Ајдован Адемоски Archives - Република https://republika.mk/tema/ajdovan-ademoski/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jan 2022 15:58:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ајдован Адемоски Archives - Република https://republika.mk/tema/ajdovan-ademoski/ 32 32 Големи компании можат да купат струја за 90 евра за мегаватчас, ама немаат дозволи https://republika.mk/vesti/ekonomija/golemi-kompanii-mozat-da-kupat-struja-za-90-evra-za-megavatchas-ama-nemaat-dozvoli/ Sun, 02 Jan 2022 07:13:53 +0000 https://republika.mk/?p=439446

Претседателот на Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO), Ајдован Адемоски смета дека пролонгираната здравствена и економска криза, ефективноста на политиките за ограничување на економската штета од пандемијата, развојот на финансиските услови и движењето на цените на добрата и услугите, како и на капацитетот за прилагодување на економијата, се главни причини за неизвесноста околу закрепнувањето на економијата. Тој во изјава за МИА вели дека трендот на неизвесност ќе продолжи и во следната 2022 година во која се очекуваат дополнителни и негативни последици од пандемијата.

„Обидувајќи се да се справат со енергетската и економската криза на глобално ниво, компаниите се принудени да бараат решенија за обезбедување на потребните количини енергенси по најдобри можни цени во услови кога вредноста на струјата на светските берзи се продава и до пет пати поскапо од онаа која се набавуваше пред само неколку месеци. Моменталната состојба е прилично загрижувачка, бидејќи некои од големите компании кои можат да набават струја по 90 евра за мегават час, не можат тоа да го направат зашто немаат дозволи за увоз. Има некои фирми кои преку матичните компании од други земји може да добијат струја, но не можат тоа да го направат, бидејќи немаат механизам за пренос во нашата електро мрежа, а има и помали компании кои немаат начин како да увезат електрична енергија иако можат да ја платат, вели Адемоски.

Покрај мерките и активностите за заздравување на економијата, потребно е, вели, да се креираат механизми кои ефикасно ќе ја стимулираат економската активност во насока на повисок и одржлив раст на среден рок. Акцентот во креирањето на политиките, според него, треба да се стави на инвестиции за дигитализација на услугите и поддршка на растот и развојот на компаниите.

-Согласно политиките и мерките на Владата со цел решавање на енергетската состојба и економско закрепнување на компаниите, бизнис секторот очекува брзо справување со проблемите, враќање на состојбата пред пандемијата и ефикасно реализирање на Планот за забрзан економски раст за 2022-2026 година донесен во октомври оваа година. Воедно, се следи реализацијата на донесените пакет мерки насочени кон справување со негативните последици врз економијата, објаснува претседателот на МАТТО и уште еднаш повторува дека компаниите кои во моментов напредуваат, во услови на светска пандемија, се оние кои всушност реагирале брзо на промените.

Адемоски е сопственик на Сити плаза, компанијата која во годината што измина го купи „Рамсторе Македонија“ во чиј состав влегуваат шопинг центарот „Рамсторе мол“, како и синџирот маркети „Рамсторе“, и најави дека во следните пет години ќе инвестира повеќе од 105 милиони евра во проширувањето и развојот на оваа компанија

The post Големи компании можат да купат струја за 90 евра за мегаватчас, ама немаат дозволи appeared first on Република.

]]>