Ајкули Archives - Република https://republika.mk/tema/ajkuli/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jul 2023 20:49:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ајкули Archives - Република https://republika.mk/tema/ajkuli/ 32 32 Tри видови се сметаат за изумрени: Во Јадранот се загрозени 36 видови ајкули и ражи https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tri-vidovi-se-smetaat-za-izumreni-vo-jadranot-se-zagrozeni-36-vidovi-ajkuli-i-razhi/ Fri, 14 Jul 2023 20:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=661519

Дури 36 од 54 видови ајкули и ражи што живеат во Јадранот се загрозени, предупредуваат од Светската организација за заштита на природата „ВВФ“ (WWF) по повод Светскиот ден за подигање на свеста за ајкулите.

Загрижувачки е и тоа што популацијата на ајкули и ражи континуирано се намалува, додека три видови се сметаат за изумрени.

Некои критично загрозени видови, како Pteromylaeus bovinus, сè уште се без никакви мерки за заштита или управување, а постојаното одложување на конкретни активности предизвикува постојан ризик за загрозените видови, со што се загрозува долгорочната одржливост на рибарството и здравјето на морските екосистем, предупреди ВВФ Адрија.

Загрижувачки е и податокот дека 58 отсто од сите видови ајкули и ражи се загрозени во Медитеранот, кој е дом на најголемиот број загрозени видови ајкули и ражи во светот. Средоземното Море и најбргу се загрева, па опасноста од исчезнување на овие морски животни дополнително се зголемува.

Во извештајот се додава дека важноста на ајкулите и ражите во Средоземното Море е повеќеслојна. Некои видови ражи дејствуваат како инженери за живеалишта затоа што за време на пливањето тие креваат песок од дното со перките, со што создаваат микро-живеалишта за други помали морски организми и им помагаат да најдат храна.

Други видови ги пренесуваат хранливите материи од еден во друг слој на морето, а со тоа го зголемуваат богатството на животот во морето, додека некои видови директно влијаат на ублажување на последиците од климатската криза со складирање на јаглерод во нивните организми, вели Патрик Крстиниќ од ВВФ Адрија.

Од организацијата истакнуваат дека неодамнешните обврзувачки одлуки на Светската земјоделска организација на ОН даваат надеж за зачувување на морските екосистеми, но медитеранските земји мора да преземат водечка улога во управувањето со рибарството.

Притоа, неопходно е да се распределат соодветни ресурси за управување со рибарството, да се обезбеди постојано собирање податоци и следење на состојбата со загрозените видови и вклучување на сите засегнати страни, особено рибарите, во формирањето на новите мерки за управување.

Само така можеме заедно да ги зачуваме важните живеалишта за ајкулите и ражите и да го обезбедиме нивниот опстанок, нагласуваат од ВВФ Адрија.

The post Tри видови се сметаат за изумрени: Во Јадранот се загрозени 36 видови ајкули и ражи appeared first on Република.

]]>

Дури 36 од 54 видови ајкули и ражи што живеат во Јадранот се загрозени, предупредуваат од Светската организација за заштита на природата „ВВФ“ (WWF) по повод Светскиот ден за подигање на свеста за ајкулите. Загрижувачки е и тоа што популацијата на ајкули и ражи континуирано се намалува, додека три видови се сметаат за изумрени.
Некои критично загрозени видови, како Pteromylaeus bovinus, сè уште се без никакви мерки за заштита или управување, а постојаното одложување на конкретни активности предизвикува постојан ризик за загрозените видови, со што се загрозува долгорочната одржливост на рибарството и здравјето на морските екосистем, предупреди ВВФ Адрија.
Загрижувачки е и податокот дека 58 отсто од сите видови ајкули и ражи се загрозени во Медитеранот, кој е дом на најголемиот број загрозени видови ајкули и ражи во светот. Средоземното Море и најбргу се загрева, па опасноста од исчезнување на овие морски животни дополнително се зголемува. Во извештајот се додава дека важноста на ајкулите и ражите во Средоземното Море е повеќеслојна. Некои видови ражи дејствуваат како инженери за живеалишта затоа што за време на пливањето тие креваат песок од дното со перките, со што создаваат микро-живеалишта за други помали морски организми и им помагаат да најдат храна.
Други видови ги пренесуваат хранливите материи од еден во друг слој на морето, а со тоа го зголемуваат богатството на животот во морето, додека некои видови директно влијаат на ублажување на последиците од климатската криза со складирање на јаглерод во нивните организми, вели Патрик Крстиниќ од ВВФ Адрија.
Од организацијата истакнуваат дека неодамнешните обврзувачки одлуки на Светската земјоделска организација на ОН даваат надеж за зачувување на морските екосистеми, но медитеранските земји мора да преземат водечка улога во управувањето со рибарството. Притоа, неопходно е да се распределат соодветни ресурси за управување со рибарството, да се обезбеди постојано собирање податоци и следење на состојбата со загрозените видови и вклучување на сите засегнати страни, особено рибарите, во формирањето на новите мерки за управување.
Само така можеме заедно да ги зачуваме важните живеалишта за ајкулите и ражите и да го обезбедиме нивниот опстанок, нагласуваат од ВВФ Адрија.

The post Tри видови се сметаат за изумрени: Во Јадранот се загрозени 36 видови ајкули и ражи appeared first on Република.

]]>
По минатонеделниот напад, Египет ќе инсталира уреди за следење на ајкулите во Црвеното Море https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/po-minatonedelniot-napad-egipet-ke-instalira-uredi-za-sledene-na-ajkulite-vo-tsrvenoto-more/ Mon, 19 Jun 2023 09:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=653016

Египет планира да инсталира уреди за следење на движењето на ајкулите, по минатонеделниот напад во Црвеното Море, објавија локалните медиуми.

Руски турист (28) загина по напад од тигреста ајкула, која го одвлече под водата во градот Хургада на 8 јуни, јави Анадолија.

„По нападот, Министерството за животна средина одлучи да инсталира уреди за следење на движењето на ајкулите во Црвеното Море, особено тигрестите“, пишува весникот „Ал-Масри ал-Јум“.

Овој потег исто така има за цел да ги утврди причините за нападите на ајкулите.
Двајца туристи од Европа загинаа во напади на ајкула во близина на Хургада во 2022 година. Во 2020 година, едно момче од Украина ја загуби раката, а египетски туристички водич остана без нога.

Во 2018 година, ајкула уби и чешки турист на плажа во Црвеното Море. Во сличен напад во 2015 година беше убиен и германски турист.

The post По минатонеделниот напад, Египет ќе инсталира уреди за следење на ајкулите во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Египет планира да инсталира уреди за следење на движењето на ајкулите, по минатонеделниот напад во Црвеното Море, објавија локалните медиуми. Руски турист (28) загина по напад од тигреста ајкула, која го одвлече под водата во градот Хургада на 8 јуни, јави Анадолија. „По нападот, Министерството за животна средина одлучи да инсталира уреди за следење на движењето на ајкулите во Црвеното Море, особено тигрестите“, пишува весникот „Ал-Масри ал-Јум“. Овој потег исто така има за цел да ги утврди причините за нападите на ајкулите. Двајца туристи од Европа загинаа во напади на ајкула во близина на Хургада во 2022 година. Во 2020 година, едно момче од Украина ја загуби раката, а египетски туристички водич остана без нога. Во 2018 година, ајкула уби и чешки турист на плажа во Црвеното Море. Во сличен напад во 2015 година беше убиен и германски турист.

The post По минатонеделниот напад, Египет ќе инсталира уреди за следење на ајкулите во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Аквариумски ајкули пуштени во Охридското Езеро? https://republika.mk/vesti/makedonija/akvariumski-ajkuli-pushteni-vo-ohridskoto-ezero/ Sun, 11 Jun 2023 18:12:29 +0000 https://republika.mk/?p=650222

Канал 5 телевизија објави дека до нивната редакција пристигнала информација и фотографија за две лица кои наводно во водите на Охридското Езеро пуштиле аквариумски ајкули.

Лицето, кое сведочело на настанот, во дописот до редакцијата на Канал 5 телевизија , вели дека вчера пред полноќ, две лица дошле до брегот на езерото кај местото Сараиште и во водите пуштиле аквариумски ајкули.

Станува збор за непотврдена информација која доколку се испостави како вистинита, може да предизвика загриженост кај граѓаните.

The post Аквариумски ајкули пуштени во Охридското Езеро? appeared first on Република.

]]>

Канал 5 телевизија објави дека до нивната редакција пристигнала информација и фотографија за две лица кои наводно во водите на Охридското Езеро пуштиле аквариумски ајкули. Лицето, кое сведочело на настанот, во дописот до редакцијата на Канал 5 телевизија , вели дека вчера пред полноќ, две лица дошле до брегот на езерото кај местото Сараиште и во водите пуштиле аквариумски ајкули. Станува збор за непотврдена информација која доколку се испостави како вистинита, може да предизвика загриженост кај граѓаните.

The post Аквариумски ајкули пуштени во Охридското Езеро? appeared first on Република.

]]>