Академик Коцарев Archives - Република https://republika.mk/tema/akademik-kocarev/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 11:39:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Академик Коцарев Archives - Република https://republika.mk/tema/akademik-kocarev/ 32 32 Коцарев: Фразата „или ЕУ или изолација“ е чиста манипулација https://republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-frazata-ili-eu-ili-izolatsija-e-chista-manipulatsija/ Sun, 24 Dec 2023 11:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=726141

На крајот од годинава завршува четиригодишниот мандат на сѐ уште актуелниот претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Љупчо Коцарев. Негов наследник на оваа позиција е академик Живко Попов. Во текот на својот претседателски мандат, академик Коцарев покажа сериозна сензибилност, одговорност и претприемчивост спрема државно-општествените предизвици што ѝ се случуваа на Македонија. Во интервју за весникот „Нова Македонија“ Коцарев го заокружува своето четиригодишно претседателствување со МАНУ.

Каква е целта на упорното повторување: „или ЕУ или изолација“? Можеби сеење страв и раздор? Изразот ‘или интеграција во ЕУ или изолација’ е празна фраза, манипулација, вели Коцарев.

Тој потсетува дека неговиот мандат во поширок општествен контекст го одбележаат дивеење на извршната, законодавната и на судската власт,  негирање на постоењето на македонскиот народ и неговиот идентитет, поради Договорот со Бугарија од август 2017 година и протоколите за неговата примена, како и поради Договорот со Грција и  промената на Уставот во 2019 година.

Рамковната позиција на Бугарија од октомври 2019 година гласи: ‘Јазичната норма прогласена како уставен јазик во * Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и на неговите дијалекти во поранешната југословенска република, по нивната кодификација во 1944 година. Ниту еден документ/изјава во процесот на пристапување не може да се смета како признавање од бугарската страна на постоењето на т.н. ‘македонски јазик’, одвоен од бугарскиот’. Се обидов во минатите четири години да придонесам МАНУ да продолжи да биде водилка во изнаоѓањето достоинствена иднина за Македонија и за нејзините граѓани. МАНУ е еден од темелите на државноста на Македонија. Изразот ‘или интеграција во ЕУ или изолација’ е празна фраза, манипулација. Велика Британија, Исланд, Норвешка, Турција, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Ватикан, Монако, Швајцарија, на пример, не се членки на ЕУ и не се изолирани држави. Не е ниту Македонија членка на ЕУ и не е изолирана држава. Дали сегашните политички елити ќе почнат со изолација на Македонија, ако не почнат пристапните преговори?“, вели Коцарев.

Единствен компромис за можна промена на Уставот, додава тој, е Бугарија да признае неколку научни факти.

Единствен компромис за можна промена на Уставот, иако токму барањето за таква промена е бесмислено и јас гласно порачувам „НЕ“ за промена на Уставот, би било најпрво признавање од бугарската страна на следните научни факти: (а) постоење на дел од македонскиот народ (македонското етничко малцинство) во Бугарија, (б) македонскиот јазик има просторен и милениумски континуитет и не е бугарски дијалект и (в) Македонците и Бугарите немаат заедничка историја, туку само споделени места во историјата. А потоа, можеби, промена на Уставот“, објаснува Коцарев.

Мандатот на Коцарев на чело на МАНУ истекува на крајот на годинава, а негов наследник е академик Живко Попов.

The post Коцарев: Фразата „или ЕУ или изолација“ е чиста манипулација appeared first on Република.

]]>

Коцарев: На европскиот пат и во ЕУ само како Македонци https://republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-na-evropskiot-pat-i-vo-eu-samo-kako-makedontsi/ Thu, 08 Jun 2023 14:09:19 +0000 https://republika.mk/?p=649286

Ми претставува особена чест и задоволство да се обратам на промоцијата на третата книга со наслов „Прости му на Ѕверот“ од автобиографската „Трилогија на вознесот“ на академик Божин Павловски – писател, интелектуалец, патешественик, вљубеник во Македонија, визионер и ерудит, во издание на Македонската академија на науките и уметностите и издавачката куќа „Матица македонска“. Трите книги од автобиографската „Трилогија на вознесот“ се необични романи – во нив се проткаени, од една страна, животните приказни на неколкумина Македонци, но, од друга страна, и копнежите и заблудите на Божин, поврзани со македонското прашање. Впрочем, „Трилогијата на вознесот“, дваесет и четирите романа, расказите, трите тома записи и колумни и делото „Македонците отаде екваторот“ сведочат за непокорот, за спротивставувањето на разнебитувањето на Македонија и на исчезнувањето на Македонците, ја пренесува речта на академик  Коцарев весникот „Нова Македонија“.

Македонија треба да чекори по европскиот пат – тој пат нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и за државата, но, на тој пат, ние треба да чекориме само како Македонци. Никогаш порано во историјата на Македонија за дел од центрите на политичка моќ надежта за полноправно членство во ЕУ не била поголема, но никогаш, за жал, таа не направила толку многу штета како денес. Никогаш не научивме како да се откажеме од надежта, па затоа, денес, згаснуваат, изумираат македонскиот јазик, идентитетот, државата. Всушност, неподготвеноста да се соочиме со реалноста и желбата пред фактите „да се избега во рајот на некоја будала со цврсти идеолошки убедувања“, нѐ доведоа таму каде што сме денес. За Хана Арент, надежта ги прави луѓето беспомошни и ги спречува да дејствуваат храбро. 

Па така, заради надежта за полноправно членство во ЕУ дозволивме да се избришат Македонците во Егејот и во Пиринска Македонија, дозволивме бесмислени реформи и дивеења на владејачката елита. Иво Андриќ напиша: „Да се зарази некој со чекање, тоа е најсигурниот начин да се владее со него, тоа значи тој да се направи неподвижен и безопасен, целосно и засекогаш; оваа измама на чекање е потешка од секој затвор и посилна од најсилните окови, бидејќи, со многу среќа и вештина, човек од затвор може да побегне, од окови да се ослободи, но од тие измами (!) – никогаш ни довека“.

Договорите со Грција и со Бугарија се две страни од една иста паричка и тие здружно и во синергија водат до исчезнување на Македонците. Во романот „Процес“, Франц Кафка пишува за бруталниот и ирационален судски систем што го прогонува Јозеф К.: „К. сега точно знаеше дека неговата должност би била сам да го дофати тој нож, додека минуваше од рака во рака, лебдеше над него и сам со него да се прободе“.
Доаѓаат бурни времиња, секој од нас ќе „мине низ сито и решето, горчливиот живот ќе го узнае“, македонизмот ќе се изедначи со национализам и со безизлезност, додека, пак, разноразни домашни и странски душогрижници ќе нѐ убедуваат самите себеси да се понижиме, да се разнебитиме, да се прободеме, ќе нѐ убедуваат, по заборавот на првото знаме на македонската независна држава и името на државата, дека сега е време да се откажеме и од македонскиот јазик и од македонската историја.

Посочувајќи дека излезот од оваа состојба е одлучно да се каже „НЕ“ на планираните и предложени уставни измени, на Божина му посакувам да продолжи уште многу години да ја пишува историјата на македонската книжевност со нови литературни творби, со нови книжевни записи. Исто така, посакувам уште многу нови промоции тука, во куќата на книгата, во „Матица ексклузив“, а на Македонците им порачувам, парафразирајќи го Раде Силјан, да ги „чуваат тапиите од лозјата и од нивите“.

The post Коцарев: На европскиот пат и во ЕУ само како Македонци appeared first on Република.

]]>

Ми претставува особена чест и задоволство да се обратам на промоцијата на третата книга со наслов „Прости му на Ѕверот“ од автобиографската „Трилогија на вознесот“ на академик Божин Павловски – писател, интелектуалец, патешественик, вљубеник во Македонија, визионер и ерудит, во издание на Македонската академија на науките и уметностите и издавачката куќа „Матица македонска“. Трите книги од автобиографската „Трилогија на вознесот“ се необични романи – во нив се проткаени, од една страна, животните приказни на неколкумина Македонци, но, од друга страна, и копнежите и заблудите на Божин, поврзани со македонското прашање. Впрочем, „Трилогијата на вознесот“, дваесет и четирите романа, расказите, трите тома записи и колумни и делото „Македонците отаде екваторот“ сведочат за непокорот, за спротивставувањето на разнебитувањето на Македонија и на исчезнувањето на Македонците, ја пренесува речта на академик  Коцарев весникот „Нова Македонија“. Македонија треба да чекори по европскиот пат – тој пат нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и за државата, но, на тој пат, ние треба да чекориме само како Македонци. Никогаш порано во историјата на Македонија за дел од центрите на политичка моќ надежта за полноправно членство во ЕУ не била поголема, но никогаш, за жал, таа не направила толку многу штета како денес. Никогаш не научивме како да се откажеме од надежта, па затоа, денес, згаснуваат, изумираат македонскиот јазик, идентитетот, државата. Всушност, неподготвеноста да се соочиме со реалноста и желбата пред фактите „да се избега во рајот на некоја будала со цврсти идеолошки убедувања“, нѐ доведоа таму каде што сме денес. За Хана Арент, надежта ги прави луѓето беспомошни и ги спречува да дејствуваат храбро.  Па така, заради надежта за полноправно членство во ЕУ дозволивме да се избришат Македонците во Егејот и во Пиринска Македонија, дозволивме бесмислени реформи и дивеења на владејачката елита. Иво Андриќ напиша: „Да се зарази некој со чекање, тоа е најсигурниот начин да се владее со него, тоа значи тој да се направи неподвижен и безопасен, целосно и засекогаш; оваа измама на чекање е потешка од секој затвор и посилна од најсилните окови, бидејќи, со многу среќа и вештина, човек од затвор може да побегне, од окови да се ослободи, но од тие измами (!) – никогаш ни довека“.
Договорите со Грција и со Бугарија се две страни од една иста паричка и тие здружно и во синергија водат до исчезнување на Македонците. Во романот „Процес“, Франц Кафка пишува за бруталниот и ирационален судски систем што го прогонува Јозеф К.: „К. сега точно знаеше дека неговата должност би била сам да го дофати тој нож, додека минуваше од рака во рака, лебдеше над него и сам со него да се прободе“. Доаѓаат бурни времиња, секој од нас ќе „мине низ сито и решето, горчливиот живот ќе го узнае“, македонизмот ќе се изедначи со национализам и со безизлезност, додека, пак, разноразни домашни и странски душогрижници ќе нѐ убедуваат самите себеси да се понижиме, да се разнебитиме, да се прободеме, ќе нѐ убедуваат, по заборавот на првото знаме на македонската независна држава и името на државата, дека сега е време да се откажеме и од македонскиот јазик и од македонската историја.
Посочувајќи дека излезот од оваа состојба е одлучно да се каже „НЕ“ на планираните и предложени уставни измени, на Божина му посакувам да продолжи уште многу години да ја пишува историјата на македонската книжевност со нови литературни творби, со нови книжевни записи. Исто така, посакувам уште многу нови промоции тука, во куќата на книгата, во „Матица ексклузив“, а на Македонците им порачувам, парафразирајќи го Раде Силјан, да ги „чуваат тапиите од лозјата и од нивите“.

The post Коцарев: На европскиот пат и во ЕУ само како Македонци appeared first on Република.

]]>
Мала е веројатноста во следните 30 години да станеме рамноправна членка на ЕУ, рече претседателот на МАНУ Коцарев на одбележувањето на Денот на Академијатa https://republika.mk/vesti/makedonija/mala-e-verojatnosta-vo-slednite-30-godini-da-staneme-ramnopravna-chlenka-na-eu-reche-pretsedatelot-na-manu-kocarev-na-odbelezuvanjeto-na-denot-na-akademijata/ Fri, 07 Oct 2022 13:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=558427

Треба да се соочиме со реалноста дека веројатноста нашата држава да стане рамноправна членка на Европската Унија во следните 30 години, е многу мала, смета претседателот на Македонската академија на наука и уметностите (МАНУ), академикот Љупчо Коцарев.

Како причини за тоа, Коцарев во своето обраќање по повод Денот на Академијата, ги наведе бавното темпо на интегративните процеси во ЕУ во однос на земјите на Балканот, што се уште не се дел од Унијата, се до противењето на некои нејзини членки, во блокот да се вклучат нови земји со право на вето. Тој исто така ги повтори своите ставови во однос на општествената состојба во државата при што рече дека со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија „се одвива културен геноцид врз Македонците“.

Пред воопшто да се пристапи кон потпишување на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, вели првиот човек на МАНУ. Коцарев смета дека стремежот за помирување на различните гледишта за историјата на Балканот е клучен фактор на актуелниот преговарачки пристап за влезот во ЕУ, но како што потенцираше, процесот постојано наидува на нови пречки, кога „отсуствува искреното покајување како чин на хуманост“.

Со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија се одвива културен геноцид врз Македонците во нивната држава Македонија, како и врз Македонците во соседните држави, но и насекаде каде што живеат и опстојуваат како народ, рече Коцарев.

Коцарев смета дека пред воопшто да се пристапи кон пишување, па потоа и потпишувањето на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, кои, како што рече, „многу години, па и децении вршеа геноцид на Македонците и не го признаваа постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик“.

Според академикот Коцарев, Академијата треба да очекува јавно покајание од сите оние институции кои со години промовираат радикални и неправедни ставови што го загрозуваат и го негираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик, што претставува основен услов за натамошна плодна и конструктивна меѓуакадемска соработка. Тој напомена дека во време кога не очекува висока инфлација, висока задолженост на приватниот и јавниот сектор, нарушени синџири на снабдување и енергетска криза, потребна е Стратегија за национален развој и договор за економски реформи, политики и мерки, кои треба да се спроведуваат во следните најмалку 20-тина години.

Ова, како што рече, треба да биде остварено во соработка со МАНУ, универзитетите, коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, а притоа, потенцираше, „надминувајќи ја клиентелистичката и партиска агенда на дејствување во општествените сфери“.

Коцарев информираше дека МАНУ во 2023 година, во соработка со сите други општествени фактори, ќе пристапи кон изработка на Националната стратегија за развој на Македонија во следните 20 години.

Во однос на состојбата со Академијата, Коцарев рече дека МАНУ денес е само слика на она што се случува во образованието, науката и уметноста, па затоа е целосно маргинализирана институција, доведена до работ на опстојувањето, со недоволно вработени на клучни места, неопходни за непречено институционално дејствување во делот на административната дејност и со вработени кои имаат најниски плати во однос на сите други вработени во јавните институции во државата. Сепак, како што напомена, без разлика на негрижата за „храмот на науката и уметноста“, бројот на научноистражувачки и уметнички проекти, финансиски поддржани од меѓународни институции, според индикаторот, поделен со вкупниот број академици и вработени во МАНУ, Академијата е меѓу водечките научни и образовни институции во светот.

Едноставно кажано, МАНУ, иако мала и целосно маргинализирана од владејачките елити во државата, и по квалитетот и по квантитетот, е светски препознатлива институција, додаде Коцарев.

По повод денот на Академијата, по обраќањето на академикот Коцарев, денеска на академиците Павол Жиго и Каролин Снајвели им беше доделено меѓународното признание „Блаже Конески“.

The post Мала е веројатноста во следните 30 години да станеме рамноправна членка на ЕУ, рече претседателот на МАНУ Коцарев на одбележувањето на Денот на Академијатa appeared first on Република.

]]>

Треба да се соочиме со реалноста дека веројатноста нашата држава да стане рамноправна членка на Европската Унија во следните 30 години, е многу мала, смета претседателот на Македонската академија на наука и уметностите (МАНУ), академикот Љупчо Коцарев. Како причини за тоа, Коцарев во своето обраќање по повод Денот на Академијата, ги наведе бавното темпо на интегративните процеси во ЕУ во однос на земјите на Балканот, што се уште не се дел од Унијата, се до противењето на некои нејзини членки, во блокот да се вклучат нови земји со право на вето. Тој исто така ги повтори своите ставови во однос на општествената состојба во државата при што рече дека со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија „се одвива културен геноцид врз Македонците“. Пред воопшто да се пристапи кон потпишување на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, вели првиот човек на МАНУ. Коцарев смета дека стремежот за помирување на различните гледишта за историјата на Балканот е клучен фактор на актуелниот преговарачки пристап за влезот во ЕУ, но како што потенцираше, процесот постојано наидува на нови пречки, кога „отсуствува искреното покајување како чин на хуманост“.
Со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија се одвива културен геноцид врз Македонците во нивната држава Македонија, како и врз Македонците во соседните држави, но и насекаде каде што живеат и опстојуваат како народ, рече Коцарев.
Коцарев смета дека пред воопшто да се пристапи кон пишување, па потоа и потпишувањето на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, кои, како што рече, „многу години, па и децении вршеа геноцид на Македонците и не го признаваа постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик“. Според академикот Коцарев, Академијата треба да очекува јавно покајание од сите оние институции кои со години промовираат радикални и неправедни ставови што го загрозуваат и го негираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик, што претставува основен услов за натамошна плодна и конструктивна меѓуакадемска соработка. Тој напомена дека во време кога не очекува висока инфлација, висока задолженост на приватниот и јавниот сектор, нарушени синџири на снабдување и енергетска криза, потребна е Стратегија за национален развој и договор за економски реформи, политики и мерки, кои треба да се спроведуваат во следните најмалку 20-тина години. Ова, како што рече, треба да биде остварено во соработка со МАНУ, универзитетите, коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, а притоа, потенцираше, „надминувајќи ја клиентелистичката и партиска агенда на дејствување во општествените сфери“. Коцарев информираше дека МАНУ во 2023 година, во соработка со сите други општествени фактори, ќе пристапи кон изработка на Националната стратегија за развој на Македонија во следните 20 години. Во однос на состојбата со Академијата, Коцарев рече дека МАНУ денес е само слика на она што се случува во образованието, науката и уметноста, па затоа е целосно маргинализирана институција, доведена до работ на опстојувањето, со недоволно вработени на клучни места, неопходни за непречено институционално дејствување во делот на административната дејност и со вработени кои имаат најниски плати во однос на сите други вработени во јавните институции во државата. Сепак, како што напомена, без разлика на негрижата за „храмот на науката и уметноста“, бројот на научноистражувачки и уметнички проекти, финансиски поддржани од меѓународни институции, според индикаторот, поделен со вкупниот број академици и вработени во МАНУ, Академијата е меѓу водечките научни и образовни институции во светот.