостоење на македонските дијалекти, тоа, пак, повлекува непостоење на македонскиот јазик, што значи и непостоење на македонскиот народ и македонскиот идентитет.

Во тој контекст, сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се и Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија. Тоа, пак, води до констатацијата дека ако не ги раскинеме двата документа, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија, но не и Македонците.

Трагично е, но мора да се прифати фактот дека со двата документа, Договорот и Спогодбата, Македонија, всушност, свесно или несвесно, изврши геноцид на Македонците во Егеј и во Пирин. Досега сум пишувам многупати, но не пречи уште еднаш да повторам: според членот 7 (став 2) на Преспанската спогодба, во однос на Првата страна (Република Грција), термините „Македонија“ и „македонски“ ги означуваат „не само областа и народот во северниот регион на Првата страна туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден“. Така, покрај тоа што ставот 2 јасно ја дефинира просторната граница на употребата на термините „Македонија“ и „македонски“ за двете држави, државата Грција во ставот 2 дополнително јасно го дефинира и временскиот период (од антиката до денешен ден) на употребата на термините „Македонија“ и „македонски“. Тоа значи дека, според Преспанската спогодба, словенското население што живеело и сѐ уште живее на територијата на денешна Грција не се Македонци, нивниот јазичен дијалект НЕ Е македонски, нивната историја НЕ Е македонска, нивната култура НЕ Е македонска и нивното културно наследството НЕ Е македонско. Оттука и оттогаш произлегува и клучното прашање што навидум денеска создава нови проблеми за Македонија – ако дијалектот не е македонски, а е словенски, што мислите каков е?

Затоа, во септември треба да започнеме мудро и спокојно со процесот на разрешување на состојбата во која дојдовме поради неуките, недоквакани и алчни (за власт, слава и пари) политичари. Време е за промени, а јас ќе направам сѐ, прво, како интелектуалец, а потоа и како член на МАНУ, интелектуалците да бидат предводници на овие промени, а кон тоа во рамките на своите надлежности да даде свој придонес и највисоката научноистражувачка и уметничка институција, како столб на државноста, што впрочем и се очекува од оваа куќа. Несомнено, Македонија сака да биде дел од ЕУ-семејството, таа е веќе дел од НАТО, но Македонците за сметка на тоа загубија сѐ – нивниот идентитет, нивниот јазик и нивната етничка припадност, особености што имаат непроценлива вредност за која било цел. Затоа, изгубеното треба да се поврати назад. И мора да се стори тоа. Во спротивно, зошто и на кои им се потребни ЕУ и НАТО – македонското име не треба и нема да загине. Од нас зависи. Придружете се!

The post Академик Коцарев : Време е за промени, МАНУ и интелектуалците ќе предводат,Бугарскиот и Преспанскиот договор мора да се поништат! appeared first on Република.

]]>

Насловот на денешниот текст е инспириран од Орвеловата дистопија „1984“ и да претпоставиме дека се однесува за Македонија сто години подоцна. Оригиналниот наслов на романот „1984“ е „Последниот човек во Европа“, а неодлучноста на Орвел за изборот меѓу првиот (оригиналниот) и вториот наслов ја разрешува неговиот издавач, кој го предлага вториот наслов, пишува за „Нова Македонија“ академик Љупчо Коцарев. За потребите на денешниов текст, сепак, се одлучив за двата наслова. На почетокот, да претпоставиме дека во 2084 година, Македонија веќе е „делумно рамноправна членка на ЕУ“, меѓутоа во тој случај, а имајќи ги предвид моменталните услови, речиси е веројатно дека во државата Македонија веќе не живеат Македонци – тие се целосно истребени. Притоа, десетина години по потпишувањето на протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија, ЕУ воведува нов концепт „делумно рамноправна членка на ЕУ“, во прилог на што одат и изјавата дека „претседателката… зборува за јазикот користен од луѓето во Македонија“ и пораката на еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ дека „уставните измени мора да се случат“. Овој концепт предвидува дека и по потпишување на Договорот за пристапување во ЕУ, некои членки на ЕУ можат да иницираат повторно отворање на ЕУ-поглавјата (или ЕУ-кластерите). Така, процесот на пристапните преговори, всушност, може и никогаш да не заврши, па оттука произлегува и синтагмата „делумно рамноправна членка на ЕУ“. За соочување со предизвиците што ги донесе ваквиот нов концепт, како и многупати досега, Владата на Македонија пристапува кон формирање фамозни министерства, во случајов четири министерства: Министерство за мир, Министерство за изобилство, Министерство за вистина и Министерство за љубов.
Министерство за мир. Министерството за мир има цел да се вклучи и да придонесе во вечната војна против македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонскиот народ и сѐ што е македонско. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и Преспанската спогодбата иницијално беа доволни само за да започне уништувањето на македонизмот. Но примарната цел на Министерството за мир е да се искористат сите механизми за разнебитување на Македонците без да се дозволи да се издигне општата свест за македонизмот. Исчезнувањето на Македонците би се случувало постепено во период од педесетина години, но Министерството и понатаму би постоело со својата јасна мисија: војната против македонизмот мора да е вечна, самоуништувањето на Македонците мора да е вечно, како што е вечен и процесот на пристапување во ЕУ.
Министерство за изобилство. Заради отуѓување од македонизмот, Министерството за изобилство е задолжено системски и континуирано да работи на намалување на животниот стандард на граѓаните за да го одржува нивниот живот во сиромаштија, на границата на минимална егзистенција, да воведува механизми со кои се ограничуваат количествата стоки потребни за достоен живот и да го контролира домашното производство, влевајќи на тој начин страв и паника за основна егзистенција на граѓаните. Во прилог на наведеното, Министерството за вистина, од една страна, ги поткрепува тврдењата на Министерството за изобилство со манипулирање на фактите за можен економски раст во време на војна, која, од друга страна, Министерството за мир ја одржува вечно да трае. Министерството за изобилство, исто така, ја води националната лотарија за одвлекување на вниманието од македонизмот, но и за издигнување на игрите на среќа на ниво што е карактеристично за сиромашните земји. Министерство за вистина. Министерството за вистина ги контролира информациите, вестите, образованието, науката и уметноста. Под надлежност на ова Министерство е работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која ги усогласува овие прашања во согласност со барањата на ЕУ. Ова Министерство е одговорно за затворање на сите катедри за македонски јазик и македонска книжевност, за затворање на весникот „Нова Македонија“ и на сите промакедонски медиуми и за гонење на сите промакедонски дејци. Министерство за љубов. Министерството за љубов ги идентификува, следи, апси и преобразува Македонците. Во ова Министерството се врши тортура врз неистомислениците со ЕУ-политиките за Македонија, кои се соочуваат со „најлошото нешто на светот“, сѐ додека љубовта кон ЕУ-политиките за Македонија под принуда не ги преобрази неистомислениците во немакедонци. Ваквата дистописка иднина сигурно никој од нас не ја посакува, па дури и најтврдокорните поддржувачи на денешниве владини политики. Затоа редно време е сите да се запрашаме што треба да направиме ова да не се случи?
Најпрво, треба да се соочиме со вистината. Пораките на ЕУ се јасни: претседателката на ЕУ „зборува за јазикот користен од луѓето во Македонија“, додека, пак, еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ вели дека „уставните измени мора да се случат“. Преспанската спогодба и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија се две димензии на една иста општествена испреплетена реалност однапред осудена на пропаст, па затоа, тие не треба да се разгледуваат и анализираат одвоено.
Оттука, или двата документа ќе се величаат, ќе се почитуваат и ќе се имплементираат, што дефинитивно ќе доведе до исчезнување на Македонците, или и двата документа ќе се оспоруваат, ќе се негираат и ќе се раскинат. Нема можност за избор помеѓу нив: или двата или ниеден. Истиот став треба да се застапува и кога станува збор за македонизмот, кој подразбира две работи. Прво, автохтоност на македонскиот народ и на неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, нагласувајќи дека македонскиот јазик, како, впрочем, и сите други јазици, не само словенските – има свој просторен и свој временски континуитет. Второ, македонскиот национален супстрат го претставуваат Македонците што живеат во државата Македонија, но и оние во соседството (како државјани на соседните земји, вклучувајќи ги тука и Грција и Бугарија), како и низ целиот свет. Повторно, двата атрибута на македонизмот се неделиви еден од друг, две димензии од иста сплотена реалност, па затоа тие не можат да се одвојат. Оттука, негирањето на постоењето на Македонците во Егеј и во Пирин повлекува непостоење на македонските дијалекти, тоа, пак, повлекува непостоење на македонскиот јазик, што значи и непостоење на македонскиот народ и македонскиот идентитет. Во тој контекст, сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се и Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија. Тоа, пак, води до констатацијата дека ако не ги раскинеме двата документа, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија, но не и Македонците. Трагично е, но мора да се прифати фактот дека со двата документа, Договорот и Спогодбата, Македонија, всушност, свесно или несвесно, изврши геноцид на Македонците во Егеј и во Пирин. Досега сум пишувам многупати, но не пречи уште еднаш да повторам: според членот 7 (став 2) на Преспанската спогодба, во однос на Првата страна (Република Грција), термините „Македонија“ и „македонски“ ги означуваат „не само областа и народот во северниот регион на Првата страна туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден“. Така, покрај тоа што ставот 2 јасно ја дефинира просторната граница на употребата на термините „Македонија“ и „македонски“ за двете држави, државата Грција во ставот 2 дополнително јасно го дефинира и временскиот период (од антиката до денешен ден) на употребата на термините „Македонија“ и „македонски“. Тоа значи дека, според Преспанската спогодба, словенското население што живеело и сѐ уште живее на територијата на денешна Грција не се Македонци, нивниот јазичен дијалект НЕ Е македонски, нивната историја НЕ Е македонска, нивната култура НЕ Е македонска и нивното културно наследството НЕ Е македонско. Оттука и оттогаш произлегува и клучното прашање што навидум денеска создава нови проблеми за Македонија – ако дијалектот не е македонски, а е словенски, што мислите каков е? Затоа, во септември треба да започнеме мудро и спокојно со процесот на разрешување на состојбата во која дојдовме поради неуките, недоквакани и алчни (за власт, слава и пари) политичари. Време е за промени, а јас ќе направам сѐ, прво, како интелектуалец, а потоа и како член на МАНУ, интелектуалците да бидат предводници на овие промени, а кон тоа во рамките на своите надлежности да даде свој придонес и највисоката научноистражувачка и уметничка институција, како столб на државноста, што впрочем и се очекува од оваа куќа. Несомнено, Македонија сака да биде дел од ЕУ-семејството, таа е веќе дел од НАТО, но Македонците за сметка на тоа загубија сѐ – нивниот идентитет, нивниот јазик и нивната етничка припадност, особености што имаат непроценлива вредност за која било цел. Затоа, изгубеното треба да се поврати назад. И мора да се стори тоа. Во спротивно, зошто и на кои им се потребни ЕУ и НАТО – македонското име не треба и нема да загине. Од нас зависи. Придружете се!

The post Академик Коцарев : Време е за промени, МАНУ и интелектуалците ќе предводат,Бугарскиот и Преспанскиот договор мора да се поништат! appeared first on Република.

]]>
Коцарев: Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за поморот на македонскиот род и име! https://republika.mk/vesti/makedonija/kocarev-ne-molchete-za-ischeznuvanjeto-na-makedonija-za-pomorot-na-makedonskiot-rod-i-ime/ Tue, 07 Jun 2022 19:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=512370

Грст политичари за грст денари веќе триесетина години ја држат Македонија во заложништво. Различни се патиштата за иднината на Македонија, но сите тие имаат заеднички именител: департизација на општеството, пишува академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „Не молчете!“, која ќе биде објавена во весникот „Нова Македонија“ утре.

Различни се патиштата за иднината на Македонија, но сите тие имаат заеднички именител: департизација на општеството. За да ги спречиме разорувањето, уништувањето, исчезнувањето, деградирањето на Македонија, за да не исчезне Македонија во оваа траурна тишина, не молчете!
Не молчете за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за недржавотворност, за работење против државните интереси.
Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за партизирана Македонија, за поробена Македонија, за демакедонизирана Македонија, за предадена Македонија.
Не молчете за поморот на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско, пишува Коцарев.

The post Коцарев: Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за поморот на македонскиот род и име! appeared first on Република.

]]>

Грст политичари за грст денари веќе триесетина години ја држат Македонија во заложништво. Различни се патиштата за иднината на Македонија, но сите тие имаат заеднички именител: департизација на општеството, пишува академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „Не молчете!“, која ќе биде објавена во весникот „Нова Македонија“ утре.
Различни се патиштата за иднината на Македонија, но сите тие имаат заеднички именител: департизација на општеството. За да ги спречиме разорувањето, уништувањето, исчезнувањето, деградирањето на Македонија, за да не исчезне Македонија во оваа траурна тишина, не молчете! Не молчете за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за недржавотворност, за работење против државните интереси. Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за партизирана Македонија, за поробена Македонија, за демакедонизирана Македонија, за предадена Македонија. Не молчете за поморот на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско, пишува Коцарев.

The post Коцарев: Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за поморот на македонскиот род и име! appeared first on Република.

]]>